не би требало да пречи долгото пиенје на кантарионот и да ствара зависност јас барем така мсилам од тоа шо го имам прочитано на нет е сега пак информирај се
Zdravo na site Neznam dali ke pomogne ova na nekogo i jas imav problemi so panicni napadi i se macev mn vreme so toa mene mi pomogna idenje kaj psiholog ..... A nejzinata pomos bese da pravam meditacii ima nekolku vezbi sto mi gi ima kazano i sto stvarno mn mi pomognaa na pocetok se malku poteski za pravenje zatoa sto nikoj nemoze da se skoncentrira na edno nesto ...Koga pocnav jas so meditacii na pocetokot mi bese premnogu tesko i vikav na psihologot deka mene ova ne mi pomaga deka uste poloso mi e a taa rece deka organizmot se bori da izleze od sostojbata vo koj bil i zatoa nemozam od vednas da go napravam toa...e so tekot na vremeto se osekav kako da sum preporodena i vistina kako sto gi citav nekoi postovi stvarno treba da veruvas vo nesto za da ti se ispolni...Kako sto mi velese psihologot se e do psihata vo teloto nisto nema a nie samo se izmacuvame ....Sega ke vi napisam edna vezba za pred spienje se nadevam deka ke pomogne na nekogo ... Legnuvame i si zboruvame vo sebe kako go opustame teloto ....Si zamisluvame kako pred nas ima golema topka so energija (primer zamislete kako stoi sonce pred vas) zamislete kako prodira niz vaseto telo i kako ve gree, so slednoto vdisuvanje vdisete ja i taa energija sto ja ima pred vas....sega zamislete kako taa energija e na vasata desna strana i kako ve gree i prodira niz teloto , istoto napravete go i na levata strana ,(znaci celo vreme si zboruvame kako taa energija e okolu nas i kako sekoe delce od naseto telo go gree i prodira niz nas ) potoa zamislete dve dragi licnosti i kako im davate del od vasata energija a ostanatoto na site drugi koi gi poznavate....toa e krajot Koga malku logicki ke se razmisli ovaa vezba e za relaksacija zatoa sto se polnime so energija i koga ja davame na drug taka se ispraznuvame ....koj saka neka proba mene mi ima pomognato mnogu a koga ke stanam nautro sum posveza i posmirena ...leka noc i so novi sili utre
Здраво на сите.Јас сум нов член тука и мака ми е што пред 15 години не постоеше ваков форум.Јас во тој период имав дијагноза анксиозна неуроза.Првиот напад кога го имав отидов на матичен лекар и ми препорача да одам на психијатар,кој пак после 5 минутно мое објаснување зошто сум тука ми препиша антидепресиви и ми рече да дојдам после 2 недели.Јас направив така почнав да ги пијам пилулите и ми беше о.к.На контролата психијатарот ми кажа само продолжи да ги пиеш апчињата и на мое прашање до кога само ми се насмеа и као па подолго време.Е пошто јас несакав да седам со скрстени раце почнав да се распрашувам за некој добар психијатар.Ми ја посочија др.Весна Вајс Павлов во неуромедика тогаш(господ здравје да и даде) и после 2 години и само со повремено пиење на диазепам од 2 мг јас се излечив. Како што ја сконтав работата анксиозноста се јавива кога се има некој проблем забутан во потсвеста.Тој мачи и дава сигнали дека имаме проблем со појавувањето на симптомите(пр.ќе умрам,ќе се разболам,или на некој близок нешто лошо ќе му се случи).Кога ќе го лоцираме ,откриеме проблемот станува полесно,бидејќи веќе ја знаеме прчината и симптомите исчезнуваат постепено.
Весна Вајс е прекрасна жена. Ги памти и луѓето кои и доаѓале претходно, па после тоа не одат, и ако пак се вратат се сеќава на нив, па дури и приказната им ја памти. Јас одев кај неа, и сум задоволна. Секогаш кога не ми се збореше, ќе ме разбереше и си зборевме за нешто општо. Ептен е супер
мислите ли дека во состојба е анксиозносто депресивното лице да го знае коренот на неговите проблеми без посета на психолог-психијатар ?
Дали некој може да ми каже од која аптека во ск би можела да набавам stres management апчиња на парче што одат, не цело кутивче?фала и одиме напред :up:
Би можел,ама тоа е веќе вродена карактеристика на себеиспитување и анализирање,критичко размислување во здрава мера и прочитана соодветна литература. Се оди постепено.Доаѓаш до еден степен,па после само почнува да се одмотува клопчето и доаѓаш до сржта на проблемот.Се соочуваш и трајно стравот и нападите се губат,следи конфузност и расеаност,но не е никако тоа од порано.Се враќа желбата и живоста и повторна организација на животот.Но,потоа не смееш да помислиш дека случајното нерасположение е показател дека анксиозноста се враќа.И луѓе без анксиозност поминуваат низ периоди со лошо расположение. Браво за членката која пиша дека мора да се осознае проблемот прво,а потоа да се решава.Нешто што оддамна го пишав,но некој не се согласуваше.Велеше,мислете позитивно,одете на психијатар и пијте ги апичињата (апчињата се навистина неопходни во одредени случаи и се задолжителни) и се ќе биде подобро и тој наплив на позитивен бран имаше само моментано освежување и после неколку дена ќе прочитав форумџика со мислење,јас повторно не се чувствувам добро,дури и полошо ми е.Секако дека ќе биде полошо кога некој ти дал поттик да веруваш во нешто што не е толку едноставно.
лилит браво една од ретките си што дава мисленје иако не си во анк.состојба зато што ретки се или воопшто ги нема дргите форум.да дадат свое мислење на оваа тема
Ќе пробам со пример како јас се справував со тој проблем.Кога ке ми дојдеше некоја глупава мисла (ќе умрам,ќе се онесвестам...)тоа значи дека малце сум ја начнала забранетата тема,значи малце ми поминала мисла за проблемот што сум го ставила позади во мозокот.(тоа е оној дел кај тилот)И самата правам блокада со тоа што ќе почнам да мислам на лоши работи.Е финтата е во тоа што незнаев кој ми е конкретно проблемот.Луѓето најчесто не го сознаваат проблемот,тој е скриен,не сакаме да го дознаеме,да се соочиме.Тогаш си поставував прашање,аха имам проблем и очајно се трудев да размислувам која мисла ми прелетала многу кратко во главата.Маката е да се открие таа мисла,тука се губи многу време.Кога ќе се открие проблемот останува најлесниот де,т.е. решавање на истиот,што знае да биде многу болен. Во откривањето на проблемот ми помогна докторката.Затоа и служи таа, да те води и насочува во откривањето на проблемот,а не да те затупува со антидепресиви.Доволно е во кризата диазепам од 2 или 5 мг,на почетокот.После може наместо диазепам искачање у град и 2 пивца. Ако сум нејасна слободно прашајте,јас незнам да објаснам конкретно.
Лел мене ми е многу лошо деновиве... Посебно денес, седам и мислам светот над мене се руши. Вртоглавициве ми се неподносиливи, ми се врти се околу мене едвај одам ( тешко ми е но се трудам и одам, пошо ако легнам у кревет готова сум одма ке идам на лекар). Јас не прочитав никој освен мене толку да се жали на вртоглавици. Се чувствувам како во секој момент можам да паднам,ме занесува де на една страна де на друга.... Помагајте луѓе не можам веќе вака
колку само сум среќна Дуња што те запознав, невероватна позитивност ми даваш, и сигурност дека ова навистина ке исчезне, секогаш кога ќе добијам напад без разлика каков е се навраќам баш на ова твое напишано парче на форумот и мислам дека веднаш симптомите на вознемиреност исчезнуваат благодарам што си тука со нас и за нас
СИЕЛО не ти е само тебе така, вртоглавиците и кај мене се присутни, дури понекогаш мислам дека со денови траат, незнам дали се имаш проверено, дали имаш снимано глава, ако мислиш дека нешто не е во ред па оди и провери се, во државна имаат апаратура ке те проверат за еден ден
Emekreme каде не сум била веќе... Сега се немам снимано 2 ипол години, но претходно и компјутер, и еег, и магнетна резонанса превев се и се беше во ред. Сега ми рекоа дека ако се снимам за џабе ќе биде само зрачење а млада сум, треба да мислам на иднината и дека се е до анксиозноста. Веќе не се поднесува, моиве вртоглавици не траат по 3-4 дена недела, секој ден секој ден....Легнувам со вртенје, станувам со вртенје... Некогаш ми е подобро и иако ги чувствувам сеппак не ми се случува она "најлошото" но има монменти кога буквално ни можам да одам ме занесува , мислам ќе паднам, а ако легнам мислам тонам еее ко во дупка. Погрдо нешто од ова нема мислам...Дај Господ нека ни помогне на сите веќе еднаш да се оттарасиме од оваа анксиозност глупава
Zdravo na site...Kako ste?? Jas ponekogas sum dobra , no ponekogas preovladuva toj strav so nekogas mislam deka me promeni 1000% i neznam dali nekogas ke stanam povtorno starata licnost sto mu se raduvase na zivotot, a ne sega sto se plasi od nego nekogas ima momenti koga ne ni pomisluvam na toa sto mi se slucuva,ama nekoi denovi premnogu mi se meni raspolozenieto, dali moze nekoj da mi kaze dlai koga pocnuvas da gi namaluvas apcinjata (jas na primer pijam heleks i psih. mi kaza prvo da gi pijam 3 na den , posle nekoe vreme gi namaliv na 2 na den i sega pocnav so 1 na den ) i sega ovaa nedela nekako mi e loso nekoj momenti i si mislam da ne e od apcinjata sto gi namaluvam i sto pocnuvam da gi vnesuvam pomalku.....dali ja ima nekoj citano mokta na podsvesta...i dali e ubava knigata ako saka nekoj da mi kaze??? pozz do site na forumot
KAJ SITE E IATO JAS GI PIEV TRI GODINI I NAEDNAS GI PREKRATIV OD DENES REKOV KRAJ I GODINA IPOL BEEV SUPER POSLE PAK ME FANA SEGA SE BORAM BEZ HELEKS I NE ZNAM IMAM NEKOI ZA MENE NOVI SIMPTOMI STO ME POLUDUVAT A VEKE 7 GODINI SUM VAKA SO ONAA GODINA IPOL SAMO STO BEV SUPER LELEM LUGE KOLKU MI BESE UBAVO TOGAS AMA ETE DUNJA KAKO DA TE NAJDAM NA FB DA SI PISEME AKO MOZE POZZ NA SITE
Мене ми се слуцувало да добијам цувство дека во моментот ке се онесвестам.Со вртоглавици и се што е пропратно.Тогаш си велев во себе,а понекогаш и на глас,СЕ Е О.К.ПОМИНУВА.И верував во тоа што си го кажував.Јас погоре кажав дека таа анксиозност се јавува кога нешто ни пречи,кога имаме проблем.Секогаш кога ке ни се јави тој симптом(вртоглавица,несвестица)значи дека проблемот од несвесно сака да прејде во свесно,но ние го кочиме,не сакаме да се соочиме со реалноста,со тој проблем.не го признаваме проблемот.КОга ке се соочиме со проблемот исчезнуваат и симптомите(несвестица...)Убаво напиша девојката,расчистила со јатрвата(еден проблем што ја тиштел)односот со сопругот...Во мојот случај беше незадоволството од мојот бивши дечко.Долга врска( 6 години)никаква иднина,тапкање во место,притисок од роднини....Кога решив дека така веќе неможе и чао-пријатно,верувајте дека мислам во секунда симптомите исчезнаа.Значи скоро секогаш е болно да се соочиме со проблемот,бидејќи истиот може да биде и однос родител-дете,брачниот партнер,но верувајте пеколот исчезнува со откривање и решавање на проблемот.
Не го знаев значењево на зборов се додека не ги прочитав речиси сите мислења. И јас сум го имала овој проблем, но не сум знаела за тоа. Мојот поранешен дечко не можев органски да го трпам. Одевме долго време и имав разни притисоци од негова страна. Секогаш кога ќе направеше некоја глупост или ќе кажеше некоја глупост (а тоа беше најмалку 5 пати во денот), јас се дерев како луда, го пцував, го отерував во триста лепи... Се нервирав до тој степен што речиси во несвест паѓав, ми се стемнуваше пред очи, се губев во просторот и времето. Потоа само седев и плачев и се нервирав зошто сум таква личност (а порано не бев таква). Со сите бев кучка и никој не сожалував. Станав личност која јас не ја познавав. Се правев силна пред другите, а со денови се затварав во соба и плачев со саати. Не сакав никој до себе. Кога и да ме прашаше мајка ми што ми е, јас само ќе и се развикав и ја пудев од собата. Не бев свесна дека ТОЈ е причина за целата моја нервоза, знаев дека поради него се нервирам многу, но не знаев дека тој е причината за мојата променета психичка состојба. Кога почнав да го сфаќам тоа, дека поради него сум јас таква, почнав да му го префрлувам тоа на него, да го колнам на моменти што од мене направи такво гнасно суштество. Никогаш не посетив психијатар (можеби поради тоа што не знаев дека ми била алармантна состојбата). За среќа, се разделив од тој човек. Собрав доволно сили и го оставив зад мене.Имав помош и од мајка ми за тоа ( и бев кажала дека тој ми се заканува ако не останеме заедно) и таа ми даде огромна поддршка. Ми беше тешко, не дека го сакав, туку сепак години беа во прашање што бевме заедно, поминавме многу работи заедно. Едноставно навика ми беше. Како и да е, откако се разделивме и го сменив телефонскиот број (изгубив секаков контакт со него-намерно), јас се вратив во нормала. Ги немаше пак моите испади на нервоза, станав по смирена личност кон сите, си ја вратив човечноста во мене. Едноставно станав друг човек, а единствената работа што ја направив е што ја оттргнав личноста која ми ги предизвикуваше овие панични напади, невербата во себе, постојаниот страв каде и да отидам и сл. Чудна е моќта на потсвеста.