Да, одеднаш ќе почне без никаква причина. Како што ти кажаа пробај да игнорираш диши побавно, легни и смири се и ќе помине
Jas ne bi go broela pulsot za vreme na ankciozen bran ili panichen ako e, zasho togash zasiliva. Edino ako e prosledeno so steganje u graditte, teshko dishenje vrtoglavici, togash moze da ukaze na srcev problem.
Не мерам, само осеќам забрзано чукање и тогаш пробувам да се смирам да правам нешто со децата, скренувам внимание или ќе легнам неколку минути и дишам низ нос издишувам низ уста
Токму тоа и јас го правам за разлика што бев пред неколку месеци одев по лекаро мерев претисок плус нонстоп како луда сега пробувам да го занемарам тоа и не го правам
Луѓе сеа сум во паника.. Пијам насабалје 75мг Занфекса и навечер 37,5 мг. .... Иииии Вечерва така распеана си идам од гости... Ииии се напив 75 мг на грешка...... Ах.... Помош!
Јас се лечам од анксиозност, твоите ми звучат како симптоми на депресија, пробај прво со психолог, јас не сум од Скопје не можам да ти предложам доктор,има многу добри доктори кај вас.
Антидепресивите не делуваат во моментот како седативи, и да си се напила ништо нема да ти биди, а терапијата мора да ти ја зголемува пошто оваа доза не те лечи изгледа
Не знам веќе.... Мож и апчињата не ми одговараат.. Почнаа дланките да ми се здрвуваат и прстите да ме болат на горниот дел.
Повеќе информации добив од Чат Џпт, што да проверам лабораториски за анксиозноста и депресијата отколку кај секој психијатар и психотерапевт кај шо бев.... Толку имам да кажам.
не сакам да "се пофалам" ама и јас многу повеќе информации и (да не речам)совети добивам од чат џпт поврзани со општото здравје. Не за друго ама знаеш во која насока те води а лекариве немоќни да решат проблем не знаат каде точно да те препратат
Искрено, не се замараат ни општи ни специјалисти...... Еве ајде повеќе на приватно одам а бе.. Тро се поарни... И тоа зависи.
Понекогаш, по многу стрес, страв или замор, човекот може да има чудно чувство: како повеќе да не е целосно присутен во својот живот. Гледа во познати работи и сè изгледа далечно. Се слуша себеси како зборува, работи, оди, одговара, но некаде во себе се поставува прашањето: „Што ми се случува?“ Тоа е ситуација што може да биде многу застрашувачка. А стравот може да ја направи уште поинтензивна: „Што ако го изгубам разумот? Што ако никогаш не се вратам?“ Но, не секое такво искуство значи дека некоја личност „полуди“. Понекогаш интензивно стресираниот ум се обидува да се заштити од напнатост што повеќе не може да ја поднесе на ист начин. Тогаш осудата и паниката не помагаат. Одморот, стабилноста, близината до сигурни луѓе, едноставната молитва и, ако ситуацијата продолжи, проценка од специјалист помагаат. Бог не е отсутен од ова нарушување. Понекогаш само треба да престанеме да се бориме со секоја ситуација и повторно да научиме, малку по малку, да живееме во сегашниот момент, во нашето тело, во нашиот живот. Мајка Силуана Влад Православни Духовни поуки од Светите Старци
Треба да добијам за една недела а бе ми се плачи... Веќе и апчиња и се.....ми се повраќа..... Никој нема време за мене. Прееска излегов со една другарка.... Сонцето ми пречеше, гужвата, цела бев зашеметена... Претходно плачев и сеа нз како сум......