симптомите ми беа следниве: после спиење ноќно време и спиење по 1ч-2, станувам без посебна причина.губи ми се воздухот и срцето ми почнува брзо да бие.много често се плашам и често ме обзема и едно загриженост без причина, страв дека ќе умрам, дека нема никој околу мен.и такви работи генерално. ВО главно несоница преплетена со страв ......Отидов на лекар и ми препиша ксанакс го пиев само 3 месеци . Отогаш поминаа 2 год и сега за сега не сум осетила такво нешто . Има ли некој пиено ксанакс мислам ми беа препишани од 0.25 се покажааа добри , ЗНАМ КАКО ВИ Е ЈА ИМАТЕ И МОЈАТА ПОДРШКА БИДЕТЕ СИЛНИ, САМИТЕ СТЕ СИ НАЈСИЛЕН ЛЕК ПОЗЗЗ
Dunja ti se voshituvam i jas se otruf od apoj veke 6 meseci i nisto a aksioznosta me maci veke 3 godini site mi velat deka samata treba da se izboram no nemozam pomognimi te molam koga imas takvo iskustvo kako treba da se izlezi od ova ludilo pozdrav .
Поздрав Гузи, Поголем дел од мојата борба со анксиозноста веќе ја имам напишано на претходните страни.....секако дека сакам да ти помогнам и знам каква е оваа состојба. Но може, може да се излезе од неа. Јас имав многу добар психијатар и одев рсдовно на разговори. Научив многу од него, хе хе хе како дотогаш да не знаев...знаев ама не бев свесна ...Научив дек алуѓето не можеш да ги менуваш и дека треба самата себе да се промениш, да станеш конструктивен егоист и секогаш себе да се ставаш во прв план.Можеби звучи себично, но ние анксиозните секогаш мислиме на сите други па после на себе...затоа сега обратно направив и така продолжувам. Потоа научив дека на секој му е потребно внимание и љубов така побрзо се излегува од состојбава (не дека го немав ама сепак веројатно мене не ми било доволно....затоа побарај си сама некој со кој ке се дружиш и разбираш кој ке ти пружа внимание да се чувствуваш како човек, не велам најди си љубовник ама ако си сама ДА ако неси барај повеќе, барај внимание кажи дека сакаш тоа, тоа, тоа.....биди упорна и не сокривај го то ашто ти пречи кај него.Кога сте на чисто кој како треба дасе однесува веѓе е полесно. Трето ..си направив план на денот и не сакав веќе за друг(освен за синот) да трчам како улава оти тоа го правев редовно...брзањето секој ден и нервирањето дека не сум завршила СЕ многу придонесува дасе развива анксиозноста....затоа ПОЛЕКА, ПОЛЕКА...не брзај оставај работи за друг да сработи нешто претпоставувам дека се сакаш ти да направиш.Јас научив хе хе хе дека и другите знаат да работат а не само јас па трчав од утро до вечер додека не се упропастив.Веќе НЕ. Ги гледм годините твои ...и јас на тие години ги добив првите знаци на анксиозноста ..сега знам зошто станав анксиозна.. Затоа што многу работев од утро до вечер, затоа што не мислев на себе и несебично сакав на секој да му помогнам и се трошев и физички и психички додека не се истрошив , затоа што немав возвратена љубов асе давав неебечно, затоа што тешко се помирував со загубите, ане знаев дека загубеното како и дае не се враќа,затоа што бев глупава , глупава...веќе.Научив да ја играм играта живот и да дриблам какошто многумина многу убаво навреме ја научиле оваа игра. Не сакав себе дасе прикажам како НАЈДОБРАТА сигурно дека имам безброј мани и јас ама ЈАС западнав во анксиозноста баш заради мојата наивнос. Ако се пронајдеш во мене Гузи и ако успееш дасе промениш како мене (а дра опција немаш)тогаш ке ја надминеш анксиозноста. ПОЧНИ ВЕДНАШ И СЕГА. Поздрав Ке бидам среќна ако ми пишуваш почесто и те слушам као напредуваш..може и по ЛП ПС.За лековите незнам може со нешто да се смируваш ама попрепорака од лекар...СЕ НАЈУБАВО
Здраво драги пријатели! Одамна не сум пишувала на темава(поради обврски), но наоѓам време редовно да ве читам. Ееее Дуња и јас како тебе се утепав од брзање. Па цела младост ми помина во брзање и трчање се да завршам. Млада се омажив па веднаш на работа и две деца златни, обврски колку сакаш. Секогаш брзав се да завршам и на работа и дома и нормално никој да не трпи поради мене, како само јас да морав да ги завршувам сите работи. А згора на сето тоа и неколку случки(за мене трагични) кои целосно ме извадија од колосек. Браво за тебе што си ја научила лекцијата. Јас да ти кажам делумно се сменив, но уште треба. Неможам да свикнам да не мислам на другите - ама мора. Во главно сум Ок сосема добра единствено во периодот на ПМС сум расеана, вознемирена и психички се оптеретувам за глупости ама ова се поднесува во однос на сето тоа што го преживеав во четири годишната макотрпна борба со анксот. Е сега уште да научам како да се ставам себе во прв план и да не се замарам за ситници. Ама кај и да е ке биде и тоа.Дуња, кај тебе како беше, дали и ти чувствуваше мака за време на ПМС( те прашувам сошто сметам дека си многу понапред од сите други во борбата) и колку време те држеше тоа чувство. За другите не се секирајте само напред и обидувајте се да ги игнорирате лошите мисли едноставно мора да сватите дека тоа се само мисли. Јас порано кога ми беше многу тешко, тие опсесивни мисли ги сфакав како здраво за готово, се додека мојот психијатар не ме убеди дека ништо од тоа нема да се случи ниту пак јас можам да направам нешто што не го посакувам. УФФФФ колку беше мачно.Ама ви велам борбата се исплака САМО НАПРЕД и имајте на ум дека не сте само вие анксиозни. И јас сеуште сум ама продолжувам да се борам. Ајде поздрав за сите. Чао
Поздрав Италиана, браво за тебе имам сојузник те сметам за победник и тебе. Мене оваа чувбство ме држеше некаде 7-8 години ама да не ве оптеретуваат годините...Првин ми помина и едно две години бев добра...но потоа ми се сслучи несреќата со детето и затоа западнав подлабоко и долго. Каква сум инаетчика јас бргу ке го надминев но јас долго незнаев што ми е, криев од сите, мислев дека сигурно сум луда и дека кај и дае ке завршам на психијатрија.......и ништо не преземав, хе хе хе колку бев глупава а да си отидев навреме, да се посоветував со некого, да прочитав некаде дека тоа е анксиозност и дека осетливите луѓе патат од неа далеку поубаво ке поминев. Јас лежев. плачев и чекав да полудам, умрам...глупости... Затоа и ја отворив темава да им покажам на сите овие млади дечиња дека треба да тргнат навреме во борбата упорно и со сета сила ако сакаат да си го растоварат животот и да уживаат во него. Психијатарот кој ми помогна и ден денес се смее кога ке ме види а јас практикувам често давче ве сакам продожете со борбата Игноррр на нападите и лошите мисли, станете посилни од нив и тие ке си заминат. го посетам со цел да му се заблагодарам секој празник..тој стана мојот спасител. Поздра
sakam da prasam dali na nekoj na pocetokot od anksioznosta koga e najloso mu se ima slucuvano da se razbudi u sred nok, prepoten, da mu e loso u stomakot i da se oseka kako pred onesvestuvanje? mene ova mi se slucuvase prvite mesec dva i posle prekina.nemozev da spijam navecer i obavezno se budev ispotena i mn mi bese loso, mi bese strav sama da spijam i obavezno terav nekoj da spie so mene....
da i mene ova mi se slucuvase, i plus se budev cela ispotena bas sega napisav za toa. i ja piev heleks odnosno ksanaks isto e toa. piev 2 godini i gi bataliv...
dunja mene mislam deka mi se slucuva nesto mnogu strasno jas nemav dete 15 godini sega imam i mi se cini deka ke mu se sluci nesto ,deka ke go ispustam deka ke mi padni nemozam da go zemam v raka i da izlezam na tarasa mi se cini deka mi paga ,mi se cini deka nema da izdrzam deka navistina toa ke se sluci ,mi se cini deka sum luda tolku posakuvav dete a sega ova pozdrav sovet te molam pisi .
Toa se t.n. intruzivni misli. Anksioznosta i zbrkanite nervni signali ti pravat vakvi misli. Mozat da bidat od sekakov karakter. Toa se samo misli ! Imaj go toa na um. I jas gi imam i se obiduvam da gi otstranam od glavata,ama sto poveke se trudis toa po zaludno. Procitaj na Wiki ke vidis-ne si sama,a nema ni da go ispustis deteto od race
Јас пак во последно време имам , некој вид фотосугестивни напади... Додуша фала му на бога, сега се многу поретки, но чудно ми е бидејќи предходно не бев свесна дека напад може и така да се манифестира...малку ми е тешко да ги опишам, но ќе се обидам, бидејќи сакам да знам дали е тоа честа манифестација на анксиозните напади? Обично нели, нападот доаѓа ненајавено и независно од околностите. Се јавува некое паранормално чувство дека го предвидуваш `ужасот` неколку минути пред тој да се случи. *Пример `знам дека сега ќе се онесвестам`. Е сега мене ми се случува истото, само визуелно ја гледам сликата на `лошата случка` *Пример- одам по тротоарче на улица и гледам од спротива на улицата иде кола. Во моментот во глава ја гледам случката, како пред да ме размине колата нагло скшнува и удира во мене. И тоа е многу реално и убедливо, што јас истиот момент трчам во спротивна насока како лудак Којзнае што си мислат луѓето од страна
Да Гузи убаво вели Блу..те молам појди на лекар ке ти препише нешто за смирување, а ти ТЕ молам малку похрабро...колку убаво ти се случува ..ајде среди си ги мислите... Игнорирај ја секоја лоша мисла отпрвин ке ти биде тешко ама со време ке се смириш. Поздрав!!!!
sto mi se sluci sabajle...mi zvoni alarmot u 7 da stanam za na rabota i se budam i naednas od nisto pocnuvam da osekam zuenje u glavata me oblea pot i nozete mi se stresoa sostojba kako pred onesvestuvanje..traese kratko ama se isplasiv...i sega neznam dali mi e od anksioznosta ili nesto drugo? mi se ima slucuvano i drugpat...dali mu se slucuva i na nekoj drug vakvo nesto?
mila ne mora sve da prepisuvas na anksioznosta mislam nekogas se slucuvaat takvi raboti mozno e toa da ti se slucilo zaradi naglo stanuvanje ili mala razlika pomegu visokiot i niskiot pritisok,ne veruvam deka e nesto seriozno pa i da e anksioznosta vo prasanje gledaj toa sto ti se slucilo sabajleeto da ne ti go remeti denot ne misli mnogu za toa i ne analizirajgo isto taka prodolzi so obvrskite za ovoj den.Guzi site imame pominato period koga mislevne deka nema izlez ama veruvaj ne e taka,izlez ima ke mu dojde kraj i na tvoite maki i jas se nadevam deka za mnogu brgu vreme ke bides podobro i ke uzivas so tvoeto bebence,prodolzi so tabletkite isto taka probaj paralelno so toa i psihoterapija i sto e najvazno od se pocni da veruvas deka eden den ke ti bide mnogu podobro moras samata da se ubedis vo toa i da soberes sila da odis kon toa zatoa sto sega imas najgolema pricina za borba.pozdrav
I pak strav od ludilo. Na fax me faka safra,ne mozam da dosedam,sakam da vristam od vnatre,mi zujat usite,znam deka sum anksiozna i deka se e od toa,ama uste poveke se nerviram i voznemiruvam,pa mi se tresat racete,i za toa se nerviram i taka se vrtam vo krug i gledam kako si go unistuvam zivotot A ako poludam,ako zavrsam na psihijatriska,ako si gi unistam site ambicii?
Поздрав до сите, како и секоја претходна ноќ така и оваа , јас неможам да спијам, па наместо да лутам со мислите в кревет почнав да шарам по нетов , да си барам лек !......случајно наидов на форумов и првпат коментирам....поголем дел од вашите коментари ги исчитав и што да кажам......од све по нешто си имам, да не набројувам, долг е списокот, ќе се откажете од читање...туку драга Дуња дај кажувај некој саглам психолог или психијатар кој пред све ќе ме сослуша добро пред да ми препише шака лекови( ако добро разбрав веќе си разговарала со некој)....кај еден сум била досега и немам коментар!..... несакам да вреѓам ама на човекот му треба психијатар....изгубив надеж дека ќе се најде некој кој професионално си ја врши работата кај нас...молам за помош, однапред благодарам!......
seto ova i jas go dozivuvam ... se boram nekako ,no ponekogash nemam sila..so tie odvratni cuvstva da se izboram sepak fala
Здраво на сите Не знаете колку ми е мило и колку надеж ми влеавте....денеска за прв пат читам форум на оваа тема...ги прочитав сите постови и посебно се израдував на оние од Дуња навистина инспиративни и позитивни....браво .Нормално штом сум тука значи и јас имам сличен проблем како и вие....Мојот психијатар ми препорача да не читам се и сешто по форуми(што и донекаде бил во право зашо тука има некои на кои не им е местото и некои кои шират дезинформации...без навреда) меѓутоа еве мене некако позитивно ми делуваше....Моите проблеми почнаа по квадратот на факултет а и др (кои јас ги сметав) ситници.Првиот пат кога го доживеав тоа чуство на страв, паника, потење, чувство дека имам грутка во пределот на стомакот а и грлото и која ме гуши; и сите др вам добро познати симптоми беше пред 2 и пол години.Тогаш не знаев или не сакав да си признаам некаде длабоко во мене дека имам некој психички проблем. Па така направив секакви др непотребни испитувања.Некој период не можев да излегувам од дома и стравот не си одеше колку и да се трудев да не мислам, но малку по малку се вратив во нормала....продолжив со нормално функционирање ,со факс и не поминаа ни 5 месеци пак се појави тоа непријатно чуство...овој пат мнооогу пострашно од првиот...и тука мислев дека готово ке полудам плачев по цел ден, не станував од кревет, и дома сфатија дека нешто стварно не е ок со мене.Не сум од Ск така да се вратив во родниот град.Почнав да посетувам психијатар но млад неискусен а и колку што можев да воочам и сам со нерешени проблеми и комплекси.Тоа ме врати чекор назад.Мислев нема спас.Прекинав да го посетувам и некое време ништо неможев и незнаев што да преземам за мојот проблем.Почнав да посетувам др психијатар.Од него сум прилично задоволна.Со разговори и терапија секој ден бев се подобра и подобра.Меѓутоа за мене беше многу чудно и незамисливо да останам во родниот град дури 9 месеци.Кога се вратив Ск минатиот септември па се до овој јуни јас бев супер...ма и дискотеки и журки...секаде одев...но ете јуни пак имав таква непријатна епизода.И пак исто, не отидов на одмор, излегував од дома со сила,и без волја, со психијатарот многу ретко можам да се гледам...и тоа многу ми смета....Еве сега сум пак Ск ама чувствувам пак напнатост и страв...затоа ве молам да ми препорачате некој добар психијатар тука во Ск.....однапред ви благодарам и редовно ке ве читам...ве поздравувам сите....
Jas si zakazav kaj Aleksandar Markcikic i so sini kartoni raboti covekot,sproti drzavna bolnica e lociran...imal nekoj nekakvo iskustvo so nego? Mnogu mi e tesko bidejki po 5 mesecna borba so anksioznosta pak mi se vrati,ovojpat vo oblik na strav od ludilo i gubenje na kontrola Taman pocnav da se opustam,da izleguvaam na raat,da odam na shopping,eve ja pak...ke poludam,ke se frlam,se mi e vo son,kako da ne gi prepoznavam lugeto. Sega ke vidime kako Markcikic ke pomogne Sepak ako bil nekoj kaj nego,neka pise kako pominal