Поздрав до сите посебно Анита...Незнам и не сум слушнала за ЗАНДЕ., ако се обидеш да вдишеш и издишеш 3-4 пати и убаво размислишдека анксиозноста не ти може ништо ке видиш дека концентрацијата ке ти се подобри, не велам дека лекот е тука но половината лек е..ДА...во самоконцентрацијата..а кој да се сконцентрира место тебе, мораш самата тоа да го направиш, почни сега и веднаш да размислуваш со ладна глава. Ако лекарот рекол така почни гилековите па по две-три недели ка видиш дали лекот ти одговара или не...но онаа што е до тебе треба самата да го направиш...значи да да ги игнорираш нападите во смисла,, ништо нема да ми се случи, здрава сум и мозам да се изборам со оваа...упорно менувај ги мислите и учи се да мислиш позитивно.среди се, дотерај се, работи се само не мисли на стравот за да не се вртиш во круг. Поздравше мила запомни дека половина лекот е во тебе ако не и целосно ..од тебе зависи во најголема мера...бори се ....ЈАС успеавке успеете ивие.
БРАВО ДУНЈА ЈАС ПИЈАМ АНАФРАНИЛ И ХЕЛЕКС МАЛКУ СУМ ПОДОБРА НО НЕ СОСЕМА ,УСТЕ ИМАМ СТРАВ ДЕКА КЕ МИ ПАДНИ ДЕТЕТО ДЕКА КЕ ГО ОТЕПАМ И САМО ПАНИКА КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ТОЈ СТРЕВ ПОЗДРАВ .
Здраво на сите Јас сум Катарина (Кате). Долго време поминувам низ ваков анксиозен период. Веќе цели 6 години. А имам само 20 години. Јас се додека не ја видов оваа тема на фемина не знаев дека има толку многу луѓе кои го имаат проблемот кој го имам јас. Се надевам ќе одвоите време да ме сослушате бидејќи навистина ми е многу тешко.(знаете и самите). Се започна откога го добив првиот циклус. На почеток симптомите беа пренагласени, па после 2-3 години повремено имав ‘‘напади‘‘. Вака ќе ви кажам што чувствувам се надевам ќе ми помогнете. Јас постојано, занчи буквално секој ден чувствувам вртоглавица. Ги направив сите потребни испитувања дури имам правемо и магнетна резонанса и Ктм на главата и се испостави дека се е во ред.Овие испитувања ги правев пред 5 годино. Кога видоа лекарите дека не е ништо од органска природа ме упатија на психијатар. Таму ми препишаа терапија Депрозел од 20 и Б6. Навистина почувствував подобрување од депрозелот и го пијам веќе5 години меѓутоа од време на време повторно ми се случуваат такви лоши напади кои не можам да ги контролирам. Последниот беше пред 5 дена и повторно бев по лекари вадев крв, ми правеа екг и пак се беше во ред. Моите симптоми се следниве значи јас и покрај тоа што секој ден чувствувам втроглавица сепак нормално функционирам освен кога ќе дојде ваквнапад. Тогаш буквално не можам да станам од кревет. Чувствувам премногу силна вртоглавица, се околу мене ми се врти, не можам ни да седам, ни да лежам.Чуствувам дека нешто ме занесува во главата ме бутка ми се тресат нозете, ми чука срцето брзо, не мозам да дишам дури. Лекарите викаат дека сум голем хипохондрик и дека станува збор за анксиозност. Верувајте ова низ што го поминувам не е живот, премногу ми е тешко и не можам веќе, знам дека не сум болна , но оваа состојба е полоша од болест...Не можам веќе и на психијатар и на неуропсихијатар и на психолог кај не бев и јас сеуште се мачам. И дур го пишувам ова ми е многу лошо не можам од ова вртење глава да кренам ве молам за помош, навистина вие сте последната надеж која ми остана
И ве молам кој ја има таа книгата за Линденов метод ако сака да ми ја прати преведена можеби ќе ми помогне... Фала ви и очекувам ваша помош
ех..ДУЊА ти благодарам за одговорот и за мислите но кога ке успеам ке напишам секако но позитивната мисла во мене ја нема а стравот го има ...сепак се надевам дека е период...дека ке помине...хмм..надеж...поздрав за сите посебно за ДУЊА
JAС ТВРДАМ ДЕКА АСЕНТРАТА МИ ИМА ПОМОГНАТО ДА СИ ГО ВРАТАМ ЖИВОТОТ ВО НОРМАЛА! Се додека одбивав медикаменти и пробував сама да излезам, само полошо ми беше. Неколку пати пишав дека премногу ми е криво што не почнав со терапијата многу порано! Значи ми дадоа ВОЛЈА да се борам, да живеам, да превземам нешто во врска со тоа.... додека предходно тонев од лош во полош стадиум на Анксиозност.
Имам проблем со праќање на пораките не знам дали стигнуваат еве го мојот маил ве молам пратете ми ја книгата со превод kate_blackrose@hotmail.com ... Ви благодарам искрено на сите што сте пишувале за ваквата состојба навистина добив малку надеж дека може да помине ова, и на сите ви посакувам да го надминеме ова заедно... Фала ви прекрасни сте
Eсамо да помине колку време треба мене ме маци веке 4 години оваа борба е теска и узасна кога ке дојди денот да се излези од овај лавиринт поздрав писи ми дунја.
Здраво девојки, јас сега ви се придружувам...После долго време деновиве се осеќам лошо. Постојано ми се гади и ми се врти во глава...Анксиозноста ми се појави пред 10 години. Како и сите вас, долго не одев на психијатар и пиев лексилиум, но кога веќе не беше издржлива ситуацијата седнав и размислив од што ми се појавува таа силна возенмиреност- тогаш пред 10 год значи сфатив дека анксиозноста ми се појавува од нешто што не го правам вистински во животот. Психата едноставно одбива да биде во одредена ситуација (врска, работа, пријателство) и така се појавува анксиозноста, значи нешто правиш што не го прифаќа твојата психа. Кога лично ги разрешив тие работи, анксиозноста ја снема бев пресреќна, тогаш се вљубив и секогаш му се заблагодарував на Господ. Но, и во таа љубов со тек на време почнав да се осеќам вознемирено, нешто знаев дека не е во ред. Претрпев огромен стрес...иако психијатарот ми кажуваше дека добро се држам, сепак на крај ми се појави пост-стрес ситуација. Добив и еден паничен напад, тоа беше толку језиво што мислев дека смртта ја гледам ...е тогаш ми ја дадоа Асентрата и Хелексот. Некако се средив и сама, асентрата ја прекинав, а хелексот не. Добро ми е од него, ама знам дека не треба да го пијам. Минатата година, постојано размислував за се во животот, сепак дооолго не ми беше ОК, и еве пак сум на асентра (овој пат полни 6 месеци)...почна да ми делува добро, заедно со хелексот. Но, често имам страв дека ќе добијам срцев удар, имам чести аритмии (ми најдоа мала незначајна вродена мана на срцето) и тоа уште толку ме дотепа. Еве, во моментов го осеќам како ми лупа во грло. Се прашувам дали ќе помине сето ова, имам дечко кој не знае за овој мој проблем, а кога сум со него супер ми е... но планираме да живееме заедно и колку и да се радувам толку се плашам . Сакам да сум нормална, сакам да родам бебе , а и од бременост се плашам, мислам дека нема да успеам без хелексот (( Аман веќе- ќе пукнам !!
и јас пиев хелекс,и тоа долго време скоро 2 години,но кога отидов кај друг лекар ми рече како може да сум пиела хелекс по шема, толку време.исто така ми рече дека терапијата ми била утната и дека до сега ќе сум била излечена ако сум пиела асентра.сега ја пијам во комбинација со лорсилан кој ке престанам да го пијам за една недела, и се осекам многу подобро.можеби е индивидуално и немора да значи дека сите треба да пијат асентра, затоа треба да се посети лекар.
здраво мили мои еве јас пак нешто ве читав но не го наогам вистинскиот одговор ,а секаде се пронаогам иииииии ДУЊА кај си сега да ми помогнеш дали ме читаш сега ми дадоа после депрозелот...други таблети т.е капсули ЗАНФЕКСА XR... и ми е страв да почнам да ги пијам ...некако се навикнав на депрозелот и се плашам од друга терапија...ве поззз сите и ако може одговор
azzura mislam deka treba da mu kazes na tvojot decko za tvojata sostojba ako navistina te saka neli treba da te razbere. veruvaj deka podobro ke se cuvstvuvas ako mu kazes i koga ke imas podrska od nego podobro ke ti bide. pozzzz
ДЕВОЈКИ НЕ ЈА ПРЕКИНУВАЈТЕ АСЕНТРАТА НА СВОЈА РАКА! Тоа е прв чекор кон повраток на `болеста` пред да биде излечена. Асентрата е лек од новата генерација Антидепресиви, не предизвикува зависност и не е штетна по здравјето... Понекогаш е потребно со годин да се биде на таа терапија, се додека докторот не констатира дека болеста и излечена. Мене ми рекоа да не размислувам уште една година да ја прекинам, но ако има потреба ќе ја земам и повеќе. Јас моментално се чувствувам совршено, нема симптоми на анкс, нападите исчезнаа, се дружам, работам, дипломирав....се чувствувам здраво , и со голем ентузијазам гледам кон иднината. Но ниту во лудило не би помислила сега (бидејќи сум добро) да го прекинам истиот тој лек кој ме вратил меѓу живите, ќе го пијам како што треба, ако треба и цел живот (како некои што пијат апчиња за притисок, инсулин и.тн), бидејки да не беше тој лек вие до сега сигурно немаше да ме читате на форумов. Не се играјте со сопствената психа пиејќи и прекинувајќи терапија со АД на сопствена рака!
Heidi, се е тоа така, знам. Јас имам една познаничка која асентрата ја пие 1 година, и вика дека одлично и делува, дека живее прекрасно, а дотогаш знам дека не сакаше да излезе од дома, едвај одеше на работа. Не ја прекинувам асентрата, тоа никако, оти навистина ме врати во колосек, но зошто во одреден дел од денот осеќам анкса?! На пример сега е 11.30 , а јас осеќам како да лебдам, како да сум во друг свет, главата како да ми е во бубањ...и се додека не се напијам хелекс, не функционирам. Лош е филмот. И тоа само да речеме од 11 саат ми почнува од сабајле...ќе се напијам хелекс и сум смирена и супер цел ден...
Хелексот и обично се препишува со Асентрата заедно за да ги ублажи тие `нуспојави`. Јас незнам колку време си ти на терапија и која доза ја земаш од Асентра. Јас пиев и миртазепин два месеци за да ми го регулира протокот на норадреналин во мозокот, бидејќи и норадреналинот покрај сератонинот е хормон за среќа. Мене исто така првите месеци знаеше да ми се вратат напади на анкс (ама онакви напади со кои успевав да се справам). Па ми ја покачија Асентрата на 150 мг. Така бев два месеца, додека нападите не исчезнаа. Сега сум на 100мг Асентра + Хелекс (по потреба во случај да почувствувам немир) и Луната (исто по потреба ако неможам да заспијам). И оваа терапија совршено ми одговара. Направи детални анализи, хормонални тестови, и посетувај добар доктор кој ќе чувствуваш дека се грижи за твоето здравје. И ако чувствуваш промена одма врти му на телефон (барем јас со мојот доктор така функционирам). Мора да го најде коренот на болеста за да може да ја излечи истата. Значи редовни контакти и психотерапии.
Здраво да прашам нешто дали терапијата со Асентра е штетна за плодот, во смисла дали ако останам бремена а пијам Асентра (75 мг. дневно) плодот ќе биде дефектен.
мила те читам редовно и браво за тебе но дали ги читаш понекогаш моите постови ај те молам за мал разговор поззз