1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Дали некој го боли глава од депрозелот или чувство на губење рамнотежа,како очен притисок и слично??
    Втор Ден го пијам ама некако ептен лошо прави да се чуствувам,па страв уште толку ме фаќа и гадење :worried:
    Ај ве молам за совет како издржувате додека да почне да дејствува,ми се иде да го прекинам :worried:
     
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Губењето на рамнотеже не е од лековите и не ги прекинувај во никој случај,јас исто така имам како губење на рамнотежа и како очен притисок осеќам но сето тоа е од анксиозноста а не од лековите ,и не паничи на секое чуство што се јавува ,гледај фокусирајсе на нешто друго нека не ти е само во анксиозноста паметот ,прави нешто по дома само немисли на ова не му давај големо значење ,зашто колку поголемо значење му даваш толку повеќе се впива во тебе,од искуство кажавам зошто знам како е ,сакам да помогнам .Јас сега се чуствувам многу подобро од порано а не велам дека сега све ми цвета ги има некој мали сиптоми ама не се давам не и го давам животот на анксиозноста.
     
  3. crvec

    crvec Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    само пофалби за Елисабета,секогаш е тука кога е потребно на некој.Ние новите на секој симптом од аксиозноста му го препишуваме на лекот.Вајда треба да се стрпиме месец два,затоа што тие уште не почнале ниту да делуваат.Нема откажување,само напред..не прочитав на форумот дека на некој не му помогнале лековите,заоа главата горе одиме напред...поздрав
     
  4. s.irina

    s.irina Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    позз до сите,веке неколку месеци редовно ве читам,а да ви кажам малку ми олесна со видов дека има многу други како што сум јас! Со анксиозноста се борам веке неколку години 4,5,6 незнам ни сама колку се.Бев на психијатар и ми препиша терапија сероксат и хелекс од 0,25,ја примав терапијата и после 3 недели јас бев како нова,буквално летав,ниедна работа не ми беше тешко да ја извршам,на работа држев некогас и по 2 смени т.е. 14 часа. Се ми беше песна :D :D . После 2 години откако ја прекинав терапијата јас почнав да се плашам да не ми се повтори истото она чувство кое ме уриваше на подот. Се омажив имам прекрасен сопруг,секој би посакал таков верувајте,сега сакам да останам бремена и не ни помислувам да одам повторно на психијатар.ке се борам некако,пијам многу чаеви од кантарион,валеријан микс,понекогас пијам хелекс и се надевам дека некогаш ке бидам онаа старата која од ништо не се плашеше која возеше како луда низ улишите низ градот,онаа на која ништо не е беше тешко да направи. Другарчиња мои бидете сигурни дека нисто лошо нема да ви се случи,тоа се моменти кои доаѓаат и за кратко време си одат се разбира ако не м обрнете многу внимание. Ако почнам да пишувам и да ви кажувам што се ми се слушуваше мене па не ми се верува дека некој ке ми поверува!!! затоа главата горе кога ке дојдат тие гадни напади само пробајте да ги игнорирате(еве на пр.почните да броите од 100 па наназад) неколку минити и ке помине само трпение! позз до сите :* :* :*
     
  5. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Кај мене е работата што јас немав ништо од овие симптоми пред да почнамда пијам,мене паника ме фаќаше со потешко дишење и срце лупање,а навечер некогас кога ке се разбудам со тресење мускули,овие симптоми првпат сега почнаа затоа мислам дека е од апчињата и страв ме фаќа да не ми направат нови стравови наместо подобро да ми е :worried:
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.735
    Допаѓања:
    15.593
    Пол:
    Женски
    Прееска бев излезена со една другарка низ бутици..мн њми беше лошо..како пластично,чудно,нмозокот како да ми беше нз како..каши,едно зборувам др.мислам..наеднаш.Осетив тежина во душата,срцецто не ми работеше,ке се загушев секој момент,одам и се гушам..само за издишување ми иди,мислев да не добијам срцев удар,_нерамномерно дишење,вознемирување..ах на а 22 години ова..2 години со ова..ако е анкс..збунетост осеќам големаа.,нерасположеност
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    ennaa нормално е на почетокот на терапијата тие чуства да ти се појавуват ,може две недели ке ти траат најповејке ,тие се нус појави кој кај секој ги има на почетокот на терапијата додека организмот не се навикне лошо ке ти биде ама не грижисе ке помине све
     
  8. Althea

    Althea Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Многу ми значи што ве читам.. ми давате надеж дека ќе биде подобро, дека ќе бидам таа што бев. Од денес почнав со хелексот, од утре сабајле и со Асентрата.. Со многу страв ја почнувам терапијата, се плашам дека ќе станам зависна, се плашам дека нема да ми помогне, се плашам дека ќе ми помогне и кога ќе ја прекинам ќе ми биде многу полошо од сега.. Луѓе, јас од се се плашам! По 100 пати ги препрочитав упатствата, латинските називи на лековите ги најдов во енциклопедија и ги читав по неколку пати.. Многу сум опсесивна, како и за се друго.. се надевам кошмаров ќе завврши што порано
     
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Althea со лекови или не животот продолжува ,нема да станеме зависни не си го врежувај тоа во глава оти од самите мисли ке станеме зависни
     
  10. Althea

    Althea Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    најискрено ти благодарам што секогаш си тука за да помогнеш, тоа многу значи :hug:
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    И јас едвај собрав храброст да почнам токму заради истите причини,ама еве постарите членови викаат дека со нив подобро ќе ни биде па да се надеваме дека ќе се смееме на овие работи еден ден :)

    фала ти елисабета на одговорите, помагаш да се кренеме:)
     
  12. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.483
    Дали некој од вас има пиено Елицеа и како сте задоволни?
     
  13. crvec

    crvec Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    јас пиев Зепира,тоа е исто како елицеа само што зепира се на алкалоид,а елицеа мислам дека се на крка.Јас не бев задоволна ги пиев месец ипол и немав никакви промени.Ми ја сменија терапијата пред 4 дена и сега пијам сероксат.Но Елицеата можеби се подобо.поздрав
     
  14. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Извини да те прашам идеш кај д-р Карагоцева,зашто видов имаш пр,како си задоволна?
     
  15. milica30

    milica30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    20
    Ne gi citajte upatstvata ke bide podobro za vas i ne se preopteretuvajte dali ke ste zavisni ili ne ako mene mi e podobro i normalno funkcioniram so lekovite pa normalno deka ke gi pijam.Do 2020 anksioznosta i depresija ke bide treta po red bolest posle rak i srcevi zaboluvanja ama za nas do togas anksioznosta ke e minato neli ;)
     
  16. Althea

    Althea Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Испадна дека тоа што го прочитав упатството се спасив од маки.. Имено, докторката не ми кажа дека Асентрата и Хелексот не смее да се земаат во комбинација со грејпфрут, а јас секојдневно јадев по 2-3 цитрони..
    За да се уверам проверив и на нет, испадна дека можни биле и покатастрофални последици..
    Еве ја листата на сите лекови, од кои моите се во првите три!!!
    http://en.wikipedia.org/wiki/Grapefruit ... cted_drugs
     
    На crvec му/ѝ се допаѓа ова.
  17. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    здраво душички какосте мене ме нема подолго на форумов но ве следам од време на време малку сум подобра хм малку да бидам искрена малку повеќе несум таква каква што бев но сепак ја чуствувам ова чумава во мене :P од време на време но не се давам пијам лексилиум од 3 мг еднаш навечер и половина насабајле и чај од камилица обавезно и навечер пред да си легнам јога вежби цигарите ги намалив и се гурка некако уште мие тежина кога се движам сама кога сум во маркет во банка се мислам некој ме гледа ке паднам секој момент милијарда црни мисли но се трудам да игнорирам овие денови сум некако празна без сила без желба се на сила гуркам морам да се трудам атер за децата ве гушкам сите ве поздравувам и само храбро не се откажувајте :* :* :*
     
    На RainGirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crvec

    crvec Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    luge imate li glavobolki i kako se osloboduvate od niv??
     
  19. persula

    persula Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    9
    jas imam glavobolki cesto,a osobeno od pred tri nedeli pocna da me boli glavata i otpozadi vo tilot i se plasam oti mi se pokacuva pritisokot,i zemam da go meram i se vozbuduvam i mie 150/100 ,samo neznam dali momentalno od panika ili takov e pa poradi toa me boli glavata,i se napivam po eden helex od 0,25 ama i toj bas ne me smiruva,a nemozam i na lekar da odam da meram pritisok zosto isto se vozbuduvam i mi se pokacuva ,me faak odma panika i taka se macam neznam so da pravam.pisete nekoj akao imate vakvo iskustvo .pozdarv
     
  20. crvec

    crvec Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    можно ли е да е од аксиозноста?