здраво,еве ме мене пак,не сум ни малку спела,осекам се како некој да ме тепал цело тело ме боли,едноставно не функцонирм,во умов ми се само болести како ме боли лева рака под неа како ке добијам срцев удар и.т.н ве молам како да поминам низ сето ова поздрав
Здраво Надеж31. Мој совет ти е веднаш да се обратиш прво кај матичниот лекар, па после на психијатар. Не чекај, јас така чекав 2 месеци, мислев ке помине, ама кога почнав да тонам во црни мисли, знаев дека нема да помине и отидов прво на матичен па на психијатар..........)) Пиши што си направила
Азура, здраво. Ти благодарам на советот искрено, во врска со дозата на Асентрата. Но решив повеке да не ги пијам и готово. Ако добијам повторно напади, нема да посегнам по лековите, тоа си го ветив на себе. Молитви и само молитви. На еден начин си најдов спас, преку молитвите, читањето, допишување преку фејсбук и скајп, имам доста пријатели и верувајми кажано со прости зборови си го перам паметот и тоа ми доаѓа како психотерапија. Башка секој убав ден го користам за прошетки и дружење со драги пријатели и роднини. Најискрено те советувам да пробаш и ти................ Оваа грда болест сака секојдневна борба........ Ние не сме болни, само психички сме ослабени од стресови, ќе помине, верувајтеми, кога јас се цувствувам подобро и вие ќе се цувствувате подобро, само треба време, време, време и желба да се победи оваа опака болест...... позз до сите
надеж да знаеш само какви не болести јас си измислував досега требаше од дамна да сум покојна ама ништо не ми се случи здрава и жива сум,и тебе нема ништо да ти се случи,ако не си спиела синоќa вечер ке спиеш, а сега доста мислиш туку излези надвор во град или природа незнам кај живееш прошетај малку пробај да се опуштиш немој со сила да пробуваш да се опуштиш зошто така нема да успееш туку спонтано со шеткање и најди си добар муабет ке видиш дека несвесно си се релаксирала,нема да добиеш инфаркт нити излив нити рак од мисла не се заболува и умира мораш самата да решиш да ставиш крај, долго време се бориш со тоа и ако до сега не ти се случило ништо нема ни сега,ајде излези и подиши малку воздух баш е убаво надвор .....поздрав
Драга Надеж31,послушај го нашиот совет,не се измачувај,оди кај матичниот лекар,ќе ти даде упат за психијатар,верувај дека кога ќе го исфрлиш набојот што ти се собрал(низ разговор со психијатарот) ќе се чувствуваш многу подобро.Верувај дека сето тоа што го пишуваш сум го поминала,тоа е состојба која неможе да трае вечно,неможеш од тоа да добиеш срцев удар или незнам што,ништо не ти може. Немој да се измачуваш себеси и да чекаш,еве не сите нас што сме биле во таа состојба сега сме живи и здрави,но мора да побараш помош од стручно лице.Поздрав
Само ти прави го она што најмногу те опушта,што ти годи,ако гледаш дека успеваш и ти е подобро тоа ти дава сила да продолжиш да се бориш верувај во тоа дека анксот ќе ја загуби битката.
здраво и ви благодарм со ми писавте,инаку adrenalin бев кај матицен и он знае каква е ситуацијата,јас од претходната година се борам да ја надминам анаксиозноста без AD 3 ипол години бев со апцијна кај психијатар,докторката проба да ми ја намали дозата после 6 месеци ама кај мене кога се прекине терапијатакога имам стрес за месец дена јас се вракам на истото и тонам,проблемот е имам презивеано многу трауми татко алкохолицар,со еден збор семејно насилство имав теско детство секогас со стресови сама се борев за се и откако веке не сум тамо се омазив заврсив фак. мене ми се слуЧува најлосо,мислев дека е се заврсено ама пред месец кога спијам ми се вракаат сите трауми сто ги имам презивеано мислев на нив и плацев и еве пак се врати се мислам како ке добијам срцев удар ке добијам рак и ке умарам,инаку адреналин матицниот ме праса дали сакам да се вратам пак на AD и тој ја знае целата ситуација утре треба да одам кај психијатар.инаце маринала5 ти благодарам многу бев малку излезена подобро ми бесе кога се вратив и ви благодарам за подрската сто ми ја дадовте.поздрав
Здраво на сите, Редовно ве читам и навистина ми помогнавте многу. Јас навистина мислев дека сум сама на овој свет додека не го пронајдов форумов. Веќе од август месец се борам со анаксиозноста и мислев дека можам без апчиња но имав вртоглавици и ми препишаа сероксат.Сега ми е многу подобра состојбата.Поздрав до сите и ви благодарам за подршката
ADRENALIN, многу ми е мило што си донел одлука дека се е готово и анксата „си оди“ Тоа е вистинската одлука! Браво..дури и дружењето со пријателите помага...долго живеев со ова чувство, но сега веќе сум многу подобра. Се научив како да ја контролирам, а да ти кажам најискрено и на сите други - љубовта лечи многу работи понекогаш кога се возам до работа, ќе ми дојде некој нагон на радост и одма гледам кон небото и викам „фала ти господе, се е во ред“ )) NADEZ31 врати се мила на АД пак, не ги одбивај, ако ти било подобро, не си требала да ги откажуваш. Можеш да си ги пиеш цел живот, не е страшно...Од ова што го прочитав, имаш многу стресови доживеано, но тоа не е причина да си мислиш дека ќе се разболиш од некоја опака болест. Всушност, откако телото ти се опуштило и си помислила дека се е во ред, одеднаш се вратила анксиозноста...Сака да ти каже дека мора да го надминеш минатото и да разбереш дека повеќе не може да те повреди. Но, за да се случи тоа, умот ќе ти „се чисти“ низ овој филтер. Издржи уште малку
zdravo eve me i mene nekolku denovi se osekav podobro sega pak crnite misli ,kako da doagat ,pijam i ad i samo molitva odam i se molam se tesam so sita vas koi se na forumom mi pomaga mnogu se nadevam drka ke pomini eden den,i ova ke bidi samo eden los son pisete zaedno sme posilni pozdrav .
Eve moe mislenje:Jas pominav niz ist period vo zivotot isto kako tebe....lekarstva lekarsta i samo lekarsta se do momentot koga resiv da prestanam da gi pijam Ke prasas zosto? Zatoa sto jas samo poloso se cuvstvuvav od niv...tie mi pravea lazna srekja...se do momentot koga ke isceznese dejstvoto.Potoa vednas posegnuvav po nova tableta za da se vrati toa cuvstvo...nesto slicno na zavisnik od droga... Vo prvite momenti koga gi ostaviv lekovite vistina e deka se borev so sebesi,bukvalno pominuvav niz krizi,no cvrsto zastanav i resiv deka,ke mu se vratam na zivotot i site ubavini koj toj ni gi nudi....moze ti zvuci nevozmozno...no veruvaj deka jas pominav niz eden mnogu tezok period...nemav zelba za zivot,nizto ne me interesirase,oslabev 45 kila,bev anoreksicna i taka natamu.... Sega 6 meseci podocna jas sum druga licnost,povtorno mu se vrativ i mu se raduvam...i uste nesto,jas nikogas ne sum mozela da poveruvam deka mozam da bidam takov pesimist,a se cudea i drugite,bidejki sekogas vazev za vedra licnost koj bukvalno taka da se izrazam gi vadev lugjeto od umreni... Se slucuvaat sekakvi raboti,mi se slucia i mene,ti se slucile i tebe...no nedavaj im da te opsednat... Site imame problemi,no recisi,bas mi e gajle,jas sum srekna,mu se raduvam da denesniot den,i blagodaram na majkami sto mi podari zivot za da gi osetam site negovi radosti i nema da dozvolam nisto da dopre do mene...povtoruvaj si go ova sekoj den po 20 pati na glas...i ke vidis deka ke ima efekt... Patem najdisi i nekoja zanimacija vo zivotot...kolku i da mislis deka nemozes probaj.Na primer pesaci,crtaj,slusaj muzika toa e mnogu bitno,sedi vo prilicno osvetlena prostorija,izrabotuvaj nekakov nakit,sto i da e samo da gi nasocis mislite kon nekoja druga rabota,i ke vidis deka trudot sto si go vlozila se isplatel... Ti posakuvam mnogu srekja i se nadevam deka vo najskoro vreme,ke mi pises deka ima nekakvi promeni kaj tebe... Pozdrav i se najubavo
Здраво на сите што се борите со оваа опака болест. И се обракам на Надеж31. Потполно те сфакам и ти благодарам на искреноста. Верувај ми јас откако се оженив не видов бел ден. Во брак сум 22 години. Ја сакам сопругата и децата нормално, ама сиромаштијата ме донесе до лудило. Само јас работев во фабрика на смени, ама парите не ни беа доволни. Од ден на ден тоневме и се оддалечуваме со сопругата. Парите не се најважни, ама љубовта доаѓа преку стомакот. Кога останав без работа, сопругата се разболе многу, имаше 3 операции за кратко време. Јас без работа а таа само по болници, децата растеа, ама со мене, бидејќи жена ми само лежеше. Пари нема, а болести колку сакаш. Стресови, стресови и само стресови......Задолжен бев на сите страни, а немав од каде да вратам. Ослабев 20 кила за кратко време. И јас се разболев со срцето, имав инфаркт. Децата беа препуштени сами на себе......)) И пред 15 месеци, PUKNAV. Почнаа симптомите на анксиозноста, жена ми болна, а јас бетер болен...... Крајот не ни се гледаше. Двајцата само по доктори одевме. Наместо да се радуваме на животот и да си ги гледаме децата како ни растат, ние само по болници. Мислев дека некој ни има направено магија.......)) Но, откако почнавме поредовно да одиме по цркви и манастири, да се молиме, да си палиме свеќи за здравје, и нормало редовно на психијатар под терапија и се опоравив. Не сум скроз, јас пак ги имам тие панични напади, ама поретко и со помал интензитет. Јас искрено се спремав за на оној свет, се поздравував со најблиските, не можев да се отарасам од црните мисли, ми висеа над главата....... Ама бидејки ја сакам музиката, сакам да гледам филмови на ТВ, да читам, да решавам крстозборки и сл. ете на овој начин полека, полека се враќав во нормален живот. Искрено се осеќам многу добро, што ви го посакувам и на сите вас. Сфатете дека се е во психата. Ако сакате да ја победите анксиозноста-депресијата, тогаш ке ја победите. Слушајте го психијатарот, ама мора и самите да си давате самодоверба. Бидете храбри. Ние не сме болни, не знам по кој пат го повторувам ова. Може на секого да му се случи......... Ве поздравувам и се читаме пак. Искрено Ваш Адреналин
Здраво Аззура. Мило ми е што и ти си храбра и си подобра, само така продолжи. Однесувајсе како да немаш анксиозност, јас така правам, си велам во себе, здрав си, ништо не ти е, ќе ти помине. Бидејки јас ги направив сите можни испитувања. Пред да одам на психијатар, со месеци одев по доктори, и кога матичниот лекар ми кажа дека резултатите ми се одлични, (само шекерот ми беше паднат од стрес) тогаш многу ми олесна, бидејки јас мислев дека имам тумор во мозокот, затоа што се губев, гледав ама како да не гледам, слушав ама како да не слушам и концентрацијата ми беше на најниско ниво........)) Пошнав со сопругата се почесто да водиме љубов, а љубовта ги лечи сите психички проблеми, ова ме советуваше мојот психијатар........)) Главата горе, водете љубов!!!
Zdravo na site i vi blagodaram sto mi pisvte vaka sega samo sto se vrativ od psihijatar,ne ziveam vo skopje i odma da vi pisam.Doktorkata mi dade Helex za sega,i kazav i na nea i na vas sega maz mi saka da imame deca (kako da se vratam pak na AD) sto e normalno a kaj mene eve problem,doktorkata kaza da probam ovaa nedela i slednata nedela so helexot malku da se smiram isto i ona se nadeva deka ke mozam da pminam bez AD,imam 31 godina i jas sakam deca i bi sakala da pominam preku ova bez apcijna,skoro 6 godini kako sum po bolnici i doktori I STALNO MISLAM NA BOLESTI I si go analiziram sekoj del od teloto,denes koga izlegov od psihijatria mi bese podobro stvarno sum srekna i so ve najdov vas na forumov da mozam da razgovaram pozdrav i vi blagodaram za podrskata
леле луге со си правиме на себе си,мора малце да се прибериме со сите сили, книги, молитви се со мози да се оттргнеме ,па псоле ке не болело ова ке не болело она не е ни цудно самата психа делува на телото затоа сите овде ке си помагаме ке казуваме искуства методи сретсва како се трудиме да си помогаме со кои сили за да на некој нацин сите еден на друг си помагаме, зато писете со правите за да излезете од ова еве мене на пр ми помагаат книги од јосеф марфу имам цитано многу,норман винсент пил.....се молам многу како со каза и аззура мсилам бесе исте поминуваме низ пекол но мораме само надезззз и вераа и искуството ан дунја и севетите в глава
Golem pozdrav yes ,falati za podrskata ,se nadevam deka eden den i jas nekoj ke go podrzam i ke mu kazam deka ima izlez od ovaa krasta ,neznam kako mozese da me obzemat vakvi crni misli ,pekav za dete celi 15 godini a sega da ne mozam da se raduvam na toa dete misli strasni prav horor,se plasam samo da ne mi se sluci toa so go mislam ,deka nema da izdrzam ,od edna pozitivna licnost stanav naj stresena kiznaj so si mislat lugeto okolu mene ne me prepoznavat ,golem pozdrav pisi mi .
Поздрав до сите,посебно до Адреналин...се соживеав со тебе ..уф, како и со сите вас драги мои..да знаете дека солзи ми потекоа....ама знам дека сите кога -тогаш ке напишете ,,јас го победив анксот,, Продолжете...кај психијатар обавезно, а останатото се што ке ве чини срекни...молитви ли, книги ли....ама јас се сложувам со едно ..сексот и љубовта најмногу помагаат Поздравче и не се откажувајте...заедно сме посилни... Јас ја победив анксиозноста , ја победиле адреналин, мила, аззура, јес.....ке ја победите и Вие.
Така е Дуња, заедно сме посилни. Само ние знаеме како е да се биде и да се бори со оваа гнасна болест. Јас од ден на ден се чувствувам се подобро и подобро, фала Богу!!! Затоа на сите драги мои кои се борите со оваа болест, ви го посакува истото од се срце. Мислам дека до сега се имам споделено со вас, ама тука сум да ви помогнам, не се стегајте прашајтеме слободно за се, ќе ви одговорам. Чекам да ми побарате помош од моето искуство со оваа опака болест, ви стојам на располагање. Искрено ваш Адреналин позз п.с. Ние не сме болни, ќе помине........
ajde adrenalin pozitivno deluvaj ni samo prodolzi pisi pisi se ke pomogni sto e pozitivno delotvorno ke e z asite nas.citajte knigi za samopomos ne velam deka odma ke ne izbavat od ova no sepak deluvaat i toa inie dobro odbranite ili barem nie tie so sami ke si gi odredime kako DOBRI za nas bez razlika na sekoj razlicna kniga ke mu pomaga i da se molime,i d aucime eve od dunja (pozzz dunja ,i drugite koi ne podrat pa se nadevam eden den i nie ke pomagame na drugi dajbozxe pomalc eda gi ima i voopsto da gi nemaat ovie probelmi
Супер што се споделуваат позитивни искуства.Мене барем ми влијаат многу вашите позитивни примери. Една од работите која кај мене се појави како придружен багаж со анксиозноста беше и потпаѓањето под влијание на се што ќе слушнев или прочитав. Така секогаш кога на форумов ќе прочитав дека некои и после 6 години сеуште се борат со стравот, јас си викав - нема лек од ова. Јас тек ја терам првата година, значи во наредниве 5 сигурно нема да се смени ништо. И така многу лесно се деморализирав. Сакам да ви кажам дека еве веќе неколку дена редовно одам и се враќам од работа со автобус. Добро, гледам тоа да не е многу полн автобус, некогаш и со минути чекам затоа што ги пропуштам оние преполните и чекам празен, ама јас се возам во автобус и не ми е ништо. Јухуууу !!!! Тоа пред некој месец ми беше научна фантастика. И да споделам со вас нешто многу смешно- додека се возам во автобус си мислам колку ли сум тоа јас сега срќна. Среќна што повторно можам да се вратам на старите навики, па дури и возењето во градски автобус. Поздрав и да се надевам дека оптимизмов ќе продолжи да ме држи