Кај си тргнала по толку жешко, па и дете си зела, не само анксиозни, туку и секој би припаднал по ова жешко
Детето супер си помина, фала многу на загриженоста. Иначе, не сметам дека анксиозноста ме попречува да живеам живот, не поврзано е со лошата одлука за шетање на топло време. Како и да е, сакав да раскажам што јас правам во момент на напад на паника, без разлика каде, кога и зошто ми се десил, со намера дека можеби некому ќе му помогне некако.
Океј де. Одредена мисла што ќе ти тригерне момент на анксиозност што ќе ти предизвика напад на паника може да се случи било кога и било каде, дури и кога 'не експериментираш'. Што ќе направиш?
Да види дали ќе издржи на 38 степени, што не е во ред, ни за неа ни за децата.... Јас сеа излегов на 1 саат, 10 саат е, 31 степен, јас не можам повеќе, испотена, препотена, малку низок притисок, затнат синус. И правец дома. Издржав, јесте ама чим гледам не ми оди се враќам назад.
Зборуваме за анксиозност на темава, не за температури. Патем ако нешо ви значи бевме излезени помеѓу 9 и 11 сабајле. Патем, не ми се тригерна анксиозноста и не добив напад од што топло ми беше, туку од глупата мисла што ми пројде низ ум. Како и да е, искрено отворено да ви кажам, горда сум како го handle-нав нападот на паника, се осеќам уште посамоуверено.
Абе како можеш вакви заклучоци да носиш, дека излегла да прави експеримент на СЕБЕ И ДЕТЕТО дали ќе издржат на 38 степени. Нели темава е за поддршка едни на други? Тотално утната поентата.
Жене, како да те поддржиме на 38 степени си излегла...? Те поддржуваме, секако, ама внимавај кога излегуваш и излегувај по потреба. Знам дека децата не доождржуваат дома... А, каде живеете што сабалје е 38 степени? . Супер што си ги исхендлала мислите, јас музика си пуштам инаку.
Баш зашто имаш анксиозност, треба барем ти да сфатиш колку понекогаш се размислува ирационално само за да излезеш од тој магепсан круг. Така да полека со расфрлање на зборови.
Те поддржуваме ама се изназборевме против тебе. Абе темава бљувотина, па после ќе се расфрламе со прашања и ќе бараме поддршка.
Па и против мене све и свашта зборите па никому ништо. Јас и реков да внимава да не оди на 38 степени. Можи и било страв да седи дома, разбирам,сакала луѓе, не донела разумна одлука. Ама може да пише тука за совет, дали да излези или не.
Ама поентата не е во излегувањето, туку во справувањето со мислите. Да не те надвладеат. Додека не им дозволуваш, нема да победат. Ќе бидеш добро.
Што ви е бе, што трачарите глупости? Страв ми било да седам дома? Сум сакала луѓе? Да пишам тука за совет, ДАЛИ ДА ИЗЛЕЗАМ ИЛИ НЕ? Ова веќе е идиотизам. Од шо немаш попаметна работа, глупости пишуваш. Ај баталите, нема поента.
Тука ли е забавата? Ах бе луѓе, и јас анксиозна вчера цел ден надвор го поминав, на сенка нормално. Капа, наочари, оди до ваму до таму, ама имав обврски и мислите ми беа насочени кон тоа, да ги завршам обврските, сонце пече епа сега, не пече само за мене пече за сите . Не се онесвестив, ни вчера ниту на минус температури во зима. Почнав и на земање крв да се држам оти таму се онесвестував редовно (ваљда оттаму стравот од "леле ќе паднам"), ама еве не паднав, нема ни вие да паднете. Сепак најдобро до 17-18ч да сме прибрани дома додека е пеколот, ако не да се собереме сите да се онесвестеме колективно и после ќе збореме како сме го надминале стравот
Јас вчера во 13ч бев во молот, пред да одам на работа. Пука жешко, 43ст во кола под сенка покажува. Во молот мислев ќе паднам во секој момент, секако и промена на температура внатре/надвор многу ми влијае. Ама си викав во себе не ми е ништо, пиев електролити, не сум дехидрирана, а и да се случи нешто има луѓе околу мене. И така ми поминаа лошите мисли, се оправив малку