Edna vecer pred okolu 4 meseci bev so drustvo i eden drugar izvadi joint.Onaka zemav dva dima i se izgubiv skros. Pocnav da panicam ko nenormalna...Mislev deka srceto ke mi pukne vo sekoj moment... Se okolu mene stana nerealno. Lugeto so bea so mene ne mozev da gi prepoznaam. Ko vremeto da zastanalo i ne tecese Mnogu grozno cuvstvo.. Pomina nekoe vreme probav da se se smiram i me odnesoa doma.. Nekako uspeav da zaspijam. Utredenta koga se razbudiv se nekako ko da bese izmeneto. Ko da sum padnala od mars. Se mi bese nepoznato ko da ziveam u nekoj son... Ovie simptomi postojat kaj mene veke 4 meseci i stvarno mi e preku glava ... Sekoj bozji den se boram so niv, imam celo vreme panicini napadi i anksioznost. Prebarav niz internet i mislam deka ja znam dijagnozata. Se vika ''Depersonalization Disorder''. Sakav samo prasam dali mu se ima sluceno slicno nesto ko na mene? Fala
И мене ко ми почнаја нападите се осекав ко во сон...И сеуште ми се дешава по некој пат...Ги знам сите знам се ама како јас да не сум таму како да не го живеам то туку како да го сонвам...Дефинитивно наааајгрдото чувство и ко ке се осетам така мене тогаш почнуват да ме фаќат паники...Не се секирај оди си на лекар или ако се осеќаш доволно силна избори се сама со овај кошмар...
Ќе постирам превземен текст се надевам дека нема да го одминете, туку дека ќе го прочитате, иако мислам дека не е ништо ново, сепак мене овие ваквите статии доста ми помагаа, и се барав и гуглав одново и одново да се информирам, прочитајте. Ќе го ставам во спојлер пошто е малку подолго. Спојлер Се поголем број на луѓе се жалат на депресивно расположение, на безволност, апатичност, претерана загриженост и страв за себе и своите најблиски. Нашето општество и долгата транзиција создаде многу анксиозност кај луѓето кои живеат тука. На тој начин анксиозноста се јавува како одбранбена реакција на несигурноста и неизвесносна иднина. Пишува Лидија Попчева, психолог - психотерапевт... Личности коишто постојано чувствуваат некој неодреден страв, кои премногу се загрижени за секојдневните случувања и се под постојан притисок, најверојатно страдаат од анксиозност. Стравот и анксиозноста се реакции на опасност, но во случајот со стравот опасноста е јасна, објективна, додека во случајот со анксиозноста е скриена и субјективна. Речиси секој човек во одреден период од својот живот почувствувал напнатост, нервоза или пак страв како нормална реакција на некоја стресна ситуација. Потиштеноста и стравот секогаш постоеле и тие се важен дел на човековото постоење. Нормалните стравови и повремената потиштеност ни помагаат да ги избегнеме непријатните и опасни ситуации. Стравот секогаш е врзан за некој одреден објект и ситуација, додека анксиозноста е неодредено емоционално доживување. Во анксиозноста она што е закана за личноста е помалку очигледно, па затоа говориме за т.н. „лебдечки страв“. Кога стравовите и потиштеноста, претераната загриженост ќе почнат да доминираат и управуваат со нечиј живот, кога го нарушуваат семејниот, друштвениот и професионалниот живот, тогаш веќе станува збор за сериозно анксиозно пореметување. Кои се симптомите на ова пореметување? Психолошките симптоми на анксиозноста се претерана плашливост и загриженост, чувство на внатрешна напнатост и немир, ослабена концентрација, раздразливост, зголемена чувствителност на бука, лесно заморување, слаба меморија која често е резултат на намаленото внимание и концентрација. Телесните симптоми на анксиозноста се забрзана работа на срцето, тешко дишење, чувство на недостаток на воздух, стегање во градите, сува уста, потешкотии во голтањето („кнедла во грлото“), зголемено потење на дланките, често мокрење, вртоглавица, „пеперутки“, во стомакот, болки во мускулите, ослабена сексуална желба, треперење на целото тело. Присутни се и пореметувања во однесувањето: чувство на блокираност, преувеличување на доживувањата, тешкотии во спиењето во смисла на несоница, често будење или пак ноќни кошмари. Ако кај една личност се присутни повеќето од овие симптоми повеќе од 6 месеци најверојатно таа особа пати од анксиозно пореметување. Возрасни особи со ова пореметување често се загрижени за секојдневниот живот, за одговорностите на работното место, финансиите, за здравјето на своите најблиски, се мачат со катастрофични предвидувања во врска со своите најблиски. Анксиозна личност целата е облеана со неодреден, ирационален страв со кој се парализира во своето функционирање. Се јавува и силно чувство на немоќ. Сите ние сакаме по секоја цена да ја избегнеме анксиозноста или да избегаме од чувствата кои се предизвикани од неа. Постојат многу причини за тоа, но најважна е таа дека анксиозноста е едно од најмачните чувства што можеме да ги имаме. Освен тоа чувството на немоќ кое е составен дел на анксиозноста е посебно неподнослив скоро за секој човек. Некој може да биде храбар и активен кога ќе се најде лице во лице со голема опасност. Но, во состојба на анксиозност, тоа што го чувствува е немоќ. Чувството на немоќ посебно е тешко за оние личности за кои силата, влијателноста, идејата дека се господари на секоја ситуација, се еден од главните идеали. Бидејќи ја чувствуваат очигледната диспропорција помеѓу својот идеал и своите реакции, тие ја мразат оваа состојба, како таа да ја открива нивната слабост и страшливост. Вториот елемент кај анксиозноста е нејзината очигледна ирационалност. За повеќето од нас е незамисливо да дозволиме било какви ирационални фактори да управуваат со нас и со нашиот живот. Тоа посебно тешко го поднесуваат оние личности кои чувствуваат прикриена опасност дека ќе бидат проголтани од спротивни ирационални сили кои постојат во нив самите, па автоматски се обидуваат да вршат силна интелектуална контрола над себе. Затоа тие на свесно ниво нема да дозволат било какви ирационални елементи да управуваат со нивните постапки, но она што им се случува на несвесни ниво не се во состојба да го контролираат. Овој внатрешен конфликт бара од нив огромна енергија со која се исцрпуваат, но тоа не им помага да си го решат основниот проблем кој лежи во позадината на нивната анксиозност. Причините за анксиозноста и на самата личност не и се познати. Некој може да има повеќе анксиозност отколку што е свесен, а некој може да пати од блага форма на анксиозност, а да биде потполно свесен за тоа. Кои се причините? Многу малку луѓе се спремни да го прифатат фактот дека страдаат од анксиозност. Многу од нив анксиозноста ја кријат позади чувството на физичка непријатност, како што е срцебиење и замор; некои ја кријат позади бројните стравови кои им изгледаат реални и оправдани; кај некои луѓе анксиозноста може да биде скриен импулс кој ги гони да се препуштат на заборавот во алкохолот и други зависности. Точната причина за анксиозноста не е позната, но постојат многу фактори што можат да го поттикнат развојот на анксиозноста. Улога играат генетските фактори, биохемиските процеси во мозокот и влијанието на средината. Разните трауми или стресни моменти во текот на животот, смрт на блиска особа, развод, промена на работното место, промена на местото на живеење - може да предизвикаат анксиозност. Како се третира анксиозноста? Лекувањето е комплексно и зависи од структурата на личноста, од интензитетот на анксиозноста и вклучува психотерапија и ако е потребно и медикаменти. Анксиозноста не може да се спречи, но постојат некои работи со кои можете да си го намалите стравот и претераната загриженост: • Научете да се релаксирате со што ќе ги намалите телесните симптоми на анксиозноста. • Вежбајте - секоја физичка активност ја забрзува работата на срцето и го ослободува вашето тело од натрупаната напнатост. • Не преземајте премногу обврски за да не се доведете до точка на „лудило“. Планирајте ги обврските по приоритет и научете да кажувате „не“. Прифатете ја својата анксиозност, не бегајте од неа и ако е потребно побарајте стручна помош. Лидија Попчева - психолог-психотерапевт А ова е пак некојси тест за аксиозност, проверете си, јас покасно ќе го правам, сега денот ми е резервиран за разубавување, имајте убав ден и смејте се. http://style.mnogoo.mk/mk/articles/psih ... nksioznost
Здраво феминки, Како сте ми денеска како поминавте за празникот, дали го кршивте мразот да излете и да уживате малку? Јас пробав излегов со женско друштво ама само очите ми беа во часовникот, само гледав причина да избегам дома не можев ниту да позборувам нормално ниту да ги слушам другите. Катастрофално се чуствувам кога треба да се сретнам со луѓе, никако не можам да останам смирена почнувам да се гушим и нон стоп ми се оди во вц. Секој Божји ден кога станувам се прашувам кога ќе завршува ова кога ќе има крај ама одговор не гледам наоколу. Поздрав
дали некој ке ми кази од сто мози врто главица и омалаксаност да цуствувам и само за спијанеј оците ми се затвораат и некој си зестини никакво ми је не мозам појке казете ми
acebitola од анксиозноста е и јас ги имав тие жештини значи многу грдо е ,не обрнувај внимание и барајси некоја занимација и ако пиеш седативи не ги пиј повеќе од нив многу се чуствува поспаноста а исто така и од депресија
Браво Slimy што барем си се потрудила да излезеш и не си се откажала, инаку тоа чувство кога само гледаш да доседиш и што побрзо да си одиш ми е многу добро познато. Измачува таа борба, а вака од надвор никој не може ни да претпостави или препознае дека внатре во себе имаш страв или немир некаков, дека нешто ти се случува. Нема друго сем да престане токму таа борба внатрешна што ја спомнав, тој конфликт, тој напор да се држи контрола над ситуацијата, тоа трпење на симптомите..... и само да се пушти, ментално да се предаде човек треба, она, бело знаменце и толку, да нема борба никаква. Тој што може ова да го спроведе, да дојде до оваа состојба на умот, по мене, е на добар пат да полека но, сигурно почне да излегува од оваа состојба. Процес е целово справување со анксиозноста, и си бара доста разбирање и знаење, а потоа и малку(поише) храброст и верба во себе дека може да се направи тоа, да не се реагира кога симптомите ќе се јават, да се остане смирен. Тој е начинот, само како во пракса да се спроведе е умешноста. :?
нисто не пијам елизабета сега ги прекинав од кога ги прекинам поцна ова да ми се слуцува врто главица омалаксаност гаденје стеганје на глава и со не друго ми се цине сите болети ме имат фатено не мозам појке
STRASNA E OVAA GROZNA ANKSIO OD OBICNI RABOTI SI GO MACIME UMOT,EVE JAS BEV NASTINATA I TRISTA FILMOVI SI PRAVEV VO GLAVA ,DA NE ME FATI SRCETO,BAKTERIJATA DA NE MI GI OSTETI BUBREZITE,I RED DR RABOTI ,DURI VO POSLEDNO MI E SRAV I APCE BILO KAKVO DA SE NAPIJAM OD STRAV DA NE DOBIJAM NEKOJA ALERGIJA,NEZNAM NA SO SE DOLZI OVA NE BEV VAKVA,I DALI NEKOGAS BI BILA KAKO PORANO?DALI NEKOJ ZNAE NEKOJ VO BITOLA STO E DOBAR I STO RABOTI PSIHOTERAPIJA? POZDRAV
аууу тапа болест ... како ке излземе на крај со оваа аман веќе!дали има некој скроз што се излечил од оваа болест ?
Тоа не е болест туку состојба во која се наоѓа организмот под влијание на некои надворешни фактори. Секако дека има многу луѓе кои се имат справено со анксиозноста. Едноставно научиле како да се контролираат во моменти на паника. Со позитивни мисли и повеќе активности кои ќе ги окупираат нашите мисли да не мислиме само на негативни работи сигурна сум дека сите можеме да ја пребродиме анксиозноста.
Devojki,jas sto vi velev da mislite pozitivo pred 2 casa mi bese loso,rucav kompir manga so meso najverojatno od kiselini zeludnikot mi ,,dojde do usta" nemozev da izdisam,samo uste poveke goltav vozduh,(mojata mana)kako da se gusev,me fati panika,pa se napiv ranital,eglonil i pol,demtrin.kombinac.sama ja izmiksv.panika sega nemam,no sto mislit dali moze ovoj rucek da mi pedizvika vakvi tegobi?
Како сте ми феминки Има ли крај ова чудоо.Вчера бев во систина на кардиологија имаа бесплатни прегледи бев ми направија екг притисок се е во ред ја му се испожалив викам се гушам неможам да дишам ми вика не ти е ништо девојкоо се е од стрес му објаснив дека пијам хелекс ми рече ако ама да си се консултирам нели со психијатар ...и добро ја ајде мислев готово ништо неми е кога синокја накај 3 се будам неможам да дишам ме облеа ладна пот срцево мислев ке ми излета потоа грозница ме стресе земев хелекс и се смирив ..незнам дали е од анк. или е нешто друго цел ден сум за никаде незнам дали вечер ке можам да заспијам ...дали вас вака ви се случилоо поздрав
На нервна база ти е. И кардиологот ти кажал дека сe ти е супер! Секогаш кога ненадејно ке ти се слоши, само повтори си во себе дека срцето, притисокот се ти е во ред и дека немаш причина да пааничиш. Најверојатно ти текнало или во потсвест ти е нешто што не си свесна дека те вознемирува, како повекето нас. Инаку другите како сте? Се надевам дека го искористивте денешниов пролетен ден за шетање.