1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    прекрасна си ДУЊА :* секогаш те читам поздрав :* и секое добро
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. torkovich

    torkovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Поздрав на сите, супер сте!
    Имено, од пред некој период ми се случува (барем мислам дека е тоа) како насловот на темата. Не можам навечер да спијам убаво (или ако спијам се будам мошне често), глупави мисли, мислам дека станувам хипохондрик :lol: , овие 2 дена и често мокрење, срцебиење (навечер пред спиење кога е тивко), хиперсензитивен сум на звукови (на пример - седам пред компјутер, си слушам музика и слушнам некој звук од страна што може да ме растрепери). Дали сите овие симптоми укажуваат на анксиозност? Благодарам однапред
     
  3. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Zdravo na site sto sekojdnevno se borite so anksioznosta. Ovaa opaka bolest ja nosam so sebe veke 15 meseci. sekojdnevno se boram so nejze i se obiduvam da ja pobedam Milo mi e sto ne sum sam i sto ima kade da ja spodelime makata. Doziveav golem stres i posle toa padnav vo depresija. Postojano placev, imav crni misli, me fakase ludilo, mislev ke umram, ne gi cuvstvuvav nozete od kolenata nadolu, nemav apetit, imav cuvstvo na griza na sovest, go mrazev denot koga ke me razdenese, odvaj cekav da se stemni i da legnam da spijam, ne mozev da gi pratam lugjeto koga ke mi zboruvaat, imav vrtoglavici, lupanje na srceto, strav golem, gubenje na vozduh,koga ke se najdev vo avtobus me fakase panika, cesto odev vo wc, cuvstvo na nemir vnatre vo mene, gubenja pa vrakanja, ke me obliese ladna pot, ke pocnev da se tresam, kako da ne bev jas, tuku nekoj drug vo mene, imase glas vo mojata glava koj mi vikase da umram, koncentracijata mi bese na najnisko nivo, gi gresev avtobusite i stanicite, gi promasuvav. HOROR. Mislev deka sum gotov, se spremav za umiranje. Se pozdravuvav so najbliskite. Imam semejstvo koe mnogu go sakam, ama vo prvite 5-6 meseci od dijagnozata gi mrazev site okolu mene, pa duri i sebe. Pred ocite sekogas mi bese crno, ziveev kako zombi. Se plasev da se obratam kaj maticniot lekar, ama otidov i toj vednas me prati na psihijatar. Tamu mi dijagnosticiraa depresija i anksioznost. Odev 3-4 pati mesecno. Mi prepisaa demetrin i asentra. Demetrinot gi piev 8 meseci, a asentrata uste ja pijam. Probav da gi otkazam, ama simtomite mi se vratija. Se plasam deka nema da mozam da ziveam bez asentrata t.e. antidepresivite. Sega sum podobar, ama simtomite pak gi cuvstvuvam samo se poretko i so pomal intezitet. Razgovorot so psihijatorot mnogu mi pomogna, zatoa na site sto gi imate ovie simptomi ve molam vednas da odite na psihijatar, ne odolgovlekuvajte i ne mislete deka ke pomine. NE, ne pominuva, i jas go mislev istoto, ama se lazev. Moj sovet vi e da ne se izolirate, setajte, druzetese so pozitivni lugje, slusajte muzika koja ve raspolozuva, kupetesi nesto sto ke ve izraduva, razgovarajte za bolesta, ako ste vo brak guskajtese so partnerot, ako imate deca, guskajte gi decata. Slusajte go psihijatarot......
    Koga ke stanete na sabajle,odnesuvajte se najprirodno i najpozitivno, otrgnuvajte gi crnite misli, znam deka e mn. tesko ama pomaga. Povtoruvajte si vo sebe deka ne ste bolni i deka e momentalna sostojba. Muzikata e lek, odete vo teatar na komedija, na koncert, vo kino, jas toa go pravev redovno.
    Pozdrav do site.

    [mod-kirilica:2aq7ntpd][/mod-kirilica:2aq7ntpd]
     
    На stejsi2005, dunja и NotInLove88 им се допаѓа ова.
  4. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Сакам да ти помогнам , но незнам дали е се од анксот??????
    Некогаш вакви симптоми даваат и жлездите..пр. тироидната...ама сепак ке мораш да појдеш на лекар.
    Кај нас анксиозните е вака....откако ке ги поминеме сите прегледи и сите резултати ни се ОК значи дека сме анксиозно-депресивни...затоа појди од некаде ..од матичниот на пример па тој ке те спроведе понатаму...само не чекај и не губи време ако (недај боже си анкс.тогаш ние сме тука :) ама лекар си е лекар. Сепак не плаши се ...што и дае ке помине.
     
  5. torkovich

    torkovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Бев на испитување за TSH и Т3 бидејќи мајка ми има Хашимото... Резултатите ми се нормални, како и комплетната крвна слика ми е супер. Бидејќи сите овие симптоми во претходниот пост ми се случуваа и лани тогаш дадов и урина за уринокултура која беше нормална.
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Повторно јас, ама сега со кирилично писмо. Многу ми е мило што не сум сам и што има каде и со кого да ја поделам оваа болест (анксиозност). Се борам со неа веќе 15 месеци и ќе продолжам и понатаму да се борам, затоа што сфатив дека се е во главата. Одкако ги направив сите можни испитувања, а кога се влечкав по болниците бев во катастрофална состојба. Одвај излегував од дома, а патував се со автобуси, а во нив доживував такви напади на паники што ме доведуваа до лудило, не знам ни сам како не се мрднав од памет.......Но, со тек на време и со помош на мојот психијатар сум многу подобар. Симптомите сеуште не ми се изчезнати скроз ама научив да ги игнорирам, бидејки знам дека не се опасни за мојот живот и дека ќе поминат. Си го живеам животот најнормално и се трудам постојано да сум позитивно расположен и насмеан каков што сум и по карактер. Музиката која ме расположува постојано ја слушам и потпевнувам. Ве подржувам сите што ја имате оваа дијагноза и ви велам и советувам да не се предавате, боретесе, ние не сме болни, треба секој ден да си го повторуваме ова и ќе помине........
    Поздрав до сите
     
    На Lale3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. uporna

    uporna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите,
    Најпосле најдов да разговарам со некого за тоа што имам поминато, а и јас да помогнам на некого.
    Епа вака имам 21 година, а првиот напад ми се случи на 19 години,за време на првите колоквиуми на факултетот,бев на психијар и пиев лекови ама кратко неполн месец бидејки сватив дека никој и ништо не може да ми помогне освен самата јас.Сакам да ви кажам дека анксиозноста се јавува како последица на некој стрес, сите вие имате доживеано некој голем стрес, (загубата на близок или др.) но кај мене тоа се јави само од нервозата која ја имав поради испитите.Во почетокот на анксиозноста колку и да ми беше голема волјата да се излекувам и сознанието дека проблемот е моето размислување,симптомите не исчезнуваа.Но бев упорна и истрајна иако симптомите ми продолжија уште 1,5-2 години, а и ден денешен ги имам кога ке доживеам некоја стресна ситуација ама ти се минимални и скоро и да не ѓи забележувам.
    Значи лекот сте самите вие. Ке ви кажам и како јас се излеков и сметам дека е најсоодветен лек.
    ЈОГА. тоа е лекот кој ми помогна мене и на многу други.Почнав со јога 1 година откако ми се случи првиот напад. Кога отидов кај психијатарот на контрола просто се зачуди и ме праша: ''Што правиш? '' а јас со задоволство му реков:''Едноставно вежбам јога''.не можам да ви го опишам задоволството и среката која постоеше на неговото лице.Ми рече дека всушност секој психијатар треба да има и тренер по јога во својот тим.Рече ''Така се лечат луѓето во странство, за жал тоа уште го нема кај нас.'' Јогата е всушност спорт на телото и умот,таа ви го менува животот, се чувствуваш полн со енергија и живот, а тоа колку си душевно исполнет и да не зборувам.Со помош на медитација ке ги надминете сите свои стравови. Јогата ви помага да се чувствувате добро и психички и физички. Во мојата група јас бев најмлада а имаше луге од сите возрасти и секој со различни здравствени проблеми.
    Веќе не одам на јога бидејки во мојот град нема и можам да ви кажам дека тоа е најважната работа за која ми е жал што не можам да ја имам.Кога вежбав јога Верувајте нервозата и стресот ми изгледаа смешни. Тренерот велеше: ''Јогата ви помага стресот да помине низ вашето тело а не да остане во него и да создава ви проблеми вам и околината.''
    Кај анксиозноста се намалува или губи самодовербата, јогата ви ја враќа.
    Ви го кажав мојот лек а и на многу други луѓе и срдечно и најискрено ви препорачувам да пробате, неможете ништо да изгубите само да добиете.
     
    На Azzura му/ѝ се допаѓа ова.
  8. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    divener dali gi primenuvas mudrite ili si gi primenuval dejstvuvaat li?ja imam momentalno knigata pa me interesira.

    majuska odi vo gradska biblioteka ke najdis se nadevam nesto gi ima na joseph marphy pozz.

    [mod-kirilica:3642wce6][/mod-kirilica:3642wce6]
     
  9. Bea26

    Bea26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Јас никогаш не прифатив да пијам а.д затоа што генерално имам одбивност кон апчиња.Можеби ако ги зимав ќе ја надминев порано анксиозноста.Незнам.Но мојот избор беше да не пијам никакви лекови. Единствено што се согласив да зимам и што мислам дека за мене беше делотворно се Омега 3 таблетите. Ги пијам веќе два месеци секое сабајле .Би сакала да можам да кажам како Дуња "Јас ја победив анксиозноста", ама сеуште стравувам дека ова еден ден пак ќе ми се вратат нападите. Јас сум многу ,многу подобро за разлика од пред една година кога дури и дадов отказ од работа ,затоа што мислев дека веќе не сум способна да превземам било каква одговорност и дека толку е со мојата професионална кариера, ама еве сега веќе цел еден месеци сум на ново работно место и ниту еднаш не ми се случил паничен напад.Сега дури почнав да ги анализирам колегите и гледам дека и тие пред битни состаноци губат концентрација, се тресат како лисја и им се потат дланките, така да тоа е сосема природно, ама како што многу пати се кажа тука - НИКОЈ НЕ УМРЕЛ ОД АНКСИОЗНОСТ. Ова ми требаше долго време да го сфатам, затоа што и јас несакав да заспивам од страв дали утредента ќе се разбудам. И така цела година.
    Се надевам дека следниот пост ќе ви го напишам за да ви се пофалам дека сама сум се возела во градски автобус. Тоа ми е следната бариера за надминување. Неколку пати застанав на автобуски станици, ама кога ќе ги видам полни автобусите, веднаш трчам да си одам со такси, ама убедена сум дека е прашање на време кога и таа фобија ќе ја поминам.
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Беа 26, Браво!!!
    Јас се надевам ...не не сигурна сум дека брзо ке го надминеш и возењето во градски и гужвите ке ти станат нормален дел од секојдневието....јас го надминав тоа иако ми се случуваше да се скинам од автобус на половина пат. :lol: сега ми е смешно...тогаш не беше така.
    Сега се возам без тронка страв....нормално дека ме нервира турканицата ...ама не како порано.Седам мирно и не давам стравот и паниката да завладеат со мене, знам дека тоа е само лоша мисла и не ми мможе ништо.Си ги преусмерувам мислите на некој убав настан или почнувам да фантазирам.....стравот од гужвата и просторот исчезнува.Можно е..обиди се...не се предавај и оваа фобија ке биде победена само ти ако сакаш.А и другите...не е лошо да ја послушате БЕА........ од анксиозност никој не умрел, сите сме анксиозни некој помалку некој повеке....ние за инает ке бидеме првите,,помалку ил ИЧ анксиозни,, :clap:
    Поздравче
    Ве сакам :inlove:
    На FB ви го пуштив Бајагааааа многу го сакам слушајте го!!!!!!
    Ај поздравце
     
  11. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Здраво, Ве поздравувам сите. Сакам и денес да поделам некое од моите напади на паника. Прочитав за вашите панични напади во автобусите и на автобуските станици. Лани зимата, јас ги имав истите чувсвта како вас. Со месеци ги имав тие напади на паника од многу гужва. На работа патувам со автобус. Одам со два и се враќам со два автобуса. Значи дневно користам 4 автобуси. Ги имав истите симптоми како и вас. Ве разбирам во потполност како сте се и како некои се чувтвуваат ден денес. Мене ме фаќаше лудило, мислев ќе побудалам, се губев, не знаев каде се наоѓам, концентрацијата веднаш ми паѓаше. Ама не се откажував, влегував и го молев Господ да не ја згрешам автобуската станица, мада понекогаш и тоа ми се случуваше. Ниту еднаш не се симнав иако имав напади на страв........
    Истото ми се случуваше и во Супермаркетите, од артиклите кои се во разни бои и имаат разни цени. Не можев да пазарувам, обавезно ми се вртеше во главата и ме фаќаше паника, губев воздух, срцето забрзано ми чукаше, доаѓав во ситуација да се изгубам и одма мислата дека ќе умрам, готово и веднаш излегував на воздух и дишев длабоко и обавезно си носев во џеб нешто благо, бонбонче и ке го лапнев. И ден денес си носам нешто благичко, а во ушите веќе со месеци ставам тампони кога излегувам од дома, бидејки ми сметаат гласни звуци, чкрипења на кочници, тропања со штикли, шушкања со најлон кеси и целофани и слично. Исто така веќе година дена секоја вечер пола саат пред спиење пијам по една шоља чај од Валеријана, ми помага за опуштање и подобар сон........
    Поздрав до сите
     
    На mila23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Поздрав адреналин,
    дали сега си добро??
    Го надмина паничењето во автбус или во продавница???
    Дали земаш нешто од лековите или без нив успеа??
    Пиши ни нешто повеќе... :)
     
  13. mila23

    mila23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    31
    Здраво на сите.Одамна не сум пишала иако ве читам редовно..среќна сум за тие што се осеќаат многу подобро и се надевам дека и останатите ќе успеат да го надминат ова..јас да ви кажам дека сум многуууу подобра, пијам асентра само ама многу од симптомите исчезнаа..сега немам веќе страв да се качам во автобус, иако кога сум сама не сум толку сигурна ама ако е некој со мене не ми е страв, исто и мене ми беше така по продавници ме фаќаше паника, добивав вртоглавица, се губев ама сега веќе го нема тоа...е сеа ми остана уште во дискотека да отидам, ама има време не се брзам :) поздрав до сите и немојте да се противите толку на лекови, иако ние сме си најдобриот лек сепак мене лично ми помагаат... :*
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    повторно едно големо здраво за денес од мене до сите. мислам дека ми недостасува уште малку за да го надминам стравот и паниката што ги чувствувам во автобусите, автобуските станици и супермаркетите. ама се трудам мислите да ги насочувам на убави моменти кои ми се случиле во животот. на пример кога се заљубив во сопругата, нашата свадба, рашѓањето на нашите деца и со помош на позитивните мисли некако успевам да ги надминам панишните напади.......
    само што сеуште кога ке легнам да одмарам или спијам како да тонам во креветот. како некој да ме влече за нозете, ме тегне за да ме носи некаде а не знам каде, ама пак игнорирам.........
    сеуште пијам антидепресиви асентра по 50 милиграми на ден, а деметринот го пијам по потреба.....
    поздрав до сите
    боретесе ние не сме болни, ова е само состојба на нашата психа.......
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    :) Поздрав адреналин и сите други мили мои,
    да ние не сме болни....оваа состојба може да се надмине :)( гледате...адреналин, мила 23...ја надминале)
    Адреналин и оваа тонење ке исчезне само...... кога ке почувствуваш да тонеш промени ја положбата на телото и веднаш ќе се почувствуваш стабилно.на оваа ме научи мојот психијатар еден прекрасен човек на кој вечно ке сум му благодарна.
    :inlove:
     
  16. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Ти благодарам Дуња на советот, ќе пробам да ја сменам положбата на телото кога ќе почнам да тонам, одличен совет, мене мојот психијатар ми го немаше кажано ова. Сакам да споделам усте едно мое искуство со вас. Значи вака, кога ќе добиев напад на страв и немир внатре во мене, легнував сам во соба и ќе ги кренев рацете во вис, ќе се опуштев максимално и ќе почнев да си ја кажувам молитвата: Oче наш кој си на небесата, да се свети името твое, да дојде царството твое, да биде вољата твоја, и т.н, и тоа неколку пати, додека не ми помине. Мене ми помагаше. Ден денес ја казувам оваа молитва, пробајте и вие. Јас како верник, многу често одам во црква, а кога сум во можност и во манастир, таму добивам духовен мир. Си палам свеќи за здравје и си се молам. Во центарот под куполата таа моќ е најсилна. Тогаш сме најблиску до Бога. Пробајте......
    Ве поздравувам сите и ви посакувам да се борите за да ја надминете оваа опака болест.
    Пак ќе повторам, ние не сме болни.......
     
    На Lizbet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Здраво на сите :) Ве читам неколку дена, а еве се приклучил и adrenalin на кој би му кажала да позборува со својот психијатар за дозата на Асентрата. 50мг се најмала доза, би требало да ја зголеми, со оглед на тоа што се чувствуваш анксиозно и тонеш...Антидепресивите не создаваат зависност, напротив тие само помагаат да се намалат многу симптомите на анксиозност. А прашај го докторот и за хелексот...

    Како и да е, на сите најтопло ви препорачувам да кажувате молитви, не мора класичната, туку онака од срце...Јас многу си помогнав така. Никој не ми кажа, веројатно потсвеста сама ми побара да се молам. Не одам многу во црква, верувам само дека Бог е во мене и сите нас...Верувам дека молитвите се услишуваат. И точно е, ова не е болест, ова е состојба на умот. Ситуација кога сме на раскрсница и кога мора да се реши нешто во животот, но и да се надмине стравот од неизвесноста. Ве сакам и не се откажувајте! Животот е преубав за да се мачиме со вакви чувства :)
     
    На HeidiDiWalt и afroditaa им се допаѓа ова.
  18. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    Zdravo na site gi citav vasite problemi i eve i jas da se priklucam,dijagnosticirana mi e anaksioznost,pred 5 godini,piev AD sega ne,najcesto me faka napad na panika vo zimo imam gusenje a eve sega celo vreme custvuvam bolki na levata strana kaj srceto,tapa bolka pod pazuvi pravev ekg se e vo red,celo vreme sum so losi misli ve molam za pomos,ako nekoj vaka se custvuval. :(


    [mod-kirilica:gylhksoz][/mod-kirilica:gylhksoz]
     
  19. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    поздрав на сите :) како сте ?еве јас најдов малце време па да се подржам...јас сеуште не сум ги почнала апчината ЗАНФЕКСА и веке 30 дена сум без таа терапија од страв што ке ми се случи ако ги испијам :^)
    инаку така тешко се борам со некој б-стрес комплех ,и навистина незнам до кога вака ,така сум некако напната но поднесувам :worried:
    инаку сите овие над мене што пишале ги поздравувам и да им кажам дека и ние од анксиозност ги имавме истите симптоми само треба да се бориш како што кажа ДУНЈА,АЗЗУРА и други што ја совладале оваа грда болест ,чувство незнам што е.поздрав и секое добро :)
     
  20. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    здраво еве јас пак само да се извинам сто не писав на кирилица,дали има некој мисленје за мојов проблем еве пас сега цуствувам тапи болки на левата стран и став ми е да идам во керевет поздрав :(