1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. marinela5

    marinela5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    се ке се среди сличајна јас верувам во тоа,мн ми е жал што си поминала низ сето тоа ,ама на крај се си доага на место.колку што разбрав од твојот пости си имала спонтан и критична бременост значи имаш едно дете???ако добро разбрав ако не ти се извинувам и ти посакувам здрави и прави деца за тоа вреди да се бориме и Живееме.поззз
     
    На slucajna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slucajna

    slucajna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    84
    благодарам за подршката ,не немам дете ,критичната бременост се воспостави дека е вон матерична значи плодот е вон матката ама тоа е тоа не губам надеш одам напред и се надевам дека се ке биде добро. покрај ите стравови и лоси работи јас мислам дека после дождот иде сонце затоа и верувам дека се ке биде добро ..повторно благодарам за подршката :hai:
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    На slucajna, doki55 и eleni27 им се допаѓа ова.
  4. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Гледам денес силни сме сите!!! Дечки и јас сум добро, конечно почна да ми делува терапијата, подобрено ми е расположението и вчера цел ден немав напади и тегоби :rock: :rock: :rock:
    Не се откажувајте, штом јас имав еден убав ден, сите можеме да имаме, и тоа не по еден, сите денови да ни бидат преубави и радосни!!!!
    ПРЕЖИВЕЧУ И ЈААААААААААААА
     
    На mal.ecka, slucajna, doki55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Браво Елени Кога си така расположена и силна влеваш доверба и оптимизам кај сите нас Позитивните постови и кај нас делиуваат како апче и секогаш кога пишуваш вака не обвива топлина околу срцето и надежта дека се е минливо, преовладува со сите нас Ти посакувам секој ден да си ваква разиграна весела и срекна зошто и нам ни годи позитивизамот Црпиме енергија од сите вас позитивци Те бакнувам Биди секогаш ваква и сите ке ПРЕЖИВЕЕМЕ
     
  6. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Доки55, баш ми е мило што имамдобро влијание кај тебе и кај другите, тоа и мене ме прави среќна :rofl:

    Се надевам ова ќе потрае, одамна се немам почувствувано вака убаво, и полна со волја да работам на работа и покрај сите проблеми што ги имаме тука во фирмава, волја да работам низ дома, сега баш маж ми се изненади колку сум сработила синоќа откако заспал и се радуваше на телефон како мало дете дека ми е добро, ме направи и мене посреќна. Господе нека не се враќа анксот, нека бега депресијава, убаво е вака 8)
     
    На mal.ecka, doki55, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас не би можела да ја пренесам празнината која ја чувствувам постојано. Се плашам од се. Сабајле додека бев на вежбање на моб ми имаше ѕвонено сестра ми. И јас веднаш испаничив. Веднаш ми се направија илјадници црни сценарија. Капак на се беше тоа што дечко ми не ми се јавуваше. Цели слики од можни трагични збиднувања ми прелетуваа во мозокот. И сето тоа во рок од само неколку минути. Толку малку фалеше да ми се напнат нервите. Кај мене проблемите со очите, како што опишуваа и други девојчиња, се толку чести. Најпрво ќе ми текне на некоја случка од минатото и веднаш ме заболува глава. Полека болката од главата ми се пренесува и кај очите, дури неможам ни да гледам убаво. Се ми се мати и осеќам како очите ми тежат. И тоа некогаш знае да ми трае по цел ден. Се плашам од искачања, се плашам да ме гледаат други луѓе. Секогаш мислам дека сите ми се потсмеваат. Секогаш мислам дека ништо неможам да направам добро. Едвај се наканувам да искочам до продавница… најчесто денски седам дома. Ретко може да се случи да излезам навечер да го прошетам кучето и тоа го првам преплашена. Сега се запишав на вежбање за да стекнам малку повеќе самодоверба и да се отворам повеќе пред луѓето, но ништо од тоа нема. Позитивност е може што барем вежбам и правам нешто за моето тело. Но тоа е безвредно кога психички сум слаба. Мене сето ова ми е насобрано од премногу стресови кои ми ги предизвикуваат многу за видливите луѓе. Цел живот ми е преполн со такви. Од мала постоеа луѓе кои многу ми љубомореа и правеа се за да ме уништат. Полека, гледајќи колку многу такви злобни постојат, полека јас се одалечував од сите. И сега сум на степен да незнам како да се однесувам во друштво. Знам дека се уништуваме највеќе самата ама претешко ми е. Има моменти кога сакам да си одам од сите.
     
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Здраво и добредојде меѓу нас ;)
    Најпрво ќе те прашам дали си посетила психијатар, ако не си земај си упут. Јас се инаетев, ама еве два дена ми е добро и сите симптоми по полека се губат, после месец ипол терапија. И јас бев иста како тебе, само имав и многу повеќе тегоби, не ти ги набројувам да не се плашиш. Стресот е причинител на безброј болести, така да намали го стресот и не очајувај, читај не, пишувај, за се што ти треба сум тука и јас и сите други, нормално. Анксиозноста поминува, само треба време и терапија
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Каренин стравот е најголемиот непријател на анксиозноста Се губи самодовербата силата и црните мисли те преокупираат Паниката ги предизвикува и најголемите проблеми Не им дозволувај на љубоморните околу тебе да ја постигнат својата цел и да те скршат психички зошто здраво тело без здрав дух тие како кола без мотор Игнорирај ги таквите луге,имаш дечко и уживај секој ден во прошетки и пријатни разговори Земај си некој благ антидепресив и за инает на љубоморните околу тебе уживај и прави ги уште пољубоморни зошто само така тебе ке ти биде подобро а тие ке се кинат од завист Поздрав
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hurrem

    hurrem Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Дали некој може да ми објасни нешто за тоа околу психијатрот... одиш кај психијатар и што те прашува ??? како це однесува кон тебе ?
     
  11. taci1

    taci1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    65
    со психијатарот разговараш за симптомите , стравовите ,проблемите, со осечаш и така..едноставно му ги доверуваш твоите чувства.....се е нормално
     
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    126.088
    Седам и се прашувам со што сум ја заслужила оваа анкциозна состојба,и во тој миг се прашувам а со што сум ги заслужила сите прекрасни луѓе околу мене,моето семејство,мојот дечко,моето друштво........и вреди да се бориме нели,заради нив и заради НАС и сите луѓе кои чекаат од нас еден позитивен збор,насмевка,љубов...... :* бидете силни и позитивни,најпрвин една минута слобода без анкс,па ден,месец,година....ке бидеме добро :rofl:
     
    На doki55 и osamenamajka им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Фала за поддршката. Кај мене станува се полошо бидејќи во последно време депресијата ми смета и физички. Веќе година дена од постојаните нервози ми паѓа косата, дури и драстично. Почнаа да ми искачаат бубулици како никогаш претходно. На нервна база само јадам и поправена сум 10 кила. Немам желба да се дотерувам. Кој и да слушнам како зборува мислам дека е попаметен од мене. Секогаш кога јас треба да зборувам со некој почнувам да д'ткам и непријатно ми е како ќе го сфатат другите тоа кое им го кажувам. Секогаш кога имаме дома гости мене ме боли главата, не дека не ги сакам ама како да не сум научена да бидам опколена со луѓе. Освен со дечко ми со никој неможам да направам искраен муабет за мојата ситуација. Една поблиска личност, кога ме праша зашто сум несреќна и се обиде да дознае се, јас почнав да и кажувам, а таа после се обиде да го искористи тоа да ми биде уште потешко. И уживаше во тоа. Како да сакаше нејзината болка да ја намали со тоа што мене ќе ми предизвика поголема. Дури и се дрзна да му се пушта на дечко ми. Страшно ми беше. Знаете секој ден се повеќе губам надеж во луѓето. Сега свесна сум дка морам да идам на психијатар ама некако немам храброст ни за тоа.
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    126.088
    Јас сум анкс 8 години и под депресија скоро исто толку......легнав од преголем анкс и стрес,депресија од кревет неможев да станам........нема да ти пишувам за другите работи престрашни се.Слушај ме сега ако сакаш совет,првин на психијатарили психолог обавезно,нема не сум спремна станувај и заминувај без да размислуваш за тоа,нема што постојано да го заморуваш дечкоти со тоа,тој така само ке страда со тебе заедно а нема како да ти помогни има стручни луѓе за тоа,тој служи само за љубов(не дека не треба да воопшто да разговараш со него за тоа само ограничисе,зборувај со стручно лице)и за тебе истиот совет,нашминкајсе,средија косата,облечисе убаво,насмевка на лицето и не мисли на другите,мисли само на тебе и на тоа дека ти си паметна,интелегентна способна и повторувај го тоа постојано и напред со крената глава.И јас сум со анкс и депресија ама ај некој нека ме сети кога излегувам,гордо и само напред :devil: Другарките,посебно тие за онака,нема потреба да знаат за твојата состојба па ако треба и з аинат од тие завидливите борисе бре дете,успеј,нека пукнат,како можи да се ситат на туѓа несреќа,покажи си првин сама на себе дека вредис а после и на нив.Би пишувала уште но несакам да те збунам,првин на психолог па после чекор по чекор и само напред :*
     
    На doki55, karenin, osamenamajka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Фала мал.ечка, многу ми се потребни вакви искрени совети. Вистината е дека многу ми е битно сите да бидат добри. Им верувам на сите, па дури и кога гледам дека ми завидуваат, јас продолжувам да сум добра со нив. Некако очекувам дека ако јас и таквите личности направиме искраен разговор тие ќе сфатат дека и нема за што да ми завидуваат. Но ете изгледа тука грешам. После таквите разговори тие уште толку ја зголемуваат таа љубомора кон мене, а мене ми е тешко дека не сум успеала да постигнам позитивен контакт со нив. И се нервирам. Ова беше само еден пример за нештата кои ми го предизвикуваат стресот. Стравот од болести, стравот од животни и стравот од луѓе веќе може добри две години ме мачат. Ова лето дури со страв и пливав, а пливањето отсекогаш сум го сакала и никогаш не ми било проблем.
     
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    јас заминав на гости аааааааааааааааааааааааааа !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Убав помин Елисабета, олабави се малку таму кај што ќе одиш, добро ќе ти дојде!!!
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marinela5

    marinela5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    вака имам една молба до тие Што се од Охрид или околината,мојата најдобра пријателка е мажена таму и има потреба од психијатар(приватен,привтна ординациј)некој добар ,затоа што нема кој да праша таму ме замоли ако може тука да се распрашам.преку ЛП пишетеми ако знаете некој добар ,фала.
     
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    126.088
    Душо најубаво поминиси п.с се надевам нема да ти заврни снег ;) и не заборавај,позитивно и самоуверено и само напред :inlove:
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво на сите :* денес бев на психијатар за овој мој глупав проблем ми препиша терапија лексилиум од 3мг го пиеше ли некој од вас какво искуство има ке во молам пишетеми да знам кога излегов од ординација веднаш ги земав значи пијам по половина една половина навечер една сабајле откако се напив кога завладеа некој мир ух неописливо чуство заминав во училиште да видам како се децава непаметам од кога немам отидено кога ме видоа онака изненадени МАМООООООООООО ПА ТИ САМА ДОЈДЕ среќни и тие со мене златните тие и тоа е она што имам да го пишам ве гушкам и поздравувам и сите
     
    На doki55 и atma им се допаѓа ова.