Да мал.ецка потполно се слагам дека од магнезиумот неможе да има тегоби како што се од анксот Магнезумот го пиев цела година и мислам дека многу ми помагна Ја опушта мускулатурата и позитивно делува на нервниот систем да така јас на сите би го препорачала без да се плашат дека од него ке им е полошо Поздрав
Мој совет до сите вас: Тие што пиете ад гледајте да ги намалите и воопшто да не ги користете, а тие што планирате да почнете да ги пиете не почнувајте! И да ви нуди вашиот психијатар, ќе му кажете дека сакате да се излечите на природен начин, нека примени психотерапија-соочување со стравовите што според мене е многу поефикасно отколку да пиеш ад, а стравовите уште си постојат во тебе. АД САМО ГО ПРИКРИВААТ ПРОБЛЕМОТ А НЕ ГО ЛЕЧАТ, да го знаете тоа. И јас бев така не излегував од дома ама сега полека почнав и да ви кажам се осеќам мн подобро, 3-4 пати во неделата вежбам. Си наоѓам на youtube кардио вежби и да не ги заборавам чаевите ги пијам колку што можам повеќе.
Пијам АД а гледам многу од вас се разочарани.Јас ги пијам 2 недели и уште немам подобрување пошто мислам дека е рано.Има ли некој искуство што пиел а ВООПШТО не му помогнале?
Јас имам пријатели на кои воопшто им немат помогнато, а јас не пијам и ги немам пиено никогаш. Нина пробај со психотерапија, медитација, јога, кардио вежби, чаеви.
Додека ги имат пиено се осеќале поспано, без волја за правење нешто....Потоа кога ја прекинале терапијата пак на истото дереџе.
Токму така ELSHADAI доколку имаше решение со ад сите ќе ги користевме и ќе се спасевме од сето тоа што ни се случува, јас навистина сакав да споделам со вас што ми помогна да се чувствувам подобро.
ако знаевме лек ке бевме излечени и ова не е грип па лекот да биде еве написе од ова па ке ти помини,за ова треба време и труд трпение инат да се оди против тоа и соочување со стравовите ете тоа е лекот ако си храбар и инаедџија повели во акција ,ако не со здравје да си го носиш ,ете тое е тоа.
Па еве ти пишав што да правиш Нина. Наместо да се затвараш дома почни да се дружиш повеќе излегувај колку што можеш повеќе, гледај да ти биде мозокот стално зафатен со нешто, земи си милениче(кученце), оди на јога или медитација, можеш сама да си правиш кардио вежби, и секако пиј чаеви!
RainGirl92-какви чаеви пијаш,јас почнав од кантарион,пивски квасец,вежбам јога и после то одлично се чувствувам.Се извинувам за краткиот пост
Гледаш дека е подобро така mal.ecka Најчесто пијам кантарион ама за да не биде се еден исти чај пијам и камилица и мајчина душица. Секој чај е убав и си има своја намена. А ти посетуваш јога часови или сама дома си вежбаш?
абе излезете надвор прошетајте се ке ви помине, ја кога ке ме фати цел плакар го вадам го растурами пак го местам хехе лечам нервоза
Вежбам дома а наскоро ке почнам да посетувам и часови,пресреќна сум,едвај чекам,затоа што навистина ми помага а и со инструктор ке биде поквалитетно вежбањето.