1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    ех јуле камо да можам така покрај овај мој немир што го чуствувам :worried: ...сепак со маки се трудам и се борам и сега имам друга терапија ама ми е страв да ги пијам :^)
    се викаат занфекса или велафаксин :worried: ако знаеш нешто пиши или сите кој знаете пишете :hai:
     
  2. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    колку си само млада а сепак ги имаш тие симптоми што истите и јас ги имам :worried: но не можам да ја победам оваа грда болест и овој страв :x
     
  3. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Анита :( немој те молам повеќе да го употрбуваш зборот ,,неможам,,мора да можеш.За твојот лек незнам ништо, но ако лекарот така вели обиди се, може лекот да е тука :) .ајде мила малку похрабро и почни со техниките на игнорррррр на негативните мисли
    Браво за Даника..те молам пишувај малку повеќе за периодот кога анксот ја губи силата и станува се помалку присутен..тоа ке ги охрабри ивие млади девојки д аверуваат дека анксиозноста може да се победи.
    Поздрав до Јарец22 драго ми е што повторно те читам ама далеку подобра..... :) хе хе пиши ни повеќе за тебе.
    Се надевам дека Хајди , јас и Даника сме доволен пример дека анксот може да стане минато.
    Мора да успеете само држете се за правилата за борба против анксот...
    1.основното..колку повеќе го игнорираш толку тој губи на својата сила за на крај да исчезне.
    2.Најдете психијатар и само нему му расправајте з авашата состојба ..не на другите ..едно ги оптоварувате, второ ...голем дел од нив нема да ви поверуваат .....репрограмијате се...направете се за себе...
    3.Станете конструктивни егоисти, шетајте, смејте се колку и да ви е тешко....ке помине, ке помине само напред еве ја Даника :)
    Поздравче :inlove:
     
    На Azzura и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Maлку се распрашав за лековиве и еве што заклучив: :)

    Zanfeksa е лек кој за многумина успешно лечи Анксиозност и Депресија, скоро сите кои го пиеле го фалат (гледам на друг форум), така да незнам што можеш да изгубиш ако почнеш со таа терапија?

    Venlafaxine (Anafranil) спаѓа во групата ТСА Антидепресанти. За овој лек слушнав поделени мислења.
    Има луѓе кои тврдат дека леков им го спасил животот, останатите пак шпекулираат дека се работи за `синтетичка супстанца` и го компарираат со `Спид`,, `Екстази`....и.т.н
    Но сепак тоа што базата не содржи Аmphetamine ги бутка во вода овие гласини. Значи лекот не е `дрога` туку ефективното негово дејство ги уплашило дека може за тоа да се работи...

    Ова е мое мислење...
    И сеуште неможам да најдам причина зошто не би почнала терапија со било кој од овие лекови... :^)

    Нема што да изгубиш.... може ли да ти биде полошо од она што моментално ти е?
    Или чекаш да изгубиш контрола, па да мора на сила да те боцкаат со хемии за кои нема ни да знаеш како се викаат?

    Извини ако звучам дрско, но навистина сочувствувам....камо да можам да се вратам себе си неколку години наназад и да можев да го `сфатам` ова што тебе ти го зборувам...


    Никој нема да може со сила да ти помогне ако сама не сакаш....
     
    На Iketa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Драги феминки,јас повторно ќе кажам дека се може да се победи со истрајност,упорност и верба, несомнено е дека треба време(мене ми требаа 4 години),треба добар психијатар кој ќе ја следи состојбата и терапијата,треба работа на себеси.Убаво напиша Дуња,најдете добар психијатар и само нему доверете ја својата состојба,блиските можат само да ве поддржат во вашата борба,но не заборавајте,треба ВРЕМЕ(кај мене мислам дека тоа беше најважно,во комплет со терапијата нормално).Лековите се потребни без сомнение но само под надзор на докторот,да не се залажуваме дека состојбата ќе помине сама од себе.За ова треба терапија и време,јас тоа добро го почувствував на своја кожа,а верувам и многу други.
    Сега после 4 години ги правам работите кои предтоа неможев ни да ги замислам дека МОЖАМ да ги направам сосема нормално како и сите други. Со тек на времето анксиозноста ја губеше силата а јас ја добивав.Колку само е убаво чувството :)
    Во ред е на почеток да имате недоверба во себеси,да се посомневате во себеси,тоа е нормално,но кога ќе се сетите колкава борба сте победиле се полните со сила и храброст.Само напред :!:
     
    На Iketa и MoonLightLove им се допаѓа ова.
  6. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    фала мила :* баш ми требаше ова сепак ке почнам со Занфекса па што сака нека биде ,фала и тебе ДуњА :* ВЕ СЛЕДАМ РЕДОВНО...
     
  7. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Кате, јас одев кај една психијатарка, која покрај тоа што ме тераше да сонувам за да го откријам одговорот од каде потекнува анксиозноста кај мене, таа ми кажа и една техника на дишење. Значи, легнуваш на грб во кревет или на под, стави ја едната рака на градите, а другата на стомакот. Диши длабоко само на стомак- значи онаа рака што ти е на градите не треба да се движи горе-долу. Само онаа на стомакот. Вежбата трае 5 минути, го опушта телото и делува добро, и по три недели ја снемува анксата. Слично како анти-депресив. Секако, нема одеднаш се да помине, но биди упорна и не се откажувај. Млада си и имаш цел живот пред тебе за да се чувствуваш вака. Всушност, анксиозноста понекогаш и не исчезнува целосно, но човекот се учи како да ја надмудри и таа да не го комплицира животот. Би ти препорачала да одиш и на релакс масажи барем еднаш неделно. Ќе ти го опуштат телото, а и умот. Ќе бидеш добро, само верувај во себе :)
     
    На srnicka7 и dunja им се допаѓа ова.
  8. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Благодарам за советот *Azzura* ќе пробам да ја правам таа вежбата па се надевам дека ќе има ефект. Иначе на масажи одам често бидејќи се занимавам со манекенство е имаме постојани бесплатни третмани од страна на агенцијата, опуштаат но не е тоа тоа. Кај мене е проблемот што јас не се чувствувам депресивно, напнато, тажно, на мене само ми се брти па ми се врти. Денес мислам цел ден одам и ме занесува, ме бутка и премногу се плашам од тоа чувство. Се борам и јас веќе цели 6 години но не знам како ќе помине ова. Постојано ве читам сите на форумов и благодарна сум ви бидејќи имам олеснување од една страна дека не сум единствена.
    Благодарение и за *Дуња* која секогаш наоѓа време за нас да не поддржи и да ни даде надеж
    *ANITA5* што да правиме душо, анксиозноста не прашува за години и за пол, вера или било што едноставно се случува. Само му се молам на Бога еден ден да исчезне и повторно да го живеам животот. За џабе вака и солиден студент сум, и се занимавам со хуманитарни акции и со манекенство сепак има нешто што ме кочи- вртоглавицата. Свесна сум дека не е болест и дека морам да работам сама за да ја надминам оваа состојба но и самата знаеш дека кога ќе дојде тоа гадно чувство едноставно колку и да се бориш тоа не ти дава мир, ужасно се чувствувам. Но сепак еве имаме неколку примери кои се излечиле и сега функционираат најнормално и се среќни. Затоа не ни преостанува ништо друго освен да се бориме уште повеќе и посилно. И секако да си помагаме една со друга :) ( мене ми се случи и 2 пати да колабирам од таа вртоглавица и одма направив Ктм и се беше во ред, така да се е во нашата подсвест). Иначе тетка ми работи во државна болница на психијатрија, сестра е и ја замолив да праша за занфекса или велафаксин. Она прашала и рече дека по мислење на 2те психијатарки мислам едната се викаше Камка Пакетчиевска подобар е Занфлекса бидејќи делува на расположението и е проверен антидепресив нешто слично делувал како сероксат, а на Велафаксинот дејството не се покажало толку добро бидејќи имал повеќе моментно дејство и пациентите се чуствувале помалку поспани и уморни. Јас не знам зошто ни се тие лекови само да се труеме, ама што да правиме кога не можеме сами :( (јас сега пијам само депрозел 20мг, деметринот ми го отфрлија).
    Поздрав девојки секое добро па се читаме, бидете добри и да си посакуваме добро една на друга
     
    На ANITA5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    jas pijam anafranil i heleks i podobro se custvuvam sega si go drzam i deteto ,stravot idi ama imam sili da go sovladvam .klucot e vo nas lekovite se samo pripomos .pozdrav do site i gospo da e so nas
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila23

    mila23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    31
    Здраво девојки..јас да ви кажам денес бев на контрола, и докторот ми ги исфрли лорсиланот и ми ги остави само асентрата, но јас лично можам да кажам дека се осеќам многу подобро...претходно имав страв да одам у кафичи, кафани итн, а во саботата излегов и се беше ОК..сеа не викам дека сум скрос излечена но сум помрдната од точката од каде што мислев дека никогаш нема да мрднам....а тоа дека треба да пиеме апчиња мислам дека без нив неможе, но да не се потпреме само на нив, треба сами да сме свесни за состојбата и да си помогнеме на различни начини...јас порано имав страв да излезам низ вратата од куката, а сега тоа е далеку зад мене, но за жал додека дојдов до овој стадиум незнам колку непроспиени ноќи, и колку солзи потрошив прашувајќи се ШТО МИ Е? ви посакувам се најдобро и секој ден ве читам иако не пишувам секој ден, и само напред. поздрав
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    те читам мила :worried: односно стално сум тука на овој подфорум и ве следам и го барам излезот браво за сите позитивни девојки и тие што успеале да го надминат ова гадно чувство...ви благодарам и тебе мила :*
     
  12. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Здраво девојчиња мои :) ,
    поздрав до сите кои тргнале напред :inlove:
    поздрав до Аззура, да вежбата ке ви биде многу корисна.Еве уште една кој ајас и ден-денес ја користам кога станамм наутро и почувствувам напнатост.
    Легнете на грб....почнете да ги напрегате по ред силно да ги напнувате:прстите на нозете, стопалат и одете нагоре напнувајте ги листовите па бутовите, карлицата па преминете на градните мускули, мускули на рацете на лицето...згрцете ги мускулите на очитеи така ке почувствувате комплетна напнатост на секој дел од своето тело...додека оваа го правите вдишувајте...
    Потоа полека отпуштајте се по обратен редослед...лицето, рацете..........и полека издишувајте.
    одморете се 1 мин.
    повторете ја три пати.
    станете полека и тргнете во животот.
    Вака со напрегањето му покжѓувате на телото и нервниот систем дека сте посилни од него и дека каква и напнатост тие да ви приредат вие можете уште посилно да им се спротивставите.
    Поздрав
    Ве сакам :inlove: Ве читам...напред ... ништо нема да изгубите само упорно и можете да си го вратите мирот.Ви ветувам дека ке успеете..стрпливо и упорно :clap:
     
    На kumanovcanka, mila23, Azzura и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Да, Дуња е во право...всушност сите тие вежби потекнуваат од јогата, која ако се практивува трпеливо навистина има ефекти. Докажано е дека го лачи хормонот на среќа :)) Уште една вежба баш за анксиозност е да земете воздух , како кога гњурите, го држите колку можете и го испуштате одеднаш ПУФ..инаку и самата вежба во психологијата се вика нуркање.
    Мене лично ми помогнаа и книгите кои се појавија во тоа време. Едвај ги наоѓав, носега гледам ги има во Матица- „Како да го излечите својот живот“ од Лујза Л. Хеј и „Моќта на подсвеста“ од Џозеф Марфи. Нема човек што не се препородил од овие прекрасни четива. Книгите ќе ве научат како да ја најдете причината за анксиозноста, и после како да се соочите со тоа. Во секој случај, треба многу работа на себе...И овие книги, кои сега чинат по 100 денари, ќе можете да ги читате цел живот и секогаш различно ќе ги доживувате.
    Анксиозноста не е болест, тоа е состојба и се лечи, но лекот е во нас, зашто треба да се најде мирот во душата и да се донесат правите одлуки. А до тогаш...ќе го побараме начинот...Искрено, девојки, луѓето кои никогаш не ја почувствувале анксиозноста се луѓе кои немаат храброст да одат понатаму и да менуваат нешто во животот. Ќе ја дадам за пример мојата сестра која има 41 година. Никогаш не осетила нешто такво, но затоа сега кога треба да сфати дека поинаку треба да гледа на работите, на 41 год почна да и се јавува, па јас како помала и искусна во тоа сега и кажувам што и како :))) ехххххх, камо мене да имаше некој да ми каже се што треба :) сепак, секој човек ја води својата битка

    Денеска сум добра :))) ве сакам
     
    На afroditaa, ANITA5 и dunja им се допаѓа ова.
  14. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    ех Азура и ДуњА БРАВО за вас :clap: но јас сеуште се прашувам дали ке го минам тој дел...дали ке започнам ,,нормално,,да живеам :^) како да сум заробена во еден круг и чекам нешто лошо или нз што да ми се случи :( ве читам секогаш позззззз и киссссссс :*
     
  15. majuska1979

    majuska1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    поздрав!азура јас не сум од ск каде и како можам да ги набавам книгите во битола,кратко сум и во битола па така не го знам добро градот па ако знаеш или некој друг го знае тоа нека ми кажи во која библиотека или книжарнижица можам да ги најдам во битола.фала поздрав
     
  16. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Majuska, речиси секаде ги има...Не знам за Битола, но оди до книжара, прашај...можеби ги има. Јас тогаш на српски јазик ги купив, но ги има секогаш во Скопје во „Матица“, а и по другите книжари. На „Матица“ сајтот е www.matica.com.mk - јави се кај нив, може и тие да ти помогнат ...Поздрав
     
  17. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    АНИТА :)) да ти кажам искрено, денеска ептен ми е лошо, како главата да ми се „дуе“, ама веќе се ми е смешно....бев на работа, сработив супер, се смеев со колегите, ама ете- анксиозноста си стои. Лично знам од што ми е, и кога ќе помине тој мал период, ќе се смирам и јас. Верувај, едноставно луѓето кои како помлади осетиле анксиозност од која навистина не им било добро- нашле начин како да се справат со неа. И сите тие луѓе подоцна стануваат посензитивни, и кога еднаш ќе откриеш од што ти се јавува, следниот пат секогаш ќе знаеш од што ќе ти се појави. Мораш да ја откриеш причината. Тогаш ќе донесеш и одлуки, а кога човекот ќе ја донесе одлуката, се е полесно :) Во книгата „Крај реката Педра седев и плачев“ од Пауло Коељо пишуваше : „Чекањето е болно. Заборавот е болен. Но, човекот најмногу страда ако не е во состојба да донесе одлука“.... Love U :)
     
  18. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Анита ....биди поупрна..сметам дека пречесто велиш,,неможам,,Мора да можеш.ајде...вежбај упорно..иако напочеток ке ти се чини смешно, но со вежбање се опуштаат и нервите и мускулите.Чаевите благо, но делуваат и тие на смирување....пиј мајчина душица.Пешачи....смеј се....Анксиозноста никому не споменувај ја освен н апсихијатарот.
    Поздравче до сите...
    А да ......Лујза Хеј е прекрасна иако еднаш некој ме исмеја на форумов демек,,таа печалела пари,,пишувајќи вакви книги..сепак секоја реченица од нејзините дела држи вода и те како..иако станеме свесни за пораките навистин а може да сиго подобриме нашиот живот.
    Поздрав до Аззура многу ми се допаѓаат нејзините ставови. :)
     
  19. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    еве ве читам девојки мои мили :) и да ви кажам една случка денес Аззура И Дуња..се шетав со керка ми по снегот се беше убаво и одеднаш почна да ме занишува и да ми се тресе цела снага :( ме фати страв за девочето и брзав да си одам и дишев длабоко,но сепак тоа траеше додека не стигнав дома :( нз што ми се случи и навистина ми е страв да не ми се случи пак...ете тоа денес го доживеав од ништо од се убаво беше и почнаа тие гадни симптоми.позззззз ве сакам и ве читам.
     
  20. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Anita...ti imas kerka...dete...lele te molam ne dozvoluvaj da te oseti. Decata se mnogu osetlivi do svoja sedma godina. Ti i trebas za da gleda od tebe primer na silna majka! Moras da sednes i da razmislis od STO naednas ti se pojavuvaat tie simptomi?! Razlistaj go svojot zivot...imas li soprug?! Sreknja li si vo vrskata?! Vljubena li si...ajde da ne zboruvam sega tuka...ama moras da ja najdes pricinata....Obidi se da si srekna sto si imas detule, pa toa e dopola realiziran zivot...nema potreba od "gadni simptomi"...uzivaj so nea! Ako te fakja taka ponekogas, da ti se trese snagata- napij se helex ili nesto za smiruvanje (jas sekogas si nosam vo tashna, za ne daj Boze). Smiri se i uzivaj si ....pozdrav