браво дунја и јас ке поцнувам од денес така морам заради себс заради моето дете кое го цекав 15 години и заради мојот сопруг кој е прекрасен и многу ме подрзува поздрав до сите борете се .
навистина мислам дека ке ги издржа сите симптоми ама ова стравов како да исчезне јас веке барем така мислам се извлеков од тоа да не можам да шетам, и во гужви веке не ми претставува проблем а страв од болести хмм никако. пред една недела закачив бронхит и умрев од страв. како да се победи стравот? има ли некој сто го победил?
Јас не ... иако треба со самоконтрола и спротиставување и сами да се храбреме ретко успевам ... и јас се разболев од грипот и тоа многу па исто и кај мене грипот само го потхрани стравот . Искрено долго време сум со оваа анксиозност и дури сум си досадна сама на себе , ама ајде разбиваме монотонија тука заедно ... Ако некој победил страв со некоја посебна метода нека пиши , иако нормално не може некој од страна , мораме самите ние ... Те поздравувам и тебе и останатите
здраво на сите секој совет го прифакам и јас инаку вЧера имав напад усте сабајлево со грЧеви и болки во левата рака и боцканје во градите денов ми бесе узас ама го презивеав ијас секогас се надевам на подобро поЧнав форумов да го Читам од поЧеток,се пронајдов и јас во него ама кога имам болка или напад незна сто е веке и јас ми се руси се пред мене пиам Чај од камилица и кантарион пробам да не мислам на болести практикувам совети и се надевам дека ке помине еден ден.ви посакувам убав ден на сите
и јас сум денес катастрофа мислам нема излез тој проклет глас готово ме убива посакувам да умрам ова не се издрзва писете поздрав
luge vreme e da receme NE na ovaa sostojba so site sili so gi imame,i daj da pisime so prajme za da go pobedime stravot a ne drugi raboti da iznesuvame (barem da se trudime so pomalku da iznesuvame)da PESAVCIME imaa idrugi napisano z aova ama aj pak da kazam i jas, dobro vlijae segde go pisi vo iste knigi .... [mod-kirilica:2fqa0psn][/mod-kirilica:2fqa0psn]
убаво е да се пешачи, ама што со оние што од страв неможат да искочат надвор и неможат ни 300 метри да изодат а да не помислат дека ке паднат, им се врти и нозете не ги осекаат? ајде пишете кај кој психијатар одите, или како успевате навистина да се контролирате, јас денес мислам дека ке се угушев, неможев да дишам и пак морав да искочам од работа и со кола да се провозам низ град, ставив лут бомбон во уста за да можам полесно да дишам, а успат се напив и хелекс, па додека да проделува имав криза, ама не е тоа решението, мора да се бориме ама како, мојот психијатар ми вика дека несмеам да ја напуштам ситуацијата кај што ке ме фати нападот, туку да издржам таму додека да помине, бидејки по никоја цена нема да ми се случи ништо страшно, но јас се плашам да го послушам зашто не верувам дека ке биде така, навистина ајде да споделуваме на кој начин се бориме со анксиозноста, јас уште не сум почнала и немам некој начин ама се трудам колку толку да ја игнорирам колку можам, но признавам дека сум слаб борец
Ве читам секој ден, ама немав многу време за да пишувам и еве сега им пишувам на поновите членови, оние кои се справуваат со првите и најтешките симптоми на анксиозноста.и јас неможев да излезам од дома, а камо ли да одам пешки негде, и мене страшно ми се вртеше, и мене ми беше страв и мислев дека ќе умрам, ми трнеше раката, ми лупаше срцето.одев по лекари, проверив се можно, секој втор ден ја терав мајка ми да ме носи на дежурен за таму да ми стаат инекција и да се смирам.имав неподносливи главоболки, и сето ова цели 3 години.почнав да пијам асентра и лорсилан во ноември негде, лорсиланот ми го исфрли докторот и сега сум само со асентра.се прашувам само- ЗОШТО НЕ ПОЧНАВ ПОРАНО? мене скоро и да не ми е ништо, освен што уште малце имам фобија од возење со градски автобус, и сеуште не сум била во дискотека зошто ми се лоши од гужва и загушливи места.сега само ме плаши тоа што сум наставничка и треба да полагам државен испит, односно да држам час пред комисија, и уште сега се опседнувам како ќе биде, да не ми се слоши итн.До сите- да знаете дека тие симптоми ќе се намалуваат и ќе исчезнат, само треба време и трпение за жал поздрав до сите
EMEKREME te svajkam jas so velis deka ti e strav i nekoj metar d apominis na site ni e e koj en se cuvstvuval ili ne se pocuvs taka site sme vo ista sostojba zato velam da pisime se so ke procitavme slusnime (SEKAKO POZITIVNOTO ONA )za da si pomagame edni na drugo so mislis mene ne mi e ne mi bilo na drug ne ete i MILA ubavo napsiala deka ke pomine smao treba vreme gospod neka ni pomaga..
ДЕВОЈКИ, Има ли некоја од вас што останала бремена, додека пиела АД или имала силна анксиозност? Многу ме интересира ова...Дај кажете како се справувавте со анксиозноста без лекарства? Како минуваат тие месеци? Мене ми е страв да не полудам во тие мигови...бидејќи нели не треба да се пијат нашиве лекарства за време на бременост...
Е со ова и јас неможам да се изборам,но се терам со сила си викам ајде можеш ти,и да паднеш пак ќе станеш.Инаку првата година неиздржливо беше она чувството на гумени нозе,карактеристично за анксиозна состојба,но со тек на времето изгуби јачина,ама само јачина, не и да исчезне Обично викаат дека анксиозните се и метеопати,во смисол дека сите сетила им се изострени,па како е кај Вас?Јас се сметам за метеопат,дури мислам дека најпрво тоа ми се појави,а тоа ми ја донесе и анксиозноста,можеби е случајност,незнам. Ова и мене ме интересира!
леле значи како ве читам неможам да верувам, зарем ги имам сите симптоми што постојат во врска со анксиозноста (барем еден да ме одминеше не ке беше лошо), ако метопат е поврзано со анксиозноста и јас спагам во тие луге, секогаш знам ден унапред дека ке врне, на пример, такво потење имам што неможам да го опишам и веднаш кажувам дека утредента ке врне дожд и никогаш не сум промашила
Здраво на сите. Редовно ве читам иако го немам овој проблем, но го има моја блиска личност. Моето прашање ќе биде конкретко. Како би сакале вие да се однесува вашиот дечко-девојка со вас, дали да разговарате за она што ве мачи или воопшто да не го спомнувате. Кога јас пробував да разговарам посериозно наидував на отпор односно дури и целосно заладување на комуникацијата и избегнување на средби. Дали мислите дека ако сте оставени сами да се борите со проблемот ќе го надмините полесно и дали одбегнувањето на разговор со некој кој не е во иста ситуација со вас е позитивно бидејќи не сакате да се сеќавате на проблемот или ви е тешко да објаснувате, или се срамите поради своите стравови, или и сама не знам поради која причина...... Едноставно како би било најдобро да се однесува вашиот партнер?
Jas odma na pocetokot mu kazav na deckoto niz sto pominuvam u so sto se soocuvam, i me sfati potpolno.jas nemozam da odam vo diskoteki, a do pred nekoe vreme nemozev mn ni po kafici, i on nikogas ne mi pravel problemi za toa, dodusa ne e nekoj ljubitel na diskoteki pa moze i zatoa nemav problem.nikogas ne sum osetila od negova strana deka mu preci mojata sostojba i spored mene e mn polesno koa ke razgovaras za toa otkolku da kutis.moe mislenje nemora site da se slozat.no kolku i da kutis ova ne e nesto sto moze da se krie. [mod-kirilica:27mfn3d0][/mod-kirilica:27mfn3d0]
И јас знам од почеток и воопшто не ми смета бидејќи и јас не сум некој љубител на гужви. Но уште кога ми кажа ми рече дека не сака да разговара повеќе за тоа, ама јас... како жена што не можи да ќути сакав се да знам и го потпрашував,а бидејки се информирав по интернетов почнав да му делам и совети..., мислејќи дека можам да му помогнам и единствено со таа намера. Ама колку што јас повеќе сакав да му се приближам толку се оддалечувавме. Сега сме во фаза на повторно зближување и сакам некако да му покажам дека единствено мислев за добро, а не дека тоа ми смета, ама не знам дали воопшто нешто да спомнам на оваа тема или да се правам како ништо да не било (а нема да можам да издржам) и затоа не знам како да постапувам.
Ама пак не одговори никој на моето прашање, ама ајде Во секој случај, 54321 - колку и да сакаш да му помогнеш некому, АКО ТОЈ не сака, нема да можеш да допреш до него (неа) ...Значи, секој ја води својата битка или борба на свој начин. Обично машките тешко признаваат ваква состојба на вознемиреност...па од таму и не се труди онака МНОООГУ да му изиграваш „психијатар“. Иначе, ние па жените секогаш го поседуваме оној ефект на грижа и “ајде ќе му помагам“...Но, не. Зборувај за убави теми, олабави го, однесувај се како што ти би сакала да се однесува тој со тебе во таква ситуација. Ќе дојдат мигови кога САМ ќе почне да кажува, а ти тогаш ќе го советуваш. Само немој да дозволиш неговото не(расположение) да зависи од него. Внимавај да не те „вовлече“ во состојба на вегетација, не го дозволувај тоа и за себе и за врската. Сакај го за тоа е што е таков- љубовта многу ќе му помогне, а и тебе ќе те направи подобра личност. Поздрав
Azzura здраво, еве јас ке ти кажам, имаш напишано дека се плашиш да останеш бремена, и јас исто ама и секоја жена потсвесно се плаши, меѓутоа мнооогу сакам деца, и таа мисла ме тера да мислам и на бременост, не се плашиме всушност од бременоста како што се плашиме од самиот чин на рагање, а и за тоа постои лек, се вика ЦАРСКИ РЕЗ заспиваш и се будиш и ангелот е покрај тебе те чека, нема ништо поубаво од тоа иако ни јас не сум го искусила но имам две внучиња од сестра и исто како да се мои само што не сум ги родила,самата помисла на тоа треба да те оддржува и се надевам дека напади нема да имаш, но најубаво е првин да се консултираш со психијатарот па бременоста да ја одложиш додека целосно не исчезнат симптомите на анксиозноста се надевам дека помогнав барем за миг
здраво на сите еве ме мене малку добро малку лосо си се надевам дека ке помине еден ден,азура и јас сакам одговор на твоето прасанје,самода ти казам јас сум со анксиознос 6 години бев на AD скоро година бев супер ама сега пак ме фатија нападите последната консултација со докторката во скопје ми даде само хелекс од 0.25 и ми каза бас кога не мозам да издрзам да ги се напијам по потеба,не ми препораЧа AD зосто и јас сакам да имам дете ама еве оваа анаксиозност пак ме фати и се надевам дека кеисЧезне,секој ден си се залам дека несто ме боли аман веке ,се надевам дека помогнав.
За срамота сме жими се хахахаха... Ох, и јас сум со анксиозност веќе заборавив од кога...мислам дека се десет цели години, но најмногу во првите две, па после се смири се. Неколку години си бев супер, ама ете, пак се случија глупости кои јас (според психијатарката) ги доживувам подоцна. Значи страдам од пост-стрес синдром. ОК и тоа го надминав без некои напади, освен со голема тага и многу солзи, веројатно така требало да биде....За да не дојдам во слична ситуација ми ја дадоа асентрата + хелексот и си бев супер. Но, сега сум во една ситуација кога со дечкото не „се пазиме“ и возможно е да се забремени. Се јавив кај докторкава, ми вика прекинувај одма се! Јас по форуми што читав, демек може да се пијат мали дози, инаку бил негативен ефектот нагло да се прекине...И го кажав и тоа на д-ката, она вика „остај форумите, и терај и уживај“. Веќе трет ден не пијам АД, ама осеќам како главата да ми се „дуе“...Многу без врска зашто на работа ми треба полна концентрација....А сакам бебушка и СЕКАКО со царски рез, не мислам поинаку....Имам и јас внук чие раѓање ме крена од мртви и тогаш помина се, го обожавам, ама време е за мое бебе...Всушност не се плашам толку од самиот чин на пораѓање (зашто има милион методи)- се плашам само како ќе ги поминам 9-те месеци без АД ?!
И јас пијам хелкс сега ми се смали на 0,25 мг во комбинација со б6 и витамин е,ми се подобрија симптомите го пијам само некогаш пред легнување ако се вознемирам за нешто,инаку сега за сега само б6...се е во главата ама некогаш е посилно од тебе...се бориме секој ден браво што сме храбри и најбитно што сме освестени дека проблемот е до нас и нашата глава,некогаш ми оди преку глава и ми се оди да се откажам неможам постојано да се вознемирувам и да си велам-смири се смири се не е ништо...загубив и сон и се...во последно време само осеќам тежина кај срцето -навечер пред спиење и кога ќе ме фати паника да не ми се случи нешто од тоа стегање почнува зуењето и потењето...одам се мијам во веце повторувам во себе смири се,смирииииии се ,успевам некако,несакам никој да будам ,доста им се проблеми, ама сон потоа никаков...најстрашно е што вчера не спиев се вртев и препотував,па продужив право на работа спиена ниту 1мин,а се осеќам ко да имам превише енергија во мене,уопште не ми се спие,и знам дека и вечер ќе остаам дежурна