Devojki otvorete na ovaa stranica,pa mislam deka ovde lezi "zajakot"http://www.akademijauspeha.org/clanci_svi/Panicni%20poremecaj.html
Еве сум драги мои ЈАС ДУЊА која ви ја отворив оваа тема. Читајќи ВЕ се потсетив на себе си од пред неколку години...ОВАА бев јас, потполно иста како Биле-в, како Веснаплазма како...сите тука што сте Работат дојде до тука да си заминам кај мајка ми и да ги оставам маж ми и синот да здивнат од мене.Поупорна и поопака болест од анксот МИСЛЕВ дека нема. Мојат аборба ја имате читано и несакам да ве замарам....ама сакам ПАК и по 101 пат да ВИ кажам...анксиозноста се надминува и ВИЕ морате да ме послушате да си ставите во глава ВЕЖБАЊЕ на ИГНОРРРР на стравот кој надоѓа...знам ке решете еве ја оваа се занесува 100 пати сум го правела оваа..не бидува.Знам така е , но јас 101 пат успеав....денес не пијам веќе АД.понекогашполовина деметринче во стресни ситуации. БИдете упорни, пијте ги АД некое време под контрола на психијатарот и ставете во глава дека оваа е само состојба која еден ден ке ја надминете...време и упорност.Само немојте да обрнувате внимание на негативните мисли , тоа се само мисли и тие не ви можат ништо....тахикардиите ес безопасни , стиснете ги со дланки затворените очи и држете така 1-2 мин. тахикардијата ке запре, вдишете воздух , испијте малку ладна вода и продолжете да работите онаа што сте го зпочнале.Атакот не ви може НИШТО. Поздравче .Ве сакам ...бидете силни , се поминува. Дуња
Да ве прашам..Више сите синтоми ми се познати..Само овој нешо не ми е познат..печење онака на градите..знаци не на стегање туку печене..А читав дека печене на градите предизвикува срцев удар.ама сум исплашена..сте имале освен стегање и печење на гради?
Јас имав печење на градите тоа не е од настинка од анксиозноста е не плашисе нема никаков срцев удар да добиеш ,мене ми се појави после печење во рацете и нозете но фаламу на бога и тоа помина иако беше многу страшно мислев ке ми изгорат рацете и нозете
Јас веќе неколку дена имав мноогу вртоглавица врска немам од што ми беше... Отидов на лекар ама не си ја најдов докторката и паниката пак ме совлада па си порачав такси,неможев да изодам 1 километар,а таман мислев дека сум поарна... Решив да си купам Б6 пијам веке два дена и се осеќам подобра,дури и ми е смешно што така изреагирав ама кога ке дојди до тоа,никако не можам да се воздржам а да не испаничам...
^ И да си ја нашла докторката, ќе ти рече дека ништо не ти е, дека е од анксиозноста/стравот тоа што осеќаш и да не го мислиш толку. И, што е право, стварно таа нестабилност е симптом од оваа состојба, но е зезнато тоа што и да отидеш на лекар нема што конкретно да ти даде за да помине тоа чувство на вртоглавица, освен советот да не му се плашиш. И мене ми го кажувале истото, и ќе те подсмири тоа на момент, ама пак стравот некако останува, и тоа е проблемот. Мора сами да си се убедиме дека и да се осеќа тоа, пак ќе изодиш и ништо нема да ти биде, дека ќе пројде, зошто ако ние не си се убедиме, никој не може да не разубеди.
Абе нее...Јас никогаш сум немала вртоглавица отидов да ми дај упат за крв да испитам пошто железото ми паѓа на пролет..Инаку вртоглавицата не ми е симптом...А инаку знам дека мора убедување и голема воља...
^ Ок е тоа да си провериш кога нешто те мисли, така и е најдобро за да не го мислиш дал е од ова,она, да си спровериш. Тоа е секогаш прво, ама работата е што секогаш резултатите испаѓаат во ред, што и да се проверува, што е супер, а симптомите се појавуваат пак, што значи дека сами си ги правиме. Е, за тој момент ќе ти речат ништо не ти е, треба да се смириш и сл.
slucajno gledajki i barajki resenie za ovaa glupava aksioznost naidov na ovaa terapija na interne i na srpski jazik e ako sakate procitajte na mene se nadevam ke mi pomogne http://socijalna-anksioznost.blogspot.c ... i-deo.html
Јас сум пиел порано некое време ама да ти кажам не сум чуствувал некоја промена, не ми помагаат многу.Сега пијам само диазепам и бедоксин ама и од тоа фајде нема ако имам напади.Секој ден се повеќе се гушам ме боли цело тело ми се стега желудникот повраќам не можам да јадам, не знам веќе ни како да се спасам од оваа состојба.Мене ми е уште полошо пред менструација и кога сум со менструацијата тој период ми е ужасен катастрофално се чуствувам.
сакам да ве прашам сите што сме овде: дали кај сие се јавува истото,два дена добри а после повторно лошо
Исто и кај мене е мислам таква е нашата состојба понекогаш губам надеж дека ќе се ослободим еднаш засекогаш.
Ајде доста се жалите знаете колку негативна енергија си давате од самото жалење мене вака ми е леле мене така излезете прошетајте потрчајте макар и сосила само не се жалете од жалење никој нема да оздрави ви кажувам од искуство, се жалев жалев на сите околу мене зошто ?за ништо за потешко да ми биде,потоа си реков море јас ако не се подрудам бадијала ми е све и почнав од првин со сила да вежбам дома некој најлесни вежби знаете колку со сила вежбав ми се плачеше ама вежбав,а за вера и за библија да не ви зборувам затоа што имам пишено за тоа во поизминатите постови никој не сака да слуша иако мене тоа премногу ми помогна,а да ви кажам зошто не сакате за тоа да слушате и да го применувате?Затоа што во вашето тело има толку многу навлезено демонот што не ви дозволува да ја проучувате верата која на секој од вас може да ви помогме како што ми помогна мене.И затоа драги мои бадијала на форумов пишите и лелекате таа енергија што е во вас толку е негативна што ви ја одзема силата да мислите позитивно и да применувате некои божји работи ,а верувајте дека господ на сите сака да помогне додека барате од него помош.Барајте ке ви се даде.