Добро, како ги поднесувате жештиниве? Ни сабалје се излегува ни вечер... Еб*те Скопјето. Па и без клима сум... Плус и добив. Јас сум низ маало рашетана сама, моментално.... Се ладам со ова од ДМ. Од пусти страв носам вода, електролити и кола кола. Благо, солено, апче за смирување. Call me crazy. А и не поднесувам луѓе... @saki222 јас секое сабалје си вежбам помалку дома и одма подруга сум. Пробај ќе ти помогни.
Вчера ми беше досадно од сабајле, бевме сами со ќерки ми. Маж на работа, сите некаде разодитени за продолжениов. Ми светна, ќе одиме до Градски и таму ќе седиме цел ден ако треба, во природа, на трева, под сенка. Во кратки црти - додека да стигнеме до автобуска, се препековме. Додека да фатиме бус, се препековме. Додека да се извозиме во бус се препековме. Додека да изодиме од Градежен до Градски, ултра се препековме. Додека да стигнеме до клупа, јас бев на вистински раб да се онесвестам. Имав јак нагон на повраќање, почетна слаба вртоглавица и чувство на слабост. За некое чудо имаше и други луѓе со деца, не бев единствената улава. Одеднаш сфатив дека сум скроз сама и далеку од дома, а не ми е добро. Почна да ме фаќа напад на паника. Ќе се онесвестам и некој ќе ми го земе детето. Колку повеќе размислував негативно и уплашено, толку повеќе ме обземаше нападот, почнав да дишам неконтролирано брзо и кратко, почнаа 'мравки да ме лазат', чувството на несвестица се зголемуваше. Се фатив сама себе дека иам напад на паника и буквално почнав да си викам: ПРЕСТАНИ! Паничариш и ја влошуваш ситуацијата! Соземи се! Диши полека, диши длабоко. Смисли план. Ене чешма, ајде да се измиеш. Лице, врат, раце, нозе, комплет. Седни сега на клупа, одмори, не се брзај. Имаш барче во торба, изеди го. Полека, без брзање, не троши енергија безпотребно. Поседи малце да се соземеш и да собереш сила. Смисли план за враќање. Таму има најблиску станица. По оваа улица има најмногу сенка. Кога ќе тргнете, нема застануваше, полека, ама без застанување. Ќе издржиш. Нема поинаку. Ќе издржиш, ќе помине.". Полека се самосмирив. Се слушав. Му наредував на телово и ме пратеше. Се бодрев цел пат иако како сенка ме пратеше доза несигурност. Не се предадов. Едвај се вратив, ама се вратив. Секогаш, ама секогаш борете се против анксиозноста и нападот на паника, не само да оставите да ве превзема и измачува. Борете се, спротиставувајте се. Телото ќе ве слуша. Ако му викаш "лошо ми е, ќе паднам, нешто лошо ќе ми се случи", така и ќе ве слуша и така и ќе се однесува. Ако му викате "што ми е, леле, зошто ми е, што е сега ова", така и ќе ве слуша, ќе биде збунето, ќе остави да трае. Ако му зборувате "не! не може! нема да ме победиш! нема да паднам! ако паднам, кој те ебе, пак ќе станам! ништо нема да се случи лошо", така и ќе ве слуша и ќе престане, ќе се смири, ќе се среди. И лекција за друг пат: на 38°С не терај патешествија затоа што ти е досадно.
Јас терав на 35 и наеднаш се ме фати дур и стомакот, ама навистна ме мавна жешко бран и дехидрирана бев, малку нз како по малку пиев електролити и да ми извините се пос**в во гаќи буквално, се потев, едвај најдов сила да му ѕвонам на комшиите, па ме собраа под мишка, веќе се ми се белееше, нз како успеав и апче за смирување да се напијам дур ги чекав. Така да, јас не излегувам после 10 насабајле и вечер пред 20ч. Плус и деца со мене да носам.... Па и нив да ги уплашам нема шанса. Убаво што си решила да излезиш, и чувајте се од жештиниве.
Кога паничните напади постојано ти се појавуваат низ текот на годините, тактиката воопшто не ти е добра. Зошто мора да се бориш против симптомите? Тие се продукт на твоите мисли. А мислите не си ти, туку твоето его. Набљудувај го твоето тело, вежбај опишување на дејството наспроти мислење што ти се случува. Мислам дека и минатиот пат напишав и ме нападнаа, а истите тие секојдневно се анксиозни со панични напади. Јас не сум. Имам анксиозност, но не ја перцепирам како катастрофално нешто. Чувство ми е. Прифати го, не го стопирај инаку цел живот во круг ќе се вртиш. Следен пат кога ќе доживееш напад, допри нешто во околината, стапни на земјата со нозете, приземји се. Набљудувај од страна што ти се случува. Престанете да се борите, прифатете. Анксиозноста е директен производ од грижа за минатото и иднината. Биди сега. Карактеризирај што ти се случува. Смени ги мајндсетот. Наместо леле нешто лошо ќе ми се случи, ќе кажеш, телото ми се полни со адреналин, минлива фаза е, ќе чекам да помине, безбедна сум, сум прошла низ ова, веќе видено. Ти се плашиш од неа, затоа велат соочи се со стравот. Дали телото ти реагира со страв кога ќе видиш перница, маса, сијалица? Не. Затоа што си дала наредба на телото и мозокот од што треба, од што не треба. Така и со анксиозноста, во моментот кога ќе решиш дека ќе чекаш да поминат симптомите, без уште толку да катастрофализираш, ќе биде како и перницата, мозокот нема веќе да праќа сигнали дека има некаква нереална опасност. Анксиозноста не се лекува, не треба да се бориш со неа, практично ништо не треба да правиш. Тоа е решението. Живеј низ неа. Нека не те плаши идејата дека треба да живееш со неа. Ако треба да живееш со среќа, тага, лутина, бес, ќе треба и со неа. Пушти ја низ телото да фигурира, како што кога си тажна плачеш. Тоа е поентата, да сфатиш од што и да оставиш симптомите да си бркаат работа, без да се атачираш со нив. Патем, ако некој толку сака да ти го земе детето, ќе ти акне бокс и ќе го земе, нема да чека да се онесвестиш. Ништо не можеш да спречиш, ништо не е во твоја контрола во надворешната средина, но може да си дозволиш на себе да живееш.
Ниту треба да се бориш, ниту спротиставиш. Телото ќе слуша што и да му наредиш. Да се бориш, значи дека нешто го осознаваш како натрапник. Со што да се бори некој, со чувства? Истото е како да ти кажам кога си тажна, не плачи. Можеби алудираше на прифаќање и осознавање. Сосема различни зборови со различна конотација.
Си имала топлотен удар. И нормален нагон да се уплашиш особено кога си била со дете сама. Со кој памет се акате на жешково бе луѓе. Верувај не било 38 туку 58 зашто асвалтот си го прави своето.
Јас лично ги прифаќам анксиозноста и паничните како дел од мојот живот, не им се плашам бидејќи имам доволно работа сработено да бидам свесна кога се случуваат, и имам практики за пребродување кои до сега се покажале корисни за мене. И самото прифаќање без некои други подвизи е практика. Иначе опишав само ЕДЕН момент каде ЕДНА мисла која се појави во мојот ум против моја воља, на телово му создаде напад на паника од кој произлегоа физички симптоми кои можеа да ми наштетат, доколку не се спротиставив преку: 1. Самосвесност дека таа мисла е само мисла и ништо повеќе, 2. Тоа што ми се случува е напад на паник, а не нешто катастрофално. Thus, соземување и превземање контрола, наместо очајување и збунетост. Јас така практикувам да живеам со анксиозноста. Мислам дека не, ама можеше да биде да ги немаше сенките и водата. А ќерка ми цел пат трчаше навака натака, се осеќав ко да ме заебава, ама секако немаше појма како ми е.
Да, затоа е битно одма да се 'фатиш' себе си дека е само мисла, некои мисли се формираат туку така, од никаде, против твоја воља. И треба да се прифатат како такви, тоа е што е. Меѓутоа други мисли намерно ги помислуваш, свесно, со поента. Затоа мојата практика е мислите што намерно ги помислувам да се охрабрувачки.
Апсолутно. Кога ќе ми доде: леле ако ми стане нешто, јас одма прбацувам на леле што ќе ми биде убаво. И така .. среќа па се поретки ми се тие мисли.