Страшен ден... Јас сум преплашена до немај каде. Вечер одам да посетам стручно лице, претпоставувам, ако не вечер одам утре. Вчера ми ѕвони околу 12 ноќе непознат број и ќути, луѓе страв невиден. Сабајле струја низ цело тело едвај дојдов до работа. Многу страшен ден, а од се најмногу ме плашат физичките промени и тегоби. Вие како сте?
Стравот е чувство кој секогаш понекогаш го чувствува но нетреба да биде до таа мера за да предизвика физички промени и тегоби како кај сите нас од помислата дека денес не се чувствувам добро и додатно стравот ни предизвика и други додатни физички и психички промени Ако можеме да го надвладееме стравот лесно ке се справиме и со останатото Но работата е како, тоа кај нас е најголемиот проблем Сигурно тој што звонел во 12 часот нема ни страв ни анксиозност Речи си дека е грешка звонето и стравот ке исчезне Мора така друго нема
Сите сме како зајаци вејке аман ,и нервозни и плашливи ,ако случајно го гледате филмот на сител ЗЕТ ДОМА ЗЕТ во него ке се пронајдеме како Караман сме
Ма јас како Фериде ќе да сум, хахахахаха, слушнам ли болест и одма ја добивам, без разлика дали е можно или не. Чудна работа, ама симптоми осеќам одма (моќта на потсвеста ) Дечки да ви се пофалам закажав на психијатар, наредната недела, сега сум спокојна, знам дека ќе се оправам (за денес немаше место)
и јас бев таква на почетокот некад ке слушнев дека на некој на пример има некоја болест и одма ме фаќа симптоми и паники.Еднаш владеееше вирус,јас си појдов на продавница,си купив банани.линекс,сокови витамини,двопер и легнав и чекав и мене да ме фати сега дури и смешно ми е.Дури и навистина да ме фати нешто,јас нема да појдам на доктор,си мислам дека од анкс ми е и ке помини и си уживам само напред Елени те поддржувам и тебе и со помош на психијатарот(ама мораш и ти да се трудиш)ке надминеш се те поздравувам
Ме насмеа, ама јас не чекам да ме фати и има мала разлика, јас за најситна работа (еве на пример бубулица) јас трчам на лекар и не верувам кога ќе ми кажат не е ништо, и одам по многу лекари, барам повеќе мислења и пак велам дека лекариве не гледаат, јас којзнае што имам, касно ќе ми откријат, итн итн итн. А знам дека ми е од анкс, плус тоа сонувам многу, ме плашат соновите-сите значат болест, а во сонови не сум верувала до сега, ни во кафе, а сега сум станала Бог да чува и да брани. Едвај успевам да се сконцентрирам на работа...
ДЕЧКИ КАКОСТЕ ВРЕМЕВО Е САМО ЗА СПИЕЊЕ НЕЛИ ЈАС ДЕНЕС СЕ ДРЖАМ ДОБРО РОДЕНДЕН МУЕ НА СИНЧЕТО И ЗАФАТЕНА СУМ ТАКА ДА НЕМАМ ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО ЦРНИ МИЛСЛИ И МОРАМ ДА БИДАМ ИСКРЕНА МНОГУ МИ ПОМОГНАВТЕ ВИЕ СО ОВОЈ ФОРУМ СЕКОЈ ДЕН ВЕ ЧИТАМ ПО НЕКОЛКУ ПАТИ ВО ДЕНОТ ДОБИВ СИЛА БИДЕЕЌИ ЗНАМ ДЕКА НЕ СЕ БОРАМ САМО ЈАС СО ОВАА ГЛУПА БОЛЕСТ ВЕ ПОЗДРАВУВАМ СИТЕ
Честит роденден на синчето Гледате има и убави работи во животот, треба и да се слави и да се радува А ниеден човек не е осамен си наога простор и време за да си ги окупира мислите и да се ослободи од црните мисли.Инаку кога си на свадба мислиш дека сите се здрави и весли,кога си на лекар мислиш сите се болни и тажни Затоа сите да мислете дека сте на роденден кај ова убаво синче
Здраво на сите. Јас овие денови се чуствував ужасно Имам вртоглавици, дури и кога читам книга мислам дека буквине ми шетаат, кога ќе станам нагло од кревет, или од столица наеднаш почнува многу да ми се врти, што морам да застанам оти мислам дека ќе се онеесвстам. Неделава почнав и на факултет да одам и само некои мисли ми идат не ме оставаат на мира, да не ми се случи нешто да не ми се слоши имам напад на паника и секогаш кога и да станам имам чуство дека ќе се онесвестам и постојано имам мисли дека сум болна од некоја тешка болест од симптомиве шо ги имам .......состојбава ме излудува, само постојано мислам дека ќе се онесвестам кога ќе тргнам некаде да одам, па кога ќе излезам навечер у кафиќ тоа ми е смрт, само ми идат мисли леле ако се онесвестам, мислам дека ми се врти и нозете почнуваат да ми се тресат абееееее катастрофа се мислам дека ситуацијава ќе ме полуди!!!!!!!!! Секогаш си го поставувам прашањето зошто не можам да живеам како и сите други девојки на мојата возраст да излегувам од дома без да мислам на некој глупости дека ќе се онесветам и за викенд да се забавувам убаво на место да ми биди страв да излезам од дома и цела вечер да чекам да помини со мислам дека ќе паднам некаде...........Пред некое време се одлучив појдов и на психијатар со тешка волја но сепак појдов и ништо посебно ми пиша да пијам хелекс и едни антистресни таблети, ама не почнав да ги пијам, пијам некогаш само Б6, јас сакав да разговарам со незе да ми кази да појдам неколку пати, а јас само и објасни како се чуствувам шо е како е и таа одма ми пиша апчина, ко можи со апчина одма ќе се среди анкциозносва и знам ми пиша дијагноза Ф410 а не знам шо дијагноза е. Морав малку овде да се олеснам Секогаш се тешам демек ајде ќе биде ќе помине, но се како иди се бетар се чуствувам па сега дека и на факултет почнав не знам како ќе тера работава понатаму.........
Значи се чувствуваш мизерно а не сакаш да примаш терапија,епа верувај само од себе нема да помине,треба премногу труд за да се нормализира барем малку.Мислам дека е најдобро да се обратиш кај психолог со кој ке имаш разговори барем 2 пати неделно.Без разговор и многу труд незнам колку сама можеш да се справиш со оваа состојба.И јас на почеток си ги поставував истите прашања:зошто моите другарки слободно излегуваат,живеат без никакви стравови,но,со тек на време сватив дека на лугето му се случуваат многи полоши работи од моите неоправдани стравови,и тогаш решив да живеам со тоа и колку можам да се изборам или да го игнорирам .Животот не е совршен,животот е борба,нема одмор,нема сега се е совршено можам раат да живеам.Секој пат ке се најде нешто со кое ке мораме да се бориме за да доживееме ронка среќа.Само позитивни мисли,прифаќање на состојбата,и борба....и ке успееме сите ние.Превземи нешто уште сега,зошто секогаш ке се каеш зошто си дозволила животот да ти помине така,во саможалување и мизерија.Не е лесно ама вреди да се бориш
Не се залажувајте, само од себе не може да помине верувајте ми јас сум патилец и од искуство ви кажувам. Нормално дека мораш да сакаш да си помогнеш + психијатар = одличен резултат. Со текот на времето ке се намалат и ке се научи како да се живее со стравовите, но дека ке изчезнат нема шанси. Повремено ке се појавуваат но со намален интензитет. Мора да се борите и постојано во себе да си викаде е ајде де нека паднам па да видам што ке ми се случи, или пак нека ме стегне срце баш да видам и верувајте нема да има ништо од тоа. Пробајте па кажете дали ви се случило нешто лошо кога ке отидете против себе. Ве гушкам
Дали од Сероксатот се здебелува нагло?и дали може да дојде до деформација на лицето и телото?Мене не ме пуштаат од дома пак да одам на психијатар бидејќи можело да дојде до тоа и дека апчињата удирале дирекно во глава и дека можно е да се пореметам (јас вака се осеќам пореметено) а катастрофи сум цела...како да ми е шашма во главата,како да ми течи,нерасположена сум....ве молам помогнете ми се ми е превртено СЕ...ептен се затворив :'( :'( Гледам дека се оди надолу а не можам ништо ни ми ссе зборува со никој,ни ми се дружи,збоурвам со сила без да размислувам не можам да учам,бавно сфајкам и ситуации и се...претходно бев на терапија видете ве молам слабо спијам знам дека треба ад илзегувам,млада сум и се е супер само јас да се поправам до кога вака? Ќе спобудалаааам!!!!!!!!!!!!!!
Да си појдеш како може да не те пуштаат какви деформации оди понавреме и јас така чекав и ми се влоши состојбата,вака ке се деформисаме со седење и ништо да не превземаме да си појдеш иц да не се мислиш оти на другите лесно му е да ти кажат да неодиш зашто не знаат колку е теско
Какво удирање во глава ако е така досега ке бевме сите удрени а еве паметни сме и свесни и бараме чарее за сечии проблеми.Може да дојде до поголеми проблеми ако не преземаш ништо Сите употребуваме благи депресиви кои со тек на време со намалување на дозата може и да ги исфрлиме од употеба ако видиме дека ни е подобро Еве јас на пример ги пиев 3 пати на ден а сега само по едно и подобро ми е иако некогаш ме “фаќа“но тогаш се напијам уште едно за да се стабилизирам Полошо е ако го измачуваш организмот и постојано е под стрес при што може да дојде до проблеми со срцето притисокот,или шекерот.Не дека јас сум доктор туку ми го има казено врвен доктор Нечекај да се прелие чашата Тогаш е доцна и заздравувањето иде многу тешко
oдамна немам пишано али морам да пишам јас како корисник на сероксат од 3 години дека се здебелува нагло јас лично се здебелив 12кг.Откако дојдов до 10мг и кога повторно ми се вратија паниките нагло ослабев исто толку значи се вратив на истат килажа како што си бев и претходно.Ништо страшно.А за пореметување врска нема само може да ти помогнат а не да ти одмогнат и секако јака волја да се излезе од тој круг иначе ништо бадијала и сероксат и хелекс и се.Поззззззз
Аман вејке сите ме прашваат кај сум била толку месеци ,комсиите од сто сум била болна толку време ме немало зошто како сите преку глава мие малце имам мака уште овие сите да ме прашваат фалат
здраво феминки Ч) одавна ме нема да писувам, ама сега да написам некој збор и јас .За комшиите и за другите ич да не се секирате кој што ке рече, јас го поминав тој период.....па кај си ти па лелеее колку си ослабена, па сто ти е од сто си болна....а јас не бе нис не ми е диета тоа она , а јас ко тиа анорексичните манекенки бев станала.Ама ете после неколку месеци и терапијата сто ја земам , апетитот на ниво килограмите на ниво како што си бев и предходно.Е сега кога ме видат ке прокоментираат е сега лици на човек , а јас само ке им казам гледајте си го васиот зивот ,мојот оставете го на мене ....така вие гледајте да ви е добро на вас а килажата ке си дое на ниво и ако ве немало подолго време надвор кога ке сте добри ке се навикнат на вас . Поздрав и но нервозела