Да. За секој то низ кое шо поминва е тешка фаза. Незнајш шо ти се дешава, оти ... Збунета бев, уплашена, потресена... Маки маки големи имаше. Паники, тресење, пулс 150, желудникот стегнат нејадена со деној, спиење слабо и во сонот паники ме фаќаја, ко да не бев тука цело време ко во сон, ко да не се случваше се околу мене... Страв. Најголем шо имам доживеано, а вервај мн имам доживеано. И така фино лепо еден ден дирек кај матичен му викам јас некако психички не сум арна препорачајте ми психолог, и то со плачење. Матичната се уплаши ај ми вика одма ќе те побарам. Си тргнав на психолог, си одев едно 4-5 месеци. Нема подобра помош ВЕРВАЈ. Никакви апчиња, бајачи, глупости. Само разговор. Темелен разговор за од кај ти потекнува ова, оти баш сега се појави, вежби многу, сила многу. А во меѓувреме во екстремни случаи јас си пиев капки Валеријан. На билна база се, 10-15 капки и душата мир. Само воља и ќе види се во ред
Јас првиот пат поминав многу лесно оти си имав замислено дека сум болна од срцето и си се убедив дека ако напрам еџо и видам дека не е ништо здрава сум и стварно така беше.По една недела заминав Америка(сега се чудам ако го напрајв то)ама овој пат ептен ми е потешко цело време сум омалаксана,болки во градите,тешко дишење и ред др.работи така да решиб од време на време да пијам хелекс.Сепак закажана сум за на психијатар и ќе видиме што ќе се случи оти стварно сакам да ја вратам старата јас Фала ти многу
Луѓеее ве молам за помош,ме боли левата рака,нога,врат,сега други и и долната вилица ме фатииии многу ми е страв,дали може болкава да се појавува од што мислам постојано на тоа?Бев на лекар ми рече вратна спондилоза меѓутоа пред некој 2 дена и вилица ме фати и знаете на што ме асоцира,незнам веќе што да правам,паметот ми е се таму,а нормално тука се и чат,пат болките во градите(3-4 пати во денот) Ве молам за помош и одговор.....
Дали со промена на времето ви се случија некакви промени????Јас бев пресреќна се радував на снегот,и веднаш после почнаа да ми се враќаат некои грди чувства и сеќавања и намален апетит.Се надевам за брзо ќе ги пребродам.
И мене овие денови ми е исто вака, сигурно е од промена на времево а и малце насите негативни мисли поззз
Не е до времето до главите наши е да не го кривиме за све времето лето пукаше сонце јас депресивна бев црни мисли значи ни време ми помогна ни ништо ,сега секој ден вежбам фитнес читам книги и супер се чуствувам како и психички така и физички за разлика од лани кога ништо не правев
Хаха во право си нас секое време ни смета, се мислам и јас да почнам да вежбам, можеби за почеток дома а после тоа и во некој фитнес центар, те молам ако можеш да ми казеш што е подобро, дома или во некоја теретана
Па ти само имај жепба за вежбање не е битно каде само добро да се чуствуваш ,мене на пример дома ми е поубаво си имам тегчина малечки вежби од интернет после вежбите се чуствувам преубаво башка ке бидеш и на тело поцврст ,значи ништо не губиш со вежбањето само добиваш анксиозноста е намалена скоро и невидлива со вежбањето се лачи серотонин во нашето тело серотонинот кој ние вештачки го примаме преку АД зошто да не го добиеме со вежби
Tи благодарам многу, јас некогаш кога не ме мрзи си подвежбувам дома некоја вежба поготово за задник, и стварно се чуствувам по добро, еве на пример денеска се расчистив по дома генералка па така да немав ниеден симптом ама па затоа ме фати кичмата хаха бидејки бев доста улежана, но подобро ја поднесувам оваа болка во грбот отколку симптомите на анкс, иначе долго време не користам АД и без нив ми е подобро, може ретко некогаш дијазепам но ако ептен имам стресен ден и ми се укочени мускулите. Фала за советот од утре ке си поцнам со редовно вежбање по дома
Ние шо сме поминале еднаш низ ова на некој начин сме параноични. Па нормално е дека неможи секој ден да сме среќни. И пред да сме анксиозни гарант сме биле некогаш down, тажни, разочарани, омалаксани.... И претходно знам имаше дури и недели кај шо не ми се збора со никој. Едноставно тажна бев Ама од ко ќе поминиме низ ова, и при најмало нерасположение, тага, разочарување ЗНАМ дека сите одма умот на ова му мава. Демек ете се враќа ете пак бла бла... Секакви деној мора да има, само силно женски
потполно си во право се согласувам со тебе, јас вчера така си размислував, колку пати ке ми се свртело или ке ме боцнело срцето и пред ова но не сум му давала толку внимание и другот ден или после некое време не ми било ништо, по некогаш сум имала и јаки болки во главата или стомакот но со чајче од нане поминувало се, хмм и така си реков како било тогаш така и сега, па не е стравот посилен од нас, хаха а како сто сум инат па кога ке ме фати некој страв како на пример да одам некаде и дека нешто лошо ке ми се случи, па за инат одам само да видам што ке ми биде и ко за срека секогаш убаво сум си поминувала
Е па зато. Треба малце да си комуницираме со себе. Да ни текнува дека не е баш за се крива анксиозноста. Некој работи едноставно се дел од животот, а и биле пред да сме вакви. Само храбро!
здраво мили мои.како сте? јас не сум пишала оддамна ,па сега сакав да пишам да ми олесни малце...вака за тие што не ме прочитале на кратко да објаснам дека имам 28 год.се борам со анксиозноста од 2010 год. пиев асентра 1 година и 4 месеци и бидејки ми беше многу подобро . завршив со терапијата ,дури и заборавив како изгледа анкс еве веке 1 година и 2 месеци не пијам ништои ми беше супер,понекогаш знаеше да ме посети но поретко,а и знаев како да ја контролирам. мегутоа овие 2 месеца почна почесто да се појавива,и тешко ја контолирам,се трудам ама слабо ми иде .таман мислев дека сум ја победила еве ја повторно,не е во толкав интензитет но повторно е тука... знам што е лекот ,свесна сум,можеби има влијание и тоа што не работам,цел ден сум дома како пензионерка,и ме пукаат лоши мисли...симтомите да не ги кажувам ги знаете сите пак ке идам деновиве кај психијатарот,ама несакам пак да пијам апчињa, сакам наскоро да се омажам,да имам дечиња ама ако ми биде вака што ке правам? дечкоми ме рабира во секој поглед ама јас претерувам,дури и сексуалната желба ми е намалена,а и ми е страв да не се случи нешто лошо ,па да немам време да се облечам може ке си помислите дека сум забегана...се плашам да не ми се случи нешто со срцето, а и да не полудам од волку лошо мислење да не недај боже се скренам лошо ми е нерасположена сум ништо неможе да ме насмее ве гушкам сите,извинете што сум негативна малце ама морав да се олеснам(ако се олеснам )
Значи чим еднаш си ја надминала знаес дека можеш пак, а ова за сексот хаха и мене ми се случува, што е најнереално бидејки сексот влиае добро на здравјето на срцето, ама ете ние и нашите нереални мисли, кога ке кажев на некој ми е страв да имам секс за да не доживеам срцев удар ми се смееа сите, па на крај си реков ако треба да биде ке биде, неможеме да го спречиме тоа, или па ке ми речееа другарките како за утеха е ако де барем срекна ке умреш хахаха, а мене тоа само повеке паника ми ствараше, така да не се секирај не си само ти, но како за инат на анксот имај секс да видиш дека нема да биде ништо и дефинитивно нема да полудиш Вчера разговараво со некој сто ја надминал веке со години и ме убедува пак да пијам терапија но јас воопшто не ја сакам, тој рече вака некогаш знае да ми се слоши но си викам не е анксот преморен сум или слично и така ми поминува, но на нас вака ни поминуваат најубавите години од животот
Еци.Ск Па прво мислам дека ти си многу среќна личност. Чим толку важна личност како дечко ти, и иден маж како шо викаш, те разбира во потполност... Сигурна сум дека ќе бидиш ТОП! Па ете викаш сакаш да се мажиш и дечиња да имаш, па то е суууупппееееррр !! Блазеси ти Знајш колку луѓе би сакале да се на твое место? Да имат таков партнер и таква иднина? И чим еднаш си ја поминала, значи МОРА да ја поминиш пак. Мене психологот ми велеше во ист вир, два пати не се гази! Шо значи секој нареден пар ќе биди полесно и полесно. Знам точно како е да неможи ништо да те насмеј, ама пробај за момент да не мислиш на себе и да мислиш на вас. На тебе и на дечко ти. Па на крај краева мани 2 ракии и уживајте цела вечер Ти можиш само да си помогниш, никој и ништо друго. САМО ТИ! A сигурно си силна чим толку време си била без анкс. Те гушкам
s1a1n1d1r1a1 » и natemila фала ви срцки за подршката и утехата ке се потрудам пак да ја победам, и се надевам овој пат без лекови... видете најдов нешто интересно за нас http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-j ... -7-chekori
На сум пишала на форумов може 2 години,ама сега осетив потреба пак да пишам.морам да кажам дека еден период бев супер ама некако пак се врати анксиозноста. сакав да прашам дали некој има искуство со Елицеа таблети? јас почнав да ги пијам пред 3 4 дена и многу ми е лошо,ама и докторот ме предупреди дека ќе ми биде вака додека се навикне организмот.Дали некој од вас ги пиел?
Од сите симптоми што ги имав порано, ми останаа вртоглавиците, главоболките, лошењето во желудникот и тоа што ги осекам нозете слаби, како да ќе паднам.и ова најчесто ми се случува во кино, кафич, во некој трговски и диско, но зошто се случува и дома.некогаш насабајле се будам со симптомите. дали и некој друг има големи главоболки?
Па не се случува дома затоа што дома се чуствуваме посигурно а тоа е најголема грешка кај нас анксиозните треба и ко ке излезиме некаде да си бидеме опуштени ама ете потсвеста работи се убедуваме дека ке ни се слоши ке паднеме па дури и дека ке се устрамиме пред другите ако ни се случи нешто ,затоа треба повеке самодоверба зашто на нас по некогаш самодовербата ни е нула друго треба да сватиме дека нема да паднеме во несвест од анксиосноста никој не паднал иако симтомите ни ја матат главата дека ке ни се случи нешто