Реков еднаш нема да пишувам повеќе,затоа што некои се најдоа вознемирени,ама овој пат ќе чувствувам грижа на совеста ако не пишам,а се мислам долго време. Моја претерано блиска личност е под ад и слични таблети веќе 25 години со иста дијагноза,анксиозност.Што се случува денес?!Неподносливо е.Освен страв дека нешто ќе и се случи,претерано се плаши за своите блиски,тешко остварува контакти со луѓе и нема никаков социјален живот.И се случија големи потреси на работа,фирмата пропаѓаше и сеуште пропаѓа,останува во неа како капетан на брод кој пропаѓа и не сака да си замине,само затоа што се убедува дека ќе се опорави,а не е тоа,туку затоа што нема храброст да се соочи со нова околина,а плус оваа работа и допушта флексибилност во однос на нејзината состојба која морам да признаам на прв,втор поглед не се забележува,тоа само ако вистински ја знаете и ве прими во тој магичен свет.Е под хелкес,не знам која доза и колку пати дневно,по потреба и деметрин и дијазепам...но,стравот постојано е тука,а зошто е тоа така?!Затоа што нашите психијатри само даваат дијагнози и препишуваат таблети,не го наоѓаат коренот на болеста и соочување со него. Анксиозноста не е болест за да се третира со таблети,за неа е најважна внатрешната борба и враќање во минатото.Секое зошто да си го најде своето затоа и да се надмине.Пре ви советувам психолог,ако ви треба насока и не можете да ја пронајдете сами,не е грев,ниту грешка ако не сте склони и вешти кон самоанализи.Не се вртете во круг,ниту инсистирајте да најдете добар антидепресив,затоа што времето за таков може да биде многу долго,а секој неуспешен обид да ве враќа се поназад,подобро насочете се кон себе и вистинскиот проблем.Но,секогаш имајте на ум,дека и на оние на кои вообичаено изгледа дека им е најдобро и се среќни им се случува да запаѓаат во чудни,нерационални расположенија.Затоа не го оценувајте секое расположение или физички симптом како резултат на анксиозноста. На крајот на краиштата,познавам луѓе кои совладале сериозни болести,кои навистина им го загрозиле здравјето,па живеат нормално,среќно и без страв.Анксиозноста и стравот се ситна риба,морате да се убедите во тоа.
Здраво ,јас сум нова на форумот,како ги читам вашите постови се пронаоѓам во се.Ве молам кажете ми каде да одам на психотерапија?Дали во скопје има некој добар психотерапевт кај што сте биле?Пробав со психијатар ама ништо не помогна,бев само два пати ,не ми препиша антидепресиви само деметрин по пола,ама мислам дека ми треба баш добар разговор со психотерапевт,да се ја повратам самодовербата и да не се плашам од секакви глупости.Фала ви однапред П.С Дуња кога ги читав твоите постови и го гледам твојот значителен напредок ми влеа надеж дека ова може да се надмине.Пишувај уште те молам,ме охрабруваш,поздравче
Анксиозност...Го имам и јас истото чувство веќе 4 години,не сакв да зборувам на таа тема ,најмналку не и на форумов ,но не можев морав едноставно да се отворам.Живеам во страв веќе неколку години ,имаше периоди кога ми беше многу тешко кога мислев во секој момент дека ќе умрам,....не сакам сега да се навраќам и на тоа многу тежок период ми беше тоа ,буквално се плашев од се,наутро кога татко ми ја палеше колата паничев ,паничев во гужви ,паничев од се,плачев постојано ..(се започна поради еден никаков дечко и моето одсуство од училиште што од супер одлична ученичка во сите 3 години од средно во 4 та година почнав да не одам и стигнав дури до бркање, се преплашив кога ми рекоа дека сум пред бркање , дечкото што одевме две години го видов под рака со друга и светот ми се сврти наопаку....) Се преплашив и од тој еден момент после некое време почнав да чувствувам неоправдан страв,неподнослива нетрпеливост,потење на дланките ...едноставно се претворив во друга за еден ден....Постојано се плашев од се ,имав периоди кога премногу бев исплашена и мајка ми постојано лежеше до мене и ми ја стегаше раката 24 часа секој ден ..им нанесов многу болка и на моите но најмногу на себе,најблиските не ме сватија воопшто мислеја дека сум полудела заради еден дечко ,а всушност не знаеја дека сум слаба и дека ми требаше нивната помош,имаше и момент кога од премногу гужва дома ми се слоши и ја напуштив просторијата и ја натерав мајка ми да стои до мене со страв дека нешто ќе ми се случи,незнаејќи дека само тоа е параноја.... Бившиот дечко кога дозна за мојата состојба дојде да ме види,ми се извинуваше чувствуваше грижа на совест и ме молеше да се смириме,јас премногу бев слаба и си реков можеби ќе ми помине покрај него состојбата.Почнав да одам на психијатар,отпрво со страв но подоцна стекнав доверба во неа и некако се ослободив ,но тоа не е тоа,повеќе ми значеше помошта од мајка ми која комплетно ме свати за разлика од сите други дома кои ме гледаа како да сум луда,и велеја дека нема да ми помогнат се додека не си изградам сопствено јас,а без подршка во тие моменти не е ни најмалку лесно да се исправиш сам на нозе...Психијатарот ме советуваше да бидам комуникативна да си отворам нови погледи кон светот,да се сменам,но без подршка тоа некако слабо одеше.Од прво спасот си го гледав во бившиот ,си мислев дека ме свати,си давав лажна надеж,дури и една година престанав да пијам апчиња поради него,се чувствував сигурна,но не можев да се ослободам комплетно од стравовите,сакав да се дружиме со повеќе луѓе,тој ме криеше од сите,ми забрануваше да се дружам, премногу со другарки и тн ...Секогаш измислуваше бедни извинувања што пропуштал годишнини празници,излегувања постојано и дома не се седи тоа не е тоа,почна да ми станува монотоно,ама ај си реков поради навика е...Кога конечно почнав да бидам посилна решив дека не треба да си давам лажна надеж со него,подобро д апробам сама и конечно да се ослободам од духовите од минатото,но не ...тој не сакаше ..почна да ме малтретира,да ме плаши даме вози во кола со 200 по кривини,да ме удира и да ми ги помодрува очите..и повторно станав слабич..повторно си ја вратив истата состојба ....Премногу ми беше тешко да се справам со идиот во исто време ,со факултет ,со грижа на совест дека го чувам покрај себе заради сигурност некоја (која воопшто ја немав откако се смени се плашев да му се скарам постојано ми се закнуваше и преплашена бев ,постојано се смирував со него до пред неколку месеци бевме заедно ,но конечно решив дека ќе го баталам и него а и се што ме кочи во животот,поминав низ пекол и самата си ја влошував ситуацијата наместо да си помогнам,..Факт е дека се си земам на срце плачам за секоја ситница,плачам за се ,сожалување имам за секој на сите сакам да им помогнам и криво ми е што душата и срцето им го дадов на сите и другарки и дечко и останати блиски мои лица,но никој не ме свати и не проба да ми помогне сите ме осудуваа....И благодарам на мајка ми таа цел живот се бореше со тумори ,ги преживеа и сепак остана силна ,а јас паднав во депресии,страм да ми е !!! Сега сум подобра,позрела,и попаметна и од искуство сватив дека не треба тоа сама на себе да си го правам,луѓето како мајка ми поминале низ преголеми тешкотии и не се откажале,а јас сум се потресла како будала заради една ситница....Занм дека вредам секој ден си го кажувам тоа ,пијам апчиња но поретко ,а се надевам и за кратко дека ќе ги оставам комплетно,си кажувам самата себе си дека вредам ,почнав да се дружам да излегувам повеќе и мислам дека почнувам да си бидам старата самоуверена јас што никој не можеше да ја понижи,глупачка сум што не сватив ни дека сум убава ,дека вредам ,дака можам се да постигнам што ќе посакам поранпо и дозволив да се завлеќкам со личност која не вреди ни за една моја солза....Самодовербата прави чуда луѓе,почнете да си верувате во себе,секој пат кога мислите дека ви е лошо помислете дека тоа е само вашата глава дека ништо нема да ви биде и ќе ви помине ,не избегнувајте луѓе пробајте да се дружите,и ништо нема да ви биде ако се возите со Јавен првоз (го пребродив и тој страв ) ,секој пат кога ќе се чувствувате депримирано,а ве викаат да излезете -не седете дома ќе видите колку подобро ќе ви биде после тоа,поткревајте сами иницијативи за дружење ќе почнете да се чувствувате живи повторно..Ова не е болест ,ништо нема да ви биде пробајте да биде среќни и избркајтеја несреќноста од вашите животи,и вашата среќа ќе дојде еден ден а ако седите дома и ако не правите ништо во врска со тоа никогаш нема да ја најдете...Подобар лек од ова нема...Витамини,посебно б -витамин,или средства за зајакнување на имунитет би ви помогнале многу за да се чувствувате подобро,го пробав тоа и делува добро врз животната енергија...Психијатрите и апчињата не прават чуда,чудата си ги правиме ние сами за себе доколку навистина го сакаме тоа...,надевајте се не губете надеж се ќе се среди,гледајте си за себе да си помогнете зошто цел живот не се живее со таа состојба ,размислет што губите додека сте песимистични....Има среќа за секој, треба малку труд, а верувајте ќе ви се исплати нема подобро од тоа чувство ...
NotInLove88 ја прочитав внимателно тоа што го доживеа мн.ми е жал и се надевам дека ќе успееш до крај да бидиш супер од срце благодарам што реши да ни кажеш све верувај дека има личности кој би се пронашле во делови од твојата приказна и на кој доста ќе ни помогнат твоите совети...јас како помала да речам во пубертеттските години направив мн.грешки сакав едноставно да пробам све и од преголемо задоволство од страна на таткоми посебно излегов од контрола жал ми е што го повредив таткоми и ја злоупотребив неговата доверба во мене...како и да е грешките од минатото уште ги плаќам и имам понекогаш огромен страв да продолжам понатаму од предрасудите на луѓето а сум била и премногу добра сум давала и помагала дури и од поќе посебно на луѓе кои не вределе воопшто се имам справено со многу работи ама од тоа имам страв а понекогаш имам огромна самодоверба во мене мислам дека можам да рушам све и на крај јас ќе победам безразлика на све ама луѓето не сакаат да сватат понекогаш дека стварно човек можи да се смени понекогаш многу ми е тешко а понекогаш пак воопшто не ми е важно што беше беше неможам времето да го вратам назад а и не сакам да сум слабак што живее во минатото имам гледано луѓе пред мои очи како од нај ниско паднати се кренале на нозе и пак се вратиле во живот значи све е можно извинете ако избегав од темата но се чуствувам мн.тажно и сакав да сподела со вас...
Ти благодарам за поддршката,ништо не поминува одеднаш -мене ми требаше премногу време да сватам дека сум грешела,а дека сум ги исправила грешките не сум ги исправила до крај, сеуште имам пред мене уште многу предизвици сеуште сум многу млада во животот има многу поважни работи за кои треба да се грижам и да не размислувам за сите загубени можности,грешки од минатото итн..., За жал и јас од преголема разгаленост не прифаќав загуби можеби затоа и ми започнаа и проблемите.... Предрасуди од луѓето секогаш постојат без разлика дали си направил или не си направил нешто ....Не треба со ништо да се замараш,никој не вреди,и да и мене мие многу жал што не ги слушав родителите што ми трубеа цело време ,ама и тоа е искуство и треба да се преживее за да се научиме за понатаму да се справиме со се потешко што ќе ни донесе животот (а не да паѓаме од прва на првиот испит на животот ) ..........И мене ми е криво многу и се каам за се што сум направила и што сум била слепа ,но минатото е минато и таа страница едноставно треба да ја затвориш,јас мислев дека не можам ама се се може кога се сака.....И за последното дека си тажна-не треба да бидеш ,ако чувствуваш потреба да се извиниш на твоите извини им се јас постојано им се извинувам и ден денес ама баш за се,не чувај ништо во себе ,доколку си кажеш тоа што ти тежи на душата ќе се чувствуваш посреќно и послободно..
Поздрав Драги мои, малку ме снема од форумов...имав многу работа ама не ве заборавив. Дарана вели,,твојот значителен напредок,, НЕ јас не напреднав ЈАС излегов од состојбата наречена анксиозност и тоа сосема(чук, чук...хе хе не сум суеверна ама за секој случај), но не заборавив какво беше мачно чувството и затоа сум со вас. Значи постојат периоди во животот кога ние чувствителните заради хе хе хе милион причини, личности...... ке западнеме во некоја состојба , но потоа следува борба и излегување од истата. Знам дека е тешко но и знам дека морате да се обидувате и обидувате и никако да губите надеж. Се уште мислам дека добар психијатар и некое средтво за смирување ке ви помогне, но никако не се сложувам дека само тоа е доволно.Расправавме за асентрата и јас сеуште чекам да се јави некој и да каже,,мене асентрата ме излекува,, би била пресреќна. Верувам и во неа...можеби е таа навистина добар анксиолитик или антидепресив..незнам што е..но знам дека ....ако не се стегнете и убедите дека сте здрави...ако не престанете да се сожалувате и само тоа да зборувате насекој и секаде......ако не се зафатите со некоја корисна работа која ке ве потврдува дека сте добри во тоа што го работите и...ако не се,,средите,,хе , хе, хе да ве загледа секое машко од 17 до 77 ништо не сте направиле. Затоа ВЕДНАШ и СЕГА погледнете се во огледалото, кажете си ..од денес сум здрава,, и секој напад кој ке наиде ,,игноррр.,,тој ке дојде и ке помине.Секој следен ке биде послаб за на крај да запрат...ке запрат , моите запреа.Можеби треба време на некој помалку на некој повеќе, но немате друг излез, морате да се борите, а зошто да се предадете? Зошто да не уживате во животот пред вас? Ве молам можно е, јас успеав ке успеете и вие, само обидувајте се упорно, цврсто и не му попуштајте на нападот.Уверете се дека никогаш кога сте имале напад не ви се случило ништо...се тресете, чувствувате дека ке се онесвестите.....да не набројувам...ииииии...ништо тој си оди, нели е така??? Ако нему придадете важност секој пат ке станува послаб и послаб и ке си замине....вие ке станувате се посилни. Се запишував, леле ...ај послушајте ме веднаш и сега ПОЧНЕТЕ.!!!!!! ВЕ слушам..пишувајте Ве сакам..продолжете да се борите!!!!! ЈАС УСПЕАВ ја надмудрив анксиозноста , надмудрете ја и вие.
Дали во симптомите на анксиозоност спаѓа и страв од самите себеси?? и сонување на реални сонови..инаку истите ги имам 3 месеци..пиев Депрозел но не ми помогна сега мисалм дека пропаднав скроз...
Фала ти Дуња за охрабрувањето,ми требаат околу мене повеке такви позитивни луѓе како тебе)Мене прв пат ми се јавија на работа,во почетокот не ми влијаеше на расположението пак си бев истата насмеана,весела каква што сите ме знаат.Не им придавав значење,ми се тресат рацете па што,ке помине си викав уште не сум сигурна во работата и заради тоа е така(инаку сум медицинско лице).Потоа приметив дека тоа тресење на рацете ми се јавува посебно кога ме гледаат некои колеги (ми висат над глава додека работам),кои на некој начин успеале да ми се наметнат како они се многу искусни во работата и се полни со самодоверба.Така да не во присуство на секој ,туку баш како што кажав пред колеги пред кои не сум опуштена или некако сама им придавам поголемо значење ме фаќа возбуда и раце ми тресат и срцето во врат ми чука).Така се почна и после сама си се обвинувам себеси дома како можев да не се исконтролирам,зошто да ми влијаат други на мојот живот итн,итн....И тоа се се врти во еден зачаран круг и веке последниве месеци многу ми влијае на расположение,нон стоп плачам,или сум нервозна,почнуваат сите да ме нервираат а знам дека не се ми они криви дека во мене лежи се.Се преиспитував да не не ме бива мене за таа работа и милион прашања без одговор.Затоа сакав да идам кај психотерапевт ,да си ја повратам малку самодовербата што ја изгубив.Почнав да одам на јога и тоа ми помага,колку толку бар со дишење да се релаксирам и да можам нормално да спијам.Ако имате некое искуство со психотерапија пишете,поздравче !
dolgo me nemase eve me pak.so da kazam uste istiot problem probav se nisto stravo sekojden kako da e se posilen probav i na psihijarar nisto probavi so Deprozel nisto sega pijan Alfomisan dali ke pomogni ne znam mi se cini deka sekoj den ke mi se sluci toa so go mislam,Dunja kako da stapam vo kontak so tebe mozebi ke me ohrabis se plasam za moeto dete te molam pomogni mi barem so sovet pozdrav .
Јас само сакам да ви посакам СРЕЌНА НОВА ГОДИНА на сите кои сме засегнати од анксиозноста и се надевам дека на сите овој проблем ќе ни остане во 2010 а во 2011 ќе бидеме силни како порано..поздрав и се најдобро
Среќна Нова година, драги мои..се најубаво, многу здравје и пари !!!!! Дуња некој сакаше да стапи во контакт со мене..вака dunjadunjicka@yahoo.com Поздрав ВЕ сакам
Срекна Нова година на ситееее!!!!! Аман бе гузи,како така..како бе ништо,дај не се обесхрабрувај.Те немаше еден период да пишуваш,мислев подобро си.Земи ја ситуацијата во свои раце не чекај на лековите,тие можат само да ти го забават процесот на опоравување...знам дека поминуваш низ тој тежот период,што сите го минавме.Ја сега да пишувам за тој мој период од пред две години,кој ти знае,ке звучев мн очајно и обезхрабрено.Ама тогаш го немаше овој форум..па сега можам и сакам да пишувам само за поттик и охрабрување.Знам дека има уште многу што минале низ ова и сега се со крената глава..но дел од нив не пишуваат често.Ова значи дека на сите еден ден ке ни биде подобро,,,а тој ден зависи од нас самите....
Јас имам 40 години.вработена во бутик,омажена и две возрасни деца.Од пред една година сум со оваа дијагноза.Веќе 9 месеци сум со Асентра 50мг и хелекс0,5.Подобрување имам но сеушта ме фаќаат кризи.Изгледа се навикнав на овие лекови и како да не ми помагаат веќе.Се почесто почнува да ми трне главата,потечена сум во очите,малаксана,повремена тахикардија и тогаш го покачувам притисокот иако сум постојано со низок 100/60 ,а тој ми е најдобар.Едноставно ме фаќа страв,ми се тресат рацете и несигурна сум.Се трудам да сум што повеќе со пријатели и другари а секоја недела сме надвор од дома.Упорна сум и многу голем песимист но ова е посилно од мене.Голем стрес имам претрпено пред 7-8години кога за првпат видов мртовец.Оттогаш ги избегавам таквите случки бидејки веке имам фобија.Задоволна сум од животот,немам ниту семејни ниту финансиски проблеми.Бев на многу испитувања(од мг.резонанца на глава,рендген на врат,центар за рамнотежа,комплет лабораториски снимки) и сите се во ред,само јас не сум во ред.Ве молам за помош.Има ли уште некој како мене и до кога ќе ме измачува вака,зашто верувајте ми незнаеш кога и каде ќе ме фатат кризи.Штом испијам хелекс малку се стабилизирам(а редовно ги пијам по двапати дневно).Не може никој да ме разбере бидејки сите што ме познаваат не можат да веруваат дека јас сум таква.Отсекогаш сум била ведра и насмеана,спремна за шала и дружење.Поздрав од една разочарана душа...
pominvam niz naj trskiot period otkako me fati ovaa krasta taka da ja narecam bev na site ispitvanja gi isprobav site anti depresivi nisto kako se leci ova cudoiste probvam pozitivno da razmisluvam ama i toa tesko kako da e posilno od mene,dali ke pomine ovaa cudo mnogu se plasam da ne mi se sluci toa cso go misla pozdrav. [mod-kirilica:39886d64][/mod-kirilica:39886d64]
Како што читам од сите вас, а и Дуња спомена нешто.......До сега никој не напишал дека одредени апчиња ви помогнале да ја пребродите оваа состојба!!!Се е во нашата глава!!!Ако не можете сами, моја препорака е да пробате со Гешталт терапија...мене ми помага!!!Кога посетував психијатар само ми покачуваше/смалуваше доза на антидепресиви...сега сама со тек на време ги намалувам и се надевам за брзо ке ги фрлам!!! ве поздравувам сите!!!БИДЕТЕ ХРАБРИ
еве ме и мене после долг период. се обидувам да ги тргнам мислите од оваа состојба мислам дека су многу подобра мегутоа откако станав анксиозна имам доста физички боли не знам дали е од оваа состојба или друго. дали некој има искуство са вакви работи засто мене постојано ме боли нешто и побудалувам мислејки на сите болести. страв ми е.
od ovaa sostojba mila se boli ti se vrti ti se povraka ti se jade se ti se pravi jas vo posledno vreme ne znam ni od koga ne sum izlegla od doma uh strasno kako sto vi kazav ednas izlegov od ovaa situacija nesvesno i bev odlicno normalen zivot se toa traese oklu dve godini i sega pak na pocetok do koga do koga mi e strav da stanam od krevet postojano mi e loso najzalno e sto decata gi zatvoriv so mene doma pa i soprugot do tolku mi e tesko sto koga e na rabota soprugot jas sum strasno nervozna ke poludam edvaj cekam da si dojde do koga do koga uh samo da se vratam vo normala no kako ??
Лејн,претходно пишував за една блиска личност со оваа состојба...мораш да најдеш начин да надминеш...истото,ама буквално истото се случи во ситуацијата блиска до мене.Жената се трудеше или пак ненамерно го правеше тоа,децата ги затвори дома или опсесивно беше загрижена за нив и за мажот...децата пораснаа,мажот веќе нема трпение и опстојуваат ради неговата добра воља,иако слушам дека често и префрла,ми ги упропасти децата (кои и не се така лоши,но едното има фрустрации и гнев,кои како-така пробува да ги канализира,ама чувствува отпор кон мајка му,зошто сепак му има создадено еден вид на трауми),а тој се труди и помага по дома,но го нема разбирањето како кога биле помлади. Најди начин,психолог,психијатар,самата,мораш да си помогнеш и што побрзо да излезеш од тоа во име на љубовта кон себе и твоето семејство.Оваа состојба не е само твој проблем,туку и тие го преживуваат и тоа со последици еден ден,особено ако децата ти се помалечки.
еве нешто и од мене, пред една год. останав без работа, по проф,сум правик,а пред шетири месеци ми поставија дијагноза depresio.Пијам асентра 75 мг. дневно и хелекс 0.25, плус бедоксин. Одам на контрола еднас месечно и никако да ми ја прекинат терапијата, а се чувствувам многу подобро.Мојот проблем е тоа што јас сум темпераментна личност и динамична, а монотонијата и секојдневието без работа ме фрлаат во очај.Кога ќе ме удреа точките плачев по цел ден и се затворав, не сакав да излегувам ,го одбивав сопругот и му викав дека не ме сака, не си играв со детето, само гледав побрзо да пројде денот и да си легнам.Благодарение на лековите, мојата упорност и на мојот доктор многу ми е подобро, повторно сум весела, дури и не плачам а порано само плачев.Во вакви пероиди треба да се има голема подршка од близок, мене многу ми помогна сопругот и родителите.Едноставно треба некој да ви се најде да се испразните, да ве ислуша, за момент бидете себични и мислете на себе, и на вас да ви се помогне, излегувајте почесто, одете на фризер, купете некое парталче или најдете нешто што прави среќна фокусирајте се на нешто убаво само на вас. Тоа е мојот совет, совет кој мене ми го дадоа и кој ми помогна.
здраво драги мои еве пак јас по неуспешна борба пак се вратив на психијатар со друга сторија сега ке поцнам со нова терапија и апчиња кои се викаат ЗАНДЕХ од 37мг и ми е страв да ги почнам ,а неможам да се борам ,во паника сум деконцентрирана сум ДУЊА плс ако ме читнеш поззз за сите ако имате искуство казете