Ете ме и мене пак тука! ... За жал! Анксиозноста се врати, нервозна сум, напната, немам желба за ништо иако нема причина за тоа. Се нервирам за глупости, напната сум максимално.
lele ijas taka vejke dosadno stana ova odvreme navreme mi idat nekoj nervozi po teloto , so deckomi ke izlegvame nekade da prosetame jas celata kako stresena neznam so da pravam
Здраво драги мои, Како сте ми?Гледам пак се жалите на времето , на ова на она Времето си е супер , проблемот е во нашите главчиња се почнува и завршува тука Сакам да им свртам внимание на новите членови ,не дека ја сум некој искусен член тука сум месец и пол...И јас исто кукав , плачев не сакав да прифатам дека ова ми се случува на мене , се запињав не нема шанси , можам ја сама да се справам , но не беше така.На почетокот барав спас и готово решение на тацна да ми го сервира некој од форум, од книга од некаде и на крај сфатив дека така не се излегува на крај со оваа состојба.Побарав стручна помош и сега за сега добро ми оди.За овој краток период успеав да сменам многу работи во мојот ум , значи свесно работев на себе што е она што ме блокира и ги предизвикува моите стравови.Секој човек е индивидуа сам за себе и самиот е потребно да се истражи да се доближи до себе и до проблемот кој го носи , зашто во нас е проблемот и решението.Кога сме во оваа состојба на -ѕид не можеме да го видиме решенеито , затоа е потребна помош од некој кој ке те поведе низ процес и во кој ќе вложиш труд и енегрија за да на крај го осетиш резултатот.Да не дојде до забуна јас се уште се борам условно кажано со оваа чудо , но од почетокот сум многу , многу подобро.Моите мисли се многу почисти и бистри , стомакот е мирен не лудува веке ноќе , а дел од луѓето кои не ме виделе одамна приметија дека и сум разубавена Едноставно кажано кога ќе ја прифатите анкс. ќе можете и да справите со неа , само со седење и чекање не бидува ништо.Борбата не подразбира игнор на мислите туку наоѓање на изворот на тие мисли и емоции како си ги повикуваш и како доаѓаат и кога тоа ќе го разбере умот и сфати дека не е во опасност и самата анкс. намалува.Сепак за целосно исцелување е потребен е подолг период , зашто во нас има многу , многу причини за нашите стравови за кои ние не сме свесни.На крајот целиот процес за да биде успешен потребен е стручњак на кој можеш да му веруваш и да се отвориш кон него и кој ќе те води низ тој процес , храброст (сите ја имаме само малце е успена) , воља , упорност и љубов.Кога овие елементи ги има и си тргнат на пат за да ставиш крај на анкс. резулта има , дури има и случаи во кои луѓето кои биле длабоко анксиозни , после на крај испаднале многу , многу посилни Се надевам дека го разбирате она што ви го кажав, значи само напред , храбро Never give up и се ќе си дојде на свое место. Се распишав многу у мој стил ве поздравува и бакнува многу пати вашата весела Ангел Г!
Fala ANGEL G za sovetite so ni gi davas jas podolgo vreme se boram so ova cudo ama ovoj period mnogu me napadna pred nekolku meseci super se osejkav skoro kako da nemam ankcioznost imav povejke kilogrami se custuvav nekako energicno , me interesira dali se popravi otkako se custvuvas podobro? [mod-kirilica:2fd109mh][/mod-kirilica:2fd109mh]
Здраво дечки, не сум нова на форумот иако подолго време не пишев на форумот, сепак ве читам и гледам дека од ден на ден како оваа чудото наречено анксиозност се повеќе и повеќе навлегува во животите на луѓето, и тоа посебно кај нас младите, како што ќе речат постарите : - Што се нервирате,пред вас е животот? И си велам каков живот од кога го имам ова чудото во мојот живот ништо не е исто, а тоа на моменти ме страшно иритира.Пред некој период се чувствував толку опуштено, толку смирено што дури на моменти си викам добро е , не се плашам веќе . Но тоа чудото како да ме слуша и еве пред некоја недела почнав пак да осеќам страв, иако веќе 3ипол години се борам со анкс. и кога ме ваќа паника знам од што е , но кога имам напад мислам дека ке полудам. Дали вие се чувствувате така? Иначе сум апсолвентка, и сега почнаа да ми излегуваат стравови, леле ке завршам дали ке успеам да се вработам, па дали ако се вработам ке знам убаво да си ја вршам работата,па дали ке ми се лоши на работата итн. да не набројувам од мојте глупости. Многу често ме обземаат мисли дека ке се случи нешто, и се плашам од смрт на некој, на мене .. И знам дека е од анкс, ама на моменти незнам како да го контролирам тоа. Иначе бев на психијатар и лани, и првата година кога ми се појави ова чудото. И Sanje90, истата бев на почетокот си велев како може од весела личност, за два дена да станам личност што се плаши од животот?? И тоа до ден денеска ме иритира. И сега решив некако да одам на психијатар,. подолго време, само проблемот е што не сум од скопје, па би сакала ако има некој од штип или струмица кој има некое позитивно искуство со некој психијатар да ми препорача, многу ќе му бидам благодарна. Поздрав до сите, и мора да се бореме , и едно сватив колку и да ти е страв дека нешто ќе ти биде, ама кога те боли нешто или кога те страв сепак на крајот се се сведува на тоа борење против тој страв, и дека не се лесно предаваме..
Конкретно за анкс, не сум слушнала ... Познавам девојка која што проба да излечи здравствен проблем , нешто со хормони , но не беше успешно ... Можеби е индивидуално ... Јас го знам само тој пример , најверојатно постојат и други искуства ... знам дека не ти помогнав Поз
Здраво, како сте ми ? Јас сум никако, во последно време многу сум напната, нервозна, постојано во ум ми се врти да не ми се случи нешто лошо, или пак на моето семејство некој болни филмови ми идат :/ За викенд не можам рајат да излезам, постојано ми се врти во мислите леле ако почни да ми се врти, леле ако се онесвестам на сред кафиќ Оваа состојба почнува да ме излудува. Се обидувам да ги свртам мислите ама пак ми се враќаат тие црни мисли да не се онесвестам..........а денски онака е се ок, некогаш ми идат мисли и тогаш да не се онесвестам да не ми се слоши, ама навечер кога излегувам в кафиќ то е обавезно, сите чека викенд да дојди а мене кога ќе дојди викендов ми е измачување на душава............се обидувам некако да не мислам, вежбам, почесто сум со друштво ама тешко некако оди кога ќе останам сама се почнува...............морам некаде да се испразнам А да ве прашам дали на некои му се појавуваат некогаш халуцинацции, да ми се привидуваат некој работи кој знај дека не постојат ? ПОздрав
Здраво драги мои Денес не бев најдобро малце ми здосади сосотојбава ,ама си реков стани и борисе. За оваа состојба како јас знам дека не се појавуваат халуцинацции.
Јас сум нова на форумов, доста го проучив и има што да се научи, има кој да те утеши. НО ЗОШТО ПИШУВА ЗА ЕДНА ГРУПА КАКО ДА СЕ КЛУБЧЕ, ДРУГИТЕ ШТО СЕ НЕ МИ Е ЈАСНО?
Јас сум нова на форумов, доста го проучив и има што да се научи, има кој да те утеши. НО ЗОШТО ПИШУВА ЗА ЕДНА ГРУПА КАКО ДА СЕ КЛУБЧЕ, ДРУГИТЕ ШТО СЕ НЕ МИ Е ЈАСНО? eticka ако ми ги прочиташ мојте постови наназад,ке видиш дека неколку паати имам спомнато дека ова ние е како клубче ,но не мислам конкретно дека определени луѓе сме во клубчето,туку тоа е за сите нас анксиозни...во овој пост ги набројав луѓето кој јас кога почнав да пишувам највеќе комуницирав со нив,и кој верувај многу фалат тука.меѓутоа тоа клубче се однесува на сите поздрав
zdravo , kako ste mi ? eve me i mene ama nekako ova zeskovo mnogu me maci vo posledno vreme, ama se nadevam deka samo toa ke mi bide makata. Iako ne pisuvam redovno ve citam.Morame nie tuka na forumov da si bideme podrshka Pozdrav
Dескарада, халуцинации се појавуваат кога стравот веќе достигнал размери со кои мозокот не може да се бори. побарај си душичке стручна помош, не чекај да поминат денови само полошо доаѓа. Eдно девојче кое го запознав скоро кажуваше како навечер чувствувала присуство на духови па слушала гласови, се се тоа халуцинации од преголем страв и потиснување на стравовите.
Здраво, како сте, како се справувате со жешкото време , дали ви е тешко? Јас на моменти сум супер, ама на моменти ме фаќа некоја паника , посебно кога сум сама , нз веќе што да правам ? И не ми одговори некој дали знае некој психијатар во штип или струмица, добар? позз до сите
Добровечер и од мене, јас сум тука Еци, добра фала богу , анксот скоро и да го снема а и кога се појави паника ,страв не ми е од анксот веќе си ја знам и причината де, последно време расчистувам со последните испити па преголема напнатост е , оставив простор на новите членови ги има многу , жално но вистинито таков е животот полн со стрес, но ајде не навратив овде да ви кукам , за новите членови- дадете се од себе не оставајте и не препуштајте се на лековите, не очекувајте дека се ќе се промени за една ноќ, бидете упорни, инаетливи, не дозволувајте стравот да ве совлада. Многупати имам зборувано дека со б комплекс кризните моменти ги поминав и еве жива и здрава сум и пред се абе не сум полудела како што си мислев на почетокот на оваа напорна состојба. Знам дека е тешко, знам дека треба многу да вложиме али трудете се да бидете најпозитивни што можете, смејте се, радувајте се на малите нешта... тоа е животот. Има за жал и неубави работи, кои го прават животот стресен али тоа е дел од животот нема се мед и млеко. Како што гледам повеќето сме млади овде, можеби мајками е во право кога ми вели премногу размислувам, и за ова за она, па леле вака се чуствувам па онака, што вели таа кога бев како тебе немав време да размислувам за такви работи морала за мене да се грижи . Најдете си некоја занимација, нешто што ќе ве опушти, нешто што ќе ве насмее. И едно знајте ништо не се случува без причина, пронајдете ја причината која довела до страв, напнатост, паника. Немора да значи дека денес имав напорен ден и анкскиозноста од денес започнува... НЕ ! Кај мене таа се појави не после неколку дена од големиот стрес кој го поминав, после неколку години. Е сега веќе и ништо не придавам на анксот, кога имам кризен период го надвладам со убава мисла, со позитивност, разговор со некоја блиска особа. Мене искрено многу ми помогнаа советите на Ерик веќе и тој не пишува али кај мене остави впечаток на доста позитивна и пред се стабилна личност, навратете од почеток на сите постови и немој да мислите дека сте сами, ваков период скоро секој поминува од својот живот. И како што ми велеше мојата матична опушти се, пушти тоа срце малце, живеј го животот не се напнувај за секоја ситница - е така и вие научете да уживате во животот затоа што нема реприза, ве поздравувам сите и немојте да се откажувате БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ, НАСМЕАНИ, ОПТИМИСТИ !
Eве ме и мене на репорт, да не ме мислите во глобала сум добро,научив како да си ја контролирам анксиозноста, во мегувреме последниве 2 месеца си најдов многу занимации, се зачленив во 1 невладина организац, уште одам на пракса... паралелно и фах....мртва уморна бев на почетокот. Ама по неколку дена почнав у 10 да си легнувам и рано да станувам, се е навика... И најискрено се осекам убаво, зафатено се чувствувам корисно Ке ви го пишам тоа што може 10 пати најмалку ви го имам пишано соочувајте се со стравовите, зголемете си ја самодовербата, и престанете да бидете према сите попустливи а строги кон себе! одкога ке го споделиш проблемот полесно ти е. Не си единствен. И што е најважно сите знаеме како да си помогнеме ИГНОР (ИГОР) во ПРАКСА треба да се спроведе! Така да не губете време на гуглање на симптоми, што е како е, зашто ова ми се случува..? Си знаете како против анкс, насочување на мисли, правете го упорно тоа што ви предизвикува "страв", и после 2,3 пат ке се осекате појаки и така ке отрпнете од "стравот". И многу нормално е дека на сите не им е се идеално во животот, не ни се случува се само нас. Треба да си ја смениме перспективата на тоа како ги гледаме работите. И главни зборови да ни бидат можам и знам! добра ноќ мои анкси грлс и бојс. п.с. Еци провери Inbox уште вчера ти пишав, се надевам дека и старо друштво од време на време проверуваат на странава да не ги именувам сите ги поздравувам, бидејки без нивните совети немаше да ја надминам состојбава!
Ајде и јас да се јавам на рапорт,периодов ми е ок. Понекогаш чувствувам мала вознемиреност,ама ја препишувам на временските промени. Пишав и порано ,со анксот се борам 11 год.(од воспоставување на дијагнозата) и сигурно уште 2 пред тоа (тогаш не бев свесна што ми е),и еве правам споредба,анксот си е тука ,си доаѓа и си оди,и јас сум си тука (уште ''жива и здрава''),со текот на времето ке ви здосадат тие стравови,ке си ги потрошите сите ''идеи''! Со самата помисла дека не сте единствени,и дека има уште некој како вас ,веќе за половина сте подобри,а за другата половина треба трпение,време и воља.Не би го нарекла тоа борба во права смиса на зборот,сам со себе човек не може да се бори. Со мои 36 год.си давам за право малку да ве охрабрм,поминав низ сите можни фази на анксот многу мисли ми поминаа низ главата,и верувајте ама баш ништо не се случи од тоа,со тек на времето ке научите да живеете со сите тие страови,и ке дојде момент да не ги приметувате веќе. Мене лично многу ми помогна одењето на работа,кога ке се најдам помеѓу луѓе,и со самата одговорност на раб.место ,сакајќи или несакајќи,анксиозноста ја потиснувам во втор план.Исполнете си го времето со некоја обврска,тогаш ќе немате време за секакви мисли! Поздрав до сите!
Здраво како сте? Дали имате се имате чустувано како малаксани, претепани да ви се чини дека неможите да мрдате, па посебно кога е топло да неправиме муабет ? ;/ Поздрав до сите! И само Упорност
Не само малаксана се чустувам туку незнам кај терам појке со оваа состојба како на сон да зивеам ,ама со викас само упорност. Поздрав Позитивен