мене последниве денови ми е лошо ...но денесссс уфф најлошоо,синоќа дури и во сонот се плашев и се разбудив едно време и никако неможев да заспијам ...а денес занесено се осеќам како да не сум тука ...катастрофа !!
Убаво, мило ми е за тебе изгледа конечно си се соочила со стравот. Самата си сватила како е најдобро да постапиш.Со позитивни мисли се ќе биде добро.Поздрав!
Dali znaete deka covekot dnevno ima okolu 100iljadi misli od koi 80% se negativni.I deka potsvesta ne pravi razlika megu poz.i neg.misli.,a sekoja misla zadrzana poveke od 10sek.sozdava hemiski proces na realna manifestacija vo mozokot.cesto povtoruvanje na isti misl pocnuva fizicki da s odrazuva na naseto telo.Devojki mislete pozitivno.
некако потешко ми работат позитивните мисли..ууф бее како да сум затворена во некоја тегла и гласовите на родителите ги слушам како кој знае колку да сум одалечена од нив...ма стварно како да полудувам а и цело тело ми трепери.....
Na site ni odat tesko pozitivnite misli,eden cekor napred,dva nazat.ama treba da sme silni,ova ne e bolest,tuku sostojba koja ce pomine ako ne denes,nekoj nareden den.sto da recat onie koi navistina imaat bolest.treba da legnat i da cekaat da umrat
Здраво на сите Овие временски промени топло-ладно,сонце-дожд.... не ни одговаараат баш,еве и јас со променливо расположение,плус закачив и вирус некој па поминав со затнат нос,кашлица,болки во мускули и триста чуда,добро е само тоа што не кревам температура И така додека одмарав дома и чекав да подоздравам зедов прочешлав нешто низ нетот за анксиозноста и бременоста (тоа сега најмногу ми е во мисла),и за антидепресивите исто во бременоста. Јас полека полека ги откачив АД еве веќе месец дена и да ви кажам искрено се повеќе ми се потврдува мислењето на некои лекари дека тоа е само психичка сигурност,мислата дека еве сега пијам АД па ќе ми биде добро и некако влегуваме во тој филм па и самите се убедуваме дека ни делуваат. И хелекс пијам мноооогу ретко и тоа од 0.25 ако веќе толку ме фати некоја вознемиреност А за бременоста,анксот и антидепресивите прочитав доста на форуми (повеќето бугарски,србски или хрватски),на нашите форуми речиси и да ги нема тие теми незнам зошто....како и да е прочитав разно разни мислења,искуства лично од жени кои пиеле АД препишани од психијатар за време на бременоста, некои пиеле АД после 4 месец од бременоста,некои се против тоа,кај некои пак во бременоста ја снемало анксиозноста и одлично ги поминале тие 9месеци,повеќето велат дека кога ќе дознаеш за бременоста и за тоа дека во тебе расте еден нов живот забораваш на стравот и гледаш да го заштитиш плодот од секакво негативно влијание,вероватно проработува некој мајчински инстинкт што дава голема сила и храброст итн....Но она што е важно е дека овие АД земани во бременоста си носат свој ризик,затоа на сите нивни упатства е нагласено дека се даваат само во краен случај кога ризикот по мајката е поголем од ризикот за плодот.И некако се сведува се на тоа дека секоја потенцијална мајка треба самата да одлучи дали ќе го прифати тој ризик и ќе се носи со него во текот на бременоста или не. А психијатрите во повеќето случаи имаат поделени мислења,едни велат не смеат да се пијат во бременоста,а други ги препишуваат секако со почести контроли на трудницата за време на терапијата,и имаат искуства на мајки кои родиле здрави прави деца и покрај терапијата во бременоста. Некако има доста млади жени кои се во брак и сакаат бебенце,но се соочуваат со овај проблем анксот,депресијата и бременоста,за жал Ете тоа е воглавно,а имаше и една статија дека лековите АД се прилично нови и не се доволно испитани за тоа колку и како делуваат врз плодот ако се земаат за време на бременост,а во САД има најголем процент на трудници кои земаат АД. Искрено јас сега се помалку се плашам,сваќам дека јас и само јас можам да си помогнам најмногу, да се смирам кога ќе почувствувам дека ми доаѓаат некои лоши мисли,и да соберам доволно сила да продолжам напред.Како ќе каже Бог така ќе биде.
Torte, znaci se macish, prasuvash a ne slusash, no i toa e karakterisitka na ansk. doktorite velat "koga pacientot sam ke pobara pomosh, veke pola rabota e zavrshena" zatoa nemoj da se macish i ti rekov vednash pojdi si na psihijatar...koga simptomite se na pocetok i tretmanot e pouspeshen samo so psihoterapija..no najvazno e da otidesh kaj dobar lekar koj pravilno ke ja proceni tvojata sostojba i lekovi ke ti dade edinstveno ako e neophodno...a ne odma da ti prepishuva AD ....i ti rekov napij se b6 -smiruvaat a se samo vitamini, caj od matocina, majcina dusica, zalfija..razgovaraj so majka ti najverojatno taa ne e ni svesna kolku tebe ti e teshko...so razgovor ke go otvorish ventilot da ne se zatvarash vo toj krug od koj pokasno poteshko se izleguva...
Se slozuvam deka treba da pobara strucno mislenje,no ovie nasive psihijatri vednas ti davaat AD,najdobra terapija e razgovorot,koga ke vidis deka i dr.ima kako tebe,i jas sum za b6,za caj,a pred se treba da se otreznime deka ziveeme vo takvo vreme koe sekoj den ni nosi nekakov stres,bilo toa da e doma,na rabota,kaj komsijata.samo glavata gore i drugi ima kako nas.Go procitav skoro celiov forum kaj site gore,dolu isto.sekoj covek vo mislite neprekinato razgovara sam so sebe.toa e zatvoren krug,sto se slucuva postojano.a vi rekov deka mislite predizvikuvaat hemiski proces vo teloto .sigurno vi se slucilo samo so edna seksualna misla da se vozbudite e toa e ova sto go velam.ako naukata potvrduva deka mislite se energia,toa dokazuva deka svesnite misli se svesno nasocena energija.sekogas treba da sme gospodari na nasite misli.znam deka nemozeme sekogas da gi kontrolirame mislite,zatoa sto tie se dvizat so golema brzina.,no ako vospostavime kontrola na zborovite,togas mnogu polesno ke zapocnime da gi kontrolirame i mislite.
Pa sega mozebi e tocno deka brzo prepisuvaat nasite doktori AD, zatoa i velam so preporaka kaj nekoj, no ponekogash e neizbezna farmakologijata, nema nisto da se sluci ako si otide covek na psihijatar pa ako smeta deka pogresno mu prepisale AD neka si se konsultira i so drug, i na kraj ako samiot smeta deka ne e za AD i na svoja raka nejke da gi pie sepak toj sam si odlucuva..vo sekoj slucaj treba da se razgovara so psihijatar sigurno ke izleznesh od tamu so nekoe iskustvo...a vaka se vrtish vo krug i sto e najstrasno dokolku nemash sili sam da zastanesh na noze moze da ti se sluci polosha verzija..da zapadnesh vo depresija...zatoa velam kolku porano tolku podobro...odenjeto na psihijatar e najnormalna rabota..toa uste kaj nas ostanalo bauk tema...
се сложувам со тебе,најнормална работа е да се отиде на психијатар ..такви дојдоја времињата исполнети со стресови и нервози ... и како што рековме ова не е болест туку психичка состојба кај што можеме да ја надминеме ,така да Господ на сите сила нека ни даде .
Potpolno se slozuvam so tebe viki 693,no eve jas posetiv za prvpat psihijatar pred 3 nedeli.imavme smrten slucaj,pocina tatko mi ,osekav nemir ,gusenje,placev, zal zgolemen pritisok ,zarem toa ne se normalni reakcii koga ce izgubis nekoj tolku blizok.i otidov da prasam kaj maticnata.mi rece konsultacija so psihijatar.poslusav.tamu dr me ,,islusa,, mi zede 1000 den . (poznat psihijatar) i mi dade elicea.jas ne gi pocnav.za dve nedeli otidov na kontrola ,ne i kazav deka ne gi pijam a dr.mi veli se gleda deka si podobra,samo upornost i se ke bide dobro.jas ne velam deka apcinjata ako pocnev da gi pijam ce bev loso,no psihijatar treba da si sam na dusata.
Vesne sepak samoto odenje na psihijatar ti pomognalo, mozebi i samata pomisla "zarem mene mi treba doktor? pa ovoj vrska nema..." deluva da si dadesh sila na samata sebe...taka da ne se zaludni tie 1000...ednash i jas imav takov slucaj i koga se vrativ od doktor ednostavno se svestiv...no imam i slucaj kade sto neizbezna beshe farmakologijata za onie sto kontaktiram vo LP znaat za sto zboruvam... Kaj tebe bidejki ima realen nastan za voznemirenost mozebi ti trebale samo nekoi sedativi dodeka da se smirish i da ja prifatish situacijata (zal mi e za tvojata zaguba) , i ete gledash ti samata si odlucila da ne piesh AD, no kolku sto mozam da procitam kaj mnogu od forumot pricinite za anks. ne im se poznati i nemaat objasnuvacka pricina i se vrtat vo krug...taka da poseta na psihijatar e zadolzitelna da ne zapadnat vo pogolema kriza...a za ponatamu sekoj si e samsebe doktor... p.s. moze li vo LP da mi pisesh imeto na doktorkata ...
Не испадна негативен ми доцнеше 10дена али сватив дека сето тоа ми е од ад.Значи јас почнав 4-5 месеци да ги пијам кога ќе ми текни и тогаш ми се поремети се почна по 6 дена порано да ми иди.Кога почнав пак редовно да ја земам терапијата значи последниов месец пак се се врати во нормала.Само јас не сум вратена во нормала.Стварно незнам како ќе се останува бремена со паникиве и сум тотално разочарана од животов.