zdravo i od mene... nova suma na forumot i imam problemi so aniksioznosta... mene mi se sluci toa za prv pat vo zimata, pocustvuvav strav deka sum bolna od srceto, pocna da mi cuka silno- imav takihardija pa odev na lekar i se bese vo red, pa posle toa stom ke me zabolese stomakot mislev deka e slepoto crevo.. i red red drugi bolest mi bea na pamet.... vo pocetokot nemozev da zaspijam mi bese strav da ne umram, simptomite mi zapocnuvaa koga ke se zatemnese, pocnuvav da se potam, nemozev doma da sedam sakav samo da setam nadvor, doma mi se cinese deka nemav vozduh, i se samo na najloso pomisluvav i neznam koi drugi simptomi gi imam ... pojdov i na psihijatar .... piev apcinja za smiruvanje no po eden mesec gi ostaviv zosto mi bese podobro... no seuste imam nekoj strav dlaboko vo mene i mislam deka nema da iscezni i da bidam pak onaa istata kako porano pred da ja dobijam ovaa bolest... sovet moj do site koi imaat problem sakam da probaat da bidat otvoreni i da razgovaraat so nekoj za ovaa bolesest (ke vidite deka ne ste edinstveni kako so si mislite) da se zanimavaat so nesto i da ne pomisluvaat na ovaa bolest, a koga ke pocnat simptomite prifatete gi i disete dlaboko sega se custvuvam podobro no ima momenti pak da dobijam panicen napad no polesno pominuvam
Здраво Матејаб....и на мене исто ми доаѓаа такви мисли дека незнам умирам, болна сум од нешто и ред др. работи...но по нападот кој ми беше врв над се, решив да се променам . Како што прочитав од твоите постови, се плашиш да останеш бремена( или веке си). Нема приЧина, Но верувај дека откако ке се роди ке имаш толку мн обврски што полека ке почне да исчезнува тој страв.Јас за мене да си кажам дека ги поминав двете бремености без никаков страв иако претходно имав одредени сиптоми за кои не бев свесна. НО мене отпосле ми се случи тоа Што се случи,но ете и тоа се издржа и се е релативно, само главата горе и се ке биде добро..позз до тебе..и не дозволувај стравот да ти го уништи најубавото чувство а тоа е дека ке станеш мајка...
сеуште не сум бремена но планираме во брзо време... да, се плашам да останам бремена а мислам дека аниксиозноста има најголема улога во тоа... исто така имам проблем и со тироидната... сега веќе ми е подобро но пак од време на време чуствувам страв, ми се чини дека повеќе нема да бидам како што бев порано... но морам да се навикнувам на тоа а и знам дека не сум единствена со овој проблем.... па ќе видиме што ке биде со мене
Поздрав , драго ми е што темава повторно е отклучена. Се надевам дека ке комуницираме без проблеми понатаму. Јас на одмор убаво си поминав......прекрасно Поздрав до Јарец...се израдував на постот од кој може да се види дека анксиозноста може да се надмине.Веројатно следното патување нема ни да размислува ..дали ке добијам напад???Тоа веќе е зад неа. Мене многу ме интересира каде е Јувентус..дали некој е во врска со него.????? Инаку сакам да ја прашам Матеја б какви проблеми има со тироидната..хипо или хипер??? Поздрав до сите нови членови
што проблеми имаш матејаб со тероидната??? мајка ми има проблем и пие едни лекови пропитоурацил мислам дека беа, тие и го одржуваат тероксинот на нормално ниво мислам, инаку при напнати ситуации и с есекогаш качува и ке ги пие доживотно, но ништо не е страшно ако не се нервираш. Iнаку и јас се праев операција али не на тероида тука на паратероидниот хормон лев лобус , имав туморче, али и тоа пројде .. немој да се секираш за ништо. знаеш дека анксот ти е страв проследен со автосугестивност на телото, ништо не ти можи друго поздрав
Zdravo na site...jas bev na odmor i sea citam deka temava bila zaklucena ili neso taka, ama milo mi e so pak mozeme da pisuvame,....na odmor si pominav super osven so 2 3 pati imav glavobolka radi anksioznosta, i mali napadi, ama toa e..mn podobro se osekam tamu nego tuka..otkako se vrativ kako da imam se pocesto napadi, nozeve tamu ne gi osekav gumeni a tuka da...i omalaksana sum cela....moze i da e do vremevo a moze i ne kako ste vie? dunja procitav super si pominala na odmor, i mn mi e milo....mene najmnogu me koci i mi smeta toa so koga ke dojde napadot se osekam kako da sum zdrvena i kolku pati sum si vikala deka koga ke dojde ke se praam kako da e nisto, ama nemozam kako da me paralizira, pocnuvam da osekam pritisok vo glavata i gadenje vo stomakot kako da ke povratam i kaj i da se naogam samo sakam da stanam u momentot, da me snema .....taka mi se sluci i na odmor, i cat pat piev apce ama ne mi bese kako koga sum doma.
имам намалено лачење на тироидната - хипо.... иначе проблемите со тироидната и со аниксиознаоста започнаа заедно... доживеав стрес и тогаш станав аниксиозна а исто така станав и хипо... пијам еутирокс од 50 мг мислам дека и јас ќе ги пијам доживотно и мислам дека овие две болести имаат некои слични симптоми..... како што пишав и претходно сега ми е подобро и не пијам апчиња за смирување..... ке заборавев да ви кажам сто ми се деси пред неколку недели..... мојот маж не беше со мене неколку дена, имаше нешто работа по што јас бев на поседок кај моите.... откако вечеравме мене почна да ми се лоши и рано сил легнав да не седам така... но неможев да заспијам, почнав да се гушам, срцето ми лупаше силно, и кога ке задремев малку подскокнуваврипав како без воздух да сум останала или како да сум се онесвестила па после наеднаш сум скокнала.. сето тоа беше мојата психа... поминаа неколку часа одкако неможев да заспијам и станав до wc.. кога се вратив се напив вода и си помислив дека пијам и апче за смирување... и си легнав и од самата помисла дека се "напив" апче и конечно сум заспала....ех што се не може психата да му направи на човекот...
Здраво , ме радува што сум повторно со вас . Да, дефинитивно многу од нас што сме анксиозни имаме и хипотиреодитис.Јас пијам еутирокс од 100мг. и исто така хипо ми се појави истовремено со анксот(по стресот).Милион пати ја прашував докторката-ендокринологот , но таа вели дека,,не би требало,, цитирам ..па си мислам дека сеуште не е докажано дека овие двете се во врска..или жлездата создава анксиозност или обратно...хе хехехехе јас сум наставничка и не се разбирам во медицина... Како и да е мора да се живее..... со хипо, ....со анксот и ние мора да продолжиме со нашата борба зашто друга алтернатива немаме. Не вреди да седиме и да плачеме, да кукаме над нашата судбина зашто ако погледнеме зад себе има многу полоши работи. МатејаБ дали посетуваш некој добар психијатар? Јас сум за добра психотерапија и апче ама од лекар препишано.Појди си и поразговарај со некој, мене тоа многу ми помогна.Ако сакаш и ЛИнден метод ке ти го пратам напиши ми ја по ЛП твојат ае-маил адреса тоа малку ке те освести ке те натера да размислуваш поинаку , да се потсмириш малку,но сепак психијатрите си ја знаат работата.Појди и пишувај ни ние ке те читаме со задоволство. Поздрав и до Мила. Мила незнам ....но блокадата која ја опишуваш, да од напнатост е..но немој да се обесхрабруваш...па нели рековме дека има и понекој чекор назад ама заборавиго и продолжи со борбата.И мене тоа ми се случуваше ама не давај да те уплаши, станувај и зафаѓај се со некој аработа ке видиш како брзо исчезнува..значи потребн ае промена на мисла(позитивна наравно) и некоја активност која ке те одлепиод место.Дај напор и од неколку обиди ке ти успее да ја победиш. Поздравче до сите
фала однапред дуња, ти ја пишав мојата e-mail адреса и се надевам дека од тој метод ќе има подобрување... да, сум била на психијатар двапати и разговорот навистина ми помогна, пијав и апчиња кои ми ги препишаа а потоа ги оставив бидејќи ми беше подобро како што ми е сега.... но бидејќи сакам да забременам, а ми е страв сакам повторно да одам на психијатар, малку психички да се смирам за да бидам подготвена за бременоста.... а му препорачувам на сите кои имаат проблем со аниксиозноста да посетат психијатар зошто разговорот многу опушта...
Pozdrav id omene do site koi go citaat forumot. sakam da znam dali nekoj koristel Demetrin i spored vase iskustvo, kolku vreme go koristevte i vo koj dozi? Iako odgovorot treba da go dade mojot psihijatar, sepak sakam a znam necie licno iskustvo.
jas piev demetrin recisi cela godina, dozata mi ja opredeluvashe prviot psihijatar, mi pomogna i toa mnogu, no se pojavuvaa tegobite od anksot, n one tolku "zasileni" kako shto bea na pocetokot... sepak za ova mislam deka asentrata e najdobra
Zdravo na site, kako sme? Nesto ve nema uste da ne odete po odmori? Jas da vi kazam ovie denovi imam malku glavobolka ama toa e poveke od zeskoto i omalaksano se cuvstvuvam ama toa e leto Se nadevam i kaj vas site se e vo red? Pozdrav pa koj saka neka pise nesto ....
zdravooo...nesto slabo pisuvate,kade ste?? inaku jas pred ovie 2 nedeli bev super bev na odmor,izleguvav se setav nemav nikakvi problemi,no sega ovie 2-3 dena pak pocnav da osekam tezina na levata raka,i kako da me stega nesto grloto,uff se nerviram se nadevam deka brgu ke mi pomine...pozdrav do site
Здраво на сите! Нова сум на форумов и читајки дел од претходните коментари почувствував големо олеснување од фактот дека има многу девојки кои можат да ме разберат и дека не сум сама! Мојот проблем е класично анксиозно нарушување кое ми се појави некако постепено. Ги имам главно голем дел од набројаните симптоми, ама кај мене дефинитивно главен е тресењето на подлогата. Имам чувство како да ќе паднам, нестабилна сум во стоењето пред се, кога одам имам чувство како да газам по дупки или она како некој да ви го трга нагло ќилимчето под нозе Студент на медицина сум и ги направив сите можни анализи и нормално не ми открија ништо телесно, ама не успеав никако да се смирам. Мислам и дека целата личност ми се смени, помалку уживам во животот... Ама знам дека преку ноќ нема ништо да се сменам и решив секој ден да ми биде нова борба и постепено да се ослободувам. Ќе станам стабилен доктор, хирург и некои внатрешни стравови нема да ме спречат во тоа! Борете се и вие за да ги остварите вашите соништа и не заборавајте дека се е во нашите глави
eпа добродојде Лаперла, дипломира на медицина? Ајде ке си се бодриме овде заедно а исто така сеа во ЛП ке ти пуштам и страна на фб . Aли некако во задње време не сме многу активни, кој по одмори, кој на викенди. И покрај топлово време, си праиме работи кои ни пријат
Welcome to the club Laperla Pozdrav do tebe, i ne se sekiraj tuka sme site da si pomogneme i treba samo da odime napred i da sme silni i jas imam 21 god pa edna ipol godina veke se boram so ank i da ti kazam se poveke gledam da se trudam da gledam na pozitivnata strana ..I ke uspeeme znam site eden den i ke ni bide od sala seto ova Pisuvaj se sto ti e tesko site sme tuka da si pomogneme eden na drug..Mene me bese strav da odam na odmor ama posle ednaipol godina izlegov od doma i bev oddelena od doma 10dena i se pomina super ako mi bese strav od pocetokot ama se trudev kolku sto mozam da ne mislam na nisto..I ke pomine se, znaeme site deka imame i losi i dobri denovi toa e zivotot morame da go prifaneme taka..>Bidi mi pozdravena i ne se sekiraj...Sto i da e ke pomine, sekoe loso za dobro e Vlado Janevski
zdravo!!!resiv da vi pisam samo kolku da ve pozdravam i se nadevam deka dobro se odmorivte ova leto.drugo matejab jas isturkav edna bremenost so anksioznost fala bogu kerkami se rodi zdrava prava,a gi imav bas site simtomi fizicki i psihicki,dobro e da razgovaras so psihoterapevt pred da ostanes bremena od golema pomos ke ti bide,i zaradi toa sto go pominav sega ne mozam da se resam za uste edna bremenost a iskreno ja posakuvam,mnogu raboti od togas se smenija sega sum mnogu podobro a mozam da recam deka se custvuvam naj normalno no sepak koga ke pomislam na toa custvuvam nekoja voznemirenost,pozdrav do tebe i do site drugi na forumov ,bas mi e milo sto temava pak e aktivna
Здраво на сите. Јас овие два-три дена не сум баш ОК. После долго време на супер период пак ми се појавија симптомите што порано ги имав, секакви мисли (ама грозни) ми поминаа низ глава и од самото тоа што мислам такви глупости кои мојот карактер не ги прифака многу се вознемирувам и ме фака паника. Па така иако сето тоа го имам поминато многу пати сепак сето тоа ме вади од колосек. Вцера се напив хелекс од 0,25 и денес еден сега се осекам супер па да видиме како ке биде. Не се предавам но секогаш кога ми се вракаат симптомите од анксиозноста и опсесивните мисли се разочарувам. Сепак одам понатаму. И сега се прашувам дали и вечерва да се напијам хелекс или доволно ми е еднаш на ден.Знам дека ке ми помине за два дена ама не да е тешко ужас. И веднаш по лошите мисли низ глава ми доаѓаат и физичките симптоми на тежина во желудник. Ај ке помине. Овој пат низ глава најмногу ми поминаа мисли од типот леле ако станам некоја лоша личност па ако сторам нешто лошо, абе катастрофа. Ве поздравувам сите. Чекам нешто да ми напишете. Чаооооо
Кај мене анксиозноста настапи минатото лето како последица од наглиот пресврт на матерјалната состојба (од екстремно добра во екстремно лоша) Односите во семејството драстично се нарушија (земајќи в предвид дека сум единица, а моите се разведени и живеам само со мајка ми). Некако и успевав да балансирам благодарение на поддршката од најблиските и пријателите кои најискрено сакаа да ми помогнат. Но ужасот дојде покасно, пред околу два месеци, кога ме остави дечкото кој ми беше пријател од малечка а во врска бевме 3 години, и тоа под изговор дека `неможе да ме гледа таква и се плаши за нашата иднина`. Океј, се обидов да го разберам, но во себе бев толку очајна и се чувствував мизерно и предадено. Човекот во кого најмногу верував ме остави во мигот кога ми беше најпотребен! И тука се случи кулминацијата. Целосна летаргија, безволие, ноќни кошмари и ужасни мисли кои неможам да ги контролирам. Не сакав да комуницирам со никој.. мајка ми и братучетка ми експресно реагираа и ме однесоа на психијатар, каде што ми беше дијагностицирана анксиозна состојба. Пијам асентра 50мг, хелекс и луната по потреба. После некое време почнав комуникација со другарките, но ме убиваа неизбежните прашања на секоја личност која ќе ја сретнев `што ти е? што се случува со тебе, зошто си ваква? не те познавам ваква, дај опрај се!` како да јас сакам да сум таква и уживам во тоа што се претворив во движечка амеба?! Набрзо слушнав и милион приказни како сум почнала да се дрогирам, и милион под верзии на истите, што додатно ме буткаа во депресија. Решив сама да се борам со тоа додека асентрата да почне да делува, што некогаш и ми успеваше. Сега секој ден ми е се подобро, дечкото сака да се смириме , но овојпат решив и јас да бидам себична и да се доведам себе во совршен ред, па потоа да мислам на другите пс. за оние кои пиеле асентра : секаде читам различни податоци за тоа кога асентрата почнува да делува? кога ги почувствувавте Вие првите ефекти, и како се манифестираа?