Јас од дното на душата сакам да помогнам и да придонесам за лекување односно намалување и елиминирање оваа состојба, која веќе зема голем замав во ова стресно време на живеење.И јас сум била во тешка фаза на таа состојба. сега само понекогаш како и на секој човек ми се јавува некој симтом, но во рамки на нормала, како на пример на закоп не можам да одам без да се напијам дијазепам и редергрин, ако стварно премногу се изнервирам може да ми се качи притисокот, но тоа се веќе нормални реакции , за разлика од поранешното гушење, скраја да е од секого. Затоа ви напишав се што ми помогнало, се што вели науката па пишував и за верата во тој контекст.Јас длабоко се извинувам поради тоа што верската опредрлба е личен избор, а овде дојде како да ја наметнувам,СЕ СЛОЖУВАМ дека за верата, па и во овој контекст треба да се пишува во теми за верата. Бидете поздравени и да си простиме ако некој некого несакајќи навредил или изнервирал.
Девојки мене ме фака некоја паника сега кога треба да одам пред црква. Се убедувам ама почнав некоја вознемиреност да чувствувам и сега се мислам дали да одам.
јас со анкс се борам скоро 10 год.си посетувам психијатар , и мозам да предавам за анксиозноста. има луѓе со имаат анкс по 20-30 год. а се живи со ниеден здравствен проблем... и остајте го бог ,тој нема да ни го реси нашиот проблем само самите и со помош на струцни лица..и јас и сите треба да си веруваме во бог ама немојте да го мешате сегде бе...
Таци мислам дека и ти претера,не треба така да се однесуваш..Секој си има право на мислење а ти не можеш на никого да забраниш да пишуваа и да прави пауза...Ако на некого му смета некого слободно нека каже ако му сметам јас лично на никого веќе нема да пишувам..Ама така повеќе и повеќе ќе се губат личности од форумов...Ги подржувам многу,сериозна,дуња,сањабуцка...Секогаш знаат да дадат добар совет и ако некој греши со тоа што пишува кажуваат на убав и мирен начин а не со кавги..Позз до вас
Јас да и ми траело може и недела две без прекин, јас се масирам мислејќи дека ќе ми помине, ама ништо.. Јас тоа го опишувам баш како некој терет тежина која ни натежнала на градите, нешто што ни смета и не мачи долго време па се манифестира со таа болка.
Браво Лувена, со овој пост комплетно си ја опишала мојава состојба од почеток до крај.. Ако може пиши ми лп од кај го ископира ова? поз
Ане не се согласувам со тебе, малку подлабоко размисли за тоа што го пишала Емилија, јас го делам нејзиното мислење. И тоа можам да го цитирам и од твои претходни мислења: ''откако умре мајка ми јас 15 дена тој месец не се бањав не јадев не правев ништо само лежев и си го замислував животот без нејзе..'' Тука е јасно дека тој период си била во депресија, која понатаму довела до твоите стравови и анксиозноста. Нагласувам, има такви случаи каде што анксиозноста и депресијата се и те како поврзани, но не мора да значи и дека сите ние тука сме и анксиозни и депресивни. Тоа е сосем индивидуално, но точно е дека од депресија може да се навлезе во анксиозност. Ова е мое мислење, кое како што напиша Емилија го потврдуваат и стручњаците. Поздрав
Јас само си го кажав своето мислење,јас не сум под депресија,депресијата е сосема различна,мајка ми цел живот бил под депресија долг период па никогаш не станала анксиозна да мисли на вакви глупости,само депресивна ништо не и се правело..Така да не мора да значи,многу луѓе познавам што се во депресија ама не мислат на вакви работи..
колку што знам јас анксиозноста и депресијата обично одат рака под рака но немора да значи ,кај секој е различно кај некој е поизразена анксиозноста додека пак друк е по депресивен,обично после подолг период ако си бил анксиозен пагаш во очај и депресија,а за тоа дека ако си депресивен како примарена состојба не мора да значи дека ке постанеш и анксиозен,обично овие две состојби се мешаат,ама тоа не е ништо страшно има периоди кога си по анксиозен има периоди кога имаш кренато раце и си депресивен (очајуваш,самосожалуваш осекаш немок),но исто како и со анксиозноста и депресијата се надминува со многу работа на себе АД и добар советник и подрска од најблиските.поздрав
Ова мислење е копирано од стручниот психолог на Д-р Жан Митрев, ВО „фИЛИП Втори“ И ЗАТОА МЕЃУ ДРУГОТО Е СПОМНАТО влијанието на анксот во кардио-хирургијата. секој врввен стручњак мошеби би го споменал анксот во неговата област и нема што да се лутиме,Вачно е дека тој психологот е стручњак восвојата област и сакам барем на некого да му е таму чарето, ДА ВИ ПОМОГНЕ ИЛИ ДА ВЕ НАСОЧИ. ВЕ САКАМ СИТЕ И САКАМ СИТЕ ДА БИДЕТЕ ПОСИЛНИ ОД АНКСОТ И ДА ГО ПОБЕДИТЕ
Здраво, прв пат пишувам во оваа тема.Еве неколку дена се осекам мутаво...прво некога тежина во рацете и нозете, а еве овие два дена како да му бучи и некое зуење осекам во главата, баш без врска.Нема некоја желба за ништо, а инаку сум позитивна личност. Инаку зашто работам на клиника и таму гледам секакви пациенти сум ептен хипоходер.Ве молам пишете дали ова се симптоми за анксиозност и што да правам. Поздравче...
Мислам дека ова не се симптоми на анкциозност, туку мислам дека те фатила мелахолија или замор. Пробај да се одмориш и ке ти биде ок. Поздрав
И јас мислам така,анксиозност не се појавува туку така и одма симптоми да дава,мора да си имала јак стрес за да имаш анкс..Само си уморна од работа а и времето е такво мутаво..Не мора да значи дека сите симптоми се од анкс..
Фала на одговорите, се надевам дека сте во право.Јас за секој случај си земав Персен два пати наден, па ке видиме. Поздравче...
персенот се многу добри и јас ги пијам, два пати на ден. На билна основа се и не ствараат зависност. Исто така можеш и Б6 да земеш.
Здраво девојки поздрав до сите, би сакала да ве прашам нешто малку вон темава е наша но многу ми е битно, дали некој се сеќава на личност која пишувала на форумот под псевдоним mesage,ова посебно ги прашувам постарите членови, ми прати една лична порака од која ми се повраќа, мислам дека тоа и не е човечко сустество туку некој монструм штом може да ми напише таква порака на Велика Сабота. Ако може некој да ми каже во ред ако не пак поздрав до сите
Сакам само да Ве поздравам....да Ви посакам се најубаво .... нема да ги коментирам постовите, но сметам дека оваа околу ,,вербата,, треба дасе расправа на некоја друга тема..впрочем отворете нова тема за верба во Севичниот и ке слушнете искуства и ке полемизирте, овде нема потреба Јас кога бев во најтешкиот стадиум на анксиозноста навечер практикував да се ,,помолам,, онака ..си составував своја молитва, си ја шепкав, викав на глас и воздивнував на глас....но, тоа беше од големата тежина на душата(не дека сум некој верник)...Верувам дека така самата си помагав, си олеснував...Но сметам дека самата најмногу си помогнав убедувајки се себе дека можам, дека сум силна,спротивставувајки на сите ситуации кои ме вознемируваа... игнорирајки ги симптомите на анкс(прочитав во некој пост деке не сме требале да ги игнорираме , а молам дали треба да им придаваме значење ако веке знаеме дек се од стравот???)Така само ке ги интензивираме , гарант-испробано. Успеав, а знам дека и вие сите до еден ке успеете само дајте си време и најдете си го вашиот вентил.Може некој баш вентилот го пронашол во ,,вербата во Господ,, и ако..ние сме различни и различностите треба дасе почитуваат ...нека е и така само неека си помогнат , но не сите го имаат избрано тој пат. Затоа продолжете да си разменувате искуства без некоја ,,ароганција ,, во постовите и без,,наметнување на своите ставови,,така секој ке си го искористи онаа што за него е прифатливо, но сепак ХЕ ХЕ ХЕ(здодевна Дуња) слушајте ме мене ИГНОРР на негативните мисли е лек бр.1..се друго е ваш избор нека биде лек бр.2 вљубете се !!!! Ве сакам Дуња
Ни фалиш Дуња! Сите луге не ја доживуваат анксионоста на ист начин.Јас реков дека не треба да се игнорираат симптомите туку дека треба да се прифатат како такви.Со нивното прифакање му даваме до знаење на нашиот ум дека тие и не се така страшни како што нам ни изгледаат.Се авикнуваме на нив и веке не им придаваме никакво значење.Игнорирање на негативните мисли да!!!Не ни требаат такви.Ние треба да сме позитивни Од стравовите не треба да се бега.Со нив треба да се соочиме за да соочиме да можеме ги надминеме. Сето ова што го зборувам.односно пишувам,не го пишувам од памет! И јас ја победив анксиозноста!Само изгледа со различни методи