Денеска случајно наидов и на ова, од кога ги прочитав сите сатии некако се потсмирив, прочитајте и вие http://zena.blic.rs/tag/2663/Anksioznost/strana/3
И јас ете едно2-3дена ме стега и боле и само плукам шлајмови се давам и ни нозе ни раце ми одат све ме боле сто викаш и градите ме стегаат притисок качив 150 со100 страв ме фајка :-/
ееееееееееее колку сакам еден ден да ја отворам темава и да прочитам како сите се среќни и ја надминале оваа гнасаа, смачено ми е веќе од се, нема некој да се пофали и да каже нешто позитивно, нешто убаво да му се случило сите сме за никаде .
Не се сите несреќни,само вие ги гледате негативните нешта,убавите и позитивните никој не ги чита,никој не слуша совети и не применува ништо само се кука.Без навреда ама така е
Јас пред некој ден напишав позитивно ама како невидливо испадна на темава некако повеке негативните скреваат внимание,јас да се пофалам сеуште се чуствувам супер одам на работа после работа во некој кафич седам со друштво многу подобра сум за разлика од лани кога од дома не можев да излезам,и сега летово се спремам за на одмор Албанија или Грција ја истата на која и се плачеше ако излезе од дома или оди некаде подалеку
Понекогаш ја отварам темата да зирнам докај сте како сте ,бидејки и јас бев дел од вас некој перод ама надминав не прашувајте како и што незнам ни самата .Бев на сите можни лекари се беше ок со мене а ја упорно се гушев ,да симптом ми беше гушењето само .Така да еве до август месец година време како не сум осетила гушење Ви посакувам на сите да го дочекате тоа олеснување
Браво елисабета, мило ми е за тебе, и за сите други, Мал.ечка мене твојте и советите на Елисабета многу ми помогнаа. Ке биде се во ред киссс до вассс
Браво Женски .. и мене ми е тргнато со фудбалов.. а синоќа бев и на концертот на жељко .. хахаха лудници .. ајде Ќе биде добро
Во право си мал.ечка ама така се чувствувам јас. Инаку секој совет го примам и колку можам го применувам ама ете така добив впечаток бидејќи сите се жалат, ретко некој еве како елисабета да се пофали, што навистина е за поздравување и мислам дека на секој му влијае добро кога ќе прочита такво нешто.
Јас никој не осудувам,темата е да се искажиме,да бидеме сослушани.Нормално секој ќе си пише како се чувствува.Повеќе пати наназад сум имала позитивен пост,јас,елисабета,вики.Никој не обрнал внимание на нив.Небитно........Ајде кажи ми што си превзела во врска со анксиозноста???Ова најискрено и најдобромерно те прашувам,пиеш ли апчина и што друго правиш????
Значи од апчиња пијам дијазепам или хелекс по потреба, ( прекинав со асентрата зошто ја снема анксиозноста и пред некое време пак ми се врати ама сега сакам без лекови да се борам зошто вака со лекови само се залажувам) вежбам, читам книги, сега скоро почнав да пијам чај од маточина, почнав да вежбам пренасочување мисли и сл. Инаку сите постови ги читам и знам секој што напишал ама ете така ми дојде вчера и посакав да го напишам тоа, не сакав никого да навредам , се извинувам ако сум го постигнала спротивното. Поздрав
zoceeee ги имав јас сите симптоми што ги имаш досега спомнато не си единствена и нека не те плашат тоа се лажни симптоми уствари сите симтоми на анксизност се лажни само што не кочат во животот и што не плашат,затоа не дозволувај да те исплашат ништо сериозно од нив неможе да ти се случи .
Не не,погрешно ме свати,и јас пред некое време си се пожалив на форумот,никој не рече дека не треба да ги искажиме чувствата и да се покриваме.Но имам забележано дека само се кука а никој ништо не превзема,само се пија апчина(за кои не сум против)и ништо друго не се превзема.Искрено и од срце ти посакувам ти да бидеш следната која ќе го има најпозитивниот пост.Работи на себе и резултати ќе има.Ако сакаш да ме послушаш да почнеш да вежбаш јога верувај дека уште веднаш ќе се почувствуваш подобро.
Ти благодарам од се срце за советот, истото го мислам и јас во врска со форумов ама тоа е (може треба да отвориме тема за позитивни искуства во врска со анксиозноста каде ќе се пишуваат само убави работи ) и ветувам дека ќе се обидам и со јога.
Јас веќе не пишувам мислења на темава зошто сум една оние кои кукаат и кои се жалат така да извинете за сите негативни мислења и ви посакувам секое добро
Несакав никој да навредам ниту да натерам да замини од темата или да не пишува,само сакав да докажам дека и после пеколот кој го доживеав,сега сум среќна,дека со борба се успева и да натерам со најдобри намери да ги следите советите и да примените нешто за да ви биде подобро.Во право си која сум пак јас да давам совети и да се грижам за другите Искрено кога го прочитав твојот пост се израдував,јас не би тргнала на концерт но ете ти си успеала