Да,точно еглонилот најмногу го покачува пролактинот но тој не е АД. пред да почнам да пијам АД имав покачен пролактин.Последниот резултат сега ми беше добар,а пијам АД два месеца.Сепак тоа е мое искуство ти консултирај се со гинеколог.Мојата докторка сакаше со АД да ми препише еглонил но поради покачениот пролактин не ми даде.Иначе пролактинот е хормон на стрес и најмногу се качува од стрес,затоа прво треба да се среди тоа.поздрав
тоа е хелекс[/quote] А дали помагат? дали некој успеал да го надмине ова чуство со помош на хелексот?
дојдов до еден заклучок незнам дали е на место или не ама порано дремев до касно на фемина и нет и бев со по 3-4 часа сон и стално осекав гушење сега легнувам порано или пак си преспивам и денски и гушењето го нема можно ли е од изцрпеност на организмот да се јави гушење или само таков ми е периодот па се поклопило????
slimy јас пијам Асентра и малце од малце помага ,пијам 5 месеци ама сама повејке се борам не очекувам АД да ме извлечат од овааа состојба има прекрасни денови има и депресивни ,е сега депресивите ко ке ме нападнат вежбам пилатес или трчам не дозволувам да ми ја одземе силата што ја поседувам длабоко во себе ,и сите ја имаме таа сила и треба со сето неможење да ја употребиме да докажеме дека неможе друг да управува со нашите мисли освен ние самите ,јас сум цврсто убедена дека правиот пат можам да го најдам само сама и со помош на бог и веке го наоѓам ,имајте силна воља драги мои за да го победите ова чуство кое не ни припаѓа нас.
Како сте феминкии Што ми правите ...ова времево 365 пати се смении така и ја се менјам и мојата анкциозност ..деновиве многуу чудно се осекам главата ке ми прсне ,и на дишенје ме мавна се мислам дека ке се угушам,му се јавив на психијтерот ми го зголеми хелексот 3 пати по 0.25 и да пијам бедоксин .фала богу не ми рече пак да се навратам на депрозелот засто веке 5 месеци не го пиајм освен хелескот ..дали вие вака се осекатее ... поздравв
Па и човек кој не е анксиозен би се чувствувал лошо по оваа нагла промена на времето. Нормално е да имаме зголемени вртоглавици, главоболки и поспаност. Не барајте го спасот во ад и незнам какви други таблети пиете се е тоа срање...излезете на чист воздух прошетајте разбистрете си ја главата од сите лоши мисли.Еве јас на пример денес беше убав денот излегов на прошетка во природа се надишав чист воздух си ги ослободив мислите и ме надвладеа некое спокојство прекрасно ми беше. Направете се што е во ваша можност да се чувствувате подобро, еве елисавета вежбала пилатес....знаете ли колку многу вилјае физичката активност на нашето расположение....и пијте чаеви.Поздрав
Elisabeta Не си само ти во врска со тој твој проблем. Види мене што ми се случи. Години и години наназад мене менструацијата ми доаѓа на ист датум, можеби ден два три најмногу пдоместена(што не е ништо!), секогаш ми траела 5 дена, од кои првите 3 дена многу ми течело а другите два така помалку. Месецов ми траеше само 3 дена Искрено, помислив да не сум трудна Бог да чува?! Тоа е последно нешто што ми треба и сакам сега, имам други приоритети, се преплашив. Сега откако те прочитав, и после долго читање низ интернет, сфатив и дека самата нервоза, стресовите, апчињата, терапијата за анкс (што пак почнав да ја пијам пред пола година) може да направи неред во менструалниот циклус. Не се секирај ич, тоа е тоа. Гагич И мене Хелексот ми е зголемен, пиев само навечер, а сега пијам и навечер и насабајле. Едно нешто сите да знаете - Кога се преминува од едно во друго годишно време, анксиозните луѓе се најнадразливи, симптомите се секогаш на највисоко ниво, расположението променливо и депресијата зголемена, а башка и алергија ако има некој (како мене). Ич не му ја мисли, пиј Хелекс, некој гледам спомна без терапија се може, е не се може, некогаш ни е потребно малку нешто да не поттурни и да успееме, јас без Хелексот кога им се појави прв пат анксиозноста, мислев дека ќе полудам, тахикардија почнав да добивам пошто прв пат во мојот живот се соочив со оваа чума, и за да се смирам, мораше терапија, знам дека е така и кај поголем број кои патат од анкс, така да, терапијата не не убива, но со терапијата, мора да се развива и психата, не смееме и не можеме да дозволиме да препуштиме се на една проклета терапија, како што кажав, таа е само во сктремни случаи, каде не поддига, ни покажува дека не сме болни, дека се е до психа, е тука настапуваме ние, и мора да се бориме, мора позитивно мислење, и се друго што пишав пред некоја страна во моето претходно мислење. Ева11 Јас со анксиозноста, најголемиот проблем го имав со гушењето и трпнењето на јазикот. Ако не спијам доволно, до ден денес, грлото ми се суши, се гушам, немам плунка, ме стега грло и се тоа слично. Но, немој воопшто да мислиш на тоа и кога не си наспана. Пиј вода многу, лимон, Ц витамин, и дремнување преку ден му е мајката Денес сум спана само 5 часа, и сега чувствувам гушење, баш во моментов додека пишам, сама дома сум, дечко ми на работа, ич нема црни мисли, гајле ми е, знам од што е, си пијам сокче домашно, вода до мене, ќе поучам малку и рано ќе легнам. Без паники само.
ете шетамм сегде бев сега и у беровоо на чист воздух шетам последно време да не се урочам си идам сегде неам гајле заразлика од кога немозев од дома да излезам сега па немозам да се приберам ..ама ете деновиве од кога се смени времево мн ми стана тешко .. вајда кесе опраи хехе
да значи нема да ми штети од толку ми го зголеми .. ја се исплашив викам мн ми го зголеми а да и он ми рече дека и кога се менја времево поготово напролет дека ке ни влијае на нашава анкциозност ...ама тоа е ке се боримее ке пројдеее
Да и ја саакав да се надоврзам со менструацијава ... и мене не ми доага на време порано секогаш точно на време сега во последно време или една недела порано и или ке ми касни само по три дена ке ми трае бог да чува хехе како мрдната праев тестовии хехе на гинеколок бев нема нисоо вика дека се е од стрес...
ова време променливо највеќе делува на нервите а гледам дека се жалите и на менструацијата .И мене овој месец ми се поремети само 3 дена траеше за чудо( јас имам по една недела и тоа обилно )бог да чува
Здраво пријателчиња мои еве сум пак јас иако ме снема од форумов сакав да ве поздравам и да си пишам нешто така ми дојде немајки каде и на кого да си се искажам По незнам кој пат се прашувам зошто сум сев родила баш вака со добра душа и големо срце само за да страдам и патам,луге незнам што ми е нели бев арна сега пак ме фатија бубачкиве пак почна срце биење бодежи и тахикардии,и сега уште полошо не мислам на ништо и си викам ке помине ама не сака бре и тоа ми се дешава на чуден начин почнав да се нервирам пред некој ден возејки се во автобус гледам човек со искинати па шиени алишта па кога ми падна тешко добив гушење одвај се воздржав да не му ја виканам да плачам и одвај се смирив или не дај боже да видам некој болен или инвалид готово одма напад, буквало за секој се нервирам неможам веке еве синојка го видов на вести дедото што го претепале арамиите за него плачев ко неарна морав диазепам за да се смирам...До кога ова вака сакам да сум силна да си ставам еден штит на душава ми моја и да не се секирам за ништо ама кога ??? Поздрав не ми кажувајте психијатри тоа го знам сам на себе треба да си бидеме психијатар со добра мисла главите горе колку можете ве сака Ненушка ете така ми дојде да ви кажам поз...
Здраво дечки...Нова сум јас на форумот...И јас да си споделам моја мака шо си се спраавувам секој ден... Одсекогаш сум се секирала за се и сешто и ми се чини дека тоа е причина за сегашната моја состојба...Порано имав мали напади на паника шо ми поминваја по 2-3 секунди пример ко ке бев во гужва итн.поради мислите мои дека нешто ке ми се случи...И никогаш поубо не му обрнав внимание на проблемот шо беше длабоко во мене...Паниките почнаја се почесто и почесто да се јавуват особено ко ке бев излезена во кафич не можев да седам на средина пример туку обавезно морав да ја гледам вратата за излез за мене да ми биди полесно е така нонстоп си мислев на то шо ми се случва и почна да ми се случва и на школо...Моментално струење во главата,сечење на нозе раце,трпнење на јазикот на телото омалаксаност срце биење и чувство како да сум во сон како да не сум во моето тело чудно чувство во главата.Бев доволно храбра си признав дека имам проблем иако имав само 17 год.Ме ставија на терапија со асентра и хелекс.Подолго време само спиев и не излегвав од дома...После то почна за мене еден доста добар период во мојот живот...Дечко,лето,одмори се осекав исто како порано...Се до сега,веќе ова ми е скоро втора година кај шо сум со лекарства иако ми е дозата намалена јас пак почнувам да го осекам то истото чувство особено чувството дека сонвам дека не сум то јас...Луѓе страшно ми е како изгубена сум цело време и се мислам дека нешто ке ми се случи и дека ништо нема да биди во ред како порано Секоја ноќ легнувам смирена со надеж дека се ке биди во ред утре ама не е така Почнав да тренирам и се надевам дека ке биди океј...Паничните напади ги има и на тренинг во мноогу блага верзија и ги контролирам ми иди да се свиткам како клопче кога еднаш засекогаш ке престани ова и ке бидам нормална женска,сопруга,мајка...
Ве читам..сосема се согласувам дека времето влијае на анкс...Бидејки долго време сум анкс..и веке ми е познато...додека дојде преолет се стабилизира,па од пролет лето..тој период ми е хаус..нерасположеност,синтоми појачани,депресија,тага некоја во мене,,све..ич не се секирајте,тој период е таков..и да знаете дека е од времето и све ни е појачано...Мораме да истрпиме
Nenuska тоа е проблем на повекето кај нас со анксот Премногу сме осетливи и правицни И мене ми се случува на сечија неволја да дозивувам стресови иако никако немозам да помогнам Деновиве толку ми бесе лосо сто со хитна завршив во болница Имав силна тахикардија (за која Елизабета тврди дека не е опасна) но еве и лекарите ми рекоа дека таква честа тахикардија не е добра и бавно но постепено го ослабнува срцето од што најповеке се пласам Веке 3 недели пулсот ми е 90-116 и ми ствара проблеми Во болница ги исплакав сите пациенти околу мене и неможав да издрзам си излегов по мое барање Тоа тие или дозивеан преголем стрес или преголема осетливост или големо разочарување во животот, не довело до тука Иако сега и би немала баш никакви проблеми но тоа влегло и тешко излегува Ме немаше подолго време на форумот зошто не бев во состојба ниту да пишувам а тоа се вели беживотна енергија Ве следев сите но никако да пишам иако понекогаш осекам дека ако ви напишам колку ми е тешко во моменти ке ми олесни Во психиатри многу не верубам Бев и резултатот е ваков каков што е За оваа болест треба сила да се избориш сам се разбира со помош на АД но понекогаш дури и вечина од времето јас не ја поседувам таа сила Се ме вознемирува.Гузвата галамата кавгите проблемите чекањата низ шалтри во банки и ред други нормални работи Неможе во животот да тече мед и млеко треба да се соочуваме и со проблеми и многу други лоши работи но од каде да ја соберам енергијата По природа сум смирена Несакам кавги и расправии ниту пак сакам да слушам или гледам туги маки и проблеми кој ме вознемируваат Но како да направам штит околу себе како да станам себична и да мислам само на мене Тоа е измислена именка за мене Јас дури и многу многу предолго се борам со анксот над 20 години кога добро кога лошо што понекогаш си велам добро е што сеуште мрдам Но феминки многу се изморив Ова е тешка борба незнаеш кога ке те нападне и како да се браниш Ви посакувам сите да сте насмеани и срекни
Прво Добродојде, Јас те разбирам потполно еве јас со ова чуство се бора веќе 3 години и знам како ти е.Јас некое време се чуствувам многу добро но сепак некогаш анксот знае да ме изнендаи и тоа кога најмалку го очекувам. Јас престанав со секаква терапија и мојот психијатар никогаш не ми дал да пијам АД секогаш сакаше со седативи да го надминем јас ова и верувајте како што бев сега сум многу подобро, се додека не ги оставив целосно диазепамот пред еден месец и сега пак ми се врати се по старо. Бев на контрола и ми рече дека ќе продолжам со диазепамот и дека нема никакво друго влијание освен да те смири и не е штетно да го пијеш зашто нема друг ефект. Исто така му спомнав дека се обидувам веќе 2 години да забременим но немам успех во тоа ми рече никако со Ад не може, а со диазепамот е дозволено зашто тој го консумират и бремените жени. Хелексот не ми го препорача зашто рече дека има повеќе зависнот од него. Сега откако почнав да ги користам подобро малку ми.И да ви кажам и мене многу ми смета гужвата не можам да поденсам гужва, гости излегувања ништо од тоа. Ич не ми се јаде немам апетит ослабев многу кажети ми нешто за апетитот? и желудникот ме боли имам хелико бактерија. Поздрав и само позитивно ќе и дојде крајот и на ова наша мака
Дали од стрес, анкс или нешто слично може да осеќам тежина во желудникот, значи не болка туку тежина и не ми се јаде,како прејадена сум?