1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. marinela5

    marinela5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    да ве прашам ,дали промениве на времеви ви создаваат проблеми,,,мене секогаш најповеке осеќам зашеметеност најповеке проблеми со главоболки она тапи болки ....
     
  2. iki.25

    iki.25 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Фала на подршката пред се до Andrina. Свесна сум за тоа и сите ние , и ти и јас и многу други, ама многу е тежок патот за да го пронајдеме коренот на проблемот, мене ми е плус тоа и што сум многу хипохондрична, инаку со ова се справувам околу 9 месеци, нормално не константно, на периоди,едноставно лани после јануарската сесија откако ги дадов сите испити доживеав, burn out, едноставно прегорев, премногу притисок и после опуштањето,одеднаж ми се случи тоа. Зашто не одеше постепено јас сепак мислев дека е физички проблем, одеднаж несигурност, треперење, како еден вид вртоглавици и ефект на гумени чизми, забавена снимка, баш како што споменувате горе. Јас тогаш се стабилизирав постепено, со многу дружење и излегување, штом се почувствувам лошо веднаш излегувам , макар и на пола саат. Но еве повторно се случи. Инаку јас одам кај др.Карагоцева и тоа е едно благородно суштество, толку е фина и што е најбитно ти влева надеж и ти дава волја за да функционираш. Јас не сум на хемии, пијам неурофорте и магнесиум на растворање од крка и тие ми делуваат делотворно. НАвистина жената си ја знае професијата, само постојано е пребукирана, ако закажеш сега , термин ќе добиеш дури на крај на месецов или па јануари. И на неа и се заблагодарувам, зашто со нејзина помош многу подобро се справувам со нештата отколку претходно. Поздрав
     
    На Andrina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Многу паметно и баш храбро. :up:
    Јас пак обратно правев, кога ќе осетам паника, бегај дома. И што направив со тоа? Само седење дома непотребно, за да сфатиш дека проблемот не е ни надвор, ни дома, туку во нас самите и дека е битно да знаеш да се справиш со тој момент независно каде си, а па уште побитно е да научиме како воопшто да не се доведуваме до ситуација каде ќе се уклучуваат симптомите на паника.
    Смиреност за се нешто треба, ама и тоа се учи. :)
     
  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Život sačinjavaju i tuga i smeh. Ne možemo živeti u zabludi da će nam se dešavati samo lepe stvari, a isto tako nam se neće dešavati ni one ružne.. Prosto rečeno, ravnoteža mora da postoji...
     
    На doki55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Малецка честитам и верувај дека животот ке ти се смени и ке се чувствуваш подобро посигурно и анксот многу ретко ке те “посетува“, зошто со работата целата енергија и внимание ја посветуваш на неа и не си преокупирана сама со себе .Со СРЕКА
     
    На milena-76 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Маринела5 јас не сум забележала во кое време најповеке ми се лоши но сигурна сум дека тмурното време со облаци ми ствара немир а особено пред да се стемни кога не е ни нок ни ден, е тогаш мојот проблем е најголем Многу ми смета преодот на ден во нок и постојано палам светло иако сеуште не е стемнато,тогаш ги добивам и повекето од нападите и расположението ми е на нула.
     
  7. milko7

    milko7 Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    И мене ми вака во последно време. Долго време го немав овој проблем и евего сега пак се појави.
    А случајно сега дознав за анксиознос како болест, незнам дали спаѓам во оваа болест,ама по смптомите изгледа да.
    Работата е во тоа што во последно време, и од најмал стрес или мала нервоза, ми се слошува и тоа е проследено и со покачен крвен притисок(140-90;160-100 зависи), со силно чукање на срцето, со матење пред очи и сл.ме загрижува тоа што имам само 22 години, што ќе биди со мене понатака, ако од сега почнав со дизаепами од 2 мл, редергин, апчиња за притисок....!!!
    Вака ми беше пред 3 години еве сега пак почна, штубо колку време се немав напиено апче за притисок и дизаепам а сега скоро да не реча секоја ден пија. И кога сум излезана место да се забавувам да немислам, и да се опуштам, јас неможам ни да се напијам алкохол, со страв да не ми се слоши, покачи притисокот и данеможа да се напијам апче, едноставно усте полошо ми е и ич не ми се оди никаде, со старв да не припадна некаде.
    Оваа година многу мака видов и со полагањата на факултет, се супер ми одеше до пред тоа, без проблем полагав,добар студент сум, а сега после колквиум мене ми е многу лошо, висок притисок, и неспособност да седна и да го уча следниот, а другата ден има друго полагање.Што да се прајт незна!! Нема појдено на болница, ми страм незна како да кажа што се случуват, и уште повеќе се нервира оти така да ми е, да не можа да уча, ми е страв да не ми заостанат испити....и сл.
    Млада сум за ваков проблем, :( .И така пријатели ви велам...лоша била оваа работа
     
  8. milena-76

    milena-76 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    milko7 немој така со такви мисли животот е пред тебе.Уживај млад си ништо не ти е ,тоа само мислата ти го прави дека ке паднеш ке ти се случи нешто.шетај ,учи ако ти се учит не мисли на лошо.Тие години што ги имаш искористи ги за убави нешта оти младоста не се враќа


    поздрав
     
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
  10. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Izvadok od edna strana na net:

    "Прашање:

    Дали анксиозноста се лечи успешно со антидепресиви? Пред една година откриена ми е анксиозност, блага вознемиреност, а со терапија почнав пред еден месец со Елицеа од 10мг. еднаш на ден. Сега се чувствувам супер. Дали е подобро да се изборам без антидепресиви или лечењето е поуспешно со нив? Дали може човек комплетно да се излекува од анксиозност?

    Одговор:

    Н...., анксиозноста е симптом, надворешна реакција на одредени внатрешни конфликти со кои се соочува личноста. Тоа значи дека, со антидепресивите се лечи само симптомот, додека вистинските причини кои довеле до анксиозност кај Вас, може да се разрешат со стручно воден психотерапевтски процес. Доколку станува збор за блага анксиозност, како што вие ја дефиниравте, тогаш до успех може да се дојде и само со психотерапија. Кај посериозни анксиозни нарушувања, добри резултати се постигнуваат со паралелна фармактерапија и психотерапија."
     
    На guzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Денес нешто прочитав што сакам да го споделам со сите вас: Силните личности знаат како да си го одржат животот во ред. Дури и со солзи во нивните очи тие успеваат да кажат “ Јас сум добро“, со насмевка.Бог е добар. Промените доаѓаат. Бог ја виде твојата тага и рече дека тешките времиња се минато.
     
    На eleni27, milko7, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. betiboo

    betiboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    62
    Да сум била и се уште ја посетувам не како пациент туку како пријателка но најпрво и бев пациент и можам слободно да кажам дека е една од најдобрите доктори психијатар затоа што благодарение на неа успеав да излезам од темнината во која што бев и живеев благодарение на неа почнав повторно да му се радувам на животот од срце ви ја препорачувам на сите кои имаат проблем со анксозноста,депресија или други психички проблеми затоа што таа навистина се грижи за своите пациенти и дава максимум се од себе за да го реши вашиот проблем и секогаш ви е достапна во секое време кога и да ја побарате што во денешно време ретко има такви доктори што се достапни 24 часа и ви одговараат на вашите повици.
     
    На milena-76 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milena-76

    milena-76 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    како да контактираме тел. адреса ако сакате да ни кажете
     
    На guzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    334
    Читам низ што минувате сите, па решив и јас конечно да се отворам... Се занимавам со глупавава анксиозност веќе пола година, знам дека не е многу, ама тоа што ме плаши е фактот дека може да трае со години, а кога ќе помислам дека треба да бидам ваква уште долго време тоа некако ме плаши. Имам проблеми со дишењето, како да ми е скратено и немам доволно воздух. Тахикардии, пребрзо лупање на срцето или пребавно, како да не си го осеќам дека ми чука. Неопислив нагон на повраќање, речиси никогаш не повраќам само чувствувам мачнина. Чудни болки во одредени места на главата што не траат повеќе од неколку секунди... едноставно еден внатрешен немир осеќам. Дали се ова може да ми го предизвика анксиозноста? Посебно се паничам за главата, направив компјутерска снимка и не покажа ништо, а јас многу стравувам дека имам некој тумор кој никој не ми го гледа и тоа ми го прави животот неподнослив. Одам на психијатар и колку толку ми е подобро ама сепак кога ќе помислам дека му нема крај на се ова.... се депримирам уште повеќе.
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milko7

    milko7 Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    А како одат терапиите на психијатар, за што зборите, која е помошта од психијатарот??
    Јас не сум бил, а ги имам истите тие симптоми како и ти XXX-ba, и плус покачен крвен притисок.
    А кој ти дијагностицира дека си болна од анксиозност?
     
    На guzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    334
    Психијатарот... после сите можни направени тестови, проверка на крв, тироидна жлезда, ехо на срце, снимка на бубрег и жолчка, снимка на глава и синуси и хормонален тест и се да испадне како што треба, и сама би си дијагностицирала анксиозност...
    Инаку психијатарот не ми препиша антидепресиви, само Б6 и витамин Е, а мислам дека најголемата помош од него ми е тоа што некако преку разговори успева да ме убеди дека не сум болна од никаква болест и дека од сите овие симптоми/напади/болки не се умира. Зошто јас постојано мислам дека имам тумор и размислувам на смрт.
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. betiboo

    betiboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    62
    Редактирано од модератор:
    Телефонски броеви, адреси и слични информации праќајте преку ЛП.
     
    На guzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. devojka.86

    devojka.86 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Здраво! нова сум на форумов ме заинтересира темава АНКЦИОЗНОСТ , дефинирање на овој поим би значело депресија страв лоси мисли . Се работи за блиска особа Има проблем со лоши мисли, немање на воља за ништо , страв, предолго седење во една иста положба подолго време - зема антидепресивни средтва но нема долгорочно напредување ве молам за мислење дали треба посебна терапија дали може нешто да се направи да ми препорачате некој добар доктор. Фала однапред
     
  19. marinaxxx

    marinaxxx Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
     
  20. marinaxxx

    marinaxxx Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2




    извини ми се мрднал маусот

    Гледам дека имате познавање доста со ова во позитивна смисла. Па ако може да ми кажеш дали на мене би можело да ми е тоа и колкава е можноста. Се започна после долги нервози и стресни ситуации да напоменам. Најнапред со вртоглавици имав чувство дека се губам дека ќе паднам не знам дека нешто лошо ќе ми се случи во тие моменти. Бев по лекари се е во ред (имам мало ептен мало оштетување на мозокот од сообраќајка но пред 9 години и никогаш сум немала проблеми) на лекар како можело од тоа да е јас не ја прифатив дијагнозата па побарав второ мислење таму ми рекоа немало шанси да е од тоа. Тоа ми се случуваше навечер штом ќе се стемни. Страв да имам. Да се плашам и за состојбите и здравјето на луѓето оклу мене. И на психијатар бев но искрено не ми помогна тоа. И откако никој не успеа да ми помогне јас оставив се на само себе гушење и немам само така некад во спиење се забревтувам тоа да. По некое време почна да ми се јавува тоа трнење најчесто на лева рака и нога и тоа доста често чувствувам кога сум во мирување пулсирање насекаде кај и да се допрам и за тоа пак отидов на лекар ми дадоа магнезиум искрено ич не ми помогна. Чувствувам како морници да ме лазат и тоа се започна од стапало. И да кога мислам позитивно и имам среќен ден ова скоро и го нема. Гадење и такви работи немам.Видно сум вознемирена и чувствувам немир. И бајачи гледачи сегде бев искрено никој не успеа да ми помогне затоа те молам ако сакаш кажи ми дали е можно да е тоа и како се справувате и дали има некоја терапија. Бидејќи многу читав за тоа и прочитав дека ни лекарства не помагале како среќен ум и позитивно размислување. Ти благодарам однапред многууу
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.