jas nemozam ni da se namolam da odam i uste od doma drgam so mislata deka ke mi se slosi i normalno potsvesta raboti i jas uste ne sum stignala i pocnuvaat simptomite...aman veke sea na forumov se zacitav za tiroidna zlezda i nekako se zagriziv zosto simptomite od anks se slicni skoro isti i kako kaj tiroidna zlezda no jas ja proveriv pred 2 3 godini i nemav nisto, bas koga pocnaa simptomite od anks mn luge mislea deka mi e tiroidnata. [mod-kirilica:33nbjptz][/mod-kirilica:33nbjptz]
Тоа не е причина да не ја провериш повторно, и мене пред извесно време ми беше ок ама последниот пат резултатите беа зголемени
mnogu tesko neznam so da se praj gi isvrliv apcinata oti ne pomagat sega sama se boram ama e mnogu tesko dali ova ke pomini pomos
еее девојчиња мои мили...иако не ве знам почнав да ве чувствувам блиски....и јас долг период неможев да се натерам да излезам од дома,кафичи и дискотеки не доаѓаа во предвид....но во последно време некако се терам со сила....и верувајте ми можете...облечете нешто во кое се чувствувате убаво...малку шминка...и плус уште некој ритуал кој ке ви ја подигне самодовербата и напред...знам дека малку ке ви биде тешко во почеток...но малку по малку...ке се уверите...на почеток и мене ми лупаше срце, неможев да ги гледам ни слушам тие околу мене...ама коа ми е така тешко си викам АЈДЕ ШТО САКАШ ОД МЕНЕ...АЈДЕ... НЕ МИ МОЖЕШ НИШТОООО (можеби ви звучи смешно што така му се обраќам на тоа гадно чувство)но ми помага...ке се концентрирам на музиката или на некој разговор и поминува...пс сега излегувам скоро секој ден....затоа ПРОБАЈТЕ и вие...што полошо од ова сега може да ви се случи???НИШТО!!! така да само напред!!!ве поздравувам сите
Поздрав Алис многу ми се допадна девојченце....толку млада и толку мудра БРАВО.Навистина си потребна на овој форум. Поздрав
Zdravo na site posebno do Dunja ,navistina ti se voshituvam ,jas bev mnogu silna licnost no ovie 3 godini mi se pekol ,dodeka nemav dete si velev ajde ke dade gospo ke se smenam no sega poloso imam dete koe mnogo go posakuvav i naj losa misla deka ke mi padni deka ke go ubijam i toa stresni misli koj mislam deka ke se ostvarat ,dunja kako ova da se pobedi ovaj pekol ovaa stravotija mnogu se plasam pozdrav do site a posebno do dunja .
Кога го прочитав твојот пост, инстантно добив насмевка на лицето. Навистина позитивно ме расположи... Вистината е дека живеењето во напната атмосфера, без разлика од каква природа е напнатоста, е многу тешко. Јас се чувствувам дека ја имам самодовербата донесено до нула и дека имам изгубено воља за многу работи. И додека повеќето од моите пријатели кои се наоколу, живеат многу послободно и порелаксирано, некојпат се прашувам зошто сум јас баш таа на која мораше ова да и се случи. Ви се случило да ви чепкаат намерно по работите на оваа возраст на која сум јас? Небаре се дрогирам. Ви се случило да се разбудите а дома да не бе пречека ниедна насмевка, само лути и разочарани погледи? Ви се случило да ве чекаат во два сабајле да се вратите од град во викенд и да почнат со повишен тон баш тогаш да бараат да се разговара, затоа што тогаш им текнало а потоа одкога ќе ви се навикаат и ќе бидите кривец за многу работи, тие ќе си легнат а вие ќе останете до раните утрински часови со солзи во очите и ништо повеќе од разочараност. Ви се случило ли да го повикаат вашиот дечко на разговор затоа што сметаат дека имате некој проблем, и тоа под притисок ако не се случи тоа дека ќе се обратат до неговите, само затоа што сметаат дека имате проблем со тоа што не сте добиле диплома на време? Ви се случило ли секојдневно да ви трубат како сите наоколу успеале а вие сеуште сте многу назад. Како со ништо не сте ги усреќиле и како не им се оди никаде затоа што нема што пофално да кажат за вас? И уште низа работи. Сето ова го поминувам веќе подолго време, тотално ме разочараа!
Да. и тоа трае низ целиот живот...завршив основно се запишав средно и ете го татко ми - ти нема да учиш, нема да завршиш. Учев и завршив скрос одлична...дојде факултет- само ако не те примат ке видиш ти- ме примија, и тоа бев трета на список од сите примени, дипломирав англиски јазик и литература...само што дипломирав се вработив и еве трета година работам ама и ова не е доволно. Сега ме прашува татко ми како сум се задоволувала со тоа да бидам професорка во основно училиште? епа незнам со сакаат повеќе..еднаш немам слушнато да ме пофали да ми рече браво за нешто...а тоа како цел живот ги следам караниците на моите, и сите глупости што се случувале дома, а јас отсекогаш сум била поемотивна и потрагично сум ги примала работите, и за се сум плачела и сум се секирала мозе влијаело да денес се најдам во оваа состојба..многу брзо избувнувам, и за ситница се нервирам и карам и после ми е лошо..а знаете колку нејкам да сум таква? ама ете, карактер...само ми е страв дека состојбава нема да исчезне...знае да ми биде лошо и кога сум дома а не само кога ќе излезам...од нигде ке ми се пресечат нозете, ќе ме облие некоја пот, у сред ноќ у сон знае да ми се случи...ама веќе некако се навикнав...заклучок е дека повеќето од нас имаат слична приказна односно коренот на проблемот е сличен...поздрав до сите и бидете посилни. иако јас не успевам !
Морав да ве поздравам сите, гледам и нови членови и ми е мака . Морам да кажам дека почнав да излегувам од состојбата на анксиозност, секако не сум скроз залечена, ме факаат бедови чат-пат али не е како што беше. Дуња браво што си се уште на форумов, имаш големо срце Поздрав до сите и колку можете отфрлајте го стравот
Јас одам кај Д-р Грамов и многу сум задоволна. И кај мене почнаа нападите кога писав квадрат на факс, не мозев да најдам работа и се затварав дома. А сега имам уште еден испит и работам, нормално од време на време ме фаќа паника, но многу брзо ми поминува. Поздрав до сите и не чекајте, побарајте помош од психијатар, не е ништо страшно.
сакав да ве прашам сите дали аниксиозноста ви прави проблем кога возите кола (мислам на тие што знаат да возат) ? дали има воопшто некои што се аниксиозни а возат? јас уште немам возачка но се учам да возам.... сега баш одвреме навреме ме фаќаат пак паники, но бидејќи не сум сега како што бев сакам да научам да возам а кога аниксиозноста кај мене имаше најголем замав мене ми беше страв да се возам и со било кој за да не ми се случи нешто а камоли да возам.... понекогаш ме фаќаат паники уште пред да влезам вкола ама не е ништо страшно... се надевам дека конечно ќе дојди ден да се разбудам без аниксиозноста
Добра вечер. Јас сум анксиозна но не онака како што бев. И да возам кола и не престанав да возам дури ни во најтешките моменти кога имав страв од се и сешто и кога мислев дека некој ке прегазам јас сепак останав на своето Да НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ. Еее што ли се не преживеав ама еве дојдоа и подобри денови. Иако и сега понекогаш имам слаби анксиозни моменти но не ме оптоваруваат. Само да имате на ум дека ова чудо не минува преку ноќ. Дајте си време, не се брзајте и не се плашете од ова чувство. И порано имав моменти кога се беше супер па повторно ме обземаше но како минуваше времето јачината на анксиозноста се губеше. Воопшто да не ве плаши ако вчера сте биле супер а денес не сте. Знајте дека ако не утре тогаш задутре пак ќе биде се ОК. Редовно ве читам и сите ве поздравувам. Само како податок,кога ми бече најтешко му велев на мојот психијатар зошто сум толку слаба личност па неможам да се изборам со чудово? Тој ми одговараше, Напротив ти ,како и сите анксиозни луѓе си многу храбра но не си свесна за тоа.Е и сега од овој аспект кога се е веќе полесно верувам во нашата храброст. Верувајте и вие бидете упорни и само напред. Добра ноќ.
Здраво на сите, здраво Писателка и не знаеш колку сум среќна кога те прочитав тебе,Италиана,Алис..девојки кои чекорат кон конечната победа над анксот.Веќе не сум единствената на овој форум која тврди дека се евозможно па и тешката анксиозност може да се победи, а јас би рекла да се надмудри.Потребно е само сега и веднаш да завземете одбрамбен став и да си речете ЈАС СУМ ЗДРАВА И НЕМОЖЕ НИШТО ДА МЕ ВОЗНЕМИРИ.ТОЧКА!!!!!!!!! Знам во моентот си велите ,,како,,???????јас не можам ,, и наместо да се усмерите конпромена на мислите во позитивни вие ги негувате негативните кои ја засилуваат анксиозноста ии даваат уште поголема сила. Да морате оваа да го практикувате и во комбинација со лековите од психијатарот иразговори со истиот ВИЕ ЌЕ УСПЕЕТЕ. Јас успеав вака..игнорррррр на сите негативни мисли, негативни личности кои со години ми го тренираа нервниот систем....игнорррр на стравот хе хе хе тој мене не ќе може да ме турне,јас него го турнав, Верувајте ми вака ке успеете. Поздрав Ве сакам сите Гузи оди на психијатар Те молам ништо не е страшно можеби ке добиеш некое лекче за смирување и за кратко време ке станеш старат добра Гузи.....обиди се, бори се за детето ако не за себе.
Уф, комплицирано е Пред 8 години кога ми се појави Анксот (после шетање од еден на друг психијатар) стигнав кај Марцекич и бев пре задоволна. Состојбата драстично ми се подобри и јас на своја рака ги прекинав лекарствата а и психотерапиите (голема грешка). Пред некое време кога Анксиозноста ми се врати, сакав да отидам повторно, но слушнав дека многу поскапил, (кога бев јас беше 800ден од сеанса, а чув дека поскапил на 1200) Отидов кај Ставре Грамов. Ми рекоа дека работел со сини картони. Но на крај сватив дека џабе картоните, повторно ми доаѓа како да се лечам приватно. Тој ми ја препиша првобитната терапија, но искрено не сум најзадоволна од него заради субјективни причини. Слушнав дека и Марчекич почнал да работи со сини картони и пред некоја недела се вратив кај него. Зема околу 3600 месечно (2х неделно сеанса) Сега за сега сум презадоволна, човекот си е професионалец и си ја знае работата. Исто и системот на работа му е на ниво, имаш дискреција (што е посебно важно), и работи со современи методи.
асентрата била лек баш за оние што имаат намален серотонин а јас токму тоа и имам...мене ми ја препишаа асентрата уште пред 2 години кога праев ЕЕГ на главата заедно со хелекс, ама се напив 2 3 апчиња, и не ми пријаа и ги баталив,а ете да сум ги пиела до сега може ќе ми било мн подобро...
уф тебе те уплашиле нуспојавите кои се јавуваат на почетокт. Незнам како не те предупредил докторот дека не треба да те плашат, нормални се и мора да ги издржиш. Мене на пример, не ми се јавија некои тешки нуспојави, (само сонливост и мачнина во желудникот,-првите денови) можеби зашто почнав со многу мала доза (четврт апче од 50мг првите три дена, чисто за да видам како го поднесувам лекот), + 0,25мг хелекс, потоа постепено ја зголемував дозата и застанав на 100мг. Братучетка ми пак, кога почна со Асентрата имаше такви лоши нуспојави, што беше застрашувачки. Повраќање, зачестени напади, вртоглавици, не можеше ништо во уста да стави а константно имаше нагони за повраќање, дури и суицидни мисли. Но докторот, буквално не и дозволи да ја прекине терапијата, за што подоцна таа му должеше живот! И она ми беше жив пример за тоа какви чуда прави лекот... Инаку, да јас сум правела ЕЕГ неколку пати до сега. Мора да знаеш дека почетокот на терапијата е тежок,(особено првите 3/4 денови) и секој го доживува индивидуално, затоа се дава и хелексот за да ги ублажи симптомите. Но мора да бидеш силна, да стегнеш заби и да издржиш, имајќи во глава дека тоа е првиот чекор кон успехот. ќе се повторам: Јас првпат ја почувствував Асентрата дека навистина делува, дури после месец и нешто конзумација, кога се префрлив од 50мг на 100.