1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. ivan111

    ivan111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    jas sum masko imam 20 g problemot go imam od 18 a moze i porano momntalno imam tezok period site simptomi mi se razlicni potenje na racite glavobolki, nozete koga pesacam kako da mi idat pred mene i sl se naqdevam i se hrabram deka ke uspeam da nadminam sve pozz do site i pozitivna misla
     
  2. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Ајде вака. Вртоглавиците се дел од секоја анкса. Ок, чувството е одвратно и јас си мислев дека нема краааајјј, ама имаше. Таблетка ЕГЛОНИЛ 50 МГ. Само една кога ви е лошо. Имаат малку седативно дејство, ќе си задремеш со некое филмче или документарец и ќе видиш како ќе биде. И какво снимање глави, што ви е на сите, не се зафркавајте, па знаете ли колку е штетно тоа зрачење?! Телото од секое такво зрачење се чисти дури за 6 месеци, ајде не се зафркавајте. Пробајте вака, не секогаш, ама кога е ептен лошо ЕГЛОНИЛ и ОК ќе биде, дишењето длабоко, смирено, визуелизација и напред :inlove:
     
  3. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Моќта на подсвеста е книгата која мене ме препороди, ме охрабри, сфатив мноооогу работи и секогаш кога ќе ја прочитате имате чувство дека е нешто ново. Тоа е затоа што кога ја читате секогаш сте во нова фаза. Во секој случај, прекрасно четиво кое секој треба да го има :)
     
  4. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150

    Јас имав сличен проблем, и тоа со двајца, затоа внимавај каков ќе биде следниот. Еве ја и мојата приказна- со првиот дечко бевме заедно 5,5 години. Момчето беше супер, сите го сакаа , моите...јас и се така убаво, учевме факултет...Но, одеднаш по 3 години врска, јас почнав да ја осеќам анксата за која тогаш ама баш ништо не знаев. Страшни беа тие мигови, кога не знаеш што ти е и нема кој да ти помогне. Ослабнав, си го расипав желудникот, главоболки и ВРТОГЛАВИЦИ секој ден , секој ден, секој ден....повраќање, солзи, а не знаев што е ...имав 24 години. Почнав по лекари, снимај ова- она, во глобала ОК, освен што организмот ми беше изнемоштен и бев на граница со резултати. Е тогаш, како од ведро небо се појавија најубавите книги „Моќта на подсвеста“ и „Како да го излечите својот живот“. Преку нив сфатив за што станува збор и за каква сосотојба. Седнав да размислувам- Го сакам ли овој човек со кој сите очекуваат да се омажам или НЕ?! Во книгата за подсвеста има еден дел за соништата, дека преку нив можете да добиете многу одговори кои ве мачат. ОК, се смирив некако со лексилиумите што и ги крадев на мајка ми. Спиев , многу спиев и почнав да сонувам. Во многу сонови го добив одговорот дека ТОЈ не е за мене и дека НЕ го сакам. По 2 години вакво мачење, седнавме и зборевме. Што беше најтрагично, и ТОЈ го имал истото чувство , но немал храброст да каже :) на крај, по сите маки си подадовме рака и се одвоивме.... За 2 месеца телото почна да ми живее, почна новиот живот, го запознав сопругот :) кој неизмерно ми покажа како е да се љуби и што значи љубов. За жал, во нашиот краток брак се вмешаа луѓе на кои тој не можеше да им се спротистави и се разведовме. Останав повредена, пак „болна“ и исцрпена. Тогаш почнав да пијам хелекс, зашто главобоките беа страшни. По извесно време сретнав некој човек кој беше комбинација од овие двајца :D Тој па ме пукна, толку многу ме измачи психички што ќе полудев, анкса до плафон, пролив секој ден од нервоза, со моите дома секој ден на ратна нога, викам, урлам...Еднаш седнав и си реков „добро, што правиш? до каде со ова? ќе умреш од злобата што излегува од тебе поради овој (не)човек!“...И ајде се остававме цела една година, држ-недај....ужас, страшно измачување. Ама си реков „е нема да легнам пак во кревет од анкса“...Понекогаш е добро да сме злобни за да се заштитиме....И некако и тој си замина од животов мој, иако го молев бога да си најде некоја нова за да ме остави на раат. И стварно си најде некоја...
    А јас, си останав сама една година и повеќе и си се посветив на себе. Пиев АД, ама шетав, се смеев, во кафана, со друштво, на филм, театар, работа, дома....
    И така дојде САМ НОВИОТ ЖИВОТ :inlove:

    Не се предавјате, плачете, солзите се река на животот. Но, на крај телото вели доста е, тука сум за да се борам :)
     
    На Skorpija12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    и мене моќта на потсвеста е те како ми помогна ја препорацувам
     
  6. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Dobro utro :)
    Mene ona sto najveke me izmacuva e postojanoto razmisluvanje za sopstvenata situacija, mislam deka me progonuva i deka posle sekoj razgovor, smeska, slucka ili bilo sto mene mozokot mi e opsednat so razmisluvanja. I lugeto okolu mene ja zabelezuvaat mojata izoliranost, a ne znam dali vie bevte ranlivi na komentarite na lugeto okolu vas, a vo sekoj slucaj toa ne se kitiki, tuku zagrizenost na tie ve sakaat pa gi osekaat razlikite vo vas i glasno vi gi kazuvaat, e od toa sum ranliva a da ne zboruvam za poteski raboti(smrt, zemjotres i cunammmi i sl.)
    Bas ste mi dragi, ona sto nemam komu da go kazam , mozam slobodno tuka da go napisam, i bi sakala nekogas i da napisam kako koga mene mi pocna se ova, ne znam za vas ama mislam deka jas poubavo se cuvstvuvam koga ke go raskazam odnovo iskustvoto, mislam deka se osloboduvam.
    Kade moze da ja najdeme ''mokta na potsvesta''?
     
  7. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи ја има во Матица, преведена на македонски. Јас ја купив на српски и некако ми беше поубава....
    И Раффа, па пишувај тука ако така ти е полесно :)
     
  8. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Super, odam denes da ja pobaram
     
  9. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Јас нон-стоп ги имам,посебно при одење и кога ке ми текне дека треба некаде да идам веднаш помислувам - уф пак ќе се борам со вртоглавиците,ама знам дека морам и идам.
    Маж ми не знае со што се борам,пробав да му објаснам,ама не ме сфати,па сама си се борам некако и кога ќе ми каже ај да одиме ваму или таму,лелеее кое измачување е за мене, веднаш пружам отпор.
    Гадно,навистина гадно е чувството и мислам дека не поминува.Ете сите со години се бориме со тоа и сите сме имале некој период да бидеме подобри,но повторно се враќа.Инаку мене ЕГЛОНИЛ не ми помага.
     
  10. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Ви благодарам на сите за искрените совети навистина и од срце. Многу повеќе мни значат вашите совети бидејќи поминувате низ тоа или сте го надминале отколку на некој кој знае само теоретски дел. Ви благодарам уште еднаш. Иначе јас сум преосетлива како личност па тоа влијае и на цело тело. Поради мојата младост кога ќе се напијам еглонил почнуива да ми тече проѕирна течност од градите. Психијатарот ми ги препиша но кога му кажав за случката рече веднаш да ги прекинам бидејќи имале негативен ефект кај мене. Се е до нас самите, но сега на сите ни е невозможно да го надминеме тоа, мене ме тешат само луѓето кои ја надминале анксиозноста ништо друго. Поздрав до сите и секое добро.
     
  11. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Само што се видов со една моја другарка која минува низ истото чувство. Има вртоглавици, но упорно излегува со сопругот, оди и се бори...Многу е тешко, знам, но таа ми раскажа сега како сосема случајно се сретнала со некоја докторка - психијатар. Таа и раскажала дека тоа што не се предава на вртоглавиците е најдобро нешто. Значи, не ги одбивајте друштвените прошетки, посебно од сопрузите...Никој не е должен да не трпи зашто сме во ваква состојба. Што да прават мажите, кога едноставно не ја познаваат состојбата :) не обвинувајте никој, ама можете да објасните дека со излагањето може да не ви е добро, ама сепак заради НЕГО, ќе излезете :) не си ги упропастувајте браковите ако сте со личноста што си ја сакате, само заради ова глупаво чувство.
    И уште нешто- докторктака и кажала на другаркава дека честопати анксиозноста се појавува од поттиснат страв, НО ЧЕСТО е и наследен фактор од мајката, па така, понекогаш и СЕ да е во ред, таа се појавува... Ве поздравувам сите, се надевам ви помагам малку :)
     
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    А дали се чувстувате збркани...јас немам напади ама мн сум збркана..инаку сум на сероксат и заласата...мислам дека треба да ви ја раскажам и мојата приказна..
     
  13. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Најжално е кога намерно правиш да патиш, ко што беше во мојот случај.... Од секогаш сум била емотивна личност, лесно може да ме расплака човек, но секогаш брзо заборавам и продолжувам напред. Се додека не влезе во мојот живот личноста што свесно ме правеше тажен човек... Немав мир, не смеев да спијам до касно, ми се дереше ако останам будна навечер до после 11, викаше кој знае што правиш, ако беше убаво времето не смеев да седам дома морав да шетам со него, во спротивно ке значеше дека не го сакам, не смеев со машки ниту пак со другари да зборувам зошто сум имала таков поглед и сите ке сакале да ме е*** и ред др.... И го трпев сето тоа и многу повеќе се додека еден ден не пукнав тотално, станав најодвратното суштество на планетава, се одалечив со сите околу мене, само плачев, се трескав од земја, буквално се скубев за коса посакував да ми се случи нешто за да се освести што тој ми прави се додека не сфатив дека јас си правам, дека сум полудена од него, ама само затоа што јас сум дозволила, и толку ми стана одвратен, толку не можам да го погледам денес што ми се гади од самата себе како сум можела да бидам со таков манијак.... Сега не ми смета ни тоа што си имал ку****** на страна, зошто искочив од мојот пекол, од мојот психички затвор и сега сум среќна, знам дека има некој друг што нема да ми ја вади душата а јас нема да морам да поминувам повеќе низ оваа состојба.... Сакав да кажам дека сите тие нервни напади, целиот страв што го чуствував, тоа што се затварав во себе и во мојата соба со денови било само поради една личност... И штом ја отстранив таа личност од мојот живот, бај бај анксиозност хелоу хепи ми :)
     
  14. LANE

    LANE Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    аман луге не се трпи ова ми се гади ми се врти не мозам да излезам од дома децата сакат да се сетат сопругот исто мене се ми се тресе не мозам до двор да излезам до кога вака немам сила зивот немам веке во мене а сакам не само заради мене и заради децата и сопругот но како како кога ги гледам лугето како се сетат просто им се восхитувам а од др страна дури и им завидувам до кога вака до кога каде да фатам сто да сторам ахх не мозам не мозам повеке дајте некој совет несто антидепресиви не смеам да пијам бидејки ми делуват на мускулите позз на сите помагајте
     
  15. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите нови ....срекна што не најдовте , но и несрекна што сме во се поголем број.
    Лане...ајде побарај помош кај некој психијатар и обиди се да ги игнорираш сите овие симптоми...соберии си ја храброста.Си поминал еднаш низ оваа ке поминеш пак.Во животот нема назад колкупати е потрбно толкупати ке се фатиме во костец со анксиозноста.Важно е да негубиме надеж....
    Мислев да премолчам ама некако научив да бидам ,,зборлеста,, во послдниве години и да возвракам на секој удар...тоа го нареков конструктивен егоизанм и мене ми годи...ако не беше така немашше да излезам од анксот :)
    Го прочитав постот на Лилит и нема да влегувам во дуели ама морам да и кажам збор-два :envy:
    Ме лутат луге кои дискутираат од ,,памет,,...се надоврзувам на муабетот за форумџиката која им сугерирала на форумот,,....да пијат лекови, да одат на психијатар и да мислат позитивно,,мислам дека е на моја адреса.
    Форумџиката(јас) убао сугерирала..психијатарот е тој кој те насочува да се сконцентрираш и да го детектираш проблемоткој е и изворот на анксот и излегувањето од него.Толку.
    Јас трагав многу години и овде ви го пласирав мојот пат до излезот.јас го надминав анксот ВАКА...со лекови кои ме смирија и ми помогнаа да го разберам психијатарот...со разговори на психијатарот кој ми помогна да ги изнесам на виделина моите проблеми за кои дел од нив и бев свесна ..но дел од нив ги бев потиснал адлабоко во себе....ама без него сама тешко ке го најдев проблемот оти анкс. особа нема правилен поглед и критичко размислување кога е во анкс. и со позитивна мисла која секогаш ја имав резерва кога ке ем нападнеше чувството на страв и сакаше да ме турне..
    Поздрав и се најубаво.Јас успеав знам дека и вие ке успеете само морате да се борите секој миг, секој час, секој де и месец ...моѓеби и година ама крајот мора да дојде.
    Ве сакам :inlove:
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moja10

    moja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Jas pak ke povtoram.Devojki barajte go problemot!Od toa nastanuva taa anksioznost.Se potisnuva i pravi problemi.lane aj probaj da razmisluvas koj te pravi anksiozna ili nervozna?Sto te tisti,deprimira?Kakov ti e odnosot so maz ti?Zadovolna li si od nego,seksot?Na rabota da ne te maci nesto?Tvoeto minato?Odnosot so roditelite?Dali sama se kaznuvas da ne izleguvas nadvor?zosto se kaznuvasSto mislis deka ke se sluci ako izlezes?Od sto se plasis nadvor?Netreba mene da mi odgovoris,odgovori si sama.Jas ti garantiram(iako ne se znaeme)deka nisto nema da ti se sluci nadvor.Aj da se kladime :)

    Izvinete sto pisuvam latinica.
     
  17. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    sto treba da napravime koga ke go locirame ona sto ni sozdava anks. Eve mene licno me pravi anks intimnosta na dvajca moi bliski prijateli, navistina gi sakam dvajcata , no ne i nivnata bliskost, a ne mozam tuku taka da gi isklucam od zivotot moj, toa cuvstvo na neprifakjane na taa situacija mi sozdava, nervoza , omalaksanost , stakleni noze i sl. A ne e momentot nivnoto prisustvo do mene, tuku razmisluvanjata za toa mi go pravat ova (mislam) . Eve ovaa rabota mozam da ja stavam vo kos i da kazam, da me pravi anks, mi sozdava strav, srcebienje , a kolku drugi skrieni nesta imam sigurno, ne ni sakam da pomislam.
    Sovet!?
     
  18. LANE

    LANE Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    DUNJA BEV NA PSIHIJATER NE SMEAM DA PIJAM ANTIDEPRESIVI I NE MOZAT NIKAKO DA MI POMOGNAT
     
  19. LANE

    LANE Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    MOJA 10 SEKAKO DEKA ZNAM MOJATA FAMILIJA E NA SITE STRANI PO SVETOT JAS SUM TUKA SAMA SO SOPRUGOT I SO DECATA IMAM MNOGU NIKAKVO DECTVO POMINATO SO MOITE I SEGA TOA IZLEGUVA KOLKU I DA NE SAKAM A STO E NAJZALNO SEUSTE MI PRAVAT NERVOZI IAKO SE TOLKU MNOGU DALEKU AMA TOA E I NE MOZAM DA GO RESAM
     
  20. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Lane еден искрен совет и од срце. Послушајте ги советите на Дуња и на останатите кои поминуваат низ оваа анксиозност и кои ја надминале. Тоа што не смеете да пиете антидепресиви е само 1 знак дека нашето тело може да се исбори и само против анксиозноста без никакваи апчиња само со позитивна мисла. Јас поминувам низ истото што и вие и тоа 6 години, бев дете кога ми се случи тоа. Сосема ве разбирам бидејќи знам дека е невозможно во тие моменти да се направи нешто против лошото, но јас со помош на овој форум и овие луѓе немам отидено на лекар може 3 месеци, а 6 години одев речиси секоја недела (освен кога бев добра на периоди). Имате семејство кое е сега тука со вас. Имате деца тоа е најголемото богатство и благодет кој некој може да го поседува. Имате сопруг и сте комплетна личност. Детството било и поминало, знаете колку имале лошо детство, не го потиснувајте детството само полошо ќе биде, носете се со него, речете беше помина сега е др период од мојот живот, нова етапа, имате дел од семејството на далечина но помислете дека иако се далеку сепак се добро и се среќни. Далечината не ја оспорува љубовта, битдете среќна со она што го имате. Ние анксиозните се жалиме безпотребно на се и сешто, но мораме да се бориме, јас се борам секој ден и уште не сум го надминала ама верувам дека ќе го надминав видејќи вака не може, ова не е живот. Тука сме сите со најразлични симптоми но со добро здравје, јас во несвест паѓав од вртоглавици, а испитувањата во ред. Се е до нас (и мене ми е невозможно) но останува да се бориме.
    Поздрав до сите