1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    здраво на сите со се однесува до испитванја ги имам направено сите мозни испитванја снимки на глава ,тироидни ,крвни слики се со постој на цовекот ,докторо ми вели дека сум поздрава дури и од него а јас си велам подобро е мозеби да те боли несто отколку овие страсни мисли не мозам да сватам како мози ова да се слуцва ,од една позитивна лицност да станам ваква пласливка оптоварена со овие страсни мисли поздрав до сите молете се и боретесе заедно сме посилни писете . :clap:
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ^^ Не ме сваќај погрешно... знам дека најдобронамерни ти се советите....

    Но на момент се почувствував како да се обраќаш на зависници од хероин.
    Т.е воопшто, сите, придавањето значење кое му го даваме на `анксот` се израмнува со некоја тешка зависност или сериозна болест. :x

    Зошто едноставно кога може да биде комплицирано?

    Можеби ми е полесно да говорам од ``оваа страна`` но мнавистина -Дајте да престанеме со офкање -кукање- самосожалување, да засукаме ракави, и почнеме да правиме `корисни` работи за себе.
     
    На Dalloway и afroditaa им се допаѓа ова.
  3. Lara059

    Lara059 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    И јас се борам со истото чувство, а најмногу ми пречи несоницата...
     
  4. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Здраво надеж31, те сфаќам потполно за болеста што ја чувствуваш. Ама кога сме анксиозни, сме и хипохонрици, т.е. си ги замислуваме болестите и јас бев ист таков. Мислев од тахихардиите и вртоглавиците дека ќе добијам срцев удар во секој момент. Но, кога направив екг, резултатите беа одлични. Мислев дека имам тумур во мозокот, ајде отидов да ја снимам главата еег правев и таму не ми открија ништо. Сите можни испитувања ги направив, ама резултатите беа феноменални. Матичниот лекар ми рече дека со овие резултати ќе живеам 100 години. Но, јас тогаш бев во страшна паника и страв од SMRTTA, што дури си реков во себеси, што ми кажуваа оваа прикаски за мали деца, дај јас да идам да си купам гробно место на гробишта, бидејки сум готов......... :puke:
    Верувај ми дека ке помине. Вцера се видов со еден пријател кој пред 15 години, кога ја изгуби работата падна во тешка депресина-анксиозност и кој 3 -4 години се бореше со оваа болест, сега е супер човекот, баш се изненадив, а кога го прашав како се спаси од анксот, ми одговори, само со позитивна мисла, помош од најблиските, шетање најчесто на планина на чист воздух, мир и тишина, со слушање музика и слично......... :|
    Поздрав и пробај со овие совети......... :hai:
     
    На nadez31 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Здраво Пина Капано. Прочитав за стравот што ти се слушува кога ке пиеш нешто. Еве ти мој најискрен совет, свртиси се на страна кога ќе пиеш и не се замарај дали некој те гледа или не, со жаргонски збор кажано, бркај си работа. Јас од сите кризи и напади од анксот ми остана само слухот. Морам кога излегувм од дома да ставам тампони во ушите.бидејки ми смета голема галама, поготово на улиците каде што има голема фреквенција на возила, чкрипење на кочници, кога некој со штикли гази силно по плочки, кога некој работи со бушни машини, како бормашина, шмишајбна, фен за сушење коса, од правосмухалата, од шуштење на најлон кеси и целофани, не мозам тоа да го поднесам и затоа редовно си носам тампони во ушите, ме приметуваат луѓето, ама ич мува не ме лази, јас не живеам за народот што ќе рече........ :@
    Искрено
    Адреналин
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    здраво адреналин и ти благодарам многу за одговоров демес сум малку подобро пробам да се борам и се надевам дека ке успеам без ад,исто како сто каза ти јас пред 3 години усте бев на ад кога ми закааза термон за сниманје на главата после три месеци сси помислив дали ке сум зива до тогас,ама еве и бев без ад скоро година и пак ме фати секогас мислам дека е е трумите сто ги мав дозивееано додека да се омазам а тоа е до пре година ипол секогас бев со стре и нервоза,и сега кога мислев дека го надминав пак се врати,пред да ме фати анексот сега цела недела имав сонував се сто се има слуцувано со мојот така татко насилник алкохолицар.... ама сакам се да заборавам мислам дека кај мене тоа е прицината ти благодарам усте еднас се надевам дека ке останеме во контакт.
     
    На adrenalin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emekreme

    emekreme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    206
    и мене ми се случува истото, нова сум на форумот па сакам да споделам како ми е
    значи мене најголеми панични напади ми се јавуваат на работа или кога ке треба пешки да отидам некаде.300 метри пешки? ни во лудило неможам да ги изодам а да не мислам дека ке паднам, ми се врти и главата ке ми пукне, истото на моменти ми се случува и на работното место кое е прекрасно и многу си го сакам мегутоа моите напади на паника не ми дозволуваат нормално да функционирам
    ке земам боловање, или ке се јавам на работа дека ке закаснам ради ИКС причини кои не постојат, сама си ги измислувам се со цел да не седам таму 8 саати, ова трае веке подолг период и конечно се одлучив да отидам на психијатар ми даде да пијам занфекса и хелекс, ги пиев минатото лето но само 3-4 месеци и се чувствував прекрасно и на моја рака прекинав сама, а не требаше затоа што баш тогаш спремав свадба и тоа сама, сама трчав за се. потоа работата бараше прекувремено останување до касните саати многу нервози и тешки моменти но хелексот беше во ташна и помагаше. сега овој месец повторно ми се вратија паничните напади и тоа поинтензивни отколку порано и со многу посилен интензитет, од работа бегам како луда влегувам во кола и седам пола саат додека да исчезне треморот во нозете и рацете како и вртоглавиците, ке влезам повторно во канцеларија, но по десетина минути повторно ми се јавува нападот и јас повторно назад во кола (незнам што би направила ако колата не е тука, кај ли ке одам), пред 2-3 дена пак отидов кај истиот психијатар но сега ми препиша seroxat од 10мг и хелекс од 0,25 трипати на ден, можеби малку ми е подобро мегутоа се осекам толку бескорисно и се прашувам до кога вака, но кога видов дека не сум сама дека како мене постојат уште многу луге кои успеале и да го надминат ова, ми олесна и се надевам дека и јас ке бидам една од вас кои ја победија анксиозноста која и те како знае да ни го загорчи животот
     
    На adrenalin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Ве читам редовно и сега се регистрирав да напишам дека и јас сум една од вас,анксиозна веќе 4 години.Повеќето симптоми сум ги имала и јас,на почетокот беа многу појаки,но со тек на времето ослабнаа,но пак се тука едноставно да не ми даваат мир.Никако не поминува чувството на нестабилност кога се движам или како некоја вртоглавица која ме носи или налево-надесно или напред-назад.На почетокот ги имав и јас овие симптоми и искрено прв пат видов дека и друг ги имал
    би додала уште прелистување на книга,тропање на повеќе клучеви на едно место и слично.Ова траеше 4-5 месеци,па помина,сега само понекогаш може да ми засмета,но на моменти,не постојано.
     
    На adrenalin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Да тука сум со вас и моето време не е изубено, напротив сметам дека е најкорисно употребено.Знам дека Вие сакате да ме читате а еден дел од вас ми се пријатели на ФБ и срекни ....има вакви изјави,,многу ми еподобро откако се дружам со тебе (на ФБ)Среќна сум за секој макар мал напредок кај секој од вас.Камо да имаше некој вака со мене да поразговара кога бев во најтешкото,......можеби и имало но сум требала да го побарам....затоа изгубив многу време.
    ПоздравАдреналин, благодарам да јас сум борец.....ако не бев немае да бидам сега овде со вас.
    од сите вас во моментов ја следам Гузи таа само е слаб борец...ке мора малку похрабро....а ти Надеж тргај напред....минато е категорија кја со никаква сила не можеме да го промениме, затоа прифати го така билопишан....ајде сврти се напред.
    За симптомите.....кај мене сите исчезнааа освен клаустрофобијата ама и неа ке ја средам...па јас сум борец....
    Благодарам Сиело....сигурна сум дека ке минат вртоглавиците ако се е друго во редмислам физички тие ке поминат.
    поздравче ве сакам...ајде лека ноќ
     
    На Cielo5, adrenalin и PinaCapano им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.904
    Допаѓања:
    111.339
    Пол:
    Женски
    Emekreme како јас да се читам кога прв пат добив анксиознен напад. Тогаш се логирав на еден амерички форум за депресија, анксиозност и сл. и еден ден имаше чет со психијатар. Се уклучив и на голема среќа имав шанса да разговарам со него. Кога му кажав за тоа дека одам на боледувања прво ми рече НЕ. Ти не си болна. Не ги избегнувај местата каде што те фаќа анксиозност. Буквално клин се клином избија што би рекле србите. Најважно е да не се затвараш во себе. И јас го послушав. Одев каде што ми беше најтешко буквално си велев: Ајде падни, онесвести се, има луѓе ќе те кренат. Или си велев, кога може некој со инвалидитет да оди и да ужива во животот можеш и ти. Баби и дедовци од 80 и кусур одат, шетаат а ти со неполни 30 седиш дома и се плашиш. Буквално сама себе си си бев најстрога. Така да само напред и не се предавај. А за на работа, гледај како да си направиш да ти е убаво и да си смирена.
    Направи си како да си дома. Донеси си нешто од дома. Стави си слика на компјутер од нешто што те весели. И смеј се. Смеј се макар и со сила. Читај вицови, гледај комедии. Со смеењето се лачи хормон на среќа. И во никој случај не прекинувај АД на своја рака.
     
    На ellekala, Sun.shine, dunja и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    ti blagodarm dunja i na site ostanati sto mi pisuvata i podrazuvate go citam sekoj den forumov i dunja sakam se da zaboravam se trudam da go zaboravam minataoto,puno pozdrav
     
    На dunja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Здраво Надеж31. Потполно те сфакам како се осеќаш. И јас бев безнадежен случај, ама се борев секој Божји ден. Ни мене како и сите други со луѓе што боледуваат од оваа гнасна болест не им е лесен животот, бидејки анкиозноста не е заразна или наследна болест, па ете ке ја добиеме по тој пат, туку се добива ислучиво од СТРЕС. Е, тогаш почнуваат напади, црни мисли, страв до коски.......
    Тебе стравот ти е во коски, затоа не можеш да го отргнеш од мислите, ама верувај ми се додека потсвесно стравот ќе ти биде во главата нема да се спасиш од анксиозноста. Те молам, шетај, дружисе со луѓе, не се затварај сама дома, најлошо е, пуштиси музика која те расположува, пеј, јас одев по улици како будала и пеев, луѓето ме гледаа, ама мене ич не ми беше гајле, на тој начин кога ќе ме фатеа паничните напади од смртта успевав да ги отргнам тие црни мисли. Секој ден одев на работа и тоа со 4 автобуси днево, кое лудило ме факало внатре, ми идеше да се симнам од автобусот, ама не, се борев, на работа дневно по неколку пати имав напади, кризи, плачев, мислев готово тука ќе умрам, ама мислев на работата со гоооолема концетрација, и еве помина. Клин со клин се избива. Победиго стравот. Само со позитивна мисла, земи работи нешто физички, нешто тешко. Јас дури и ја копав бавчата, со вртоглавици, со голема тешкотија, ама ја копав, добро ќе се испотев, потоа ќе се истуширав, ќе се наспиев и кога ќе се разбудев ми беше подобро. Еден период јас не ни јадев, бев само на течности, апетит никаков, ослабев баајги, ама после ми се врати апетитот, и знаев дека е готово со оваа болест.....
    Само молам Бога никогаш да не ми се врати, на никого, на никого.......
    Секој ден биди на оваа страница, читај ги коментарите и ти коментирај, споделувај се и ние колку можеме ќе ти помагаме и на тебе и н адругите.
    Заедно сме посилни и верувај дека ќе помине, ќе помине,
    Искрено
    Адреналин
     
    На dunja, nadez31 и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. adrenalin

    adrenalin Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    20
    Здраво емекреме, добредојде како прво во форумов. Баш ме радува шсто си ја сподели маката со нас. Одличен чекор. Истото и мене ми се случуваше како и на тебе на почетокот пред 15 месеци. Се чудев што ми е, што ќе се случи со мене..... :@ Бев лут на самиот себе и на сите околу мене. Барав спас со месеци, ама не можев да го најдам. Се додека не се обратив на психијатар и додека не почнав со терапијата. На сите ни е исто, не сме само ние и не сме само тука на форумов, ансиозноста е многу застапена болест, а за жал и се почеста. Но ќе се бориме.........
    Исрено
    Адреналин
     
    На emekreme, dunja и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    здраво на сите да дунја во право си слаб борец сум ама сепак се трудам ,сега се обидувам да го победам стравот со тоа сто го земам детето и седам на тараса ,и си велам дека јас не му го дадов зивото на моето дете па да го испостам ,на тараса се осекам по сигурна ама кога ке влезам дома се обвинувам ете излегов сакав да го испустам и тука се вракам на истото ,писи ми адреанил ти си вистина херој бодриме и кази како да го направам цекоро се обидувам да мислам позитивно ама не ми успева ве молам писете ми и давајте храброст поздрав до сите .
     
    На adrenalin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Јас повторно не се чувствувам добро ;( ;( ;( ;( ;(
    Вчера ништо не чувствубав цел ден баш напротив учев и се најнормално, но вечерта пред да си легнам не можев а да не се расплачам. Буквално не се чувствував како во своја кожа, се околу мене ми се вртеше, се преплашив пак, легнав викам ај ке помине вртоглавицата но не можев го гледам лустерот и мислев ми се поместува, се испаничив навистине премногу лошио чувство. Се изборив и не изтрчав на лекар како што знам да правам, тоа е единствен напредок.Но денес еве и дури го куцам ова премногу ми се врти осеќам како ме занесува те на една страна те на друга. кога ке свртам поглед како работите да ми се поместуваат, когаке легнам тонам.... Ве молам помогнете ми, вие бевте со мене когха ми беше најпотребно, ве молам и сега за помоп, многу лошо се осеќам ПОМОШ ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На ellekala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marinela5

    marinela5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    здраво гузи!кај тебе гузи не е само стравот во прашање туку ти воопшто немаш самодоверба таква бев и јас и па и сите тука анксиозноста не доведува до тој степен кога повеке веруваме на други отколку самите на себе,сите тука сме да си помогнеме еден на друг да си ја олеснеме душата и тоа е супер ама мора да ми веруваш дека само ти можеш сама да си помогнеш на себе,знам колку ти е тешко и те разбирам колку сево ова е исцрпувачко но верувај ке помине нема вечно да е така,незнам дали пиеш ад или седативи ако не почни не е ништо страшно ке те смират малку,и друго гузи зошто да го испуштиш детето зарем до сега имаш нешто од сите тие мисли направено тоа е само мисла,нема да се случи ,и немој за мислите да се обвинуваш и да се јадеш,свати тие се само мисли кои ти го прават зивотот тежок ама не повредуваат никого и ти нема да го повредиш твоето дете,мене многу ми помогна психотерапијата најди добар психотерапевт кога ке си ја отвориш душата и кажеш се што те мачи и плаше тогаш си на пола пат до опоравуванје,исто така и блиските помагаат многу сопругот роднините разговарај за се што ти мачи ке те разберат,и почни од некаде не тапкај во место и не дозволувај стравот да те блокира,има решение почни да го бараш.поздрав
     
  17. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    зрдраво адреналин и на сите останати еве ме мене пак ти благодарам за советот и практикувам се сто ке ми казете и ме факат мали кризи или болки како сто јас ги нарекувам излегувам денес сама песаЧев,ми бесе подобро ке се борам секој ден и се надевам многу сакам да излезам од ова да бидам јас онаа старата храбра лицност,ти благодарам за секој совет заедно сме посилни ти посакувам убава вецер на тебе и сите останат на форумов :hai:
     
  18. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Те молам Гузи да не ми се лутиш....јас само сакав малку ,,да те искарам,хе хе за да станеш и уште поенергично да се спротивставиш на стравот!!!Поздрав до тебе :inlove: јас те разбирам, но мораш да бидеш појака!!!!Мораш да најдеш сила и да ја отфрлиш мислата,,ке го испуштам...,,не мила само игноррр заржи на таа мисла која длабоко се вселила во твојата потсвест.
    Поздрав. :inlove: :inlove:
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. emekreme

    emekreme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    206
    фала нена2010 многу, благодарам и до адреналин и останатите
    мене работното место не ме плаши што не ми е како дома, туку тоа дека работам на место кај што имаме океан систем, значи немаме ѕидови ниту пак паравани, а сме некаде околу 40 луѓе значи како цел ден да се возам во полн автобус а тоа многу ми смета, ме нервира гласноста, некој се смее, некој работи, на некого му звони телефон, некој е со клиенти се расправа,а со тоа никако неможам да бидам смирена, кога ке ми дојде нападот неможам да издржам и барам излез кај што нема да ме видат дека нешто ми се случува, а до излезот ми е потешко да дојдам затоа што треба да поминам скали од еден кат за да искочам надвор и да дојдам до колата кај што ке седнам и ке ги затворам очите,
    се плашам да не ме приметат претпоставените па да не влијае лошо врз моето работење, се надевам дека АД ке ми помогнат а и разговорите со вас, ве молам бидете ми подршка зашто само вие со истиот проблем само можете да ме сватите и знаете како се чувствувам
     
  20. guzi

    guzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    7
    ви благодарам за подрската и тебе дунји и на маринела од денес поцнувам со борба ,седативи пијам хелекс и анафранил колку помагат не знам но знам дека сакам да се извлецам од оваа краста и се надевам дека со васа помос ке успијам дунја сакам да ми бидис пријател на фц како да те најдам поздрав.