Ми препишаа Депрозел..психијатарот рече депресија,па какво е вашето искуство со депрозел?Инаку подобро сум некако..само што ми е страв да спијам...и ми идат секави мисли,ова не сум јас...што ми се случува..страв ми е да зборувам понекогаш оти мислам дека не сум јас..мислам дека се сменив. и само тоа ми се матка низ главава,потешко учам,немам концентрација..мислам ќе полудам САКАМ СЕ ДА ПОМИНЕ САКАМ ОВА ДА ПОМИНЕ..и чувстувам во колениците притисок некако..од утре ќе почнам да пијам Депрозел,а Дијазепам пред спиење пијам...зошто мене ова да ми се случи?имам само 19 години а почнав со дијазепами и антидепресиви
здраво GIRLLOVE како прво да ти кажам јас ги користам депрозел сега. Го користев и претходно една година. Додека го користев ми беше добро го прекинав некое време, и сега пак почнав да го користам.Ги пијам по 10 мг наутро секој ден и по потреба деметрин. Од нив ми се врати апетитот се поправив 10 кг сега а и претходниот пат се бев поправила 10кг но по прекинот пак се вратив на нормала. Сите што ги познавам што го користат или го користеле се задоволни на некој начин. Но мое мисленје е дека ни едни апчиња не можат да ни помогнат едино само ние самите.Секои апчиња само моментално делуваат по прекинот ние пак почнуваме од почеток за тоа треба ние самите да се избориме како што веке Дуња го направила тоа.Поздрав до тебе и до сите други.
здраво мила јас сум корисник на депрозел веке подолго време само насабајле половинка,а понекогаш и заборавам да се напијам оти веке долго време го пијам,добро ми е немам страв,по сигурна сум ,но сепак од некаде пак ме јаде по малку црвот на несигурноста дека ке ми се случи нешто ,но се борам и ми е страв да ги откажам во целост...ете толку поздрав
a dali nekogas vi se slucilo da imate mora nocno vreme koga spiete da imate cutsvo deka nemoj ve gusi i nemozete da stanete od krevet mene cesto mi se slucuva vo posledno vreme i mnogu e neubavo custvoto [mod-kirilica:2owgdetj][/mod-kirilica:2owgdetj]
Па кога сме веќе тука...какво искуство имате со психијатри...препорачајте ми некој кој ви бил од корист,ако не сакате тука ве молам во инбокс. Било каква инфо,дали е добар и слаб психолог,ке ми биде добредојдена.
јас да се пофалам пијам апчиња и подобро ми е , додуша неможе од одма да ми биде супер ама ми е подобро во секој случај...јас лично одам во ѓорче петров на лекар и задоволна сум...сум била два пати до сега ама мислам дека е добар...работи со плави картони и не е скапо...во амбулантата во горче .
аман веке каде и да прочитам во се се наогјам и јас ,во секоја болест зар од се сум болна или само сум многу анксиозна ?пијам и јас Депрозел и нешто друго понекогаш за релаџ ама пак сум некако ,,незадоволна,, ..позззззззз
Aнита и на мене ми е исто. Дали е од промената на времето не знам ама многу сум напната и имам вртоглавица и целата се чувствувам омалаксана. Се ми е некако по наши кажано мутаво,а нешто и апетитот ми се намали.Позз до сите.
поздрав Биле,само нз до кога ке имам јас ова она,промена на време ,главоболки ,немам некое расположение и така како што каза ,,мутаво.,, поздрав за сите
Здраво на сите. Барајќи информации за психијатриски ординации на интернет пред два дена, наидов на овој форум и еве цел викенд интензивно ги читам сите ваши искуства. Пред една година шетајќи низ една европска метропола и разгледувајќи знаменитости ми се слоши, почувствував дека ке паднам во несвест и мислев дека срцето ми откажува. Веднаш бев префрлена во хитната служба во тој град и ми беше констатирана анксиозност и ми дадоа лоразепам.Кога видов на кутијата дека ствараат зависност, одбив да ги пијам редовно. Јас до тој ден не ни знаев што е тоа анксиозност.Веднаш се вратив во Скопје и од тогаш почнува мојата борба со оваа состојба. Во Скопје првиот месец од дома не излегов. До тогаш имав работа која беше поврзана со чести патувања низ светот и презентирање пред огромен број на присутни, но по тоа мое враќање,најдов оправдување да се откажам од таа активност затоа што ми беше непоиливо да го правам тоа повторно иако од секогаш сум го сакала тоа и никогаш во животот сум немала проблем сама да патувам по светот. Сега веќе една година немам излезено од Македонија. Мојата фаза варира. Имам многу добри периоди кога самата си велам дека ова ми се случило како знак да закочам малце, но секој нов напад ме деморализира. Бев кај еден психијатар на муабет, многу квалитетен доктор, но едноставно излезе дека сум го погодила најскапиот доктор и неможев финансиски да го издржам тој момент ( или така си зацртав во главата) а кај друг несакав да одам за да не поминувам пак низ целата таа приказна па зошто па како. Инаку јас немам проблем да одам во град да бидам со други луѓе, мене најмачниот дел ми е кога се спремам дома да излезам и да стасам до местото каде се чекам со некого. Пробав еднаш да се тестирам да се качам сама во градски автобус, но не издржав ниту три станици. Од семејството имам огромна поддршка.Секаде ме разнесуваат или придружуваат ако имам потреба од тоа, но јас неможам да се помирам со тоа дека така ќе бидам цел живот. Знам дека ме очекуваат уште многу битни и убави моменти во иднина, а јас од овој немир неможам хармонично да ги доживеам. Посебно се депримирам кога читам дека луѓе се борат и со анксов долги години. Деновиве кога повторно одбив да заминам за Нова година надвор од државава решив конечно да и објавам битка на анксиозноста и посетам психијатар. Драго ми е што постоите и вие со вашите искуства иако би сакала никој од нас да немаше потреба да го посети овој форум. Поздрав и брзо опоравување
Ех моја мила Беа и мене тоа ужасно ме нервира,работев на две работни места а сега седам дома.Поради анксиозноста бев принудена да ја напуштам работата бидејки не можев да подносам гужва,да седам на едно место и ред други работи.Во овие мои 3 години никакви пробав да одам на работа ама ништо издржав само 2 ипол месеци и повеке не можев,и кога и да помислам на работа на мене ми станува лошо. Но планирам пак да пробам некаде ама на некое друго работно место каде што е повеке во движење.Не ја губам надежта дека еден ден ке станам истата личност што бев.Можеби ке треба уште некое време да помине ама ке ни биде добро верувај ми.Потоа ке бидеме посилни од тоа што сме биле . Поздрав до сите ве сакам.
истото и мене ми се случи, наеднаш ми се слоши и од тогаш почна се..и јас неможам да се возам со јсп, и имам страв од гужва и во се потполно сме исти...сега пијам асентра и лорсилан и ми е мн подобро...пиеш ли ти некакви апчиња? поздрав и само борба
Здраво Мила 23.Читајќи ги досегачните постови и јас се пронајдов многу во твоите пишувања, само што јас одбивав да примам било какви лекарства. Во принцип и за настинка не сум зимала апчиња. Сепак веќе една година во ташна секогаш ја носам кутијата со лоразепам што ми го препишаа на почетокот и го зимам само во најголемите кризи кога ептен ми е лошо. Меѓутоа веќе стварно ми е преку глава од овој постојан немир па почнав пополека да го преиспитувам мојот став кон апчињата
знам, и јас имав одбивност кон апчињата и 2 години пробував сама да се излечам ама неможе верувај дека неможе..нормално треба сама да се бодриш и да си даваш сила ама мора и апчиња.
драга беа истото и мене ми се случи мила на факултет и од тогаш ни го заврсив факултетот ни ништо до душа мене не ми е секој ден така лошо на периоди мие одвратно. јас пиев seroxat paroxetin i heleks 0.50 ама и казав стоп на апчинјата и пробувам сама, Тешко е многу посо се осекам како наркоман кога кризира, јас бев до тој степен да и викам на мајками да ме гледа кога се банјав посо ми страв да не паднам, само мој совет извегнувај да се друшис со негативни луге и неслусај кога некој зборува за болести затоа што ке гио дошивеес во истата минута. Еве на пример пред некој ден видов цовек како умре пред мене и тоа верувај само ме ојача малце, па си реков во себе што се занесувам и ако мие пишано да умрам ке умрам и дома да сум. треба да бидеме појаки малце поздрав и не се нервирај се ке помине знаеме сите како ти е посто сите минуваме низ истото со тебе сме и биди јака, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ
Asentra ,seroxat,helex,zalasta,i normalno demetrin ,e toa se tableti koi sekoj psihijatar ke vi gi prepise za anksioznost,i do koga taka do kade ? do nikade ..pijate i se custvuvate ok a koga ke prekinite povtorno isto ,strav ,vrtoglavica,nemir ,gadejne ,potejne,tresenje race noze itn, Sedum god se borev so ovaja nametnata misla ,prvite godini samo me klukaja so tableti odi od eden na drug psihijatar ,site mozni ispituvajna gi napraviv ,nema nisto se e ok .Ne lazete se ovaj psihijatar e ok ovaj ne e site se isti bar vo cela makedonija gi pominav site taka da ...Za ovaja nametnata misla sto ne se narekuva bolest a i ne e bolest mozam da vi kazam deka najdobar psihijatar treba da si sam ,,imav i teska vtroglavica od koja ne mozev ni na noze da sedam ali sega povejke ja nema ,,,zaprasajte se vaka ? Samite vo sebe milite i custvuvate deka ke padnete ne ve drzat nozete vi se vrte vi se losi e taka ...a da ve prasam vaka ?DALI nekogas ste padnale od taja vrtoglavica ? MIslam deka ne ,e taka sto znaci ovaja nametnata misla si ja predizvikuvame sami ,i ke uspeete veruvaj te mi ,ne klukajte se so jaki tableti tie od edna strana vi pomagaat momentalno od druga ve unistuvaat ,moze samo demetrin da se zema po potreba , druzete se so pozitivni lujge ,kolku sto mozete ,ne gledajte vesti izbegavajte tv podobro citajte kniga pijajte cajce od kamilica opustete se so svojot partner ili partnerka i uzivajte vo zivotot ,,USTE NES jas ne sum DOKTOR jas ne sum gatalec ednostavno patalec koj go pominal sve toa sedum godini ,ve pozdravuvam site [mod-kirilica:j7bsquvi][/mod-kirilica:j7bsquvi]
eeeeee bleki da beshe toa tolku lesno jas veke poveke od 5-6 godini pijam deprozel i nekoi drugi vo kombinacija mada gi namaliv i gi ostaviv i sve probav ama nema pominuvanje i se bukvalno sum probala no pak doagja toa,ne taka cesto no smetanje na guzvi ,vrtoglavici,gubenje tlo pod noze potenje,,,uffffffff......nz jas nekako se boram samo so toa sto mi e vo glava i tolku..ve pozdravuvam site
DALI nekogas ste padnale od taja vrtoglavica ? MIslam deka ne ,e taka sto znaci ovaja nametnata misla si ja predizvikuvame sami ,i ke uspeete veruvaj te mi-оваа се зборовите на Беа Поздрав до него!!!!!Сепак ке ни биде од корист ако ни раскаже повеќе за борбата и справувањето со анксот. Еве уште еден кој ја победил анксиозноста.Ја победив јас Ке ја победите и ВИЕ. Поздрав Ве сака Дуња Простете гршка Блек...
eeeeeee mila dunja e nemozam veke samo se nesto mi e segde se pronaogjam kaj so ke procitam ama mora da se boram znam pozzzzzz
Ги разбирам препораките дека на крајот ние самите најмногу можеме да си помогнеме, но тоа е сепак процес кој може долго да потрае. Тоа е исто како што декларативно сите се сложуваме дека животот е еден и дека секој ден треба да го живееме исполнет со хармонија, но во реалноста повторно секој ден се подлегнуваме на стресни ситуации и се замараме за небитни работи. Мене најголемиот проблем со анксиозноста ми е што преку ноќ ми го смени животот и јас би сакала да постои волшебно стапче што од утре би ме вратило пак во нормала. Несакам да прифатам дека вака треба да преживувам со години. Инаку овие денови нешто сум оптимистички настроена па почнав и после една година пауза да аплицирам пак за работа, но додека праќав апликации осеќав голем немир,што би рекле "барам работа се молам да не ја најдам " Од кога ми се случи првиот напад ја напуштив дотогашната работа и реално незнам како би се чувствувала на работно место со моменталнава ситуација. Поздрав и би ми било драго доколку може да ги споделите вашите искуства од работните места.