Devojki,imam problem ne mozam da spijam vo mojata rodna kuca,mazena sum 15 god.nekako me faka panika.
Жал ми е за твојата загуба Сигурно таа е причината за немирот кој го имаш што не ти дава да спиеш.Знам дека што и да ти кажам нема да ти ја намали болката и ништо нема да ти ја надомести загубата јас би те советувала да се сетиш на сите убави моменти кои сте ги поминувале заедно,сите работи што сте ги правеле заедно,сите разговори со него...
RainGirl,ti blagodaram za ubavite zborovi zagubata so zborovi navistina nemoze da se kaze.Dusata me boli. no neznam zosto tolkava voznemirenost.Majkami sega ostana sama vo kukata,sestrami ostanuva sekoja vecer so decata da spie,a jas nemozam ,nemam sila.Sekoja vecer go sonuvam tatkomi.
ve molam da mi kazete kako go pobedivte stravot dali so citanje na nekoja kniga dali so nesto drugo i kolku vreme se borevte so toj problem i dali veruvate vo tie babini devetini ako ti zabajat ke ti pomini
Здраво на сите..пред година дена се оперирав од малформација..последица од тоа ми остана дел од видот не го гледам,значи имам дупка во видот ако може така да се нарече ...првите 5 месеци беше во ред,ништо не ми беше,ок си бев..потоа почна како таа дупка да се проширува како да не гледам,бев на очен специјалист се беше најдобро..потоа ми се појави некоја си грутка на градата,па помислив на најлошото,плачев ми се зголемуваше телесната температура,ослабев..ајде и тоа помина па сеа недела дена се осејкам како многу отсутна,има музика која ме вознемирува,се нервирам,мислам дека полудувам..целото време слободно го трошам на негативни мисли,се полошо и полошо ми е..мислам дека полудувам
Torte, si preziveala stresni situacii i sega koga seto toa pominalo normalno e covek da go prezivuva psihicki toa, mislam deka treba sa si otidesh na razgovor so psihoterapevt no nekoj dobar so razgovor malku da te opushti, ne sum strucna da davam dijagnozi no po toa sto si go napisala tebe ne ti trebaat lekovi, nekolku pati na razgovor so psihijatar da te nasoci kako pozitivno da razmisluvash i se ke mine...taka samata se vrtish vo krug i moze polosho da ti bide....za pocetok da ne se nerviras b6 ili b-kompleks si pij i caj od matocina, majcina dusica, kamilica.. toa nisto ne e stetno...
Какви бабини деветини се се тоа глупости Јас пробав еве ќе си признаам.Бидејќи ми беше многу тешко и барав спас во се.Па решив да пробам со такви работи.И немаше никакво фајде...Сега си ја читам библијата подобра духовна книга нема
ајде ве молам сите кои сме на АД да споделиме после колку време почнале да делуваат кај секој од нас..Еве сум јас точно месец на АД а имам само 10-20% подобрување.поздрав
случајно налетав на оваа категорија и бидејќи сум веќе очајна морав тука да поставам прашање.. веќе пола година константно се борам со вртоглавица, а проверено ми е се крв, центар за рамнотежа, средно уво,шеќер,железо,BAP тестови и се што е можно се е во ред па се прашував дали можеби сум анксиозна па затоа имам вртоглавици бидејќи се пронајдов во многу искуства имам често панични напади што веќе научив да ги контролирам и некои чудни негативни мислења...ве молам за помош и мислење..
Мене пред 4-5 год. ми дијагностицираа спондилоза на вратните пршлени и дископатија, и се почна тогаш. Многу ретко имав вртоглавица ама имав чувство дека ке се онесвестам и дека секој момент ке се срушам на земја . Минеше време а јас бел ден не видов се додека и јас случајно не налетав на една статија за анксиозност.Дури тогаш ми стана јасно дека не се ова симптоми на спондилоза, туку на анксиозност. Е тогаш прочепкав на нет и убаво проучив мн. работи за анксот и почнав да си помагам сама на себе .Ако и тебе ти се случува ова,значи не класична вртоглавица туку чувство дека ке паднеш ,ке изгубиш рамнотежа тогаш со сигурност ти кажувам дека е анксиозност во прашање бидејки сум искусила на своја кожа .
Snosti uspeav da prespijam,deteto na sestrami imase temperatura i koj ce ostani se razbira jas. Otkako si zaminaa site pocna nekakvo custvo na gusenje,da izdivnuvam,ko da nemam vozduh,stomakot mi raboti,se prepotuvam ,se napiv diazepam od 0,2 i si velam :glupava zosto tolkav strav ,svekrvami odi vo kucata na kerkai ponekogas da prespie a jas DOMA da nemozam oko da sklopam.Pa eve denes ziva i zdrava sum.Na stravot izgleda treba vo oci da mu se pogledne,da se soocis so nego.p.s (spiev kako bajce)
Истиов симптом е и мојата најголема несигурност и тригер за паника. Само, кога викаш вртоглавица сигурно не мислиш баш на вртоглавица типична, туку повеќе е она чувство на нестабилност, ко да не стоиш најстабилно на нозете. И јас испитав многу што ради ова, и очигледно тоа е, само ради паниките и стравот се осеќа ова. Еве пак се мислам да одам кај матичната баш за ова, и да ја подпрашувам за синуси, уши и сл. како причина за таа нестабилност, ама знам дека пак ќе се сведе на тоа дека е од стравот и анксиозноста. Моментот е како да престанеме да му се плашиме на тој симптом, како да не му се дава внимание, пошто најверојатно така и ќе исчезне. Ама, прашањето е како, како да се игнорира, како да се надмине стравот. Најверојатно разговор со лекар кој би не убедил дека не е ништо страшно, можеби би можел да помогне.
Девојки да ве прашам дали на вакво тмурно време паниките и анксиозноста ви се зголемуваат оти јас сум катастрофа овие денови.
I mene loso mi deluva vremeto,ovie dena kako da mi se otkinuvaat racete i nozete po nekolku pati na den kako da omalaksuvam.Dali nekoj ima slicno iskiustvo?pozdrav
I mene mi e isto,cela nedela me boli glavata,kako zaneseno se osekam,kako da me turka nekoj.A ima li nekoj migrena?