maca99 немаш опција за ЛП па тука ќе ти одговорам: Зегин 700 и нешто ден. беа пред 2 год. и внатре има 100 апчиња.Инаку ги има и на други фирми,а може да се најдат и во помалите аптеки. Браво Дуња,ми влеваш надеж дека се ќе се среди!Поздрав
Константин Кајшаров Тино е човек кој прави третмани со помош на молитва. Јас кога ми беше најлошо одев кај него не можам да кажам дека не ми помогна. Навистина имаше ефект неговата терапија, но по некое време пак ми се јавија истите симптоми и кога отидо рече дека не може да ме третира толку сум била опседната со мислата за болест што сум ја блокирала енергијата. Но јас сум задоволна, бидејќи во најтешките моемнти ми помогна. Иначе скап е бидејќи станува збор за една комплетна институција, во која работат повеќе лица, и која е мн добро опремена за лица со парализа, со најразлични мапини, ласери, масерки, помошници на Тино и слично . Доколлу имате можност отидете скап е да, но мене тогаш ми помоигна, јас морам сама да се борам за пак да можам да бидам третирана од негова страна, има енергија и за време на третманот, се чувствувате необично, таму се ќе ви објаснат. Поздрав и секое дбро на сите
Сакам на Дуња да и кажам дека го положив приправничкиот испит, а пред некое време и пишав дека треба да полагам ама ми е страв ради симптомите од анксиозноста. сега е положен, и за срека добро поминав ништо не ми се случи.поздрав до сите
- денеска сум многу подобра, дури и мобилниот си го заборавив дома (инаку без него ни до вц не одам и секогаш ми е наместен на бројот на мажот ми, па ако ми се слоши, или добијам напад веднаш му звонам), но не ми беше потребен.На работа издржав 8 саати без да посакам да избегам некаде од гужвата, што значи дека напредувам или само таков бил денот ке видиме. со ваша помош успевам да се борам, се разбира и со помош на лекарствата - честитки за мила23 - ајде гузи можеме да победиме, само доколку мислиме дека можеме, ако се откажеме, ако мислиме дека тоа е посилно од нас така и ке биде заедно сме посилни, несмееме да се предадеме
здраво на сите,ајде гузи ке се храбриме сите и на мене не ми добро еве бас сега имав напади да не ги писувам симптомите сто секогас ги Чуствувам ама седнав да видам кој има на форумов,и бас ми е мило сто Читам на некои им е подобро па да се надеваме дека и на нас ке ни биде еден ден подобро,поздрав до сите.
МИЛА СО СРЕЌА ТИ ПОСАКУВАМ УСПЕХ И ПОНАТАМУ. Се е во нашите мисли...Срекна сум поради тебе!!!!продолжи да редиш успеси на сите полиња Гузи мила...ајде похрабро....можеби ти си и силна ама ти треба повеке време...Јас мислам дека сигурно ке победиш ама во прашање е денот,....Те поздравувам и советувам да вежбаш игнорррррр.... Јас го знам Иван од Куманово е...не трошете време ....подобро истрчајте 200 м спринт ке ви биде подобро....хе хе еее...искрен совет. Ај еден виц.. Dođe Ivek kod doktora da se požali na ženu, pa kaže: - Gospon doktor, ja stvarno ne znam što da radim! Ja i žena već duže vrijeme ne radimo one stvari! - Pa dovedite je da ja popričam s njom ...I tako sutradan, Ivek dovede ženu kod doktora. Doktor je prim...i i počne razgovor. - Dobar dan, gospođo! - Dobar dan, doktore!- Vaš muž mi je rekao da već duže vrijeme niste imali seksualne odnose! Zašto? - Joj znate, doktore, ja ujutro krenem na posao i vozi me susjed Štef. Onda me on pita Čuj, buš mi platila za benzin ili šta? i ja onda moram ono ili šta! Zakasnim na posao i meni gazda kaže Hoćeš da ti dam otkaz ili šta? i ja moram ono ili šta! Vraćam se sa posla i opet me vozi susjed koji opet pita Budeš mi platila za benzin ili šta? i ja onda opet moram ono ili šta. I kad dođem kući, ja stvarno ne mogu više! Na to će doktor: - Pa, hoćete li da to kažemo vašem mužu ILI ŠTA? Лека нок драги мои!!!!
Гузи, еве да ти кажам една приказна - мојата другарка се бори со анксиозноста БЕЗ НИКАКВИ ЛЕКОВИ цели 12 години! Едноставно одбива да пие лекарства. Одеше кај една психијатрка која лечи само се терапија и без лекови....Одеше извесно време, се смири, дозна што е-како е И продолжи сама. За разлика од мене, она не пие ништо, ни денеска. Во меѓувреме, диплимираше, си најде момче и се надеваме дека наскоро ќе ја мажиме но, како и сите анксиозни, едноставно е сензитивна на промена на време...понекогаш има вознемиреност, понекогаш не. Целата ситуација ја прифати како дел од себе и најнормално си функционира. Ете. Јас па морав да пијам терапија, не заради тоа што сакав, туку не можев да ја трпам вознемиреноста. Но, сега е ОК, веќе 10 дена не пијам асентра. Имам чувство како главава да ми се дуе, ама ич не ми е гајле, се изморив од мислење. Кога ќе размислам има многу болни луѓе од лоши болештии, а ние се жалиме на ова, па си викам само здравје. Не си слаб борец. Штом си на овој свет, мора да си тука со причина, а борбата е дел од тоа. Само ти треба време да се најдеш и да си одговориш на некои твои прашања....Лично јас, замислував како разговарам со анксиозноста (кога веќе има име нели...) Ќе седнев на кревет, ќе се сконцентрирав и ќе и кажев „што сакаш од мене, кажи ми. Што сакаш да правам за да си одиш?!“ И после некое време, сама си замина. Тогаш сфатив дека во животот треба да сум стрплива Поздрав и тука сме сите, тоа го знаеш ...останатото е само твое
браво гузи навистина супер казано со поттик,и така е како со велиш само треба да бидиме стрпливи и да се бориме имам една мисла ке ја најдам ке ја написам ке ни користи на сите добра е со поука е
Да ви кажам една новина: земјотресот што се случи во Јапонија, ја поместил земјината оска, денот е скратен и според сите научни докази, сето тоа посебно влијае на здравјето на луѓето, особено луѓето-метеопати...Сега читав...така да, ако сте со напади деновиве , да знаете дека е од поместување на земјината оска. Ќе мораме да се навикнеме на новиот живот. И кај сте со денови сите?! Ве нема...
здраво на сите еве ме мене еве ме и мене со изгледа сите се ок тоа е супер да казам кај мене е стандард ги имам нападите се ама се надевам со васите совети пробам да ги игнорирам и ако сум си голем хипохондрик го анализирам секој дел од моето тело,фала богу викендов повеке песаЧев се надевам дека ке успеам ви посакувам убав ден на сите.
Мене не ми беше добро цела недела, не пијам веќе асентра, губам концентрација, можеби ќе треба да пијам пак, ама не знам баш... Сонцето и убавото време ме лечи...среќна сум кога ќе помислам на летото и на светлото , а не ТМУРНО , небо ... Денеска ми е добро Иако, на мигови се „откачувам“ како дете, свесна сум за се, и најмногу се смеам со внук ми кој ми вика дека секогаш ќе ме сакал дека сум била смешна како од цртаните филмови... хахахаха, е како да не си среќен после ваков коментар или комплимент од едно 9-годишно момче?!
Здраво на сите, Случајно пред некој ден пребарувајќи по интернет кое е името на моментите кои ги доживувам го пронајдов овој форум и баш ми е драго што открив дека не сум сама. Од сите овие работи кои што досега ги прочитав од вас ми се случуваат и на мене. Бев и по доктори, бајачки па и на психијатар. Првиот пат кога отидов на матичен ми дадоа деметрин, кој веднаш по првото апче прекинав да ги пијам, матичниот ниту ми објасни какви апчиња се ниту за што се .... ама баш ништо, читајќи по форумов дознав што се А за искуството со психијатарот не знам што да кажам..... или моите очекувања беа преголеми. Можеби и се повторувам раскажувајќи го моето искуство, но чувствувам потреба да го искажам тоа што го поминувам. Мислам дека се чувствувам посилна откако ве пронајдов,, а понекугаш дури и се обидувам да ве пронајдам низ ликовите што ги гледам по улица а и кога ќе почнат да ми навираат чувствата на напнатост на мускулите над колената, срцебиење и мисли дека ке полудам истиот момент, се пристеувам на вас и на многу работи што ги прочитав низ вашите коментари и искуства , а и понекогаш ми помагаат Инаку имам 24 години а вака се чувствувам веќе 2 години порано го задржував приматот на најхрабра, најсилна но сега не баш....
Серокасот во принцип е добар лек, но имајте на ум дека секогаш одреден лек не може добро да делува...значи, тебе може да ти е ОК, а мене не... како и секој лек, нели. Серокасот спаѓа во групата на SSRI антидепресиви- значи, тоа е понова група, која делува на хормонот серотинин, го стимулира и го лачи во доволна мера за да дојде до една еднаквост на „симпатикусот„ и „парасимпатикусот“ во мозокот , поточно во вегетативниот нервен систем (ако ова ти е нејасно, еве едно линкче за да си дообјасниш http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0% ... 0%B5%D0%BC ) Инаку, серотинин е хормонот на среќа во човековиот организам, кога доаѓа до негов дисбаланс, сите ние ги појавуваме симтомите на депресија.... Претпоставувам дека го пиеш Сероксатот на фирмата Белупо, што е прилично скап лек, но со одлична структура. Е сега, јас би ти кажала нешто друго: ако не можеш финансиски да си го дозволиш, лек од иста група (дупло поефтин) е Асентра на Крка. Зборувај и консултирај се со докторот. Имав пријтел кој го пиеше Сероксатот цела година, беше добар, освен што спиеше повеќе, но не мора да значи, зашто мила моја, на крај откако ја донесе животната одлука, сфати дека нема потреба веќе од нив и си започна нов живот. Значи, се е до нас, но, лекот ако ти е препишан ќе ти помогне многу. А според мене, со оглед на твоите години, ќе ти помогне и да излезеш со некоја другарка и на 1-2 мартини пијачки....
Не си сама, верувај во ова време на неизвесност, не си сама...Сите млади се осеќаат вака, дали од оваа или онаа причина. Стрес, нервоза, секојдневие...И мене ми се појави анксиозноста на твоја возраст. Како се случуваа животните промени, или ќе се смиреше или не. Но, не исчезна никогаш. Само разбери една работа: прифати ја како дел од себе и твојата личност. Едноставно, излегуваш од добата на адолесценција и растеш во нова личност. Не мораш да имаш примат на храбра личност, не е тоа толку важно, само не дозволувај да тонеш надолу...И ако деметринот ти делувале добро, пиј ги кога ќе се осетиш лошо. Ќе ти ја опуштат малку мускулатурата и ќе бидеш добра. Не знам колку си запознаена со „јога дишењето“ - легни на кревет, стегни го телото и опушти го, како кога стегаш тупаница...стави ја едната рака на стомак, а другата на граден кош. Почни да дишеш полека, но на стомак. Значи, раката на градниот кош не треба да ти се движи, само онаа на стомак треба да се движи заедно со стомакот Горе- Долу. Вака бараме пет мин дневно... Деметринот се ОК, но кога не ви е јасно нешто, читајте во упатствата. И ајде сега надвор, на сонце, ролерки, точак, сега ќе почне се да цвета, па лето на море, на езеро, планина, нови љубови, авантури летни мммммммм P.S. Ова не го заборавајте секако „Vjerujte. Istražite svoju vjeru i religiju i više joj se posvetite. Istraživanja pokazuju kako su vjernici sretniji od ateista i lakše prihvaćaju cjelokupnost života.“
ееее бас така е петра панка1 и кај мене се зголемува нервозата и ставот добивам напади ми се плаЧе сто да ти казам јас си се надевам ги Читам сите васи совети,дали е некој запознаен колку Често и колку долго мозе да се пие Чајот од кантарион поздрав до сите.