да ви казам на сите за бременоста јас со двете деца кога останав бремена во ниеден момент немав потреба за апце ама во ниеден луке колку добро се цуствував ма како никогас и да немав анксиознос ама бас никогас хормоните ли се сто ли е не знам знам само дека сопругот ми викасе дека треба секоја година да сум бремена е ама после тоа во 12 вецерта родив во 8 сабајле јас бев дома затоа сто родив и веднас поцна да ми се лоси да ми се врти а тоа бесе затоа сто знаев дека веке сум слободна мозам да пијам и веднас сабајлео поцнав да пијам хелекс сакам да пеасам дали и вас ви се слуцува да ви се поврака ми се обракат оците мислам ке се онесвестам немам сила позз на сите па писете
Поздрав ... Мислам дека партнерот кога е со тебе треба да заборава на анксиозноста со тоа што кога ќе почуствуваш дека кај него се јавува тој страв немој да го прашуваш што ти е?!? , како си?!?! ... до кога оваа ситуација?!?! па дај да најдеме решение!! ... едноставно вели ќе биде во ред , ништо не е, иако е тешко потруди се да го убедиш дека навистина ништо не му е , почни со примери (затоа што ние кога гледаме колку сме и колку ни се идентични симптомите само добиваме храброст посилно да се бориме) споделувај со него искуства . Штом избегнува комуникација и средби има нешто што го плаши и има несигурност ... разговарај заобиколено , не знам за какава врска станува збор , дали подолга или релативно кратка бидејќи и тоа многу е битно ... едноставно да не комплицирам обиди се кога е покрај тебе да биде најсигурен дека ништо нема да му се случи и тој самиот ќе те бара , бидејќи во момент на паника ти треба некој кој што ќе ти биде како засолниште ... се надевам дека ќе успееш да му помогнеш на саканиот , мн поздрав !!!
Фала за одговорите и советите, па ќе видиме како ќе одат работите. Барајќи на интернет го најдов еден блог од една девојка и го читав подолго време. Мислам дека Azzura, а и други кои се интересираат за анксиозноста и бременоста можат да најдат корисни информации бидејќи оваа девојка покрај другото опишува како го поминала тој период. http://livingwithagoraphobia.blogspot.com , а ги опишува и своите секојдневни мали победи и своите размислувања на начин кој мислам позитивно би влијаел на секого. Инаку би ви препорачала и една друга страна http://www.mdjunction.com/anxiety-disorders , форум каде слично како овде се споделуваат искуства, но е спицијализирано за вакви теми.
еве ни луге усте еден пример дека се ни до психата знаци лане дури била бремнеа се и било ок заборавила н атоа или и било полесно ,после отакако се заврсило како д асе ослободила од тоа како сама да се поттикнала д азема пак апцинја значи се ни до психата која во вакви моменти потешко ја контролираме ама мозиме и мораме ајде...
Здраво и од мене, јас долго не се бев вклучила дА ве исчитам, миселв од ден на ден дека ќе успеам сама но ова непоминува. Во моментов добивам напад т.с. мислам дека ќе го поголтнам јазикот а знам дека нема, ниту ми е модар ниту имам отоци, не ми е ниту сув но ме мава психата дека ќе го поголтнам, стравот ме обзема истовремено и добив тахикардија, испив само магнезиум и 2 апчиња бедоксин, не сакам повеќе да се труам со јаки лекарства пиев и асентра и лорсилан и хелекс и деметрин и валеријанови капки и се веке организмот не ми реагира на диазепамот.. Ве молам да м иказе некој дали имал вакви симптоми
здраво на сите ! ги читав вашите коментари и ви посакувам само убави работи во сеее!! моментално јас барам помош од психијатар психотерапевт незнам како дојдов до др. Благоја Стевановски - EU MEDIKA PLUS сега сум многу вознемирен, разговарав но немам никаква доверба во него, рече дека треба да му верувам и ми кажа дека треба да правам прво некој тестови со психологот, па после ке имало и психотерапија... Ова ми личи како некој да сака да ми го пере мозокот ... незнам дали воопшто може да ми помогне, а незнам ни дали воопшто овој психијатар е добар ?? Што велите ? Го познава ли овој доктор некој лично ?
јас одам во неуромедика, ако не му веруваш смени го, сигурно има причина зошто не му веруваш јас со мојот сум како пријателка и мислам дека ке ми помогне само треба стрпливост и упорност но од моја страна а не од страна на лекарот биди поупорен, еве јас се зафркнав што летово примав само 3 месеци терапија и се откажав на своја рака и сега по 6 месеци добив многу посилни напади и пак се вратив кај лекарот и подобро ми е, но сега ке бидам послушна и ке ги почитувам неговите совети па ако е потребно и цела година ке ги пијам лекарствата инаку јас пијам хелекс и сероксат веке две недели и подобро ми е летово пиев хелекс и золадекс и мислам дека подобро ми делуваше золадексот па ке пробам да го сменам сероксатот со золадекс но само ако дозволи лекарот веке на своја рака ништо нема да направам
јас не пијам ништо, ама во длабоки депресии сум и ми се менуваат расположенија де депресии де анксиозност голема, кај овој психијатар бев само еднаш.... гледав да најдам некој добар збор по форуми за него, а случајно го видов на родители и деца форумот како коментира и одговара на прашањата на другите, но неможам, некако глупо ми е без препорака што прифатив да отидам... сега ми е малце глупо затоа што му се отворив за некој мој проблеми ме викна на разговор со психолог, за да утврдам што ми е а после тоа долги психотерапии со лекови ... ми рече само треба да ми веруваш, ама незнам дали воопшто овој човек има некого излечено па да му верувам, тоа ми е глупо, да не се учи на мене....
TETITO , ние тука се си кажуваме ако ти е мака, пиши, и да не ти одговори некој, сепак ќе ти олесни со самото пишување и чувство дека утре ќе те прочита некој. Како и да е, не сум чула за твојот доктор. Но, би ти го препорачала д-р Павлов, кај Зелено пазарче има ординација. Сепак е невропсихијатар, а и не сум случнала некој да се пожали од него. Не знам како стоиш со пари, но слободно јави се и прашај, а мислам дека е и со плави картони...Во секој случај, на психијатар мора да му веруваш, значи ако бараш веќе помош, одлучи дека на докторот му веруваш. Ако нешто не ти дозволува да му веруваш на овој доктор, тогаш послушај го инстинктот и побарај друг доктор. Во Дијагностички центар е и еден невропсихијатар кој е еден од најдобрите, некако на Ч мислам беше. Типот е одличен, малку агресивен, ама природен, постар човек кој има страшно искуство. Иначе, еден мој пријател беше кај Павлов и он исто така го испрати да се тестира на психолог. Знаеш, тоа се тестови кои им даваат некоја насока за карактерот на пациентот, со цел да се насочи кон она што треба и брзо да делува. И не се секирај што си му кажал дел од проблемите- нема секако да ги раскаже само слушај го инстинктот, ако немаш доверба, барај друг..... Поздрав.
Мила, не може само магнезиум и бедоксин...тоа се бебешки дози, зарем сакаш да трпиш напади?! Мојата д-ка стално ми вика „ниту едно тело не смее да трпи болка неподнослива, кога денеска има лекови и начин да се спречи“ Значи, не се стегај- мораш да најдеш лек што ќе ти одговара и ќе го зголеми и подобри хормонот на среќа Ни јас не реагирам на дијазепам, иако оддамна не сум пиела , али хелексот ми е ОК. Секој различно. Искрено, мојот дечко никогаш не пиел вакви апчиња, па еднаш стварно не му беше добро и му дадов хелекс и не му делуваше....Сепак е до психа....И сама знаеш дека нема шанси да го голтнеш јазикот, едноставно те „мава“ психата....Ја знаеш ли вежбата со дишењето? Значи легнуваш на кревет, опуштено цело тело (ако ти треба саат да се опуштиш, почитувај го тоа) и земаш воздух на нос , и само стомакот се крева, а плуќата НЕ. Вдиши преку нос, на стомак, издиши полека преку нос. Градите нека не се движат, само стомак. Секој ден по 5 мин, ќе биде добро....
tetito ако немаш доверба во човекот и ако не ти одговара веднаш да го сминиш како прво и основно ти неможеш да се опуштиш пред човекот а и како би се опуштил кога не ти влева доверба докторот е најбитен нема тука збор за ова смениго докторот не го губи времето со среќа
Тetito здраво Ни јас не сум чула за твојот лекар но јас бев кај доктор Павлов што го споменаа горе. Јас воопшто не бев задоволна од него, тоа е мое искуство но има луѓе на кои им помогнал. Не би можела да ти препорачам психијатар бидејќи и јас сум во потрага по истиот .... Да ти кажам нешто искрено и од срце... И јас на почеток немав доверба во ниту еден психијатар, но најдов личности на кои им верувам и кои ги посетувам, и целосно им се отварам. За жал никој од нив го нема откриено коренот на мојата анксиозност, но сите рекоа дека е од хормони и пубертет. Така да мој искрен совет е да се отвориш кон психијатрите а и да се отвориш на овој форум. Мене најмногу ми помагаатсоветите од луѓе кои ја поминале и кои поминуваат низ анксиозноста. Дуња на пример е најдобар психијатарспоред мене секоја чест, јас во неа имам најмногу доверба..... Што и да те мачи можеш да пишеш овде бидејќи и така и така си анонимец никој не те знае а само можеме меѓусебно да си помогнеме да ни биде подобро Поздрав до сите
Прекрасни сте сите !!! Фала ви на одговорите. За мене еве да кажам збор-два Постојано чепкам на интернет барав што е работата со мене додека дојдам до одоговорот анксиозност (мислев дека имам проблеми со срцето) Бев досега кај тројца психијатари- бев во државна болница кај еден доктор со бела коса кого го чекав три часа за да ме прими и после 10 тина минути да ми даде Лорами за после неколку дена да сум се ставел на некој си заеднички список со други луѓе за да се провери детално каков проблем имам, бев кај доктор Викторија која што констатира депресија и анскиозност, и сега кај овој доктор за кого гледав по форуми кој што сака да се нафати за мојот случај ама јас едноставно не му верувам. Искуството со нив ми е некако неубаво- затоа што некако како да не се замараат многу многу за тебе, знаете конкретно Викторија ми даде едни анти депресиви кои што после два дена ми направија уште поголема вознемиреност, и и пишувам порака прво на докторката да и се пожалам, после тоа и и се јавив таа рече имам сега работа ке ви се јавам покасно и ништо... нити се јави нити ништо. Бев оставен потполно сам да се борам со тешки симптоми на анксиозност депресија и плус контра ефект од еден лек. За тоа како се појави анскиозноста конкретно не ни знам Изгледа животот и стресовите си поиграле со нас малце повеќе и ни го направиле тоа но понекогаш и едноставно нема одговор на нештата... Едноставно тоа е така, така се работите и мора да се бориме. Се надевам постои Бог кој им помага на луѓето. Борбата со оваа опака болест е понекогаш многу многу тежок. Знаете се вознемируваш на места кои што не ни сакаш, живееш со ниска самодоверба, како во постојан грч, понекогаш со денови неможеш да се насмееш. Имам чуство дека страдам од некоја тешка психичка болест и дека не сум нормален како и другите луѓе. Имам големи промени во расположението, мислам дека треба подобро да се умее да се организира времето може ли да ми кажете некој природни препарати и чаеви или исхрана. Сум слушнал за многу нешта но кога ке дојде нападот мислам дека ништо од тоа не помага едноставно возенемирен си уплашен и тоа е тоа.
Здраво ... кога те читам (т.е во повеќето) се пронаоѓам во секој збор ... за чај барав на нет и го најдов овој http://www.alkaloid.com.mk/valerian-miks.nspx се уште го немам испробано ако некој има пиено нека пиши резултат... искрено се надевам дека ќе си помогнеме , а и мораме поздрав до тебе и останатите
tetito не си сам, тие симптоми ни се јавуваат на сите нас, променливото расположение, потење, дезориентираност. а за лековите што ти направиле така во првите денови тоа е нормално барем така и психијатарот мене ми кажа додека организмот да ти ги прифати а потоа е подобро, така беше и кај мене, првите неколку дена ми беше така како на тебе но сега е многу подобро, оди на психијатар, не ги откажувај лекарствата на своја рака и со сигурност ке ти биде подобро, само треба да си малку поупорен и јас се надевам дека со советите си помагаме, бидејки откако сум на форумов а не сум многу само две недели навистина се чувствувам подобро
Леле луѓе, деновиве откако д-ката ми кажа да прекинам со асентрата , зашто може да сум бремена, ќе пукнам. Не можам никако да најдам дали треба или дали смее така нагло да прекинам со терапијава...Мене ми се случуваше некогаш и по 2-3 дена да не се напијам зашто заборавав да купам, ама после тоа веднаш си продолжував. Сега еве една недела не пијам, а треба да чекам да видам дали сум бремена или не...Ама мислам дека почнаа некои нус појави да ми се јавуваат: главава како да ми прави „туп, туп, туп“ цело време, како да сум дезориентирана цело време...Ќе се радувам ако сум бремена, ама ќе треба да издржам вакви чудни расположенија, па јас не се осеќав вака пред да ја почнам асентрата. Има ли некоја од вас искуство со бременост и АД (секаде пишува не смее да се пијат, ама вака ќе „одлепам“ ?!
здраво на сите еве јас денес подобро фала му на бога малку излегов просетав,инаку AZZURA јас да ти казам пијам хелекс ама кога имам некој напад сто не мозам да издрзам а докторката ми каза да пробам со сетајне и без AD за сега не сум бремена ама маз ми сака и јас сакам,мој совет ти еконсултација со психијатар и знам дека не ти е лесно ама немој да мислис на лосо,останува да се надеваме дека ке помине овај космар поздрав до сите
нема да одлепеш ... штом ќе ти започнат симптомите , почни да мислиш на твоето бебенце и на тоа колку голема радост е тоа , ќе ги острануваш мислите а имаш прекрасен повод заради тоа ... сега нема да бидеш сама, треба да се бориш за тебе и за новиот живот ... нити главата ти прави туп туп нити си дезорентирана ... само остранувај ги мислите ... ајде па после неколку месеци да ни прикачиш сликички од ангелчето гледај клипчиња од бебенца прави се само не мисли на туп туп ... помагај си сама , пишувај тука вниманието насочувај го на друго а не на тоа дали си дезориентирана ... јас вчера иако со оние во наводници гумените нози ги чуствував ама шетав и не се откажав ... само храбро ...