Одам на контрола на секои два месеци и заборавам да прашам, па затоа тука побарав совет. Во секој случај благодарам.
Поздрав, ја читам Heidi....и велам Браво за неа навистина прекрасно да слушнам дека уште некој е подобар со асентра или без...не е важно , важно дека се чувствува добро. Девојки јас лично ке ви дадам една задача на сите Вас кои посетувате психијатри во вашите разговори со нив да го прашате за асентрата и да ни пишете на форумов.Јас кога ке одам кај мојот (иако долго врреме не сум била ама ке појдам чисто информативно) ке го прашам и к еве известам.Навистина би било прекрасно лекотда е во асентрата. Прашајте ве молам!!!! Јас немам искуство со неа бидејки е нов лек.Можеби и навистина е добра ама никако не смеете да ја земате на своја рака ниту да ја прекинувате ако лекарот тоа не го одобрил....јас многу бев послушна додека бев на терапија. Би ја замолила Heidi.. и да ни раскаже малку за тоа дали само асентрата беше таа што и помогна или следеше и психотерапија.Колку време пред тоа беше анкс..... каков вид на психотерапија применува нејзиниот психијатар...се. Ве читам редовно и сакам да ви кажам дека околу лековите воопшто незнам ништо... јас сакам да ви помогнам со позитивна мисла и да ве убедам дека таа е половина ако не и 100% лек, но сепак сум за лековите кои психијатрите ке ви ги препишат...анксиолитиците помагаат што побрзо и побезболно да ја надминете состојбата.Не ги игнорирајте психијатрите ниту јас го игнореирав , ниту јас без нивна помош не успеав.И на сето ова пак ке ви кажам.....тренирајте промена на мисли, обидете се во тие моменти да се сконцетрирате на нешто што ве весели, што ве прави среќни....прекинете го кругот ..страв со страв се храни и нападот добива на интензитет..вака исечете го во корен. Еве размислете вака...кога ке седнете да гледате серијакоја ви е омилена или некој интересен филм ...к дали ви се случило да имате напад..??????НЕ... сигурна сум.... зошто????...затоа што мозокот ви е зафатен со нешто друго..е кога ке го истренирате својот мозок да размислува поинаку да го зафатите со нешто,,друго,, и анксот нема веќе да ве мачи...postepeno ke gubi na svojot intenzitet и ке го снема. Поздрав Ве сакам .Јас успеав ке успеете и вие. Чекам информации за асентрата....пишете...сите ке не интересира чудотворноста на овој лек за кој ни зборува Heidi....и уште неколкупати се пјави на форумов, но прашајте и за нуспојавите за времето кое оптимално за целосно излекување, за ...СЕ Поздрав до неа Дуња
Здраво на сите Значи и јас имам пиено асентра и тоа ни помалку ни повеќе туку 1 и 4 месеци и кај мене немаше никаков ефект, само ми се појавија некои нус појави на почетокот првата недела дена. Значи искрено јас мислам дека не е асентрата чудотворен лек, туку дека делува индивидуално, јас подоцна се префрлив на сероксат пароксетин а сега пијам депрозез и витамин Б6. Мојата тетка работи во државната психијатриска клиника но сестра е не е доктор, меѓутоа сум била кај многу психијатри, психолози, неуролози и незнам што уште не, и сите кажуваат дека лековите ја помагаат ситуацијата, некои предизвикуваат доза на зависност, а некои не, меѓутоа како што постојано вели Дуња се е во позитивната мисла, во пренасочувањето на мислите кога започнува нападот и слично. Знам дека е премногу тешко да се избориме со тоа, јас се борам веќе 6 години, замислете од свои 14 години дете бев сеуште, но тоа е животот, мајка ми секогаш вели добрите луѓе повеќе страдаатниз животот но затоа ја имаат доблеста што поседуваат добра и чиста душа. Сите психијатри ми рекле дека оваа состојба е резултат на мојата преголема емотивност, на тоа што секогаш се давам максимум за другите и не мисалм за себе. Искрено понекогаш плачам жалејќи низ што се не поминав, ноќи и денови по болници, најразлични испитувања, зрачења, компјутерски снимки, направив дури и скен на целото тело, моите ги остарев пред време, за што, за една психа. Верувајте мн ми е тешко дури го читам ова плачам, и се запрашувам зошто баш јас ееее толку години да ми се врти, таа проклета вртоглавица :Ѕ Сега видов дека не сум единствена и тоа ми дава надеж кога прочитав дека некои се излечиле од анксиозната состојба, па имам капка надеж дека и јас ќе го надминам ова и повторно ќе бидам она што го посакувам. Поздрав до сите вас и се надевам дека ќе си помогнеме една на друга бидејќи тоа е исто многу важно. Борете се се борам и јас и сеуште се надевам на подобро
Твојата капака надеж Cielo5 треба да се претвори во река, а реката во море од надеж....тоа во најголема мера зависи од тебе.Верувај во себе, зголеми си ја самодовербата (знам по себе)стави си за задача дека е време да станеш силна, самостојна.Почни интензивно да ги бараш начините како да застанеш на свои нозе, како да си го подобриш квалитетот на твојот живот...млада си, здрава си, да , тргни!Сега и веднаш!Не е невозможно, можно е да се надмине анксот.Похрабро само похрабро...девојчиња мои, а замислете дека треба и вие да станете родители..па и тоа мора да го поминете тоа е една од најубавите случки во животот....како???Мама и тато не ке ви се вечно зад вас..Ајде станувајте,,на ноге јуначке,,хе хе... малку ве искарав немојте да ми замерите. Поздравче Ве сакам ПС.Не забравајте на својот изглед, мора да биде секси, привлечен, хе хее е дел од самодовербата лежи во него.Секое утро прво застанете пред огледало и средете се максимално..тоа ке ви даде желба за понатаму.
Браво наша драга Дуња <3 Колку само ни влеваш позитивизам и убави мисли, секоја чест. Мора да се трудиме и да веруваме дека ќе успееме. Фала ти на подршката и за тоа што си тука за нас
каде ли е ДУЊА сега зошто не ме прочита на постовите што ја прашав има ли некој искуство со венлафаксин или занфекса ?????
Дуња, ја имам раскажано мојата приказна за почетоците и борбата со анксот страници наназад. Можеби те збунила промената на јузернејмот бидејќи порано бев Алис но подоцна го променив името во Хајди. Верувам дека ќе ти текне, и покрај тоа што темава е преполна со различни искуства и животни приказни што и мене ми е мачно да прелистувам наназад Како и да е...се зачленив на форумов само за да дискутирам на темава, да побарам совет, поддршка, да споделам искуства.. а сега скоро и темава да не ја отварам Многу сум по-активна на секоја друга тема Мислам дека тоа е одличен знак, и нај реален приказ на водечката линија од моментот на `очај` до моментот на `здраво закрепнување`. Верувајте во себе, и во оние кои ве сакаат
Здраво на сите нови и стари членови на форумот... Еве ме и мене после одреден период, ме немаше еден период бидејќи имав одредени обврски и немав нет.Ама тоа не е битно Дуња браво за сите позитивни работи што ги кажуваш, и мене псих (докторката) ми кажа дека оваа состојба за да ја поминеш најмногу зависи од тебе од никој друг ни од лекови ни од незнам кој...самиот ако се бореш со своите мисли да ги претвараш секогаш во позитивни се повеќе ке го снемува тоа чувство на анкс.И да тоа го сфаќам ама понекогаш тоа ми е толку тешко и мислам дека нема крај сетоа ова..Ама пак одам напред со мисла дека еден ден ке помине сето оваа и мислам дека некогаш се трудам повеќе а некогаш како да губам надеж и се предавам на стравот ама пак се надевам дека еден ден ке го поминам и тоа.. А за асентрата јас ја прашав докторката кога бев на контрола пред еден месец и она ми кажа дека кај секој е индивидуално, и таа состојба кај секој се одразува различно некој може да ја помине за 1месец некоја за 1година итн..Така да се е во нас..Само што малку повеќе треба да работиме на самодовербата и секој труд мислам дека на крајот ке ни се исплати..Поздрав до сите..
Сакам да ве прашам дали во почетокот имавте проблеми со несоница и со реални сонови,губење на апетит и како празнина во вас..како да немате емоции?
не сум била само јас ахх колку е тешко...како нова личност сум сега...немам концентрација,не можам да учам..буквално немам за ништо интерес...како да ми е повредена душата некако..од весела и ведра сега сум тмурно суштество без никакви чувства...не можам ни љубов ни ништо да осетам , ја изгубив комункацијата со сите немам никаква самодоверба...чудно ми е се..некогаш ги чувствувам како лицето само мми се намурутва..најверојатно мускилте на лицето се.. вчера за прв пат по неколку месеци излегов од дома..бев во кафич...но како да бев далеку од сите...музиката свири ја знаам ама како да не ја осеќам,не сочувстувам со песната.....некако како поинаку му звучи...сите ме знаат секогаш расположена а сега од место не се помрднувам... Сакав да прашам како ги победивте тие реални соништа??има ли спас??
Здраво на сите. Гледам пишувате за асентрата. Јас ја пробав и не ми одговараше. Сега сум на депрозал и хелекс. Претходно пиев флуоксатин. ме интересира дали и вас ви се случува од кога ги пите апчињава било асентра, депрозал или сл. да не можете да се исплачете кога ви е тешко и тоа да ве мачи и мачи со денови додека едноставно не "пукнете" што се вели?? Инаку патам од анксиозност години наназад.
Јас пијам асентра 50 веќе 5 месеци, и задоволна сум, убаво се чувствувам, и не плачам повеќе за ситници, порано само плачев за се и сешто. Докторот ми кажа дека неплачењето е реакција на лековите, искрено мене ми одговара што повеќе не се растревожувам за ситници. Јас се лекувам од депресија и откако ја примам терапијата до сега не сум избувнала ниту пукнала, за да се расплачам сега ми треба навистина добра причина.
Истото и мене ми се случуваше...иако јас сум седми месец на 100 мг Асентра (првите три месеци бев на 50мг, но не беа сосем исчезнати нападите) Оваа терапија најмногу ми одговара и совршено сум задоволна. По зрело некако ги доживувам работите, машки поминувам тешки периоди, не кенкам и плачам за секоја глупост како што правев предходно.
Интензивно се борев со анксиозноста цели 6 години.Првите две години пробував со одење на психолог и слично,но немаше некој ефект па потоа на психијатар (најпрво кај еден а потоа и кај друг што повеќе ми обрна внимание).Пиев Асентра со Хелекс во комбинација,ги прекинував под надзор на докторот. Сите тие симптоми што ги пишувате добро ги имам почувствувано на моја кожа,колку само време загубив,цели години,седејќи исплашена и очајна.Понекогаш губев надеж дека таа состојба воопшто ќе помине, страшно чувство После толку долго време оваа зима е првата што ја минувам без терапија со лекови, нормално расположена и посреќна.Просто ни мене не ми се верува дека после толку време мрак,конечно ме огреа малку сонце.Вероватно требаше толку време колку што поминав со терапијата за таа да дејствува соодветно.Значи за се треба време и трпение.Сега продолжив со моите активности што ме исполнуваат, се вратив и на факултет кој комплетно го имав запуштено поради стравот и анксиозноста.Едноставно живеам.