1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Здраво Милена, мојот сопруг зема циталон во комбинација со други лекови, кај него кога како е подобрувањето. Значи падни-стани му е состојбата. Мислам дека треба да биде добро искомбиниран за да делува исправно. Разговарај со твојот лекар, веројатно треба промена на дозата или друга комбинација.

    Инаку дечки ме немаше долго на форумов, воопшто не бев добро, згора на тоа и спремав испит (психологија, учев баш за нашава состојба, хахаха и го положив со 10, нели кој доживее, подобро разбира). Некако црните мисли почнаа да ми се враќаат, да со многу слаб интензитет и краткотрајно, но пак се тука. Ме растревожуваат филмови, ако некој заплаче и јас плачам, било на тв, било некој пред мене. Плачам кога зборам на телефон со сестра ми и татко ми, ми недостигаат... Лошо спијам, се плашам дури и во сон и константно во градиве ми владее некој необјаснив страв и ме дрма, ме изнемоштува. Ама се борам, еве учев, шетам по гости, ретко, ама шетам. Од вечер почнувам да спремам друг испит. А на нервозите и стресовите им нема крај. Ми пулсира главата од нервози на работа, не успевам да се смирам ни со лековиве, ни со спиење, никако. Осеќам дека состојбава почнува да ме совладува. Еден совет од мене, вечниот борец, прочитав во книгата по психологија за испитот, најефикасниот начин за победување на анксиозноста е наоѓање на коренот на проблемот, решавање на конфликтот во нас. Најголемата грешка е потиснување на проблемот и бегање од ситуацијата. Ова сите го знаеме, ете и научниците го докажале, ама во реалниот живот, возможно ли е?
     
  2. alehandro

    alehandro Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    да елени сите го велат истото дека треба да се најде коренот и да се искорени,кај мене немаше некој поголем стрес или траума кога започна сево ова и зато мислам дека сево ова е само од начинот на размислување начин како ги гледаме работите и прифаќаме,кога ке собереме доволно храброст да го смениме тоа ке го нема стравот.од што всушност се плашиме???од истите работи што се плашат и другите неанксиозни луге од болести од смрта од губенјето на контрола од губење на некој близок итн...исто како другите само ние мн подлабоко и појако го дозивуваме тоа,ддокторката ми велеше дозволи мислата што во тој момент ти предизвикува страв и паника да те преовлада и пробај да ја направиш по страшна и да предизвикас поголема анк и паника,ке видиш дека после тоа нема ништо организмот се врака во нормала и ке сватиш дека тоа е само мисла и ништо друго.значи лекот е во нас самите.друго знам дека и лековите мн помагаат и не треба да се избегнуваат па за тоа и се, кај секој не делува еден лек исто.и со лекови има и подобри и полоши моменти .поззз
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Елени27 честито на 10-ката и еве ти причина за срека и радост што значи одиш напред Убаво си прочитала во книгата и јас го знам тоа но во реалноста е многу тешко да се спроведе Јас се знам што треба да правам а што не но никако да можам да спроведам на дело Можеби ова ми се случува од некој проблеми што сум ги имала пред 10 години но веке ги немам и кој проблем да го потиснам кога мене не ми е добро и кога се функционира добро и на работа и дома мене пак ненадејно ми се слоши без причина и проблем а тоа не е еден ден тоа се години Незнам,но блазе си ако некој успее да се извлечи за краток период мене овој проблем ми е вечност но успевам некако Ме исполнува работата и само тогаш се чувствувам малку подобро по се изгледа затоа што морам да одам на работа и сум се програмирала така Елени27 голем поздрав и јави се кога ке падне и другата 10 умна главичка
     
  4. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Скроз те разбирам зошто истата грешка и јас ја имам правено, а изгледа и сите други што уште не го решиле стравот.
    И на мене одамна ми е јасно што треба да правам, ама нели кога ќе дојде моментот, пак прва е онаа инстинктивна реакција да се бориш да воспоставиш контрола, или да се заштитиш пошто се осеќаш загрозено, од симптомите на паника, нели. А, пак тие се појавиле баш за да не заштитат, зошто ние сме дале некаков знак дека сме загрозени. Абе, нигде логика, затоа и само тоа било решението, да не правиш ништо кога така ќе се осетиш, да пуштиш да помине, тоа е тоа што и ја сега се терам да го правам. Зошто знам дека досегашниот начин на реагирање кога ќе се појави паника, а тоа е да трпиш, да се бориш со симптомите, само напраил проблемот уште да стои неразрешен.

    Мора да се вежба нов начин на реагирање кога ќе се осети паника, а тоа е баш тоа - никаква реакција да не се даде, да не се дава отпор, или да се трпи дур не се дојде "на безбедно дома". Си бара работа состојбава, зошто сама од себе нема да пројде, еве колку години и јас сум со ова, ама свесна сум дека останало неразрешено зошто не сум му посветила доволно внимание да го разрешам. Си бара работа, вежбање, читање, посветеност проблемов, нема друго, ја сега го гледам ко да ми е буквално работна задача и мора план некаков и вежбање секојдневно.
    Читајте прво, читајте за да прво во глава ви се среди конфузијата за тоа што и како се дешава, па после и практично вежбање на тоа што сте го дознале, научиле. Еве јас од А до Ш мислам дека го имам исчитано интернетов, и друго е кога скроз ќе ви стане јасно што и како се случува, е сега е на ред практичниот дел. За тука треба маааааклу храброст поише, е да постојат апчиња за храброст. :D
    Тоа е, читање, смислување план за акција и вежбање, јас бар така планирам да го решам чудово, зошто стварно никој не разбира колку е зезнато да седиш нон стоп со некакво исчекување, страв, па вакви онакви мисли, кој разбира, никој, само ние што ова го поминуваме. :hai:
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Андријана потполно те разбирам и благодарам на опширното објаснување но кај мене не е проблемот само стравот кај мене настанува и физичка промена во смисол кога ми се слоши ми се заматува видот како пред онесвестување со јаки вртоглавици а притисокот ми се качува до 160 што ми предизвикува лупање на срцето и тешкотии ви градите дури и покачување на шекерот Мене повеке ме исплашат тие промени кои ме држат околу пола или час време и ме истоштуват Поради тоа иако имам нормален крвен притисок докторите ми дадоа и благи апчиња за крвен притисок зошто тоа ми се дешава скоро секој втор ден Значи анксот може да ми предизвика и други оштетувања инаку кога е во блага форма јас успевам да се справам сум се навикнала но во јака форма секогаш завршувам со брза помош.И затоа кога ми се слошува паниката е поголема за да не ми се деси нешто полошо и како во таква ситуација да шетам читам се дружам кога не сум способна ни да одговорам на прашањата на домашните кога на секоја минута ме прашуват како ти е што уште повеке ме нервира Во таква ситуација сакам тишина и несакам да зборувам зошто немам сила ниту желба Незнам како да се справам иако сега за сега поретко почна да запагам во таква глупава состојба од која ми е смрачено Поздрав
     
  6. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Кога спомнувам симптоми на паника токму на тие физички промени мислам, па тоа е целиот проблем, нели? Она што телесно го чувствуваме, сите осеќаме некакви симптоми, нешто телесно кога има страв и паника(само јас намерно не сакам да ги набројувам, знам дека луѓево што читаат се осетливи).
    Тоа е моментот, ако све си испитала на доктор, а обично скоро сите прво идат на секакви прегледи, и после се тоа докторите ти речат ОК си, немаш ништо, здрав прав си, тогаш тие физички промени ти се случуваат ради стравот. И колку повеќе ги мислиш и им се плашиш, толку посилно се уклучуваат. Треба да сфатиме дека можело и физички нешто да осетиме, а да сме све ОК без никаков здравствен момент и дека тоа било нормално, дали од вознемиреност, преоптеретувања некакви, грижи..... се собира, се собира и ОП симптомите почнуваат и кога ќе се појават тогаш па со нив почнуваме да се занимаваме.
    Затоа викам, целава состојба прво се почнува да се разрешува со тоа што ќе се среди конфузијата во глава, за тоа зошто се појавуваат тие физички симптоми, за да се разбере дека е нормално така да се осеќаш, колку и да не е нормална таа сотојба у моментот, нормално е тоа што го осеќаш кога ќе се доведеш до тој степен на страв и вознемиреност. Зошто прво уште постои конфузија и збунетост за тоа што и зошто се случува, а после е и плус на тоа несоодветна реакција кога ќе се осетат симптомите, а уште плус во меѓувреме цело време се седи во грижа и исчекување на тоа кога следен пат ќе ти се осеќаш така( ќе ги осетиш тие физички потешкотии, и пак, намерно не ги пишувам кои се) и ете = анксиозност цело време.
    Мора прво да се среди конфузијата за тоа што точно ти се дешава и зошто, тоа е најпрво. Ако си проверила се на доктор и ти рекле дека немаш никаков здравствен проблем, тогаш се тоа што го осеќаш е од силна возбуда, страв, паника и тогаш е битно како ќе се поставиш во тој момент кога ќе ги осетиш тие потешкотии, како ќе изреагираш, дали ќе додадеш уште страв или ќе речеш, ОК знам што ми се случува во моментов, осеќам нешто ама знам дека е од анксиозноста и ќе оставам да помине, не му давам внимание.
    Инаку, не е да паметувам, јасно ми е дека треба храброст и сигурност и што све не, за да се дојде до ваква состојба, да си смирен, а во моментот осеќаш нешто телесно и се осеќаш загрозено. Затоа викам бара работа ова, а не седење и чекање кога ќе се деси следен пат. Се надева ме разбра. :) Поздрав.
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Андријана во право си но велиш “Мора прво да се среди конфузијата за тоа што точно ти се дешава и зошто, тоа е најпрво.“јас ниту во моментот кога ми се слошува сум конфузна а и по природа не сум ниту пак знам зошто ми се случува Мене ми се случува и на свадба кога сум каде се сите весели со музика и насмеани лица изненадно да ми се слоши и да посакам да си одам Значи посебна причина за која сакам да ја откријам неможам да најдам Ако ја знам причината ке знам и да се заштитам или да ги избегнувам таквите ситуации и во моментите на најголемиот напад се трудам сама да си помогнам и цело време велам ке ми помине но високиот крвен притисок кој последниот пат беше 180/95 не е шала и тоа ме плаши затоа сум загрижена Јас анксот го имам повеке од 10 години но сега почна да се манифестира со други промени за кој во моментот мора лекарска интервенција Инаку психички се убедувам дека сум добро и ке бидам добро морам да се изборам ради децата и семејството но оптимизмот понекогаш знае толку многу да ме напушти што губам интерес за се Ти благодарам уште еднаш и ПОЗДРАВ
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    doki55 има нешто што не го знаеш :) анксиозноста не може да педизвика никакви оштетувања на организмот за да го сватиш тоа треба да ја прочиташ книгата PANIC AWAY кога имаме напат паника ни е лошо срцето ни чука двеста на саат имаме вртоглавица ни се мати пред очи ,е вотој момен нашиот организам се бори да не заштити срцето забрзано ни чука да ја разнеси сто побрзо крвта по целото наше тело за да не оджи во форма затоа настануваат тие панични напади тие ни го штитат организмот а не штетат ,а се додека тие ни го штитат организмот ние се чуствуваме лошо но после паничнот напад се е во ред значи не се плаши од паничен напад колку и да е страшен колку и да трае да знаеш дека во тој момент ти се штити организмот и пуштиго тој напад да помине не се бори со него само препуштисе сам да помине
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Благодарма Елисабета ти оптимистичко детенце Можеби си во право и ке покушам во таквите напади да се сетам на твојот пост и сигурна сум дека нема да ми биде толку лошо ГОЛЕМ ПОЗДРАВ
     
    На mal.ecka, milena-76, eleni27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. milena-76

    milena-76 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Zdravo na site! kako ste vo ovoj dozdliv i tmuren den?denes lekarot mi gi smeni antidepresivite namesto citelon mi dade velafax-antidepresiv koj deluva na 2 transmiteri(serotonin i noradrenalin)pa da vidime samo treba sami da se izborime od ovaa anksiozna sostojba .tesko odi mislite povtorno se vrakaat.Jas imam mnogu knigi procitano za psihata ,razni vezbi i priracnici za pravilno disenje vo slucaj na panika .nekogas gi primenuvam koga mi e mnogu tesko i veruvajte se custvuvam podobro
    /
     
  11. iki.25

    iki.25 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите!!!!!
    Читнав по нешто од форумов, односно од темава анксиозност и јас самата се справувам со сето тоа. Еден период ми беше супер, ама сега повторно истото. Подолго време, речиси 7 месеци, посетувам психијатар и скоро бев и сум многу задоволна, ама отпосле почнав со тегобите, и покрај сите убедувања чувствувам страв, мислам дека имам проблеми со срцето, имам треперење во градите и екстремитетите, чувствувам слабост, ме фаќа паника од самата помисла, седам на интернет и ги прелистувам страните за аритмија и екстрасистоли. Да кажам и дека не сум правела екг и ехо речиси 5 години кога се беше во ред. Матичната ми вели дека не е потребно да се изложувам на дополнителни стресови. Во меѓувреме треба да го спремам последниот испит што ми е во јануари и да ја спремам дипломската. Многу се плашам со цела оваа ситуација да не си го зезнам и она кон кое целам да дипломирам и да се вработам, Се чувствувам беспомошно, иако имам подршка од сите. Кога ги кажувам симптомите веќе ми го занемаруваат тоа што го зборувам и само ми велат дека не ми е ништо, иако се свесни дека ниту ако ми обрнат внимание, ниту ако ме изолираат помалку нема да се сменам. Се плашам дека станувам досадна за околината. По природа од дете сум хипохондрична и од 2 години „умирав“ од различни болести, дехидрирав и повраќав на нервна база и секогаш завршував на инфузија. Многу сум емотивна и се соживувам со сечија тага и болка и никако не можам да го искоренам и елиминирам тоа.. А во моментов ми игра цело тело, чувствувам тремор, не знам колку е веројатно со долгорочен стрес и страв да го ослабнам срцето. Имам 24 години и мислам дека премногу банални работи ми се насобираат и после рефлектираат на овој начин. Веќе 5 месеци одам редовно на вежбање и тоа ме релаксира навистина, но не сакам и од тоа да се откажам, познавајќи ја мојата моментална состојба, мислејќи дека при вежбите срцето ќе ми застане. Однапред ви благодарам за подршката
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Dodje mi ponekad - Dusan Bajski

    Dodje mi ponekad
    Da legnem kraj reke,
    Da se istecem sa njom ili
    Da ostanem na dnu, da mi isperu vode
    Srce i dusu.
    Dodje mi ponekad
    Da brojim rastajuce zvezde
    I da gledam plavetnilo neba kuda
    Krstare namrgodjeni oblaci.
    Dodje mi ponekad
    Da legnem kraj reke,
    Jer obuhvata me neka luckasta tuga
    Onda kad stojim i pratim
    zelene talase
    Od obale do obale.
    Dodje mi ponekad
    Da se valjam po travi
    Zajedno sa senkama pasa koji laju
    Na duvarskom satu,
    (Sat koji ne otkucava ponoc).
    Dodje mi ponekad
    Da pijuckam reku od izvora
    do usca,
    Jer hocu da sretnem
    zlatnu ribicu
    I da je zamolim da mi nacrta
    Svoj lik, da je ne bih izgubio
    U bezdanu svojih secanja.
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    15.356
    Пол:
    Женски
    ДАли сето како на филм да ми е...како така слоу моушн е симптом?...немир,помислата дека ке полудам а и ке полудам оти само ми се плачи и никако духот не можам да си го смирам...како да ме боли од внатре...ахх
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    ГирлЛове плачи кога ти се плаче не се стегај да излезе целата болка и немир Исплачи се иако немаш причина за плачење, на сите ни доага такво чувство, но знае и да помине И мене ме боли душата што неможам да го гледам светот розов и убав а верувај ми убав е Госпот ни дал еден живот и тешко е кога знаеш дека залудно ти минува а верувај многу брзо минува и мене ме боли внатре и немам воља за ништо тоа е најтешкото но издигни се, не си осамена сите се бориме и ден по ден опстануваме Биди храбра сите ние мегусебно си влеваме оптимизам зошто никој ако не е сроден неможе да те разбере Речи си и ова ке помине и нов ден ке осамне а што ни носи тој само господ знае Биди силна Поздрав
     
    На milena-76 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Јас гледам на целава состојба како еден вид "опаметување", лекција на некој начин, нешто што ни кажува дека досегашниот наш начин на функционирање, реагирање на стварите или проблемите или што да е, не ни чини и дека треба да се мењаме. Карактерно. Да се промениме за многу што.

    Во врска со болдираното, на некој начин викаш не можам да го променам тоа. Зошто така сметаш? Се може да се промени, само треба работа и посветеност. Ако си свесна и си лоцирала што точно ти смета и ти прави дури и штета, зошто да се држиш уште за тоа? Гледаш до што не довела нашата преосетливост, до степен да осеќаме физички симптоми, а реално здрави прави сме.
    По мене емоциите што ги прилепуваме на секоја една мисла, начинот на кој емотивно реагираме на стварите - во голем дел го прави овој проблем. Тоа е тоа што мора да се промени, таа преголема осетливост, грижење за се и сешто.
    А, реално што постигнуваме со тоа? Ем на себе штета, ем ништо не им помагаме со тоа ни на другите, нит пак може само со грижење и преголема емотивност да се реши некој проблем. И, тогаш што фајде од таквата емотивна реакција?
    Мора промени, коренити за да се надмине состојбава.

    Во врска со тоа што го пишуваш за срцето, секој се фиксира на нешто изгледа, еве ја пример имам несигурност кога осеќам онаква нестабилност, нерамнотежа дур одам. И знам дека е од анскозноста, ама ете му реагирам со страв на тој момент. Значи, пак е емоцијата што се додава на она што во моментот го осеќаме како симптом или на некоја мисла. И знам дека ако го тргнам стравот, и таа нестабилност ќе исчезне. И барам начин како тоа да го напраам, знам дека само од себе нема да пројде и знам дека ако не се промени мојата, пред се емоционална реакција, на тоа што го осеќам, дека тој симптом ќе си стои уште. Затоа мора да се менуваме и може се да се промени. Само бара работа.
     
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Не го пропуштајте ова видео многу позитивна енергија ке ви даде само затворетеги очите и слушајтего звукот на птиците преубо е чуството
    http://www.youtube.com/watch?v=XcsvWDKlQRI
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    126.088
    Добив понуда за работа,и јас прифатив,со Господ напред се надевам дека се ке биде во ред,пресреќна сум
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На doki55, Andrina, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    малечка многу се радувам со тебе само напред :* :* :* :*
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Со среќааа.... 8)
     
  20. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.483
    Дали некоја од вас била во Анима кај Др. Жанета Карагоцева Проданоска? Ми ја препорачаа, ама не ја знам жената, па ако некој има искуство, ве молам споделете...