Па нема тука појако послабо и двата се антидепресиви, е сега зависи од организмот кај некој асентрата повеќе делува кај некој депрозелот ,а за тоа појака доза ако треба ке ти ја зголеми психијатарот ако е потребно .
мене депрозел ми даде првте 6 дена по пола после цело заедно со хелекс ,малку страв ме фаќа од утре ке почнам по цело да пијам да не ми се лоши повеќе
Па не се плаши, може отпрвин секакви нус појави да имаш се додека не се навикне организмот на нив,и немисли дека ке ти се слоши од апчињата .
па вториот ден ми е појача стравот(ама тоа беше само тогаш) како да бев во кафез и склет ме фати и пред тоа имав како гадење,ма да уште имам по малку и апетит немам толку ми се намали,тоа и ми го кажа докторката,како и да е мислам дека повеќе ми е на психичка база се очекувам нешто одкако ке го испијам. Пијам хелекс 0.25 па највероватно и тоа ми помага.
Dali nekoj so anksioznost ima problemi so pritisokot dali od vozbuda mu se pokacuva ,i dali toa moze na mu nasteti?
Да се покачува,и немај гајле .Дали знаеш дека паничните напади не се штетни за организмот ,туку напротив тие го бранат организмот кога ние ке почуствуваме страв срцето многу брзо ни чука за да ја разнеси што побрзо нашата крв по цело тело во тој момент сме заштитени ,а доколку не е тоа така додека го трпиме тој страв нормално дека ке се онесвестиме ,и вртоглавиците исто така не се штетни и тоа е паничен напад ама во друга форма и тогаш организмот се брани,значи ние си ги правиме тие стравови со нашите мисли и подсвест а организмот се брани се бори со тоа за нас потоа пак да не доведе во ред,ако ме разбра.
колку време терба да се з3ема терапијата за анксиозност ако некој знае,јас се мачам некој ден ми е поарно некој полошо со да правам ,молам за совет,повремено пијам хелех
да апцињата помагаа ама моментално.Мораш да го лечиш притисокот без разлика дали е од органска природа или на психичка база.(во секој случај е штетен за организмот)
Јас ке те советувам да одиш на психолог да ти ги разјасни некој работи ,тебе не ти треба терапија со лекови ,ке ти помогне со раговор ,гледам оти не си доволно информирана за анксиозноста.
психолог или психијатар? мислам дека мн имам читано на оваа тема ама сакам мислење од некој со се бори со овај проблем.
Па еве ти мислење да отидеш на психолог не психијатар ,имаш читано ама некои работи не ти се јасни сепак
возбуда,напнатос,немир,тахикарди,губење на апетит,некој ден ми е нормален ,некој мн лош,ме факаат стравови да не ме фати срцето или глава ако ме заболи мислам да не е притисокот и така се мацам
Персула тоа ти се типични симптоми на аксиозност.Мое мислење е дека треба да појдеш на психијатар и да ти препише соодветна терапија. Колку ти помага хелексот и како го пиеш?
Немој да мислиш дека ке те фати срцето тоа не е можно од анксиозноста да те фати , под хитно на психолог и не се мачи ако потребно психологот ке те упати на психијатар ,ичда не се страмиш од тоа не е ни страмно ни страшно.
go zemam koga sum mnogu vozbudena,go izbegnuvav no sega ete vo poslednite nedeli pijam po dve apcinja od 0,25 nedelno na primer i me opusta momentalno,dali terapijata pomaga i kolku dolgo se pie?pozdarv