Адреналин, со какви мисли се избори, што поточно ти се случуваше? Јас мислам дека никој нема пострашни мисли од моите, како го надмина сето тоа? Поздрав и помагај те молам
страв веќе пет години мислам дека ке му се случи нешто на моето дете ,не знам од кај ми се појави мислата дали дека имав патолошка бременост малиот е сеа 7 ипол години јас не престанувам да ми е страв. сите лоши случки со им се дешаваат на некои јас мислам и мене, ми е страв да го гушнам ,да си играм со него се будам и легнувам со немир не можам повеке мислам ке полудам дали вистина нешто ке му се случи или јас полудувам ве молам кажете ми искуства дали на некој му се има случено ова не можам повеке каква мајка сум јас не сум срекна не уживам во животот во мајчинството ве молам за помош
страв па ти си само мајка......и секако дека ке се грижиш толку мн за своето дете и ако можеби е тоа малку вон сите граници ........пробај малку по малку да се отргнеш од тие мисли .....дека нешто мн лошо ке му се деси почнете постапка на осамостојувахје така ке бидеш по сигурна и во себе и во него .......а не е лосо да поразговараш и со некој психијатар сигурна сум дека тој би ти казал неколку трикови како да го направиш тоа ........мн срека
BEA, и јас истото го помислив со годините, кој колку се борел, ама нели сме анксиозни, па се' ќе помислиме и јас веднаш филмови си правев, ама не мора кај сите исто да е, мораме сами побрзо да го решиме проблемот. А ти Guzi, верувај дека немаш најстрашни мисли, сите ги имаме. Мене да видиш какви не ми дошле, се чудам што ми е, од каде ми доаѓаат, не сакам ни да си спомнувам.
Dunja ajde da probame vaka.Da receme vakato tebe moze da te napravi srekna.Mnogu zeni naprimer ne go sakaat svojot izgled,visok kilogrami,toa gi frustrira,pa ke im recam vaka i za toa ima resenie,ako te napravi srekna toa da imas 10 ili 15 kilogrami pomalku za da se osekjas posamouvereno pocni vedna,toa neka ti bide cel,neka trae dolgo no celta neka se ispolni i vistina e deka uspealo.Ova bese eden prost primer,jas sakam da ti kazam deka ne treba da te frustrira momentalnata sostojba znam deka taa ima koren,no pak ke ti kazam,se mozes da imas ili da postignes ako sakas,ako sama nesakas da si pomognes nemoze nikoj Dunja,a jas bas bi sakala nekako da ti ja olesnam celata sostojba.Imam dosta primeri za vakvi sostojbi a imam i mnogu procitano za psihata na covekot,pa ako ne ti e problem jas bi te prasala sto tocno te maci tebe,od sto se plasis,sto cuvstvuvas,za da imam nekoja pojasna slika.Pa na krajot na kraistata imaj vo predvid deka ti fizicki si zdrava,pa ima lugje so teski bolesti i ne se predavaat ziveat maltene i se raduvaat na zivotot poveke od onie koj se zdravi.Eve ke ti kazam nesto i za sebe,jas sum mlada megjutoa mnogu propativ vo vrska so zdravjeto,a sto da kazam jas so moite operacii,te ova mi bilo te ona mi bilo,i se so nasmevka pominav vo zivotot,solza nemav pusteno.Mene licno me tresna od zemja ljubovta,iskrena sum i ne mi e sram vaka otvoreno da zboram pred site,se zaljubiv i se bese ok,megjutoa proeblemot bese vo toa sto so covekot so koj nesebicno se sakavme ne sakase da ima deca.i kolku i da mi bese tesko jas rekov kraj,nemam idnina so tebe.zapadnav vo kriza za koja ti pisav,no na kraj si rekov,zosto da patam i jas i celata moja familija.staviv kraj i vo mojot zivot se pojavi momce za koe nekogas sum citala samo vo ljubovni romani,i jas nemozev da poveruvam deka mi se slucuva takvo nesto,deka ima nekoj na svetov koj za mene ke napravi poveke duri i od mojata majka sto se vika.No kako i da e ti si taa koja moras sama da se izboris so ova,sekoj den e skapocen ne mu davaj na mozokot da te opsednuva,ti komanduvaj so nego a ne on so tebe... Pozdrav Dunja i te cekam da pises...
здраво на сите јас конеЧно отспијав малку овие два дена мислам дека е од хелексот,малку ми се врти во глава пробам да не мислам на болките сто ми се во глава вЧера малку ме фати паника излегов просетав,борам се и се надевам дека ке помине еве сега пред пола саат Чуствувах болки пак на левата страна како ме боцка пеЧе кај срцето малку ме фати став,пак паника ама се смирив надевам се на подобро сега малку го Читам форумов и тоа ми е добро пуно поздрав до сите да се надаеваме дека ке помине овај лос сон.
Кога ме фаќа напад на анксиозност, кој со годините е многу поретка, јас си мислам на нешто убаво. И знам дека ќе помине, дека нема ништо да ми биде, пробувам да дишам длабоко и да чекам да помине. Со мене секогаш се слушалките и песните во моилниот што ми се за позитвно размислчување, и одма ги ставам на уши. Верувајте тоа многу ми помага!!!! И научив да живеам за мене а не за другите. Така полека ја снемува анксиозноста!!!
Паника т.е Напад на паника Ајде сега сите да си кажеме на кој што му се дешабва во мозочето мислам дека темата ке помогне.Научно докажано дека секој трет човек ја добива во одреден период од животот.Едни од знаците се мислиш дека не мозеш да дишеш,дека ке припаднеш,не можеш во гужва пошто почнува да ти се врти и ти доага се да истуркаш пред тебе и бараш излез надвор
Јас се плашам за моето дете, имам мисла дека ќе го испуштам, дека ќе го изгубам, не можам да го земам во раце и да одам на тераса. Ми се чини дека секој момент ќе го испуштам, како некој да управува со мене, многу е страшно. Поздрав и пиши ми те молам
Dunja ova kako sto go narekuvaat lekarite se paranoicni napadi,i te razbiram potpolno.ako se cuvstvuvas deka deteto nemozes da go drzis ti ne se optovaruvaj so toa,neka go zeme nekoj drug i ako e vozmozno neka ne ti prefrlaat za toa,tuku neka go razberat za mometalen problem isto onaka kako sto treba da go razberes i ti. Sakam da te prasam dali imas napraveno hormonalen status...nemozes ni da zamislis kakvi psihicki problemi moze da napravi hormonskiot disbalans....pod hitno megju drugoto proveri kako ti funkcionira tiroidnata zlezda,taa znae da sozdava seriozni problemi,no daj boze da e toa,zosto za toa ima resenie,se pijat tableti i so tek na vreme se si doagja na svoe mesto... jas ke te poddrzuvam se do onoj moment dodeka ne mi pises deka veke pocnuvas malku od malku da se cuvstvuvas podobro.... pozdrav do slednoto pisuvanje... [mod-kirilica:w5y3rbxh][/mod-kirilica:w5y3rbxh]
Yes, благодарам многу за твојата грижа....но ако се завратиш малку на форумов ке видиш дека јас се справив со анксиозноста и денес кога на момент ке почувствувам некаков мал симптом јас се насмевнувам...и го игнорирам ,таа е минато за мене...додуша остави голема трага врз мојот живот, ми одзеде многу години ама сега сум сосема добро и еве се трудам на овие мои девојчиња колку можам да им помогнам, пишаниот збор ми е единствениот начин за помагање. Сепак благодарам...читајки го твојот пост сретнав нешто околу фрустрациите и надминувањето ии сосема се сложувам со тебе... И јас бев исфрустрирана ........ми пречеше мојот релативно низок раст, потоа бев многу слаба...ситничка и дури бев за жалење, работев многу по дома,живеев во заедница со родителите на мажот +две сестри кои се забораваа кога доагаа на посети, иако бев факултетски образована бев без работа, мојат аситна и слабичка фигура не беше многу привлечна замојот сопруг иако не знам дали ме изневерувал или не....но чувствував дека не го воодушевував во кревет...... можеби и тоа придонесе мојата душа да се полни и преполни.....така рече мојот психијатар,,чашата е преполна,,.Е сега ...чашата ја преполни смртта на моето бебе кое го чекав 13 години(имам претходно син), но посакував и уште едно...да не зборувам веке...... и јас ПАДНАВ.Оваа беше капката која ј апрели чашата која веке била полна .Кога јас успеав сетоа оваа да го средам ми се среди и психата...значи тргнав вака....се изборив да живеам сама со сопругот, второ се скарав со сестраму која на глава ми стоеше и сега сум раат(колку и егоистички да ви звучам, оваа морав да го стоарам,хе хе.,потоа зедов да јадам..се подздебелив и станав згодничка млада жена по која барем еден од двајца ке се свртат, хе хе хе, најдов работа, бев толку упорна што на лугето им здодеа од мене,им се качив на глава ...не слушав никој,одев од врата на вратаи сама х еххехее си најдов работа, а тоа резултираше со пари и...така си го продолжив животот.Не сакам во оваа приказна да го изоставам мојот психијатар кој беше покрај мене и ме советуваше за секој мој чекор. Секако дека изгубеното не се врака и јас сеуште жалам за бебето, но како се вели,,Боже дај ми сила да го прифатам онаа што не можам да го променам,,Така и јас...се покорив на онаа ,,пишаното,, и тргнав напред,,заради син ми, заради мене...и еве ме сега... Оваа ви го пишав да размислите околу фрустрациите и личностите кои ви го отежнуваат животот и колку порано расчистите со нив толку побрзо ке излезете од анксов.Не грижете се за лугето кои нема повеке да бидат во вашите животи, тие веројатно тоа го заслужиле... Се распишав јас по навика, х ехеехеехе Вака ..на девојчињава кои се грижат за годините ,,колку ке им траел анксот,, Кај сите различно...ако успешно се справите со него за 6 месеци би требало да исчезне...некој пишал 6,7,8..еве јас 8години...ама јас незанаев што мие???Не одев на лекар, лежев и плачев,па како да испливам од ваква состојба...кој да дојде дома да ми помогне...??????Немаше кој мили мои..мажот се трудеше некое време па потоа креваше раце ......не велам дека грешел јас навистина ја претерав со плачењето и лежењето в кревет..па кој ваква да ме сака?????Е па сега вие размислете дали ке се предавате или ке тргнете со игноррр и ке го урнете стравот...тој е само лоша мисла ништо не ни може Поздравче...Ве сакам многу благодарам Адреналин за убавите зборови... благодарам на сите од форумов за убавите зборови за мене.јас сум срекна што со самото отварање на форумов помогнав на многу личностии им покажав дека не се сами и дека се е можно
Здраво, еве ме мене, само што го прочитав текстот на Дуња, секоја чест и поздрав. Се надевам дека и јас ќе го заборавам моето трауматично детство. Поздрав и до адреналин и до сите останати на форумов.
Надеж 31 сигурно дека ке го надминеш трауматичното искуство со малкуповеќе воља и упорност.Можебио нема да го заборавиш зашто тоа секогаш ке е тука некаде, секогаш ке те потсети нешто на него, можеби некоја личност..незнам, но сега кога си од другата страна на анксот и депресијата, другачие ке го доживееш, помирно и побрзо ке го преточиш во некој адруга мисла или активност...само труди се да ги игнорираш негативните мисли, да ги заменуваш со нови покорисни...нема фајде од враќање назади работи, работи...немој да лежиш и мислиш лежењето е најголемнаш непријател.Движи се, читај ...пешачи...что и дае само не лежи и не ги врачај мислите назад....Колку повеќе го шпрактикуваш оваа толку повеќе си го учич умот другачие да размислува. Поззз
Потполно се согласувам. Ова не е болест, не се третирате како болни, и не се затварајте во себе. Секој втор денеска има доза на анксиозност. Такво е времето, стресно. Влијае на сератонин, хормон кој влијае на среќата кај човекот. Како што пишав погоре покрај препишаната треапија треба и самите да си дадеме кураж и да си најдеме начин како да живееме со тоа. Аксиозноста не се лечи затоа пто не е болест туку хемиски дисбаланс во организмот предизвикан од стрес. така да секој кој еднаш преживеал анскиозна епизода (напад на паника, страв и слично) при секој поголем стрес има шанса да му се врати. Затоа, одете на психијатар или психолог. Не е срамно. напротив, со разговор се канализира сета негативност која се собира во нас и доведува до напади на паника, анксиозност и се друго. И секогаш мислете позитивно.
dunja ти благодарам многу за убавите зборови моите трауми се големи,и сакам се да заборавам и да поцнам да зивеам да имам дете и да му подарам лјубов не како сто растев јас и зивеев до пред една година со караници расправии,сега кога имам мирен зивот пак ми се врати анаксиозноста без никаква прицина,мислам на болести имам гусенје не спиев сега фала богу откако го цитам форумов ми е подобро бас сум срекна сто ве најдов голем поздрав до тебе и сите други да се надеваме и бориме.....
Јас само ќе кажам ДУЊА секоја чест!!! Вие сте една прекрасна особа која дели дел од своето време ,за да ни помогне на нас анксиозните да ја надминеме нашата состојба, а нема корист од тоа. Ова покажува колку голема душа поседува оваа личност. Јас за жал сеуште ги чувствувам вртоглавиците но и покрај тоа се трудам и давам се од себе д аодам на факултет, да излегувам и да живеам нормално.Не ми е добро но читајќи го форумов се пронајдов себе си меѓу вас а тоа ми дава поттик да се борам понатаму и да се надевам дека оваа состојба ќе помине. Многу ми е криво што најубавите години од животот ми се пропратени со вртоглавици но му се молам на Бога да ми помогне и да станам личност на која нема да и биде лошо и нема да и се врти. Голема благодарност до сите кои ги споделувате вашите искуства, многу значи тоа за нашпата состојба. Секоја чест за тие кои ја надминале анксиозноста вие сте нашите херои бидејќи ни давате надеж дека и ние ќе успееме. Од срце ви благодарам на сите, навистина сте ми потребни... Пишувајте и понатаму, се надевам и јас ќе речам еден ден Добро ми е Не ми се врти.... Ќе се борам з атој ден ( го молам Бога за помош бидејќи во кризни моменти пак одам на лекар со инфузии и бедоксини :Ѕ ) Ве читам ...
Голем поздрав до сите! Како си yes, јас еве се борам, имам подобри моменти, но имам и јаки кризи. Најмногу се плашам токму од овие јаки кризи, ми се чини дека нема да издржам, дека секој ден како да посакувам да се случи тоа што го мислам. Немој да ме сфатиш погрешно, јас не сакам да се случува ова со мене, но не знам ни како да го спречам. Поздрав, пиши ми.
Здраво Гузи, еве да ти одговорам какви црни мисли имав јас. Тоа беа кошмар невиден. Мо главата имав глас кој ми викаше:Умри, умри, умри!!!. Еден период лани ова време, јас мислев сум готов, и викав на жена ми и на родителите да ми купат гробно место на гробиштата во Бутел, бидејки немав спас од гласот. Ги вадев од памет. А, главата ми бучеше до лудило, и ден денес ми бучи, никако да ми престане, ама се борам, секој ден со позитивна мисла. Кога ке станам насабјле, се однесувам најнормално и си викам себеси, дека не сум болен, само ова е привремено и дека ќе помине. Додека не почнав со сигурност да верувам дека не сум болен, јас имав црни мисли. Јас лани имав 40 години.Тоа траеше со месеци, ама со разговор со психијатарот, со лековите ете исчезнаа, фала му на Бога. Молитви, само молитви, искрени од душата и срцето. Со секое легнување, дали преку ден или навечер, јас кажував молитви, спонтани, како ќе ми дојдеше. Редовно одев во црква, си палев свеќи за здравје, шетав скоро секој ден, гледав ТВ што ме опушта. Значи мора да сфатиш дека не си болна, и самата на себе постојано тоа да си го повторуваш. Од срце ти посакувам да ја надминеш оваа состојба на психата....... Искрено Адреналин __________________________________________________________________________________________ Дуња, го рпочитав твојот текст и ме трогна навистина. Солзи ми дојдоа на очите. Браво ти си голем БОРЕЦ, а имаш голема душа и големо срце, бидејки постојано си со нас. Искреноста,чесноста и хуманоста за мене се најголемите доблести, а ти тоа го имаш. Жалам што 8 години си се борела со оваа грозна болест, во правоси кога велиш дека изгубеното не се надокнадува, ама сега гледај само напред и грабај од животот што ни е дар од Бога. Имаш и зошто. Вербата и љубовта во Бога секогаш да ни бидат на прво место. Јас секогаш велам, прво Господ, па после јас....... Искрено Адреналин ___________________________________________________________________________________________ Кога ке добиете јаки кризи, ги имав и јас, излезете надвор на воздух, и повторувајте си во себе:ЌE помине, ќе помине, еве готово помина и мислете на нешто што ви се случило убаво во животот, на најубавото, тргнете ги црните мисли, знам дека е тешко, и мене ми било, ама мора да се борите, мора....... Одете на некоја утакмица или концерт, ставете тампони во ушите, зошто многу ќе ви смета галамата, изнадеретесе, изнапцујтесе, извадете се од себе, не мислете на другите што ќе бидат околу вас, верувајте ќе ви биде подобро,ова од искуство ви го казувам......... Мене многу ми помага музиката. Јас сум рокер по душа и слушам рок музика, одам и на рок концерти кога сум во можност. Иако бев во тешка депресија, во мај лани отидов со сопругата на концертот на Бајага во универзална, сум се изнавикал, изнапеал, иавадив се од себе, после тоа недела дена ме држеше таа еуфорија и се чувстував одлично. Мислам дека тука се скрши мразот меѓу мене и анксиозноста......... Пробајте, Искрено, Адреналин
Zdravo na site Adrenalin ti se voshituvam za se bravos,mene denes utrovo me fatija napadi ili neznam kako da gi narecam veke i neznam dali i tocno sto e veke,utrovokoga stanav a i toa e mojta cesta BOLKA me bocka silno vo levata grada potocno pod levata grada kako tapa bolka bev so mazmi mu rekov da me odnese kaj malkami on na rabota jas so majkami vo bolnica mi napravija EKGmi zedoa krv se e vo red maticnot znaae sto e i me hrabri da ne panicam dali nekoj custvuval vakvi bolki sto da pravam ne sakam da se vratam na AD pozdrav do site. [mod-kirilica:29exh14o][/mod-kirilica:29exh14o]
здраво на ситеееее ..... ве поздравувам а највекје адреналин....и секоја цест до него ја ги поминав тие напади на паника и сто ли усте не,, али сега ме нервира тоа сто некогас добивам грцеви во телото особено главата, кога треба несто ја пијам на пр,..,и тоа кога мислам дека некој ме гледа..ви се има ли ова слуцено на некој од вас....сега со ова се борам,,да му се сневиди векје...... ,,,,поздрав