1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Анксиозноста е болест на 21 век буквално секоја фтора особа пати од некој тип на Анксиозност или во народот позната како депресија. Прво што треба да направите кога ќе ги почувстуате симптомите на депресијата:Срце биење, главоболки вртоглавици, гадење потоа може да се развие психички болки на одредени органи на кои се концентрира мозоот а притоа да не постои реална дијагноза. Но прво што треба да направите е да појдете на лекар бидејки може да постои реална причина за горенаведените симптоми кои не се повзани со депресија. Доколку по испитувањата не се утврди реална болест останува на вас колку ке и дозволите на депресијата да ве совлада. Значи постои блага варијанта на депресија нерасположеност, разочараност, немање воља за жиот..... И потешкиот облиг симптомите што ги наведов горе. Добро е да се посети психијатар бидејки тоа знае да даде одредено охрабрување но тоа зависи и од психијатарот некои се обидуваат прво со зборување и со мали дози на антидепресиви од типот на Хелекс, но постојат и такви кои одат со појаки лекови без онаа психолошка подршка. Како што реков може да се развијат одредени чуства дека боледувате од некоја болест а да притоа нема врска со реалноста. Најчесто се јавува гушењето во грлото како да ви стои кнедла чувсто дека неможете да земете воздух, срцебиење вртоглавица.... Исто така се јавува страв од затворен простор чувсто дека доколку влезете некаде дека веднаш ке се онесвестите, а тоа придонесува да се полечете во себе и во некој свој свет.Најбитно во таква ситуација е да имате некој со кој се чувстувате сигурни но секако еден ден ке морате сами да ги извршувате своите работи. Затоа доколку имате проблем на пр со стоење на шалтер или возење во афтобус, обидете се да вежбате дома на пример застанете дома покрај масата и стојте како да чекате ред во банка, затворете ги очите и замислете дека сте во банка и останете така одредено време. пофторуа ја вежбата се додека не се почувствувате ослободени од стравот. А, кога ќе појдете во реална ситуација замислете си и пофторувајте си ја оваа мисла: Како можев да стојам дома покрај маса и сега можам да издржам и ништо нема да ми биде. Значи се е во главата, доколку ви чука срцето забрзано од возбуда или страв пуштете го нека чука бидејки тоа е реакција на мозокот кј добива информација за опасност и праќа наредба д срцето да ги снабдува мускулите со крв, во вонредни околности затоа не обрнувајте внимание и не се плашете кога ше престанете да се плашите тоа по принципот на саморегулација ќе прати мозокот наредба до срцето дека опасноста е помината и дека може да премине во редовна работа. И сам Уште ова и нема да ве давам повеќе доколу видите дека психијатарот не го бива ве клука само со лекови сменете го немојте да се срамите бидејки е тоа ваше право и тој е тука за вас а не вие за него.
     
    На milena-76, mal.ecka, RainGirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kim87

    Kim87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пребарувајќи по други форуми наидов на нешто навистина интересно.Еден форумџија кои се мачел со истиве симптоми како и ние не му помогнале ни антидепресиви ни психијатри туку сам си го нашол лекот. НЕДОСТАТОК НА МАГНЕЗИУМ , јас нема да ве замарам со реферати туку тие навистина што ги интересира какви проблеми предизикува дефицитот на Мg во организмот ке им оставам линк и ке можат да видат колку се слични да не речам исти симптомите на анаксот и дефициот на Мg.
     
    На milena-76 и kostadinka24 им се допаѓа ова.
  3. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Ако е добра нека вика колку сака :) ...а имаш терапија како ти помага во врска со анксиозноста?Зашто викаат дека била добра за тоа
     
  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    ЗЕМАЈТЕ МАГНЕЗИУМ ДОБАР ЕА ОРГАНИЗМОТ, ИАКО Е СВЕ ВО НАШИОТ УМ СВАТЕТЕ ,ДВИЖЕТЕСЕ ПОВЕЈКЕ СПОРТУВАЈТЕ ХРАНЕТЕСЕ ПОВЕЈКЕ ЗДРАВО
     
  5. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Ти изгледа поима немаш што е анксиозност. Лугето неможат да излезат од дома срцето им чука како лудо се потат им се врти а ти ги тераш да трчаат и да спортуваат.
     
  6. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Вака кога му кажав на еден од психијатрите дека не излегувам од дома дека ми е страв да не паднам ми вика и што ако паднеш има луѓе по улици ќе те кренат и однесат на болница тоа не е толку страшно на секој може да му се случи.Човекот беше против лекови и не ми даде лекарства а јас се разочарав.Сега размислувам и мислам дека имал право.Се е во нашите глави не дека ќе паднеме али сето тоа влегло во главата и ние уште повеќе сила му даваме мислејки секој ден на тоа.Затворањето дома не доуништува.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nina55

    nina55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    8
    денес бев да лекар.Ми препишаа сероксат.Ве молам да ми ги кажете вашите искуства со овој лек.Ве молам пишете многу сум исплашена.Ми рече да ги пијам 5 дена по пола а потоа цело апче.Се плашаммм.Ми иде да полудам.
     
  8. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Ne se soglasuvam so tebe, sportot i fizickata aktivnost e najgolemiot priroden lek za nadminuvanje na takvite sostojbi imam licni bliski koi bile vo depresija i vo pocetokot so terapija kombinirano so fizicka aktivnost i sega ne deka nemaat problemi ponekogash no velat deka najpoveke od se pa i od lekovite im pomaga pesacenje vo priroda i dr. fizicki aktivnosti ... problemot e samo kako da se nateras da si fizicki aktiven, no morash ako sakash da si pomognesh samiot....
     
  9. nina55

    nina55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    8
    се напив сероксат и имам страшен нагон на гадење.Ве молам кажете ми дали тоа е нормална појава и колку време ке биде така?пишете ве молам ако ме чита некој?
     
  10. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Така е да знаете дека физичката активност помага многу за да се надмине овој проблем, ви кажувам од лично искуство.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Нина немам никакво искуство со ваквите лекови, но според тоа што си го пишала гледам дека си напната опушти се нема ништо лошо да се случи, а за гадењето може да е ако си го испила на гладен стомак или со малку течност или лековите се јаки па затоа...
     
  12. nina55

    nina55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    8
    докторката ми рече дека апчињата ствараат несоница а мене ме терат на спиење.Има ли некој искуство?Кажете ми ве молам.
     
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Немам јас појмa а?????? јас од дома една година немав излезено немам појма ,чупе ај пази што пишуваш!
     
  14. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    ништо страшно и мене ми беше така,од апчињата е ке поминем,напиј се Б6,магнезиум или чајче од камилица и ако не си јадена јади и пиј вода, повеке течности треба
     
  15. nina55

    nina55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    8
    благодарам енна.Колку време ти се повракаше? колку време ги пиеш и дали си подобра?поздрав
     
  16. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    јас депрозел пијам ама викаат дека исто било,ако видиш понапред на форумов и јас паничев вака :)
    иначе ги пијам веќе 13 дена,од кои 7 дена цело пијам,од половинките само првите 2 дена ми беше лошо после супер ми беше,а после кога почнав цело пак почна гадење,глава болење,се будев ,апетит нула буквално, и сега гледам дека почна полека од вчера негде значи 6-от ден со цело апче да ми се стабилизира и почнав да си јадам,сеуште не мисе скроз ок ама кај ида е ке биде ваљда :)
    иначе со хелекс го пијам половинки на сабајле и навечер плус два пати Б-6 и магнезиум еднаш
     
  17. nina55

    nina55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    8
    а дали се чуствуваш омалаксана од апчињата.Јас како утепана сум.Не ми се станува од кревет.Кога станам нозете ми се тресат и многу сум омалаксана.ослабена сум 5 кг за месец дена.Апетит немам никако.
     
  18. crvec

    crvec Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    здраво Нина55,јас пијам сероксат и чувствувам исто како и ти.Вајда треба упорност.поздрав
     
  19. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Јас кога почнав со сероксатот да ги пијам пак нагло се здебелив 10кг и стварно ништо не чуствував ни гадење ни повраќање ама баш ништо.Чудна работа
     
  20. Kim87

    Kim87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    ЕЛИЗАБЕТА нема потреба од закани, нормално е некој да не се согласува со тебе, секој има право на мислење.Ти малку претера со тоа [*]се е од анксиозноста[*]. Не мора да значи ,постојат и др. болести кои не се за потценување и кои предизвикуваат и вртоглавица и треперење и срцебиење итн. итн.
    Ако ја прочита статијата за Mg ќе видеше дека причина за анкс. може да биде и дефицит од тој елемент,а не само у главата како што ти велиш . За да се излечи било која болест треба да се најде причината и таа да се третира а не само да се ублажуваат последиците.И не се ограничувајте само на форумов, ова помага бидејки е еден вид разговор за релаксирање ама прочепкајте и повеке по стручната литература , па видете што всушност претставува анкс. и како да си помогнете сами на себе, дури и најдов неколку мислења од психијатри кои велат дека :анкс. се третира најпрво преку разговор со психотерапевт а ако тоа не помогне се препишува соодветна терапија. :hai: