Јас лично друго пијам,али сите што ги знам што се на елицеа,супер се работат шетаат возат коли се дружат одат по концерти, све нормално, нејсе, секој сме приказна за себе
Ова, ама заборави потење во спиење, сува уста, намалено либидо (потешко да свршиш + аноргазмија). А од друга страна анксиозноста сеуште е тука. Повеќе изразени се на 10mg овие ефекти него на 5mg. Што сакам да кажам, не чувствувам толку подобрување јас лично со анксиозност како што ги чувствувам нус ефектите. Или толку сум фокусиран на нус ефектите што не го гледам подобрувањето.
5/7 денови во неделата. Исто ми е чудно што голем број познаници тврдат постојано напалени дека биле од вежбање, јас тоа не го имам забележано.
Треба некој период за да почне да делува, кај мене после 3 недели некаде имаше веќе ефект, секако ми беше многу подобро со, отколку без елицеата, ако треба да се пие нема зошто да се плашиш, за секоја навика има и одвика, јас ништо не пијам од јануари навака, ама ако треба некогаш, ќе пијам пак. Не ги слушај другите, сите сме различни и различно реагираме на болка, стрес, нервоза... слушај што ти кажал психијатарот, и не се плаши, верувај дека се во животот можеш дс победиш, дека од се можеш да се одвикнеш, затоа што анксиозноста не е болест, туку е состојба која со текот на времето учиш како да ја "хендлаш"
Луѓе, бев на психотерапевт и толку ме исплаши..... Ми рече дека ризикот од аутизам за бебиња е поголем над 35 и 40 години. Општо одев на психотерапевт. Толку сум уплашена...
Да те утешам дека знам или имам слушнато и за доста родители на возраст од 20 и нешто до 30 години, а со аутистични деца. Ништо не е сигурно. Дали ти кај него одиш заради анксиозноста или заради планирање деца? Првото е, така? Епа, нема потреба да мислиш на второто. Тој ризик најмногу зависи од гените, па возраста не треба да те загрижува.Ако планираш деца, ќе си се советуваш со лица кои се стручни во таа област. Тие можат да те информираат најдобро.
Зависи и од возраста. Колку повеќе старееш, се случуваат нови мутации кои притоа не зависат од тоа што генетика носиш. Што не значи дека би се случило, но постои поголема веројатност, отколку кога би биле двајцата родители на помлада возраст. Не е ова напишано да плашам некој, но не знам зошто се очекува телото да ти е исто на 25 и на 35 години. Не е исто.
Да, за првото. Ама знаеш како многу се истресирав и ме уплаши, женава. Како под притисок, ајде мажи се побрзо.....
@GirlLove не се секирај, има случаи и со помлади и со повозрасни родители да се раѓале аутистични деца. И немора да е наследно, можат да се јават мутации отпосле што довеле до тоа, а може и само така требало да биде (имам случај во роднини).