Луѓе јас се утепувам од плачење моментално Пред 6-7 месеци почнав да добивам некои чудни болки во главата, значи не е типична главоболка туку остра болка во одреден дел од скалпот што трае од прилика десетина секунди и поминува... од никаде се појавува од никаде си оди. Бидејќи се борам со анксиозноста долго време, докторите ми рекоа дека ми е од тоа ама зошто не можев да се уверам направив компјутерска снимка и испадна дека нема ништо... и се уверив некако дека ми е од тоа и во последно време почнав да се подобрувам, порано ме болеше секој ден, првите 3-4 месеци а еве сега на пример два пати во три недели... и кога ќе ме заболеше си викав ништо не ми е ајде од анксиозноста е и се беше океј, се додека пред 10 минути сосема случајно на еден сајт не прочитав што напишала една жена, ги објасни истиве мои симптоми, неколку секундна болка во одреден дел од главата и рече дека и нашле тумор... многу сум потресена сега, сакам одма да им кажам на моите ама веќе и на нив им е смачено од моите хипохондрии ама што да правам, многу сум исплашена, не можам да престанам да плачам... инаку имам 16 години.
ако барас симптоми по интернет се ке си најдес.така да престани да барас.си се снимила сто сакас повеке од тоа.сите наши симптоми се слични со многу тешки болести.се ти е од анксиозноста.поздрав и не се секирај.
А да си провереше синуси?! Пошто и јас кога имав мака со синусите имав такви болки само мене не ме болеше место туку линија на главата,пример од челото па се до малиот мозок...И јас се плашев како тебе...Ама не мора и да значи дека ти е тоа,ништо чудно да е од анксиозноста...
Имам проверено се, снимка на синуси и компјутерска томографија на главата и ништо не ми најдоа... дури и правев такво со едни лепенки на главата што лепат (не знам како се вика)...
кажете ми сеа читав за тироидната па она ги има скоро истите симптоми какои анк. што значи ова дека имам тироидна недај Боже ,во повекето симптоми како стрес депресија паника се пронајдов па и тие се исто како и акн. и сеа што викате вие позз
Па гагич прочитав некои мислења тука дека сите со вакви симптоми ги пуштиле да испитаат тироидна жлезда и испаднало дека е во ред...Така да не се секирај,немаш проблеми со тироидната,но ако сакаш колку да бидиш рајат можиш да си испиташ
Епа доколку е така,нема потреба за грижа се ти е од анксиозноста,не си измислувај дополнителни болести,доволна ни е оваа што ја имаме
марина255 компјутерската томографија(кт) е баш затоа,да се види да не имаш нешто,а плус си направила и еег, се е во ред,така да немаш потреба од паники,и во право е блакце не барајте симптоми на нет,не си правете сами да имате панични напади,стравови...и после ја кривиме анксиозноста била ваква онаква,кога самите си правиме да ни биде такаЧ)ние и така сме пречуствителни,затоа никако барање болести и симптоми
marina ne si se zanesuvaj mnogu sekoj vtor covek ima takava sekundarna bolka vo glavata pa eve i jas i mene nekogas me zagrizuvalo ama pominuvalo i ne mu se sekiram taka i ti taa bolka ne e strasna tie bolki se neizdrzlivi i zatoa ne mu ja misli )))
Мојата доза за денеска..ви ја пренесувам и вас..Позз http://www.youtube.com/watch?v=mapJLmKLJcc http://www.divianarts.com/68726
Утрово бев многу напната кога се разбудив.А кога сум под стрес секогаш одам во WC и се празнам 100% и после немам сила за ништо....секој ден така и ми се појавија хемороиди.....утрово бев многу исцрпена испаничив и ги натерав моите да ме носат во болница. Отидов и кажав на матичната и ми даде упат за хирург да ми ги провери и јас секако не отидов...ми кажа дека ги имам оти сум многу напната нервозна. Има некој од вас кој го има овој проблем и бил на хрург на преглед?
Zdravo na site odamna nemam pisano no povremeno ve sledam dusicki macni kako mojata dusa ste i vie, sevo ova sto se slucuva na site vas pai na mene e od akcioznosta cicam ,za simptomi glavobolki i itd stvari, koga se ima napraveno lekarski ispituvanja koi se ok nema prostor za panika toa e akcioznost znam po neme jas pred 3godini sve ispitav se bese ok i doktorot mi konstatira akcioznost jas,sum svedok deka so akcioznost se zivee i toa kvaliteten zivot ako se podrudite samite sebesi ,eve primer nekoja na forumov pisa izlegla so deckoi koj bil specijalec i zborel so nea za nekoi ubistva kako na film i sto seslucuva so nea milion simtomi i slucuvanja vo nejzinata glava i odma tableta i ko nova e ,znaci toa e eden primer za se treba vreme ,jas sum primer za toa jas imam strav toa e toa stravot nas e negativen i ne pravi takvi isto i jas lelle nekoj kazal bolen e i toa go bolelo i odma jas na sebe ah mene toa me boli lele sto ke bide ke umram sega i jas i itd stvari znaci na mene mi bilo taka i sega znae po nekogas da mi e taka ,primer denes denov e ,tmuren vetrovit oblacen i ne mie edobro ama ke mine utre ke bide podobro ,sakam samo da vi posocam deka se ke projde ke imame pak losi denovi ama ke mora da se na vikneme i ke bide dobro i jas pijam terapija povremeno nekoja tabletka za smiruvanje i mine ne deka lekot e vo tabletata ama momentalno pomaga pa postepeno ke se custvuvame podobro i ke se vratime vo normala ke gi otfrlame tabletkite ike prodolzime ponatamu ,sakam da vi kazam deka ke doagaat uste novi stresovi kaj site nas koi ke ne priklestat pak kaj akcioznosta zatoa morame hrabro da se borime so druzenja ,so smea so pozitivni misli toa e lekot veruvajte, posociv primer da ne se povtoruvam treba ni na nas da se druzime so pozitivnos oklu nas da mozeme da zastaneme na svoi noze da znaete deka klucot e vo noi nekoja tabletka da samo da ni pomogne da se nosime so site simtomi i da se malku od malku smirime a drugoto e nase druzenje, smeenje ,prosetki, relaksacija i samo pozitivni misli, ajde dusicki mozeme nie zivotot e ubav vredi da se potrudime nie mozeme pozdrav i sekoe dobro za vas .nema vise lelel ova lele ona nisto ne mie ke pomine i toa e toa.
Здраво, гледам деновиве некако не сте расположени, изгледа не сте го прочитале последниот мој пост. Прочитав еден интересен пост каде што пишуваше дека пишувањето ве ослободува од анксиозност стрес... И си земав "дневник" почнав да си пишувам..нешто слично како на фемина СДК.. Со писменото опишување на вашата анксиозност ќе се ослободите од некои грижи и ќе ја подобрите вашата работна меморија за да можете полесно да се фокусирате на одредени задачи. Мене позитивно ми делува на психата. За состојбава да се надмине треба многу трпение, време и труд. Нитуедна промена не доага од денес за утре. Спојлер http://www.kafepauza.mk/zivot/mokjta-na ... e-povekje/ Знам дека сум досадна со последнава реченица, Ама ајде храбро луѓе, ние сме најсилните луѓе справувајки се секојдневно со оваа проклета анксиозност. И малку повеќе самодоверба! Секогаш си викам дека има добри и лоши денови, и дека на никој не му е совршен животот, па така и ние не сме исклучок. А од анксиозноста секогаш знаеме да си ги преувеличуваме работите. бидете ми поздравени!
Два дена се немам напиено АД ,ми снема апчиња а јас видов во петокот вејке касно беше и сега денес зедов ,незнам дали има врска оти правам два дена пауза без нив не осетив ништо лошо
sega ti e podobro se nadevam posto vise eden del od dejstvoto e pocnato i kontinuirano prisutno vo organizamot pa se nadevam deka ti e podobro i ke ti bide znacitelno dobro za normalen zivot jas piev elicea eden perios kontinuirano so prekin od po eden mesec skoro ceka godina pa sega bez niv samo tabletka zasmiruvanje po nekogas koga ke mi zgusne .pozdrav i sekoe dobro za tebe i site akciozni dusi ke bideme dobro samo treba vreme i trpenie .
Со анксиозноста и депресијата за првпат се соочив кога бев апсолвент.Добив тахикардија, бев уплашена,не ми се излегуваше никаде, мислев дека ќе умрам.Од насмеана, позитивна девојка се претворив во непозната личност.Можам само да кажам дека навистина има многу млади луге кои се соочуваат со ваква состојба.Бев на сите испитувања, излезе дека сум здрава.Мегутоа се приморав самата себеси да си признаам кој е мојот проблем.Мојот проблем беше тоа што си задавав премногу задачи и високи цели во животот.Научив да бидам задоволна со својот живот, одев на психијатар кој рече дека сум многу сензитивна и ми кажа нешто кое не го заборавам, а тоа е да бидам срекна со тоа што можам толку силно да чувствувам, да сочувствувам, да ги имам сите тие емоции.Амбициозна личност сум, дипломирав, се вработив и имам прекрасна врска со прекрасен човек.Им препорачувам на сите кои ги имаат првите сипмтоми на анксиозност да побараат стручна помош, бидејки оваа состојба се надминува, најпрвин со помош на лекарства кои ја смируваат психата а потоа со верба во себеси.Исто така препорачувам и било каква физичка активност,која проверено ја намалува напнатоста и стресот.
[/quote] И јас така си мислам!Инаку бев и по државни и по приватни доктори.Од приватните го посетив др. Чепреганов и тоа на своја желба.Реално и тој напомена дека кркорењето на стомакот нема врска со мрдањето и нападите.[/quote] Ме интересира,имам брат кој планира да оди кај др.Чепреганов.Дали можеш да ми кажеш каков доктор е и дали воопшто вреди да се оди кај него.Ако пак и некој друг знае нека пише некое искуство!