Јас веке се радувам...ајде Аззура СТЕГНИ се и издржи...бебето ке ти го разубави животот.Ништо нема да ти стане..преусмерувај си ги мислите, шетај и уживај во бременоста ....Пиј чаееви за смирување од видот мајчина душица и читај книги.Ти посакувам многу среќа
има ли некој конкретно резултати од психотерапии и како му помогнале ?? ( јас сум во двоумење, дали ми требаат, па зашто, па што ... многу прашања си поставувам ) - знаете се плашам дека тие ке ми направат многу полошо, па дури и дека ке се скренам, мислам дека самото идење на психијатар ми е глупаво се осеќам како да сум ненормален, поразличен од сите луѓе и го имам овој проблем.. пишете некој мислења и искуства (фала ви на сите ! навистина на сите им посакувам се најубаво во се ! )
Тетито подењето на психијатар во никој случај неможе да ти наштети,да те направи да се чувствуваш поразлично од другите,глупаво и слично како што пишуваш.Стави се ти пред се друго,ти си најважен,а не она што ќе го каже околината.Мене лично многу ми помогна одењето на психијатар,разговорите,си ја олеснуваш душата со самото тоа што знаеш дека има кој да ти помогне и те сослушува.Нормално и терапијата што ќе ти ја одредат си има свое влијание.Вербата дека оваа состојба е минлива и дека не ти може ништо,е подеднакво важна,верувај дека ти си посилен од ова чувство,можеш и ќе успееш. Не треба да се измачуваш со милион прашања,туку ДЕЛУВАЈ,и биди сигурен дека кога ќе помине одредено време се ќе биде во ред. Поздрав
јас пиев во бременоста аоаурин ама од пети месец и нисто родив здраво дете како ангел ,ама сега има денови кога ми е убаво и пак криза зосто ме врака назад не знам поздрав до сите писете и борете се ние сме нај силни .
Здраво на сите. Долго време не сум пишала ама редовно ве читам.Поздрав до сите постари членови и секако до поновите. Тетито јас ја прележав Анксиозноста твоите свакања на анксиозноста ме потсетија на мене и сакам да ти кажам дека ниту ке скренеш, ниту пак си различен од другите и воопшто ништо лошо нема да ти се случи. Биди сигурен во тоа. Јас додека сватив што ми е мислев дека сум готова веке си замислував како лежам во психијатриска болница ама еве ништо од тоа не се оствари. Ова ти го кажувам за да сватиш дека Анксиозноста не е болест тоа е состојба која ке се промени но треба многу време, надеж, чекање и желба за да се успее. Најпрво ти препорачувам да си зацрташ во главата дека не си болен и никако не останувај сам со мислите. Дружи се постојано ако немаш желба за инает и на сила излегувај. Не ти се смее за инает смеј се. Од тука почни после самиот ке сватиш како да продолжиш. Знам дека е тешко ама труди се постојано. Јас не сакав никаде да одам и кога сопругот ке ми речеше ајде одиме, се мразев и себеси и сите други. Има крај победници на крајот сме ние- анксиозните. Одев на психијатар во ремедика кај др-ка Спанцеска. мене ми беше супер ми даваше минимални дози лекови многу ми помогна ама имав огромна желба за да успеам. Зошто јас отидов на психијатар кога го видов дното и полека почнав сама да ги резонирам работите.Еве се надевам дека ти помогнав, биди трпелив ке успееш.Моето мото испровоцирано од анксиозноста беше и се уште е -БОРИ СЕ, НЕ ДАВАЈ СЕ, ЌЕ УСПЕЕШ-. Со срека на сите. Посебен поздрав до Дуња. п.с. Дуња абе што бидна анкс-кафето? хахаха.
фала ви повторно. ме охрабрувате со вашите искуства, не пијам никакви лекови не одам ниту на психијатар. моментално барам добар психијатар на кого можам да му верувам (пробав со тројца некако не идеше не им верував, ама се надевам дека ке најдам добар некој кој што ке се заинтересира убаво за мене) Фала ви на сите, голем поздрав до сите и се најубаво. се читаме тука на овој форум
Tetito a дали чувствуваш некои здравствени проблеми.... анксиозноста кај некој од нас ни носи нереални работи како да сме болни од којзнае што, а потполно сме здрави..Јас на пример секој ден трпам ненормални вртоглавици, а во мојата главасе е во ред и снимки баш се. И јас на почетокот не верувам на ниеден психијатар им се лутев на моите кога и да ме однесеа, викав вие ме правите луда, јас ќе полудам, психијатар знаете ли што значи.. Но имам среќа имам тетка што работи во психијатрија во државна како сестра и ми кажа дека мојот проблен (анксиозноста) е психички проблем за кој е виновна потсвеста, а не свеста како кај луѓето кои недајбоже се пореметени од умот. Така да ми стана јасно дека не можам д аполудам, и морав да почнам да пијам асентра, но не ми делуваше па почнав со депрозел и еве 6 години терам некако. Со вртоглавици за жал, има моменти кога мн сум храбра и се борам, но некогаш запаѓам во кризи и пак на лекар.... Најди си некој психијатар верувај сите се добри само треба да веруваш и со минимална доза на лекарства се ќе помине. Мене овие луѓе на форумов ми се поголеми психијатри од било кој др. На почетокот одерв кај Др.Ралева во државна по препорака на тетка ми, па кај Павлов, па кај Билјана-Психеа, па кај Чадловски, па кај еден стардр во војна што ми даде највеќе подршка и сеега одам кај него 1 во месецот но се зависи од самите нас... Знам како ти е но... за жал мора да се бориме
јас направив милиони ЕКГ прегледи и прегледи на телото мислев дека имам некој срцев проблем. имам и вртоглавици и све останато поготово кога ке ме фати ансксиозноста.
tetito кога сме кај EKG јас да само во овие два месеца незнам колку ги имам направено EKG секој ден Чекам каде ке ме заболе или боцка кај срцето како сто си го викам јас,на секои две недели испитувам крв,сите сме со истите симптоми го Читам форумов и срекна сум сто ко најдов и секој совет ко применувам и се надевам дека ке ми биде подобро дека ге излезам еден ден од овој космар,ви посакувам убав ден на сите.
браво италијана како си била храбра ,еве и јас неколку дена бев добра и денес пак ме фати криза писи ми многу ме охрабрувас и ти дунја и ти адреанил поздрав писете и казете дека ова е миновно .
италиана те паметам ... одамна те немаше и тебе , ама некако почнавме да се враќаме ... вистина и јас прашувам за кафето шо бидна ? и ти честитам за успехот и ти посакувам да ти трае засекогаш позз
Ајде на кој му се подобрува состојбата Гуззи???Аззура.Сиело,емекреме читате ли????...Гледате Италианакако успеа...Поздрав Иалиана....да им појасниме на новиве членови....летово се собравме групамислам на Фемина -сите анкс.хе хе и се договаравме да си направиме состанок во некој кафич ,,демек анкс.кафе,, идејата не е лоша ајде да видиме кој ке дојде и дали ке се препознаеме, хе хе Важи Италиана...ке имаме и нови пријатели...поздрав до тебе премногу ми е драго што си ај надмудрила анксиозноста.Браво умна девојко!!!!! Поздрав Ве сакам само напред ....игноррр на негативните мисли....игноррр
сакам да прашам дали е нормално да идат рака под рака депресијата и анксиозноста? кај мене така некако се ...
Не секогаш. Но, ако си на почетокот, веројатно анксиозноста ти се појавува од некој внатрешен страв или едноставно неизвесност. Депресијата е следена со анксиозни состојби. Антидепресивите помагаат да се намали чувството на анкса...не создаваат зависност...Ајде обиди се да најдеш деновиве психијатар, ќе ти препише што треба, а ти тука пишувај, ќе ти биде подобро-но мораш да пиеш прво нешто за потоа полека сам да ги надминеш овие состојби....Ако премногу мислиш, ќе ти биде потешко да се насочиш кон лекувањето. На крајот на краиштата, доаѓа лето, сонце, плажа, парк, Матка.... уживанција не се грижи, мора да се обидеш и да успееш
AZZURA фала ти многу на советот ... навистина јас веќе со месеци се обидувам без никаква помош да излезам од оваа состојба
i jas vikam da npravime edno kafe uste podobro bi bilo da se zapoznaeme site vistinski i da napravime anksiozno kafe sto vikate ke ima li lokal kade sto ke ne sobere site ?