Земи најди си некоја занимација, на пр. среди си го плакарот или исчисти си ја собата и пушти си релаксирачка музика додека го правиш тоа. А што ти ја предизвикува нервозата, мора да има нешто.
па мислам дека нема некоја причина за толкава нервоза а еве упорно ми го јаде телото.Ја осекам секаде.Во нозете во рацете во желудникот најмногу.Секое утро имам пролив на нервна база.
Мене ми се случува тоа кога одам да полагам испит. Напиј се чај од нане, а за проливот касни си темна чоколада.
За желудникот да се смири земи си еглонил, а за проливот земи 2-3 полни лажици овесни трици во јогурт да постијат 10 мин и изеди ги
Здраво на сите И јас се борам со анксиозноста веќе интензивно 5-6 години,имало периоди и по година дена без никаква терапија и се било во ред,но потоа пак истите симптоми кои на сите се познати (срцебиење,намање енергија,често напади на плачење,страв,паничење....) симптомите и маката со нив крај немат Обично јас бурно реагирам на расправија или кога некој ќе ми каже критика,кога го повишуваат гласот,тешко ми е да се адаптирам на нова средина (на пример нова работа,летовање,или кога се омажив и ја сменав средината на живеење и навиките...)се тоа ми предизвикува враќање на анксот. Сум била на психијатар и земав терапија првин асентра и хелекс,потоа ми ги смена асентрата со сеталофт лекот,но додека трае терапијата се е во ред се смирува организмот,и после прекин по некое време се враќаат симптомите Сакам да го испитам и хормонот кортизол тоа што велат дека се лачи при стрес,страв,појаки негативни емоции и така прави општа вознемиреност.Факт е дека подолготрајна присутност на стресот,вознемиреноста,стравот, паниката....лошо влијаат на организмот,затоа во моменти кога мене ме напаѓа анксиозноста со сите тие симптоми пробувам да си кажам себе си НЕ ТИ Е ПОТРЕБНО ОВА,ВАКА МОЖАМ САМО ДА СИ НАШТЕТАМ НА САМАТА СЕБЕ А НИШТО ДОБРО НЕМОЖЕ ДА МИ ДОНЕСЕ ОВА ГАДНО ЧУВСТВО НА СТРАВ,ПАНИКА, РАЗДРАЗЛИВОСТ,НЕРВОЗА... Она што го сакам сега е да ги исфрлам сите тие лекарства,само хемија се трујам сакам да имам еден нормален живот,сакам да бидам мајка без да се плашам од вакви нереални мисли дека нешто лошо ќе ми се случи,веќе година дена сум во брак и нормално посакуваме принова. Бараќи по интернет најдов доста лекови како на природна база,но незнам колку би биле ефикасни или само профит си прават фармацевтските куќи на нив така со добра реклама Дали некој има искуство со вакви природни лекови против страв,стрес,немир...? Ви посакувам секое добро на сите Еве неколку фотографии од вакви природни препарати антистрес,дали некој има користено некој од нив и какво искуство има?
Ги немам користено ама убаво е тоа што сакаш да се лекуваш на природна база. Доколку имаш можност да ги користиш пробај можеби ќе ти биде подобро, па ќе споделиш со нас. А имам слушнато дека персенот помагал бил на природна база од валеријана.
нина не паничии значи опушти се АД уше не почнал да ти делува неможеш вака да паничиш , треба време земи нешто прави пиј да те смири малце не и давај значенје на нервозата не мисли толку натоа ке поминеее треба времее шетни негдее иди на кафенце позз јас сакав да прашам за овие апчинја БЕЛМИРАН ДАН ги видов во зегин ама не ги земав ,прашав ми рекоа на природна база се и имаат смирувачко дејство не успиваат ,,па дали ги има некој пробаноо ..? позз
Исто! Јас знам дека помошта е во вербата,ELSHADAI има пишано дека ова е душевна болка,и во право е.Се трудам да се хранам духовно,ја читам Библијата и верувам дека тоа ќе ми помогне Спојлер и молитви секако .Несакам апчиња и не сум сакала никогаш.Дали дека сум гледала по сериите порано, луѓето како стануваат зависни од апчиња..Јас сама со мои сили неможам,но Господ ќе ми помогне.Ве читам како си препорачувате апчиња кој од што бил задоволен кој од што не .. ,а јас чувствувам како да лутате во мрак и секоја врата што ќе ја отворите ве води во друг мрак,а јас чувствувам дека го знам одговорот.Нема да ве разубедувам да ги оставите,тоа е секако тешко,како човек со повредена нога да ги остави штаките и да оди..Е неможе.Сакам само да ви кажам, Спојлер посебно елизабета затоа што вели дека се има пробано кога веќе сте тргнале да го барате лекот,тропнете на секоја врата.Идете до крај.Ако толку мислите дека Господ нема да ви помогне,нека тоа биде последното нешто што ќе го направите,ама направете го!Одете до крај! Лично јас сеуште не сум се изборила со анксот,да се разбереме,ама патот до целта ми е познат.Затоа и ви го пишувам ова....И некој имаше пишано дека само негативности биле споделувани а тоа е спротивно од тоа што ни треба нам,не потсети дека освен тоа што си се олеснуваме на форумов да си споделиме и по нешто весело.Позитивната енергија е доообродојдена нели Мене песничкава ми е супер http://www.youtube.com/watch?v=5z8zE5fgLUw Поздрав Спојлер Елизабета,ништо лично тука сме да си помагаме.Тоа ми е целта..
Белмиран дан не е за оние кои имаат вистински проблеми тоа ти е нешто како кога обично имаш некоја мала вознемиреност, мислам дека не е за анкс. но сепак ништо не кошта да се проба. ако нема ефект другите апчиња секогаш ви се на располагање, само да знаете не се пијат заедно со деметрин или хелекс и слични.
Јас кажав тоа што мислам, да се оди по патот на бог само тоа е излез од оваа ситуација, кој неможе ова да го рабере тој не сака да го разбере,а на човек неможеш со сила ни да му земеш ни да му дадеш
biggirlsdontcry и elisabeta супер тоа е правиот пат тоа е вистина и тоа е слобода, како раснете во познавањето така слободата ке биде целосна можам да забележам дека сте полни со надеж а таа е најбитна во ова ама не надеж од човек туку надеж во ИСУС прекрасно. Јас повеке нема да коментирам тој што сака да се исцели од ова не се лекови толку си сила од бог нека пише во ЛП.Поздрав до сите анкс.вреди да се победи ова и да уживате во слободата ПРЕКРАСЕН Е ЖИВОТОТ.
Jas imam probano persen forte i pomaga samo 2h a potoa e pak istoto imama probano relaxerbe i toa e isto prirodno i toa 1-2 pa imam probano rhadiolin sibirska bilka protiv nervoza vo tableti toa pa samo e skapo a nema vrska samo magnezium od 300mg i 2 bedoxincinja izdzvakani odma po megneziumot me osvestija epte ama 5h traese.AKO vece si na Ad i ja namaluvas dozata samo bi ti preporacala mg i bedoxin i fizicka aktivnos a se gore e samo reklama nikoj ne se pofalil.
МИлица30 и јас исто мислам дека кога ќе се прекине терапијата со АД подобро е да земам витамин Б6 и магнезиум,а овие лекови на природна база што се декларираат како антистрес таблети речиси сите се на база на кантарион,валеријана,магнезиум,витамини Б...Затоа се препорачува чај од кантарион,од мајчина душица,липа,маточина...како природен лек за вознемиреност. А таблетите можеби делуваат незнам,но мене повеќе ми личи само на трик на фармацевтите за профит,не се баш евтини Јас најмногу од се сакам да се ослободам од АД, доста е веќе,сакам да си го исчистам организмот од тие хемикалии,па здравје Боже да забременам. Тоа е мора да се избориме за она што го сакаме,животот е борба....само нас со оваа проклета анксиозност ни е малку потешко бидејќи на периоди се враќаат симптомите
Све трне..И раце и нозе..и незнам уште што не друго..Тоа е анкс...си придонесува и нервози физички синтоми..Барем тоа е докажено,и на смаите себе...знееш,понекад кога ке ичезнат некој период тие синтоми,ке подзаборавиме и кога повторно ке се јаваат повторно испаничуваме и си велиме леле што ми е..и тука повторно се јавува тој ужасен страв се додека повторно не не навикне и смири дека сето тоа си го први акс... ...барем кај мене тоа се случува...
има имаа само храброо со позитивни мислии свеее трнее ама ке пројде со тек на врееме ,мене и да ми трне си викам трнии ми е гајлее ее не му давам толкаво значенје не му обврнуам внимание , ако мислам на тоа бетер ми трне затоа не мисли на тоаа ке поминее
:ro лалалала незнам повеќе како да се радувам денес така се чутвувам морам да се пофалам ,па не само кога ми е неарно да се жалам ихааааааааха