се пронајдов во твојот пост, а посебно во овој дел: досега случајно сум читала за анексиозност и секогаш се пронаоѓам во истиот, но еден дел од мене не прифаќа дека патам од тоа, односно си викам “јас си замислувам се правам од здрава болна„ а од друга страна си викам „леле ова како на мене да се однесува„. има моменти кога сум престравена, а има моменти кога сум како лавица силна и храбра, но таман ќе се охрабрам пак ме обзима чувството на страв и срам, а тогаш се затворам во себе и оттуѓувам од луѓе. а да не кажувам за погорецитираното (будење во сон) најчесто ми се случува! се прашувам дали ова може да се преброди без лекови, инаку сватив дека со оваа анексиозност јас се борам ама верувајте тешко ми оди.
и јас денеска малку се чувствувам подобро, мислам симптомите се тука но се справувам со нив или поради сероксатот ублажена им е формата, или може е до мене хехеехе како и да е, мило ми е што си помагаме еден на друг ТЕТИТО веднаш да почнеш со лекарствата т.е. првин да отидеш кај психијатар, нити е срамно нити пак ке ти нашкоди, може само да ти биде подобро, а за „болеста„ не грижи се, никој во светот не умрел од ова, не полудел, ова е состојба која се лечи но против која МОРА да се бориме храбро, го нема АДРЕНАЛИН кој ке ти каже исто и тој низ што се поминал но исто како и ДУЊА (на која и се восхитувам) ја победиле оваа состојба на умот, значи ова е само психички присутно кај нас не и физички, на сите ни е јасно, само уште да и се спротивставиме, може оди споро но на крај победници ке бидеме само ние, никој друг ве поздравувам сите, заедно сме посилни
заборавив во мојот пост да поставам едно прашање дали оваа анексиозност е секогаш како поселдица од некој стрес или несреќна ситуација!?
emekreme фала многу за советот. да фактите се тие.. само седам и не барам помош а осекам дека ми го расипува животот постојано одностно не уживам во него , би можеле сите да ми помогнете со препорака на човек психијатар кој што навистина е добар, доколку имате таков некој совет, па другото што треба ке сторам и ке се пишуваме тука фала
мојот психијатар ми рече вака, анксиозноста настанува како резултат на стресни ситуации без разлика дали е за нешто убаво или нешто лошо што се случило кај самата личност, јас овие 5-6 месеци бев под огромен стрес, свадба (моја), смрт на баба ми, на работа преголема ангажираност (24/7), немав одмор дури ни кога спиев, сето тоа си го направи своето, мислев дека ке умрам, буквално така се чувствував, сакав да искочам од мојава кожа а неможев, тоа беше страшно чувство на несигурност во самиот себе си, самата решив да побарам помош бидејки неможев да издржам повеке, и сега да чукнам у дрво не ги осекјам тие тензии повекје, панични напади ми се јавуваат како што напишав предходно но далеку во поублажени форми. и уште еднаш ке кажам, ја мислам дека без лековите немаше да можам да се изборам сама, сепак мора лекарска помош. колку и да се правиме силни сепак оваа состојба сама од себе нема да исчезне да и погледнеме на реалноста во очи дека полесно и побргу проблемот се решава како со психијатарска така и со помош на лекарствата (како и се друго, како и обична настинка која без лекарства ке не држи може и повекје од една недела, а со лекарства само два до три дена)
здраво на сите и бас убаво сто Читам сто некои се подобри јас си се надевам сега пак овие два дена осекам несто како да ми зуе во усите веке незнам ни јас сто да казам имам моменти кога ми е добро и сум пресрекна ама кога ме обземат овие Чуства катасрофа сега ке се напијам Чај од камилица белким добро ке спијам ви посакувам убава веЧер на сите
Поздарав до новите членови, ако се пронајдоа тука...ех добредојдовте за жал...а можеби и за среќа.Ништо не есе така црно...и ако е мора да помине.Јас чувствувам потреба да го споделам оваа со новите членови и да се согласам со Емекреме дека оваа не поминува без лекови, незнам можеби и поминува ама сигурно ќе е тешко...јас пиев лекови .Сепак поминува...лековите помагаат да се опуштиме и да можеме нормално функционираме. Да Интересна оваа е последица од натрпани стресни состојби засигурно(од мојот психијатар)тој велеше дека таа настапува кога ,,чашата е преполна,,.....но , како се наполнила така може и да се испразни само ние сме тие кои ке се заангажираме...со лежење и плачење...не..со акција, со работа, со шетање, со игноррр на негативните мисли...со љубење...со трпение и малку повеќе време. Не секогаш, но анксиозноста често оди заедно со депресијата, кај мене беше така(ПА ШТО )јас ги победив и двете. Некој зборуваше за зуење во ушите...да на наксиозните им зујат ушите...тоа се нервичките...треба многу движење за да се надмине зуењето...јас се научив да не му обрнувам внимание и откако започнав да пешачам, фитнесс три пати неделно зуењето се намали...скоро и го нема..малку незначително...тоа може дае и од слаба циркулација... Едно е сигурно...ако сте упорни ке ЈА победите и ке се вратите во нормала...јас тоа го знам, јас бев анксизно-депресивна..сега сум насмеано-ведра, хе хехе (..и кога ми е тешко јасси се лажам себе си дека оваа не е ништо и дека има и потешко од тоа)знаете една лага сто пати кажана станува вистина, којзнае може и така успеав.Ајде не плашете се...ке помине ...ке видите...пак ке зборуваме...јас секогаш ке бидам со вас.поздрав драги мои..и не чај од камилица(ма да може)чај од кантарион и мајчина душица. ЈАС ЈА ПОБЕДИВ КЕ ЈА ПОБЕДИТЕ И ВИЕ. _________________________________________________________________________________________ Излупете една банана за да си го подобрите расположението. Бананите содржат триптофан кој телото го користи за да создава серотонин (хормонот на среќата). Бананите содржат и многу калиум. Нивото на калиум во телото може да се намали поради стресот, па со помош на банани можете да го стабилизирате. Освен тоа, бананите се богати и со витамин Б6, кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта и се бори против променливото расположение.
Сакам да прашам за стрес б комплекс дали некоја го пиела и што ќе ми каже за него...пијам хелекс 0,25 со бкомплекс и б6,докторот ми рече да си купам од овие стрес б комплекс содржеле магнезиум,калциум,.....се продаваат на парче едно чини 10-12 ден...
Ова е како јас да сум го пишувала!Меѓутоа сите анксиозни се пронаоѓаме во повеќето од постовите. Дуња,ова си го напишала пред 1 год.Сега, по 1 год, воопшто го немаш она „чувството“ и вртоглавиците? Кај мене и тоа и тоа никако да пројде.Па дури некогаш чувствувам,при пешачење,кога ќе погледнам надолу ми се јавува,незнам како да објаснам,да го доловам чувството,чувство како да сум под вода, така некако, и веднаш се преплашувам,ама продолжувам со одењето. Јас некако не верувам дека исчезнуваат симптомите,мислам само губат јачина,но при стресна ситуација пак се тука,како наши верни придружници,а сакам многу сакам да ја снема,да исчезне оваа проклета анксиозност и повторно да си бидам онаа ведра и насмеана личност од порано.
Сум ги пиела Stress Menagement B-Complex ,поточно http://www.vitamini-hr.com/calivita_pag ... pleks.html ,ги има по аптеките, во комбинација со деметрин,добри се и оваа комбинација беше добра тогаш,скоро и да ги немаше сиптомите.Кога престанав со апчиња,по некој месец скоро се се врати Сега се обидувам без лекови да ја победам чумава.
Престани да седиш те моламмммм...јас одев кај Весна Вајс. Жената е сосема ОК..таа единствена ми кажа дека треба да сум под лекарства, со оглед на мојата ситуација, која ја познава долго време. Одамна се знам со неа, за на крај ЈАС да се лечам...но, одлучив кај Вајс, зашто одлично се сеќаваше на моите претходни проблеми, а мене ми беше глупо на секој нов психијатар да му ги раскажувам проблемите...Мораш да сфатиш Тетито една работа- а тоа е дека психијатрите се луѓе како нас, значи нема нешто посебно да ти помага, туку ќе имаш можност да прашаш се што те мачи за состојбата, а психијатарот ќе ти објасни...може ќе се потруди да ја најде причината за твојата состојба, но на крај БОРБАТА Е САМО ТВОЈА!!!! Значи, затоа ти викам , лекарствата се потребни за да застанеш на нозе и ДА СЕ БОРИШ, АМА САМ! Впрочем, млад си, што и да се случило претходно, минатотот повеќе нема да те повреди. Послушај не сите, и оди на лекар, но почни да читаш и да дознаваш за себе, да се откриваш и да созреваш.... ИНАКУ, 7 ДЕНА БЕЗ АСЕНТРА И ДОБРО Е
после неколку дена добра повторно се осекам узасно сега заказав кај ципријанив тој идел и тука во битола ми го препорацаја се обидувам да се борам ама теско оди поздрав писете
здраво на сите guzi да ти казам и кај мене е така 1 ден добро еден сум лосо,или во денот ме факаат најизмениЧно напади,3 саата сум ок после 3 саата мислам на болести и јас да ти казам незнам како издрзувам,ама се надевам дека ке помине го Читам сега сајтот на зоран го Читам секој ден форумов,пробам со игнорр само да ти казам се надевам многу дека ке помине,зосто после се сто прозивеав бас сега кога имам мирен зивот и добар зивот,јас сум пак со анексот,си се надевам дека ке помине и дека ке мозам да узивам во зивотот ви посакувам убав ден на сите.
дали све запознаени или знаете за некој константин со лецел од скопје ама многу биле скапи третманите
Константин Кајшаров - Тино . Ако зборуваме за истиот, тогаш да ти кажам дека имам многу блиска другарка која оди кај него. Но, таа се лечи од лоша болест. И Константин не е невропсихијатар, лечи со кинезитерапија, која ја студирал во Бугарија. Мислам дека е и јасновид. Не е тој за она што ние го бараме. Да, мнооогу е скапо, но лечел луѓе од церебрална парализа и други тешки болештии, кои не се споредуваат со нашата состојба на умот
јас пак слушнав многу позитивни критики за оној надри лекар Иван кој одеше на АТВ, тој лечел се без пари и навистина ги излекувал луѓето кои оделе кај него, ова не ми го кажувал било кој, туку луѓе кои се занимаваат со физикална терапија, имено некој ја скршил ногата и неможела никако да му заздрави се пробал и залудно, го испратиле кај овој Иван и тој му рекол “ јас оваа нога ќе ти ја излечам но побргу ќе ти се разболи другата“ и така било, но фала Богу човекот ги излечил и двете нозе и сега наводно немал никакви негативни последици. Порано лечел тука во Скопје на Водно, наводно сега бил во Куманово.
Да бидам искрена ..јас кога го поставив постот бев веќе сосема добра....симптомите на анксот беа смалени скоро незначителни ама јас се уште се плашев дека ке се вратат...сега сум сигурна дека ке се вратат само ако дозволам јас и дека се е до мене. Темата ја отворив со цел да се доохрабрам, да се осигурам дека чумата заминува и навистина замина.Веднаш ми се јави Ликси и уште неколку добри луге на кои сум им бескрајно благодарна и ме охрабрија...јас станав уште подобра. Пишувајќи ви Вам и раскажувајки ви ја мојата борба како да уништував дел по дел од моето грозно минато...мислев мене си олеснувам ама ете оваа беше делотворно и за вас.Видов и дека има многу како мене, но кога видов колку млади луге патат од оваа состојба се натажив Бескрајно се натажив.... Затоа сега вака седам пречесто на комјутерот(маж ми се кара ама јас не го слушам хе хе)и си муабетам со вас. Да Камилица, исчезнаа вртоглавиците сосема, зуењето на ушите скоро и не го марам, тахикардиите запреа, по улица се движам без проблем, се возам и во автобусот(а не можев да го смислам), патувам без проблеми, седам и во гужви ма да тие отсекогаш ми пречеле....живеам нормално ке испијам по некој деметрин кога имам некој стресен ден и одам понатаму....Незнам како да ви ставам во глава ама несебично се трудам тоа да го направамАНКСИОЗНОСТА СЕ НАДМИНУВА ама треба упорност, време и терапија од лекар која помага побрзо да се надмине.Верувајте ми драги мои дека се е во нашите глави идека се е до нас.Соберете си ја храброста и кажете Не јас сум здрава и станувајте во момент нешто да работите.Не и давајте од важност, не марете ја...таа ке си замине.останете на нозе и кога тие ви се тресат, останете во автобус за инает и ког асрцето ви лупа...ништо нема да ви се случи...впрочем кога нешто ви се случило бидете искрени ...нападот доага и си заминува. Ке полудите?Тоа е најчестиот симптом...х ехеехее мојот психијатар велеше,,Колку пати полуде досега Дуња?И вистина...ниеднаш..хе хе Гледате дека е можно...и јас мислев дека никогаш нема да помине ....ама помина. Јас ја победив анксиозноста , ке ја победите и вие. ѐпоздравче се читаме
Пријатели, еве еден одличен сајт, кој сака нека чита. Одлично е се напишано ! Ајде во борба http://www.anksioznost.net/izlecenje-anksioznosti
Здраво ... за Тино немам инфо (имаше едно девојче баш тука на форумот пишуваше дека одела кај него, не знам дали и помогна може напишала ама сум испуштила) за Иван последно што знам за него е дека местото каде што помага се наога на патот кон Крива Паланка ... беше и во Ку и во Ск , но во Ск му забранија па се префрли таму каде што напишав , е после тоа ако има некои миграции не знам , инаку јас имам одено кај него ... конкретно за симптомот (ако може така да се нарече) на тешко дишење и тоа не еднаш него повеќе пати , и навистина не знам дали ми помогна ... можеби делумно или ако има ефект онолку што може тој или на крај краева автосугестија , прашував од што ми е ова велеше од нервоза ... сепак човек кога е во мака пробува се , па на оваа анксиозност автосугестијата и е Чак Норис па така да може на некој ќе му помогне ... побарајте го на гугл ќе дознаете повеќе ... Некој напиша дека осеќа како да тоне во вода кога шетал ( се извинувам што не запомнив име) да и мене ми се има случувано , оние гумените нози , некое чудно чуство во глава , несоница тоа околу дишењето и да не се повторувам зашто сум си веќе досадна сама на себе ... Пишувајќи ми текна па да прашам , што мислите дали Чак Норис успеал да ја победи анксиозноста ајде да пробаме во наредните постови , секој да напише по некоја убава работа ... не мора да е од денот кој поминал ... туку некоја интересна случка од минатото ... знам дека нема врска со анксиозноста но малку да ја убиеме со убави работи ... ве поздравувам многу и драго ми е што се разбираме