1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Гадно,навистина гадно чувството е дека ќе се срушиш,ќе паднеш т.е таа така наречена вртоглавица во оваа состојба-анксиозност.Многу луѓе се борат со оваа состојба,некои отворено зборуваат,некои не,но мислам колку и да мислиш дека ја снемало пак некаде длабоко те демне и чека момент да те совлада. :( Но што е тука е мора сите да се бориме.
     
    На ANITA5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    ке пробам ,но и пробувам :worried: сепак фала ви не сум само јас но треба борба а во мене борбеноста е слаба страна....
     
  3. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Анита, борбеноста не е слаба страна кај ниту еден човек...замисли ја ќерка ти кога ќе порасне и ( како во оние амерички филмови) им раскажаува на другарките „јас израснав во слаба личност зашто немав од кого да учам, а посебно не од мајка ми“....Мојата блиска другарка страдаше од анксиозност полни 8 години, за на крај да се соочи со мајка си, која и кажа дека и таа страдала (и сеуште на стари години) од анксиозност. И кога дозна, девојчево си рече „па тоа ми е наследно значи“...
    Не знам дали си на некја терапија, но ќе мораш да се справуваш малку и со лекарствата. Нека ти помогнат за понатаму. Не се давај !!!
     
    На ANITA5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. majuska1979

    majuska1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Аззура здраво!денес ја купив Мокта на потсвеста и еве сега почнав да ја читам ,многу теми има авторот обработено баш оние мене што ме инересираат од кога ке ја прочитам ке подикутираме околу тоа,а другата книга не можев да ја најдам ке се потрудам да ја набавам .поздрав и се читаме
     
  5. Bea26

    Bea26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Здраво девојки.
    Имам тука напишано дека кога ми се случи првиот паничен напад веднаш ја напуштив работата што тогаш ја работев затоа што бев во многу тешка состојба.
    Еве година дена после тоа се почувствував многу појака и повторно се вработив.
    Првиот ден на работа требаше во сала да зборувам пред тимот за да се претставам.
    Додека влегував во салата мислев дека ќе се срушам.Немам појма што ми збореа во тој момент луѓето околу мене. Пак го имав она чувство дека се околу мене е како во сон.
    Ама овој пат стварно несакав од прв ден сите да разберат дека имам анксиозност и кога дојде мојот ред собрав сили и почнав да зборувам пред 30тина луѓе пред мене.Зборував прилично јасно, освен што на моменти зборев пребрзо и без здив, ама веќе во втората минута заборавив на паниката. Ова за мене беше голем чекор.Неможам да ви објаснам колку голем успех ми е за мене што пак можев да излезам пред луѓе и да им зборувам без да помислам дека ќе паднам или дека во сред зборување ќе добијам нагони на повраќање ( моите најприсутни симптоми).Ете сега за сега сум уште под импресии од мојот успех и само се надевам да не го изгубам ентузијазмов кој моментално го чувствувам.
     
    На PinaCapano, NotInLove88, snezan4e и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Браво Bea :)
     
  7. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    да да браво за тебе Беа :)
     
  8. Bea26

    Bea26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Ви благодарам девојки. Долг период не ми се случило да имам голем напад па веднаш да трчам дома ,ама еве уште не сум се опуштила тотално. Сеуште каде и да одам имам план Б како да стасам побрзо дома :D
    Се надевам дека нема да добијам некој напад што повторно ќе ме демотивира.
    Уште не сум се качила во авион.Порано летав многу често.Кога ќе се качам повторно во авион, тоа за мене ќе значи дека дефинитивно сум расчистила со анксиозноста.
     
    На PinaCapano и ANITA5 им се допаѓа ова.
  9. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    лелле Беа истото и мене ми се случуваше и сеуште очекувам да ми се случи и кога?/?? :fubar:
     
  10. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    денес пак тоа гадно чувство :envy: едвај си дојдов дома :(
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    Девојки, барањата за размена на фб профили пишувајте ги во лична порака. А овде продолжете со дискусијата за анксиозноста и поддршката за сите оние кои имаат проблем ;) само напред!
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. matejab

    matejab Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    еве ме и мене по долго време откако не имам пишано,но верувајте секој ден ве читам ;)
    помина точно една година откако се појавија моите први симптоми на аниксиозност кои беа скоро неподносоливи :( но успеав да ги надминам во рок од 2 до 3 месеци... не беше лесно да се ослободам од тие чувства но со многу храброст, упорност и подршка од најблиските ги надминав повеќето препреки кои не ми дозволуваа да бидам она што сакав да бидам..... сега кога ќе се сетам какви не глупости правев во тие месеци, плачев пред лекари, ги молев да ми помогнат зошто си мислев дека ми дојде крајот :( иако некогаш од време на време ќе ми се појави пак некој симптом, ја успевам да преминам преку тоа и да продолжам понатаму.. ви препорачувамна сите кои се борите со аниксиозноста да не се откажувате, да бидете упорни зошто на крајот ќе ви се исплати сета таа борба од која ќе бидете многу похрабри и посамоуверени.. поздрав до сите :*
     
    На afroditaa, dunja, ANITA5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Здраво и од мене. Како сте ми девојки
    Се надевам дека сите сте добро и ја пребродувате анксиозноста. Јас за жал сеуште се мачам со неа. Многу голема вртоглавица имам, но да чукнам во дрво не сум отишла на лекар од Божик. Ја контролирам некако. Одам и на факултет, но вртењето е константно , зашто не помине веќе еднаш :Ѕ
     
  14. biocasovnik

    biocasovnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Pred 14 meseci, pocnav da se cuvstvuvam mnogu cudno. Ne znaev sto se slucuva so mene. Sega imam polni 41 godina. Znaci, simptomite pocnaa na toj nacin sto jas pocnav da se gubam, bilo kade i da se naogjam i bilo sto da pravam. Intervalite i vremetraenjeto na tie gubenja pocnaa da se zgolemuvaat. Pocnav da se plasam bidejki najcesto mi se slucuvase koga ke se vrakav od rabota i toa na Bit pazar kade sto ima najgolema guzva. Inace predhodno bev mnogu bolna, prelezav ishijas, mi bese fatena kicmata i imav paraliza na levata noga. Bolkite bea nepodnoslivi. Cetiri meseci non-stop lezev i najbliskite mi bea kako medicinski sestri. Odvaj nekako se oporaviv i zastanav na noze. Lecenjeto bese dolgo i makotrpno. Ama toa pomina, se vrativ na rabota, pocnaa nervozi i problemi i ednostavno puknav. Mi bese se crno okolu mene, kako da ne ziveev na planetava, mi bucese vo glavata, nemav apetit, imav napadi na panika, se plasev da bidam sama, gledav ama kako da ne gledav, slusav ama kako da ne slusam, zboruvav ama glasot ne si go slusav. Pocnav da se mrazam sebesi, zivotot, se okolu mene. Mislev deka ke umram, non-stop placev, crni misli, gubenja, vtroglavici, gubenje na vozduh i cuvstvo na vina, zatoa sto soprugot mi e vo stranstvo i go gledam 3 pati godisno po 3 nedeli. Otidov na psihijatar i mi dijagnosticira anksioznost i depresija. Mi prepisaa demetrin i asentra da pijam. Na pocetokot ne mi pomagaa,osven sto spiev mnogu i preku den. Nikakva volja za zivot nemav, duri ni parite sto ke mi stignea od soprugot ni decata, ama bas nisto ne me raduvase. Mislev ke zbudalam. Strasni cuvsta, strasni........
    Sepak odev na rabota. Ne zemav nitu eden den boleduvanje. I na rabota me fakaa krizi, napadi na panika, strav, placenja i gubenja na svesta. Kolegite me primetija, nekoi mi izlegoa vo presret, a nekoi se seguvaa so mene:"Da i najdeme shvaler" i slicni komentari. No, jas po priroda sum borec, i vesela licnost, ja sakam muzikata i stalno si peev, pa duri i na rabota. Sekoj den se borev so depresijata, duri i den denes. Ama muzikata mi e mnogu vazna vo zivotot, kolku i da mi bese loso jas sepak peev, odev po ulici i peev. Ljugjeto mislea deka ne sum normalna, ama jas na toj nacin go pobeduvav stravot i panikata. Doktorkata mi dade eden mnogu ubav sovet. Stom stanes na sabajle, poglednise vo ogledaloto i recisi, zivotot e ubav, jas sum ubava, decata i soprugot mi se zivi i zdravi, imam harmonicen brak, redovno vrabotuvanje, jas ke ja pobedam ovaa opaka bolest. Taka i pravev. Kolku i da ne mi se ziveese, kolku i da mi bese strav da izlezam od doma da odam na rabota, jas sekoj den go pravev toa, go pravam i den denes. Probajte, site vie sto ste vo depresija, i sto imate vakvi simptomi kako moite, veruvajtemi pomaga. Se e vo nasata psiha. Druzetese ne bidete sami, znam tesko e, druzete se so pozitivni lugje, slusajte muzika sto ja obozuvate, sekoj ubav soncev den setajte. Citajte kniga, znam imate problem so koncentacijata, ja imav i jas, mi saraa bukvite, zborovite ne gi citav tocno, ama se borev, resavajte krstozborki, pa duri gledajte i sapunici........
    Ke pomine, ama treba mnoooogu vreme. Ovaa bolest saka sekojdnevno borenje i veruvanje deka ke pomine. Jas i denes imav mala kriza, ama znaev deka ke pomine, deka ne e opasna po moeto zdravje i po mojot zivot.
    Iskreno go spodeluvam ova so vas i se nadevam deka ova moe licno iskustvo na nekogo ke mu pomogne.

    [mod-kirilica:3a8garqu][/mod-kirilica:3a8garqu]
     
    На Lale3, Dalloway, ANITA5 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    браво ти се воситувам ,јас се борам веке 4 години но никако да го запоцнам онај вистинскиот цекор ке тргнам и тонам пак ,имам едно годисно детенце ми е страв да останам сама мислеки дека ке му напрам несто многу се пласам а оваа дете го цекав 15 години те молам помогни ми како да се изборам од оваа криза поздрав писи ми . ;( ;( ;( ;(
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    :( Многу е тешко.треба многу многуууу напор и труд и влог и жртва и нерви за да се победи.откако почина тато пред 3 год. нон стоп се плашам за луѓето околу мене...ми стана опсесија...неможам да излезам некаде на раат а да не мислам на нив,или се враќам дома,или звонам...ми остана траума зошто тато почина во несреќа ко гром од ведро небо,го чекавме на ручек на маса седнати а место него влегоа други за да ни соопштат што се случи....долго време потиснував и потиснував во себе ,се обидував да ја надминам неговата смрт но овие денови се што ми се собираше пукна,сфатив дека не сум ја надминала смртта на тато,иако поминаа 3г,за мене се ко вчера.првата година бев со хелекс и едни апчиња на в незнам точно како беа,потоа само на хелекс,и откако се беше ок веќе цела година без апчиња,оваа недела почнав да добивам напади од стрес нервоза и депресија,едноставно се мис е струпа ,неможев да дишам мислев дека ќе се загушам,ми отрпна устата,рацете ми се укочија,нозете ми се тресеа,устата неможев да ја затворам од тресење ;( се напив 4мг диазепам и б6,се смирив некако.со сон никако,се будам уште во 6,а заспивам во 3,4 :worried: сфаќам дека ова сама си го дозволив да се случи...морам да бидам похрабра и да разберам дека животот продолжува...и мислам дека ако не си помогнам сама себеси со мислите,неможе да ми помогне никој друг.на психијатар бев и тоа кај најдобрите да не речам,секој различно ми кажа,и секој различни апчиња ми даде...сфатив дека се е до мојата мисла морам да се променам јас :( само ќе се клукам со апчиња на 24год. и еден ден кога ќе се свестам ќе барам да се врати времето назад за да бидам похрабра да се справам со проблемите во животот :( психијатарот не ми кажа ништо повеќе од она што го знам веќе и што ми го кажуваат најблиските-животот продолжува и мораш напред.
     
  17. marinela5

    marinela5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    поздрав до сите!!!редовно ве читам но немам долго време пишано на темава,зошто мислев дека немам што ново да кажам и дека се е веке кажано,долго време барав решение за овој наш проблем го барав одговорот по форуми од психијатри но никако да свтам дека јас го имам тој одговор,и кога мојот доктор ке ми речеше дека од мене зависи не верував немозев со тоа да се помирам дека единствено јас можам да ги избришам сите овие симтоми мисли и страдања и мислев дека немам толку сила и воља да го направам тоа и уште подлабоко навлегував во состојбата,но верувајте девојки така било се е до нас.анксиозноста не е ни болест ни проклетство нити пак недостик на храброст,анксиозноста е начин на размислување погрешен испревртен но сепак само начин на размислуванје,како мислиме така се чуствуваме,е сега работата е во тоа што и покрај тоа што не сакаме така да размислуваме тоа се случува против наша волја,мислите идат не повикани и знам дека тоа неможе да се запре,,тие анксиозни мисли се некаде во подсвеста и секогаш идат не најавени и се почнува од ново,долго време се борев со тие мисли,бегав од нив не правев многу работи се со цел да да имам неколку мирни денови да одморам малку и успевав имав периоди кога бев на вистина добро но потоа пак се вракаше,,не бев свесна дека со тоа што бегам од работите и мислите јас се повеке и давав простор на анксиозноста да владее со мене,но сега повеке не е така и можам да кажам дека јас владеам самата со себе,како успеав во тоа многу лесно почнав да прифаќам се навистина ја прифатив анксиозноста како дел од мене и сите тие мисли како мои мисли и стравот како мој страв,не бегав од него,како мозе да се побегне од самиот себе,ние сме такви какви што сме,почнав да правам работи што некогаш многу ми беше тешко да ги правам секогаш кога ке ми дојде некоја црна мисла живеам со неа и таа е тука но не паничам туку воопшто не и давам вазност и верувајте по малку време без да забележите нејзе веке ја нема.мој совет е кога веке знаете дека тоа сто ви се случува е анксиозност престанете повеке да барате одговори зошто нема да најдете друг одговор освен тоа дека сте анксиозни и почнејте да прифакате односно да се прифакате самите себе,многу е полесен животот оној момент кога ке се прифатите такви какви сто сте,од анксиозност не се умира нити полудува но не се ни живее барем не квалитетно ,па затоа пробајте како мене незнам може и вас да ви биде подобро,зошто јас сум многу добро!!!поздрав
     
    На afroditaa, dunja, ANITA5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. diviner

    diviner Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo :) nov u forumov uste ne mie diagnozirano ANK. ustvari uste ne sum bil na doktor ili slicno ..... simptomi pa prilicno nekoi se navedine ... ponekogas potenje .... panika glupavi misli ...... srceto od ko ke pocne krizata cuka ..... pred dve nedeli imav sobrakajka izgleda se e od toa a i spiev dodeka se sluci sobrakajkata ..... inace se bavam so umetnost crtezi lancinja ama posledniot period sum pasiven ... a i 3-4 meseci sum zaglaven doma a gotovo 7-8 godini dinamicen zivot menuvaj gradovi drzavi ... i odednas doma sam ... pa mislam deka mn. faktori se sobrale ..... a od ko go otvoriv forumot pred 5 min mi se razjasnija mn. raboti .... ednostavno znam deka ke pomine i znam so treba da se predzeme .... mn. malku citav od forumot ama mislam deka mi se razjasni se pa fala mn.... se nadevam deka ke go pominam ovoj period... ubo e da znae covek so mu se slucuva .... jas bi preporacuval i mudri u vreme na krizi :) pozdrav za sega.

    [mod-kirilica:2ogjwoo2][/mod-kirilica:2ogjwoo2]
     
  19. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    еве ме и мене во групата ,ве следам редовно и навистина се восхитувам на тие што напреднале и што успеале да се спасат од оваа ,,гнаса,, :( гузи,аззура,дуња и сите други се надевам дека ке се сретнеме некој ден сите заедно и ке зборуваме за овие наши како да речам периоди а веке ДУЊа го надминала тоа и браво за неа :* јас пак го имам чувството кога се наогам во гужва посебно како да ми се врти се околу мене и секој миг ке се срушам и барам излез ко будала :envy: до кога вака :worried: навистина незнам ...до кога ке ме следат овие гадни чувства :( се борам верувајте ...но изгледа недоволно или премногу сум хипохондрик и страшлива ,паничар,и на моменти кога ми е добро ,мислам дека пак ке настапи лошото и пак живеам во искушенија...поззз до сите ве почитувам :*
     
  20. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Поздрав Анита,
    не ,ниту си ти премноу страшлива, ниту премногу хипохондрик.....сите анксиозни личности се исти само ти треба или малку повеке време или подобар психијатар или пак ти треба самата да си поразговараш со себе и да кажеш,,Доста е,Јас ја надминав анксиозноста и сакам даго поделам тоа со Вас.
    Морате да сфатите дека до крајот е потребнаупорна борба ....и да пагате пак да се кревате...и да не се обесхрабрувате...секако дека ке помине.
    Претходно ја читав Марвинела 5 ееее се сеќавам на неа , а сега и се восхитувам...умнае ја сфатила работата....и си ставила во глава дека анксот ништо не ни може, дека не треб ада му придаваме важност, дека нападот кој наидува треба да му кажеме игноррр и така со време ,,,,се ке среди.Не велам веднаш и не преку нок ама секако дека ке го надмудриме.
    Не плаши се.....само стегни си ја душата во моментот кога ке тргне нападот и преусмерувај се на друго нешто..мислата преусмери ја и ке видиш...со тек на време оваа ке ти стане навика ке го научиш мозокот вака сам да ги одбива нег мисли и да го прогонува твојот страв.
    Поздравче...не се предавајте, не залегнувајте во кревет по анкс напад останете на нозе вежбајте преусмерување на мисли....ех колку сакам да ви помогнам!!!!!Послуѓајте ме ...таму е лекот ..во нашата глава.
    Ве сакам останете борбени и не се жалите на никој БОРЕТЕ СЕ :inlove: :inlove: