Пак ке ти речам дека не си запознаена со верата ,затоа што мислиш со крстење и со молење чекаме друг да ни ја заврши работата е тука грешиш,на пример докторот ти дава лек и ти не го пиеш а чекаш да ти помине е неможе тоа така ,така е со верата,за да ти помогне верата ,секој ден треба да се надоградуваш со неа да ја изучуваш а не да стои книгата да собира прав ,и така со текот на времето како лек ке почне да делува зашто ја осознаваш ,а ако не ја изучуваш исто како да не го пиеш лекот .А за верата има многу да се кажва.Да небидам офтопик
Прво лекот има хемиско дејство на организмот и затоа помага. На пр кога имаш температура пиеш андол. и без разлика дали веруваш во него или не тој ќе ти помогне. Додека религиозното верување е нешто сосема друго и наместо да пручуваш религија и да се бавиш со бога, подобро е да ја зајакнуваш сопствената самодоверба и вербата во себе тоа многу повеќе може да ти помогне отколку во бог. Биди самоуверена и верувај во себе остави го бог бидејки ако навистина постоеше ке им кажеше на неговите слуги на земјата(поповите) доста вие грабавте и живеете во луксуз а народот кој што нема леб да јаде и последниот денар го остава во црква надевајки се дека бог ќе му помогне.
Не ме сваќаш и неможам повеќе да пишам ,и треба навистина да се разбираш за верата после да критикуваш, и го затворам разговоров тука
Прашање до сите анксиозни дали ви се случило да имате висок притисок?два дена ми се мати во главата обично имам многу низок но денес мерив и имав 140 па ми спагаше па пак цел ден исто се осеќам.страв ме фаќа
Девојки, во овие 6 години откако анксиозноста влезе во мојов живот, па и паниката, сум имала нагорни и надолни периоди, подобро и полошо.... периодов веќе 5 месеци ми е многу лошо, одвај да излезам надвор, во продавница немам влезено, само со родителите излегувам, пиев сероксат од 20 со хелекс 2 пати од 0.5, сега пијам елицеа од 10 со хелекс, демек за подобро ми го сменија, ништо не се смени, ништо. И не е до мојот став, стварно сакам да ми е подобро, и друг пат кога сум почнувала со АД не сум ни осеќала кога ќе ми се деси пресвртот, одма ми кажувале најблиските дека сум сменета на подобро.... Денес влегов во бижутерија (после дооооолго време), значи освен собава и до надвор нигде немав отидено, и од сите тие бои, светлуцавост, почна да ми се мати пред очи, да губам рамнотежа, да ме пече нешто меѓу градите, само сакав да избегам од таму. Работата е што порано кога ќе избегав од местата кои ми правеа немир, на пр кога се враќав дома, се смирував. Сега ни дома немам мир, како секаде да ме следи тој темен облак.... Му било некому вака? Се случувало да има периоди да не ви помогнат лекарствата? Хелп феминки...
колку време го пиеше сероксатот?можеби 20 мг ти е била мала доза? колку време сега ја пиеш елицеата можеби е рано да делува,знаеш дека може да делува после 5-6 недели.Биди упорна пиј ја подолго време мора да има резулати.поздрав и мене ми се кацува приисоко од аксиозноса дури и до 170.Не се плаши
Mене истото ми се случуваше цело лето не излегов од дома едвај во двор,знаеш што ми помогна соочување со сравот не бегав од местото каде што ке ме фатеше паниката упорно се трудев па ке поминеше ,а кај ке бегаме? што пишеше во една книга ,паниката сама фајка сама и пушта без разлика каде се наоѓаме,и на пуст остов да бидеме ке ни помине сама отсебе и во болница да бидеме пак сама од себе поминува, немој некој да мисли дека што поблиску е до болница таму ке му помини одма ке го спречат тоа ,не останиси на местото кај и да си, од искуство ти кажувам од првин е многу многу тешко тоа но само така има излез од ова ,соочување со ставот.
јас сакам да прашам и после 20 дена пиење Ад сеуште немем волја за ништо.Од кревет не ми се станува,се што правам правам зорле.Немам сила во мене.Дали е рано што мислите? Вие што пиете АД после колку време ве кренаа на нозе?
ДУШТО НЕ ТИ Се СТАНУВА ОД КРЕВЕТ И ТИ ШТО НЕ СТАНУВАШ????Ајде секој пат кога не ти се станува од кревет стани и прави нешто,се што не сакаш д аправиш прави,јади макар и по еден залак и кога ти се гади,отвори прозорец,исчистисија собата..таков е анкс,јас некогаш сум супер па другиот ден сум кома....сега неколку дена сум оптоварена од соништа леле кошмари,станувам уморна ама не се предавам,игнорирам се и продолжувам понатака.....излегувам и кога не ми се излегува,ме разбираш,прави се што свеста ти кажува дека неможиш и дека не сакаш..
Jас после два месеци се кренав на нозе ама не целосно она малце од малце , пијам почетната доза на Асентрата психијатарот сакаше да ми ја зголеми ама јас несакав пошто му реков дека сама ке се борам ,АД ми помогнаја да се подигнам малце од малце но не и да се чуствувам како што треба ,а со зголемена доза немам пробано како делуваат и немислам да ја зголемам,иначе пијам и Омега3 тие се енергични може да си ги пиете без рецепта одат,јас ги пиев и порано многу убаво се чуствував ,само тие ги пијам сега за сега нетреба и со секакви витамини да се претерува ,а седативи од типот хелекс ,дијасепам тие никако ем се чустуваш од нив како забавена снимка ,ем станиваш зависник ако ги пиеш повеќе од пола година
епа госпогице продолжи да веруваш во се и сешто,како прво нема слуги на бог има синови негови ти уопште не си запознаена со ништо и делуваш како изгубена од каде право да коментираш против нешто што постои 2000 год. И на крај би ти препорачала да го видиш резултатот и слободата на тие што преку бог ке го надминат ова и на тие што со свои сили ке се трудат
Феминки, дали некоја од вас има правено ЕЕГ до сега? Дали е страшно и колку долго трае? Сакам да го направам тој тест, за да бидам сигурна дали се е од анксиозноста или има и нешто друго... Ве молам пишете ми...
Zosto ako ima hemiski promeni od anksioznosta kako sto se znae,namaleno nivo na serotonin bi trebalao celo vreme da ni e isto ,a mene navecer mi e super opustena sum i relaksirana kako da ne mie nisto ,a preku denot mi e mnogu poloso.pozdrav
Произведува ги РеплекФарм,во составот на едно апче има по 50mg. магнезиум и 50 mg. витамин В6.Во едно пакување има 30 апчиња,цената на едно паковање е околу 160 ден.
Михаела.барби си ги помешала ЕКГ и ЕЕГ. Ти тоа што го објасни е ехо на срцето а ЕЕГ е нешто сосема друго.Со ЕЕГ се мери мозочната активност , Литл флавр не се плаши , не е ништо страшно