Feminki prethodno vi postaviv prasanje predlog za psihijata vo Stip, no za zal ne dobiv odgovor ( koj? kade moze da se najde? na koja lokacija )ke ve molam piste jas nemozam da pronajdam dobar psihijatar !
персула незнам дали си прочитала мој пост јас се дружам со паничниве напади и анксиозноста 10години.Лек треба самите да си бидиме друг лек нема
Еден добар пост од блог во врска со анксиозноста - http://fearmastery.wordpress.com/20...sponses-and-practicing-not-caring-about-them/
Најдобро е да одиш кај твојот матичен, прво него соопшти му ја ситуацијата или ако веќе он е запознаен, побарај упут, сигурно тој ќе ти каже кој е најдобар и ќе те упати кон него. Анксиозноста не е болест, тоа е психичка состојба, и со помош на соодветната терапија препишана од стручно лице, и со многу поголема волја, цврстина и помош од самите себе, тука леже лекот. За жал, ни една терапија нема да направи сама од себе да се повлече анксиозноста, мора и вие самите да се поттикните дека тоа е само непријател на психата и да си викате дека сте добро, ништо не ви е, срцето е во ред иако чука милион на саат, иако ви трни раката или јазикот, иако како да имате грутка на грло и тешко голтате, ви се врте и сличните грозни и црни симптоми. Анксиозноста иде и си оде. Нема човек кој некогаш не го доживеал ова, но ние сме само во потешката категорија, и тоа е се само на соодветен стрес, нервози, губење на некој близок, депресија, дури и науниците сега тука ги ставаат и несоодветен здрав режим на исхрана, алкохол, дебелина. Мене нонстоп ми пишат лп, што како, дали јас сум пиела тоа, ова, како мие, дали чувствувам тоа и тоа, и така е, има денови кога сум најдобро, кога лебдеам, а има периоди и денови кога повторно ќе ми се врате и не смеам да речам крај, се откажувам, нема крај тука, смирено, послека, ќе си најдам работа, занимација, хоби и да не мислам на тоа, не го хранам со мисли, едноставно му покажувам кој е главен. Терапија, позитвно размислување, без нервози, штедете ги нервите и живците, вежбајте - бидете бар малку физички активни, ако не можете тоа, бар пешачете, незнаете колку најдобро ќе се чувствувате после тоа, и за сите кои имаат проблем со тежината, немојте со диети, но дефинитвно најдобро е да почнете да се храните здраво. Нездравата храна и дебелината поттикнуваат депресија, депресијата анксиозност, или обратно, анксиозноста депресија, нема правило тука, но затоа здравиот режим, овошјето, зеленчукот и водата, се главните состојки против депресијата (извор од Цвета Динева, нутриционистот мој,која е добро запозната со мојата ситуација) и ако ми верувате, откако јас ослабнав, и почнав да се хранам здраво, анксиозноста за едно добри 80 посто се повлече. Пак ќе пишам, кој има проблем и прашање нека пише слободно,но без страв и без прашањата дали ова ви се случувало или тоа, да, на сите ни се случува, нормално е, иако за другите не е нормално, со тек на време ќе опушти, анкс ќе си оде...мора да верувате во тоа, и да дејствувате!!!
Таман си помислив дека ја надминав состојбава. Ама грешка сум била. Овој пат ми се врати анксиозноста многу посилна од предходно! Неможам да се поднесам! А имам проекти,и испит за некои 10 дена. И неможам никако да се опуштам, немам концентрација за учење. Знам и дека не треба да се форсирам. Знам дека се е до мене.. Мојата психа... Во петокот искочив денски се видов со другарки од дамна што не сме се виделе, убаво си поминав, после требаше да банка да отидам, кога наеднаш ми се слоши (среќа на кратко беше) у главно го игнорирав дека знаев од што ми е. Притисокот наеднаш ми се качува и ми опага и имам страшни кратки главоболки и проблеми со ушите. Од промена на притисокот! Околку мене никој не ме разбира, освен форумов немам со кој да споделам за мојава состојба. Другарките мислат дека премногу драматизирам и паничам без врска, демек да сум се опуштела.. Ама ајдее не иде секогаш се како што самите сакаме. Толку од мене, позз до следниот пост.
да си се пофалам и јас еве изминатава недела сум си до ра со некои си минимални незабележливи гушења али у глобала ок сум си бидете само позитивни и како мене на you tube закачени стално
Дали има некоја феминка од Битола која има одено кај Др Бошко Томовски и доколку има колку сте задоволни
Здраво, Ве следам неко долго време денеска решив да ви пишам денеска и јас да ја споделам мојата тага со вас да ја намалам ако меже малку. Јас пред 3 години ми имат дијагностицирано Анксиоза и депресија, во тоа време пиев деметрин и бедоксин.посје 1,5година и пол ги оставив бев многу добро.И како што на сите ви е познато се повторува истата песна секогаш.После докторот ме остави со диазепам два пати на ден.Понекогаѓ добро некогаш катастрофа.Пред 3 недели реѓив да ги оставам сите, сега пак сум како на почетокот.катастрофа, од вчера почнав да пијам диазепам ама немам успех. Моите симптоми се овие кога почнувам да се гушим се тресем и плачам не можам да се контролирам никако повраќам пролив не можам никако да јадам со денови и така сум многу слаба. Ве молам за помош нека ми помага некој нека ми каже дека ќе има некогаш крај ово проклето чуство. Не можам да живема живот како и сите нормални луѓе, катастрофално се чуствувам. Молим нека излезе некој нека ми каже како успееал да се лечи. Молим вас за помош неможам да престанам ниту да плачам ниту да повраќам од вчера. Се плашам не сакам да одам кај мојот психијатар.
Znaci vaka slimy, ti si piela demetrini i diazepam samo momentalno da ti pomine anks. a vsusnost nikako ne si go lecela, znaci morash da si otidesh na psihijatar nemora kaj tvojot ako ne si zadovolna, morash da razgovarash so nekoj strucen, tuka samo ke zaklucish deka ne si sama, sto i toa malku pomaga, no sepak razgovor so strucno lice e najdobro..ako ti e strav da ne ti prepisat AD razgovaraj si so doktor. toj ke znae najdobro da ti objasni kako treba da se spravuvash so situacijata(mislam na psihoterapii) , vaka se macish i moze da ti stane polosho..nema nisto strasno od poseta na lekar..pozdrav
Ти благодарам Вики, Но порано сум бил многу подобро затоа престанав со терапија со заклучок на психијатар. Овој последен пат сама престанав да ги пијам диазепамот зашто не сакав цел живот да станам зависна, сакам и да забременим ама никако веќе 2 години не можам.Не сакам антидепресиви да напијам зашто тоа го покачува пролактинот и после ми се пореметува циклусот. Кажи ми дали може некогаш целосно да се отстрани ова грозно чуство.
Slimy,колку повеќе мислиш на тоа,толку повеќе се зголемува чуството ...Се согласувам со Вики,нема ништо страшно ако отидеш кај стручно лице..со разговор колку толку ќе ти помогне,но ти самата треба некаде да застанеш,да пресечеш,да си речиш самата на себе дека се е до твојот ум,до твоите мисли..неможеш да останеш бремена бидејќи цело време си под стресови и цело време мислиш на тоа..ако толку многу сакаш бебе тогаш престани да мислиш на негативно и види ја убавината на животот........јас две недели бев како во сон,незнаев ни кај терам ни што правам..не излегов ни од дома,а кога излегоов два дена по ред имав вртоглавици..почнав да се дружам исто како и предходно и колку толку на некој начин и не мислев..да напоменам дека и бев на психијатар па ми препиша таблети за смирување. Затоа само ти самата на себе мораш да си помогнеш,да пресечеш некаде да речеш доста е ! поздрав
Ти Благодарам торте, Што ти препиша тебе за смирување докторот?еве јас од вчера пак почнав да земам диазепам по 2мг ама сеуште немам некој ефект.Еве закажав денеска ќе одам на контрола кај мојот психијатар, па ќе видиме што ќе ми каже.Од летово не сум бил пробав сама да се борам ама гледам без успех, секогаш се враќам на почетокот.Ми се кочи вилицата се гушам почнувам да плачам а не можам да престанам после.Многу ми е тешко ако одам некаде кога има гужва не можам никако еве и кога пробувам да излезам по продавници да не мислам на тоа уште полошо ми е од гужвата ми треперат нозете вртоглавица имам и си мислам дека секој момент ќе паднам.
Здраво слими, Вака незнам кој ти кажал дека од АД се покачува пролактинот.Единствена причина за покачување на пролактинот е стресот,затоа сите што сме во ваква состојба мораме прво да го регулираме стресот.Пролактинот е хормон на стрес.поздрав
Мојот гинеколог така ми рече на пример јас пиев едно време еглонил и немав 3 месеци циклус и од тие апчиња кога проверивме ми беше покачен пролактинот многу.Зато гинекологот ми рече дека не можам да забременам со антидепресиви тие се пречка. Ве молам ако има некоја која успеала да забремени со антидепресив и дали после му исчезнал ова состојба? Поздрав
I мене ми е пореметена менструацијата ми трае само 3 дена ,а порано 5 дена ми траеше ,дали е можно од АД ова да се случува?
А што пиеш ти какви апчиња?и дали имаат ефект дали си успеала? Јас би ти препорашал да разгивараш со гинеколог за тоа.
Јас пијам Ксанкс од 0,25мг ,пола наутро ,цело навечер ..значи мора да се дружиш,мора да си во гужва,верувај подобро ќе ти биде,а кога ќе ти се плаче,слободно исплачи се,а за престанувањето мораш да престанеш како не,зарем цел ден ќе плачиш и плачиш?!?..ево јас сум многу чуствителна,емотивна ...значи МНОГУ,а башка од ко ми се појави анксот уште толку,но ќе си се изнаплачам,ќе стегнам заби и тоа е тоа ...мораш да сватиш дека животот е борба..ако се предадеш што си постигнала ?! Вртоглавици како што напоменав и јас имав и тоа два дена без престан,немав рамнотежа како на некој брод да сум ..но нема да паднеш ! Како што мислиш така и телото реагира..излези,ево денес и вчера сончево е ,искористи го денов,уживај..животот е краток..кога сето ова ќе помине сите ќе се свртиме назад и ќе видиме колку работи сме пропуштиле ... се надевам дека помогнав барем малку..поздрав и со позитивни мисли напред.