Здраво. Нова сум на форумов, се надевам дека ја погодив темата. Би сакала да ми помогнете околу еден проблем со кој се соочува целото мое семејство, веќе долг период. Се работи за татко ми. Тој е многу добар човек, прекрасен сопруг, грижлив татко, голем пријател и им помага на сите луѓе на кои им е потребна помош. Ќе го раскажам тоа што го знам. Имам 18 години. Пред 15 години мојот татко имал психички проблеми, не ја знам точната причина за нивното појавување, но она што го знам е дека во тој период бил многу агресивен, постојано бил излезен од дома, пиел многу, не одел на работа, за ништо се карал по дома и слично. Ова јас не го памтам, мајка ми ми го има кажувано. Ми кажа дека нашле некој добар психијатар со чија помош некако успеале да му помогнат на татко ми и да го вратат онаков каков што бил. Мајка ми му се восхитува на докторот и вели дека, доколку не бил тој, не знаела што би направиле. Во наредните неколку години татко ми повторно бил истиот добар,грижлив,вреден и посветен. Нареднава негова состојба е онаа која остави најмногу трауми на мене. Имав 15 години кога на татко ми повторно му се врати анксиозноста. Овојпат во вистинско светло. Тој целосно се повлече во себеси, не зборуваше со никого, се плашеше да излезе надвор, постојано седеше во темница, кога ќе го видеше вклучен телевизорот веднаш го гасеше, многу се плашеше да остане сам, постојано ја бараше мајка ми, кога таа беше на работа тој сакаше да оди кај неа, сакаше таа цело време да биде со него (што е невозможно, таа мораше да оди на работа и да заработува, бидејќи тој тогаш не одеше на работа). Постојано спиеше и плачеше многу, иако дотогаш го немав видено ниеднаш да заплаче. Често и се јавуваше на мајка ми и плачеше на телефон. Да напоменам дека пред да дојде до ова татко ми и мајка ми се соочија со многу проблеми кои најчесто беа поврзани со фамилијата на татко ми. Не би сакала да навлегувам во нивната суштина, но главното е дека тој беше скаран со неговите родители, баба ми и дедо ми, не зборуваше со нив, а исто така не зборуваше ниту со неговата единствена сестра, тетка ми, ниту со тетин ми. Кога се разболе, дедо ми, баба ми и тетка ми беа до него, но тоа не го охрабруваше, тој беше единствено приврзан со мајка ми. Кога неа ја немаше исто како да немаше никој од нас до него. Долго остана во оваа состојба, иако мајка ми на сите начини се потруди да го извлече од неа. Често знае да каже и до ден денеска дека татко ми сеуште не е оној што бил и не предупредува да внимаваме како се однесуваме со него. Токму кога мислевме дека речиси се е во најдобар ред, на татко ми му стануваше се подобро, се опушташе, комуницираше со луѓе, тогаш настана сегашната ситуација. Всушност, повторно почна да зборува со баба ми и дедо ми, тетка ми и тетин ми. Наместо ова да влијае добро на него, сосем спротивното. Стана агресивен, почна да се кара за секоја ситница, ја навредува мајка ми во секоја прилика и постојано е со баба ми,дедо ми,тетка ми,тетин ми. Своето семејство како да го заборави. Многу ретко не гледа, не се појавува на работа, или пак доаѓа на кратко и си оди. Цело време е со различни луѓе, во движење е, а сепак не се однесува убаво. Мајка ми ја обвинува за се што му се случило, вели дека заради неа се разболел, заради неа добил шеќер (инаку откако му соопштија дека има дијабетес, тој се преплаши и се повлече во себе), дека мајка ми била љубоморна на неговиот однос со неговите родители, ги навредуваше нејзините родители бранејќи ги своите. И се закануваше дури и со ќотек, велејќи дека никогаш не ја тепал, но дека таа сега го приморува на тоа. Сеуште не ја повредил на никаков начин, знам дека не го сака тоа, знам колку ја сака, но доколу продолжи вака, не знам до каде би стасале. Во една прилика и рече дека таа била среќна кога тој бил болен, дека таа не сакала тој да оздрави. Овие зборови највеќе ја заболеа мајка ми, а и мене, бидејќи бев сведок на сите нејзини напори да го извлече од тогашната ситуација. Се извинувам за предолгиот пост, но не знам на кое друго место да побарам помош, бидејќи во сегашнава ситуација татко ми е неподнослив, со него не може да се зборува, а одењето на психијатар ниту еднаш не го прифатил и секогаш се противел на тоа. Ќе бидам бескрајно благодарна ако некако помогнете. П.С Дали некоја од вас може да препорача некој навистина способен психијатар во Скопје?
Ете и јас да ти се "пофалам"...Сега си дојдов од удолу си бевме со дечкото онака на едно местенце пријатна атмосфера и него го стегна паметот почна да ми кажва за случки пред години што се случиле за убиства,масакри во мк.пошто е тој спецјалец и нонстоп претурват по такви работи...Леле гагич,толку грозни работи не сум видела на филм и јас како јас одма почнаја некој филмој да ми се вртат во главчето мое безвезно почна топлината од петици да ми удира во глава,незнам што не ме фати...И и јас така ко тебе дирек хелексот абе за 5 мин.нова...Жими се то е на психичка база,жими се сакам некогаш по порачка да можат да се прат апчиња плацебо(без никаков ефект) и да ми ги спаковат во хелекс ама јас да незнам па да видам тогаш што ке биди
Леле срце баш ми е жал... Ова твоето на татко ти од една страна изгледа како анкс.од друга страна како биполарно нарушување...Мора да го однесете на психијатар...Седнете сите заедно како семејство и направете смирен муабет со него колку тоа влијај на сите вас...Тешко ке му биди да го прифати тоа дека му треба помош ама еднаш,два пати три пет и ќе мора...Сепак се работи за неговиот мир и вашата среќа...Ќе му дадат терапија и се ќе биде подобро...За психијатар во ск.незнам пошто не сум од таму.Се надевам дека некоја од девојките кој се од ск.ке ти препорачаат...
Ова сеа ме изнасмеа со апчиња плацебо бидејќи и јас сум истата.Хелекс обавезно имам со мене каде и да одам и ако ме фати паника мавам едно и за 1 минута готово поминува.Истото мажот ми ми го вели некако да можам во аптека кога ги купувам наместо хелекс да стават нешто друго и да видам тогаш како ќе ти делуваат.Оф на какви маки си сме тешко нас.Знаеме дека се ни е главата и упорно се трујаме со лекови.
Фала ти многу за советите, ќе дадеме се од себе. Иако, тој не не слуша туку веднаш почнува да вика како тој е во право, како тој е глава на куќата и знае што треба да направи.. Инаку, во право си, сега прочитав повеќе за биполарното нарушување и мислам дека неговото е токму тоа. Го пронајдов во секоја реченица напишана таму...
Истово што му се случува на таткоти мене ми се случуваше летото цело лето не излегов од дома и несакав светло само во темно седев без никакви звуци ,тешко е многу тешко сакаш да излезеш од таа ситуација но сваќаш дека си длабоко потонат во неа ,ке ти кажам едно нешто ,прво треба време да помине да се сврати малце и некако да го убедите да прими и некаква терапија ,тој несака да дојде на психијатар затоа што му е страв надвор да излезе не да одиде на психијатар а исто нема желба за ништо ,во тој случај неможе да се убеди за на психијатар и нема зелба за ништо затоа и плаче ,јас знам по мене јас цело лето плачев ,за да не западне и во поголема депресија морате да викнете ако е потребно дома психијатар зашто знам во каква тешка состојба се наоѓа ,а и тој несака така да му биде затоа сите му се криви и вика по сите и јас викав по сите зашто и самата незнаев како да си помогнам ,јас поцнав по степено во двор прво да излегвам седев надвор по цели денови ама се обидов да излезам,сега еве после 8 месеци излегвам секаде ,знаци не се секирај и време треба да помине.
Доколку е биполарно можите пример да го утешите дека многу побрзо поминува...Знаеш како и него му е тешко пошто се разочарал себеси сепак машко е,на нив не му е преодредено по природа да се нежни кршливи итн.Седнете направете си муабет и објаснете му,ете нема потреба од психијатар одете на невролог,скоро исто е ама нема толку одбивно и понижувачки да му звучи поздрав..
Па стварно,ете него му текнало па нека изведи нешто А инаку нас то ни е една сигурност,ако си имаме со нас да си лапниме едно,јас ако излезам без хелекс ми се чини незнам што ќе ми се случи...
Dali nekoj odi na psihoterapija i kolku taa pomaga i kolku vreme treba da se odi ili dali ima nesto novo,nekoj nov metod za lecenje kako n a primer tie ajurvedi terapii ili nesto slicno zosto ziveam sekoj den kako pod stres so vozbudi tahikardii i vo posledno glavobolki od site strani na glavata sto mn m ezagrizuva dali ova ne bi dovelo do nekoe psihosomatsko zaboluvanje?ovie turbulencii sekoj den ne veruvam deka ne bi ostetile srce ili dobivanje na pritisok i ete ti infarkt i red drugo,mnogu sum zagrizena.pisete
Ви препорачувам да го видите http://www.youtube.com/watch?v=san61qTwWsU http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=zdt ... =endscreen
Каков муабет Be-yO-nCe низ истото имам поминато не ти се прави муабет не ти се живее а камоли муабет да правиш ,под хитно на човекот му треба терапија и ако е потребно дома да дојде психијатар додека состојбата не се влошила уште повеќе
јаки антидепресиви.[/quote] Инаку некоја препорака за кој доктор да го посетам....Не добив ниту еден доктор..Јасно ми е дека јас нема сам да си помогнам.Мора доктор за мене.... [/quote] Каков доктор?Психијатар или??[/quote] Не сватив дека одењето кај психијатри е безврска работа.Ќе барам друга алтернативи т.е доктори....
Мораш да си велиш дека ке си помогнеш сам како тоа не можеш сам ,ако чекаш друг да ти помогне тоа нема да се случи од искуство ти кажувам,прво средисиги мислите кон позитивно ,и барај некој добар психолог,попрво би те советувала да отидеш на психолог и ако е потребно тој ке те упати на психијатар .
ke se mrdneme so pamet veke so tie bolestini i jas so ova moe prokleto gusenje gusi li gusi da mu se pluknam veke posilno e od mene ..................... sto da se pravi veke nz helppppppppppppp (((((((
Dali nekoj odi na psihoterapija i kolku taa pomaga i kolku vreme treba da se odi ili dali ima nesto novo,nekoj nov metod za lecenje kako n a primer tie ajurvedi terapii ili nesto slicno zosto ziveam sekoj den kako pod stres so vozbudi tahikardii i vo posledno glavobolki od site strani na glavata sto mn m ezagrizuva dali ova ne bi dovelo do nekoe psihosomatsko zaboluvanje?ovie turbulencii sekoj den ne veruvam deka ne bi ostetile srce ili dobivanje na pritisok i ete ti infarkt i red drugo,mnogu sum zagrizena.pisete persula Фем почетничка 20 Мислења: 38 Зачленет: 15 Јан 2013, 11:01
Persula и јас ги имам истите мисли како тебе да не има некоја последица од сето тоа...јас не сум слушнала за психотерапија овде кај нас барав и на нет не успеав да најдам. Незнам дали сте слушнале за ова психотерапевтка јас ги гледам нејзините видеа http://www.youtube.com/watch?v=vzTTx5pa ... sults_main
кажи ми тоа за paradoksalna intencija кај да го најдам го има негде на нет ? хехе ја ке почнам да го псујам по улица по кафичи хехехе
ништо ете како со вика генијалци ке го предизвикаме ке ни пројде ке му водиме инаеет аа ја се гушам секој ден чим станам поцнуваа ме стегаа кај градите ме боцка околу срцето ме гуши абе тоа е сеа денес хехе дури бог да чува ме заболе кај кичмата лошо се изтегнав цел ден мислам ке се парализирам значи мислев готово ке полудамм