Здраво на сите ... Летово пишував тука , па отворивме некои профили на фб и тие ги баталивме . Сега се враќам повторно , и гледам се повеќе и повеќе не има што не ми се допаѓа од една страна бидејќи оваа анксиозност претера со нејзината застапеност но сепак што повеќе искуства толку подобро за нас , да се храбриме и да си помогаме . Нормално прво ќе ја поздравам дуња не знам дали ме памети , па писателката тука е и јарец мила буби зумбул... јувентус го нема никаде ... се надевам дека ќе остварам добра комуникација и со останатите девојки и момци ... Мојата анксионзост сеуште постои , со помали и поголеми интензитети , во многу ваши коментари се препознавав , скоро во секој ... така да ни останува да се бориме и нормално на крај да победиме ве поздравувам сите !
Здраво гузи, првин ти пишувам на тебе. Го разбирам твојот внатрешен страв, дека ке му се случи нешто лошо на твоето детенце, т.е. дека ќе го испуштиш од раце. Сигурен сум дека тоа нема да се случи. Мораш да ги исфрлиш тие црни мисли, зошто од ден на ден ќе стануваат поголеми.Ќе ти тежат над главата нон-стоп. Ако ти годи да седиш на балкон со детенцето во раце, правиго тоа. Се што те прави среќна правиго. Музиката постојано да е присутна во твојот дом. Дури и потпевнувај си, само така ќе ти тргаш црните мисли. Еве јас сега ти пишувам и си слушам музиче и си потпевнувам и се осеќам одлично. Верувам дека ќе помине, ама мораш и ти да бидеш сигурна во тоа. Искрено Адреналин ___________________________________________________________________________________________ Sielo5. Ај, пробај вака. Кога ке легнеш, легни на грб, крени ги рацете високо, опушти се, нека ти се врти, нема каде да одиш, нема да паднеш, јас бев истиот. Олабави се скроз, не мисли на ништо. Знам звучи невозможно, ама помага. Барем на мене...... Можно е рацете да почнат да ти мрдаат, лево, десно, напред, назад, ама не прекинувај. Остани опуштено, баш како еден вид медитација, ама во лежечка позиција. Почни да се молиш на Господ, со молитви од срцето, спонтани зборови како ќе ти дојде, помага........ После тоа пробај да заспиеш, а кога ќе станеш, ќе ти биде подобро, јади повеќе овошје и зенчук........ Верувам дека овој мој искрен совет ќе ти помогне...... Адреналин ____________________________________________________________________________________________ Здраво надез31. Ме радува што си излегла и прошетала, а после тоа ти било подобро. Ама ако имаш мобилен телефон со слушалки и со можност за слушање музика, тогаш уште подобро. Стависи ги слушалките во уши, пушти си музика што те расположува и потпевнувај си. Сигурен сум дека ќе ти биде подобро. Вчера прочитав дека во напредните земји анксиозноста ја лечеле со одреден вид на музика. Пробај и сподели со нас како ќе ти биде. Искрено Адреналин ___________________________________________________________________________________________ Здраво емекреме. Потполно те разбирам, дека ти сметаат гласовите, звонењето на телефоните и дека те фаќаат напади во тие моменти. Мене тоа ми се случуваше на автобуските станици, во автобус, во супермаркетите, секаде каде што беше бучно и со многу леѓе........ Среќа што на работа ми е тивко, ама надвор од работа или дома, ме фаќаше лудило.... Ај вака сега еден мој совет, ама ако можеш да го користиш на работното место. Стави си тампони во ушите, т.е. памучиња. Јас ден денес го правам тоа, без памучиња во ушите не излегувам од дома, а ако ме праша некој зошто ставам памучиња во ушите му одговарам дека ме болат. И не се секирам за другите, правам така како мене ми одговара. Биди дискретна, ако имаш долга коса уште подобро,нема никој да те знае, пробај и сподели со нас како ќе ти биде....... Искрено Адреналин
здраво адреналин и на сите останати,бев за скопје кај докторката на психијатрија, сеусте сум без AD и она инсистира да се борам така,и она доброоо ги знае мите стаџови да не добијам срцев удар па мозоЧен,најмногу се пласам од рак....итн пробам ги гористам сите совети сто ми ги давате и се трдам ме вЧера бев добро денес имав напад пак со болки дека ке добијам срцев удар,ама помислив адреналин си казувам молитви секој ден и се надевам дека ке се изборам со оваа и ке зивеам поздрав до сите и ви посакувам убав ден на сите
Благодарам Андреналин на искренииот совет од се срце... Ќе почнам да го практикувам и се надевам дека ќе ми помогне... Би сакала да слушнам уште некој совет од тебе бидејќи гледам си имал слични проблеми како моите :Ѕ Ми помага колку толку тоа што вечитам и што споделуваме искуства Јас не знам кај е проблемот за мојата анксиозност, и психијатарот не може да ми каже.Вика дека најверојатно се е до дисбаланс на хормони. Јас имам само 20 години а вака се чувствувам од својата 12 година веќе цели 6 години. Најубавите години ми поминаа по болници со превање секакви испитувања, паднав неколку пати и во несвест, но по сите испитувања кои се уредни заклучија дека е анксиозност во прашање. Верувај ми кога ќе дојде тој момент на таа страшна и неподнослива вртоглавица јас не можам да се контролирам, почнувам да тонам, да ме занесува, се да ми се врти , ако лежам и свртам поглед мислам се ми се помрднува... Катастрофа... Јас мислев дека сум единствена но за ќал не сум. Не знам веќе што да направам, пијдам сега само Депрозел од 20мг наутро и бедоксин по потреба, пиев асентра но не ми делуваше. Навистина не знам каде да побарам помош. Верувам во Бога и му се молам за подобро, но и му се заблагодарувам што сепак не станува збор за соматска болест. Музиката е присутна во мојот живот, постојано си пеам но мо моментите на Страшна вртоглавица не можам ништо да правам. Кога и да ме однесат моите на лекар постојано ќе ми дадат инфузија со витамини и ајде дома, тоа е се.... Ве молам и вас адреналин и сите други за помош, тие што го искусиле ова надобро ме разбираат, другите не можат да сватат.... Ова не е живот, ова е пекол, колку и да се борам пак и пак се враќа истото чувство, оваа гнасна состојба
здраво адреналин, и мене истото ми се слуќува насекаде, само дома сум мирна затоа што контролирам колку гласно ке биде, а тампони како да ставам, работата ми е нон стоп со луге, телефони, како ке слушам со тампоните, еве денес три напади добив на работа но постојано си викав НИШТО НЕ МИ МОЖЕШ, НИШТО НЕ МИ МОЖЕШ и исчезнуваа, ама ако стојам ми се тресат нозете и како да се нишам и да паднам, оф леле многу е тешко многу, многу се нервирам зашто неможам да имам нормален живот како и другите а го имав, бев најсрекната и најведрата личност, дискотеки, кафичи, кафани све, а денес? денес од работа дома и тоа трчајки и толку, се оддалечив од сите, КЕ ПОМИНЕ ЛИ НЕКОГАШ ОВА ЧУВСТВО НА СТРАВ, КЕ БИДАМ ЛИ ПАК ИСТАТА ОСОБА, КЕ ИМАМ ЛИ ПОВТОРНО ЖИВОТ ОНАКОВ КАКОВ ШТО ЗАСЛУЖУВА СЕКОЈ сакам да живеам но не вака, фала ти многу со твоја и подршка од другите, од психијатарот и со мојата силна желба се надевам дека ке успејам фала му на господ што ве најдов и што знам дека не сум сама
Емче исто сум и јас , ме мачат мислите до кога , не ми се живее во оваа ситуација 10 минути ќе ми е добро , 100 минути ќе ме измачува нешто , го мразам тој интензитет го да сум на копче и некој да си игра со мене топло ладно , исто и јас ко тебе бев ведра расположена , секаде одев , но одеднаш се затворив , посебно имам страв ако сум во ситуација во која не можам да избегам , да речеме да се возам на некоја реалација ... дали некој од вас има чуство како да диши тешко , да мисли како да диши и да осеќа тешина некоја ??!?!? ако има некој слично искуство нека пиши , фала позз
Петра Панка ..мојата омилена....каде беше до сега???Зошто не ми пишуваш на ФБ?? Се шегувам мила само понекогаш кога ке го погледнев твојот профил си велев ,,сигурно е добра па не пишува,,и тоа ме радуваше.Јас понекогаш си пишувам со Писателка.со Мила 23, ...има уште неко само Јувентус го снема никаде ама сега имам нови пријателки, предобри млади девојки ...пиши на ФБ А Што е сега со тебе, што читам...од каде пак оваа што го слушам...ајде те молам кревај се!!!!!!! Нели заедно сме посилни Знам пустава анксиозност пак се завраќа ...ама јас мислам дека ти си и допуштила...собирај сила Петра...нема жалење туку борба...и немој да ми кажете ,,не е лесно,, јас знам колку е тешко ама можно е. да Адреналин БРАВО Среќна сум што имаме и еден маж кој искрено и несебично дава се од себе да им помогне на другите.. Не се предавајте...јас ја победив анксиозноста , а бев на дното...КЕ ЈА ПОБЕДИТЕ И ВИЕ!!!!!! Гузиии пишиини !!!!Ккао си? Ве сакам ......
На фб ретко се вклучував затоа што кога и да се вклучив немаше ништо ... тука го заборавив пасвордот и можеби од немарност не отворив нова регистрација се до вчера , иако искрено често помислував на вас посебно на тебе Инаку во право си и допуштив многу , што тоа за анксиозноста е супер состојба за да ме надвладее секој ден се повеќе и повеќе ... во мноооооогу симптоми се пронајдов така да сега се храбрам уште повеќе ... инаку еве уште еднаш ќе прашам дали си го имала тој проблем на гушење , тешко дишење некои пецкања ... бев на кардио таму ми рекоа дека сум спремна за максимална физичка активност , крв проверував во ред беше , а осеќам малаксаност , и многу бргу се уморувам еве кој и да го чита ова го изморив , но знаете како е ... поздрав
јас на почетокот дишев тешко, дури некогаш и не осекав дека дишам, не го осекав воздухот како влегува во мене и ме факаше паника, но се смирував велејки си дека ако не дишам како уште не сум онесвестена и се смирував, во лифт се возам максимум до трети кат и тоа во лифт за повеке од 4ца, во тесниве нема шанси да влезам, во автобус исто не се возам, ради тоа што неможам да избегам кога ке посакам,а и ако искочам у таква ситуација од автобусот што ке се случи ако нема такси за да влезам зашто и надвор не се осекам добро ако сум сама, се е резултат на тоа,свесна сум,ама кога ке дојде е посилно од мене,од толкав притисок во главата си мислам дека ке добијам мозочен удар,ама како што вели дуња мора да се бориме и да ја победиме анксиозноста, зашто животот е убав, не смееме да се откажеме во ниту еден момент. заедно сме посилни
здраво на сите еве ме и мене се борам со сета сила ,но тој пусти глас ,знаес адреанил како да ми вела да ке се слуци тоа нема да издрзис ама се борам се молам на цел глас се надевам дека ке ме слусни,дали помага психотерапија со имам пробано ама си велад да побарам друз психијатар,дали ке исцезни оваа краста многу се пласам слаб борец сум ке пробам мислата иди пак и поцнувам да паницам писете ми поздрав до сите .
Гузи здраво, ќе помине, ќе помине, верувај дека ќе помине, сфаќам дека те фаќаат панични напади на страв, ама бори се. Исплачи се, ќе ти олесни, напиј се некое природно сокче. Провери ја тироидната жлезда................ Ајде го можеш ти тоа. ____________________________________________________________________________________________ Здраво Емекреме. Сфаќам дека на работното место мораш да бидеш максимално сконцентирана, ама ако не со тампони, стави малку обичен памук во ушите. Направи мали топченца и пикни ги во ушите. Дискретно без никој да знае. Не те кошта ништо да пробаш. Ајде, мораш да веруваш дека ќе помине овој лош период од твојот живот........ искрено Адреналин Пиши ни како си ____________________________________________________________________________________________ Здраво Дуња. Ти благодарам на убавите зборови, ама јас сум паталец, а не гаталец, затоа сакам на сите како нас што се борат со оваа гнасна болест, да им помогнам од мое лично искуство и затоа сум скоро секојдневно присутен на овој сајт. Мора да се советуваме и да споделуваме секакво искуство со анксот. а, за поддршката не сакам ни да зборувам, таа е максимална за сите........ Борете се Оваа опака болест, сака борба со умот Дуња ја победи , јас ја победив (иако понекогаш од стрес можно е да ми се јави стравот) И на сите вас ќе ви помине, само треба да верувате во тоа. Споделувајте се на сајтов, ајде главата горе и ќе помине. Заедно сме посилни Искрено Адреналин
фала адреналин за поддршката, прекрасна личност си, се надевам дека ке ја победиме анксиозноста колку и да е одлучна да ни го загрози животот, ке се обидам со памукчињата во уши и ке ти кажам како ми делувало тоа.браво и за тебе и за дуња за фашата храброст одлучност истрајност и упорност.се надевам еден ден ке и се смееме заедно на анксиозноста недозволувајки и повторно да не опседне. биди тука секој ден и јас сум тука и полесно ми е кога добивам подршка и совети од некого што знае како се чувствувам.
здраво адреанил фалати за подрската се борам ми се плаци ама не плацам ме тера да одам ама не одам несакам да ми се слуц оваанасна мисла пробвам да зацекорам и да го победам оваа се надевам дека ке бидам победник .
не сум патела од ова но ми е за проектна тема по психологија и така ја најдов оваа страна сега сум матурантка и со досегашните информации што ги имам ова е многу лоша состојба вашите искуства како што гледам ке ми помогнат за проектнава а јас се надевам и дека на оваа страна http://www.anksioznost.net ке најдете многу совети за нејзино победуване се надевам ке ја пребродите срека е што е минлива состојба ако запнете ке ја победите сигурна сум
здраво на сите еве суми јас да ви казам ги имам нападите сеусте вцера кога бевме со мазми на пазар и кога се вракавме поцна да ми се поврака да ми се лоси ме стегна кај срцето пак ме дрзесе 10 минути се препотив саат време не функцонирав помислив дали да одам на болница ама се воздрзав овој пат после тоа си седнав на форумов зосто го Читам од поцеток и малку ми бесе подобро добро одспијав симоке фала богу,инаку пијам Чај од камилица,а процитав дека е добро и Чај од кантарион се напив вЧера и камилица и кантарион и ке продолзам да ги пиам сто мислете вие за ове Чаеви?ви посакувам убав ден на сите
УХ БРЕ ЛУГЕ КОГА ГИ ЦИТАМ ДУНЈА И АДРЕНАЛИН МИ СЕ ПЛАЦЕ ДО ПРЕД ННЕКОЕ ВРЕМЕ И ЈАС МОЗЕВ СО НИВ НО СЕГА НЕ 4 ГОДИНИ СЕ БОРЕВ СО АНКСИОЗНОСТА ПОТОА ОДНЕНАДЕЗ ИСЦЕЗНА И КОГа ПОСЛЕ ГОДИНА ИПОЛ ПАК СЕ ВРАТИ СИ ЈА ЗАРОБИВ ФАМИЛИЈАТА НЕ МОЗАМ ДЕТЕТО ДО УЦИЛИСТЕ ДА ГО ОДНЕСАМ ПЕШ ЛЕЛЕ НЕ МОЗАМ ДО ДУКАН ДА ОДАМ АХ КАКО ЛИ САМО УСПЕАВ ПРВИОТ ПАТ СИТЕ СЕ ЗАРОБЕНИ СО МЕНЕ А СТО Е НАЈЗАЛНО ПОСТОЈАНО СУМ СО НЕРВОЗИ И ССТРЕСОВИ Е АЈДЕ ДЕ ИЗЛЕЗИ ПА ОСТАВЕНИ РОДИТЕЛИ ПА СИТЕ КОЈ НА КАДЕ ПО ЦЕЛ СВЕТ ОСТАВЕНА САМА НА ЦЕЛ СВЕТ А ВЕКЕ ПОЦНАВ ДА ЈА ГУБАМ И ПОДРСКАТА ОД СОПРУГОТ НА КАДЕ ДА ФАТАМ ЛУГЕ ДУНЈА АДРЕНАЛИН ПОМАГАЈТЕ НЕ СЕ ЗИВЕЕ ВАКА СО ОВА ПА И САМ ОХХХХ
Леле луѓе дали е до вемево или периодов не знам што е и јас бев подобра сега последниве 5 дена не можам да се движам утре треба на факултет да одам не знам само како..... Ми се тресат нозете, ми се врти, аман ко главава ос воздух да ми е полна, не можам веќе, смао да ми се врти па не е ова нормално веќе, не се трпи.... Одам ко да лебдам мисалм ... Ах помагајте не можам вака
И повторно од почеток...тргнувам драги мои... И јас се тересев, и јас дишев на чкрги, и јас немав сила да одам до продавница, и јас во лифт не можев ни минут, и јас.....хе бев секојдневен пациент во брза помош, дури сите почнаа да ме избегнуваат...на крај и сестра ми ми се развика и рече ....ееее па доста веке, здрава си.....Плачев верувајки дека јас сум готова ...Само син ми стоеше немо пред мене и еднаш кпга повикав (за последен пат)брза помош ме праша...мамо ке умреш ли? Не сине, не плачев и велев не не не , но тоа небеше уверливо за него...плачеше и тој, пожолтен од болка, колку ло и тој плачел...ух Долго плачев и јас тој ден скришум никој да не ме види, (некој рече нема да плачам, не!... плачете исплачете се), а потоа отидов кај соседката...постара полуписмена жена која беше природно интелигентна...и и раскажав се....ми олесна, таа трпеливо ме слушаше, се мрштеше и одеднш ми свика Ајде доста , ме искара ама како ме искара..ништо не ти е ..здрава жена...ајде СТЕГНИ СЕ..мораш заради детето...Стегни се...долго ме караше ама ја разбра работата таа знаеше за стравот само го викаше ,,упла,,хе хе ме носече и на бајчка Тогаш баш и незнаев што и значи тоа СТЕНИ СЕ , но размислував и разбрав...јас треба да направам нешто со себе ако не сакам да ги изгубам и бракот и синот...и убавиот живот пред мене Тоа СТЕГНИ СЕ значеше...(си го превеов во себе) ....штом ке почувствуваш дека доага нападот не бори се со него, пушти го да помине...зафакај се со некоја работа, не легнувај, не додавај масло на огнот, не викај брза помош тие само ке потврдат дека си анкс...и ништо друго, ати тоа го знаеш не ти треба уште една потврда дека си заглавила со анксот...а и нивните подбивни насмевки...не викај на помош никој, само мирно заработи нешто, остани на нозе.. ....јас практикував телефонски разговори со некој...ама муабетев на друга тема...потоа многу практикував голтки ладна вода....потоа излегува на тераса...потоа легнував ама земав книга...седнував на ФБ...ама научив да не му се плашам ...се однесував кон стравот како кон нешто живо и ви лице му се смеев...не, не ми мозеш ништо. Анксот не престана веднаш од мене да се плаши хе хехе..ама ослабна, прореди и го снема...јас победив. ...не се случи ни то апреку нок..траеше ама еднаш кога се ТРГНАВ и му објавив војна ...веке не му попуштав... ...цело време напоредно одев на психиј. пиев ...ансилан, сероџат...незнам и немозам дасе сетам тоа лекарот ми пишуваше...знам дека пиев и нешто за тахикардиите....психијатарот го удавив , упорно гребев кон излезот..еднаш се насмеа и ми рече,,цврста граѓа си малечка,, полека состојбата ми се подобруваше ...понекогач пак се завракаче ама јас не и попучтав бев СТЕГНАТА..хе хеххехе Затоа мили мои...СТЕГНЕТЕ СЕ...анксот може да се победи ама ви треба добар психијатар и добар мотив..мене ми беше синот мотив...сликата на бледоликото дете со солзи и гласот ,,...мамо ке умреш ли ...ми даваше сила, го убив, го столчив стравот во мене...замислував како мавам со тупаница по него...ух пак се распишав Ајде поздравче..ве сакам...