i jas imam vrtoglavici odvreme na vreme ete vcera imav strasni vrtoglavici i resiv da izlezam sama nadvor i se setav i si razmisluvav i dodeka zabegav od razmisluvanjeto tie isceznaa taka da pak e se vo nasata glava i da treba da se borime, bas koga ke pocustvuvame nekoj los simptom treba da se predademe na toa i navistina iscezuva kolku pati ne fatile i napadi i site grozni smptomi da ne gi nabrojuvam pa nisto loso ne ni se slucilo samo napred so krenata glava pozdravce do site
cielo duso mnogu e dolga ne mozam izmorena sum ne e samo dalecinata imam drugi problemi so niv ne so soprugot da pojasnam sto ne mozam da gi resam mi smeta toa sto postojano se tresam mi se gadi mi se vrti ............ i da ne brojam ama toa e sto e pozz dosite belki ke ni pomine na site
Поздрав девојчиња ја слушам Сиело како почна другите да ги храбри...и се насмевнувам ..оваа е почеток на излегување од анксот. да тогаш ког аке почнете вие да ги ставате вашите проблеми на страна и да се предавате во решавање на тугите ...е тоа е за поздрав. Браво Сиело Да..и јас се прашував исто вака како што прашува raffa...и направив вака...тоа што можев да гп променам ги променив, а тоа што неможев да го решам ..се помирив и си реков ,,тоа така морало да биде,,. Е знам дека не е лесно ама мора.Со повеке упорност се се постигнува. И пак ке речам...да лековите ама никој не може да ми ја побие теоријата на игнорр на негативните и форсиранје на позитивните мисли..тоа дава одлични резултати.И Чарсл Линден така успеал....и кај кој и психијатар да отидеш истото ке ти го советува..дури и баба ми неука и неписмена велеше..ај , ај мисли си на нешто убаво,,веројатно од искуство тоа ми го велеше кога ме гледаше целата за никаде.. Поздрав драги мои ... Јас ја победив анксиозноста ке ја победите и вие
Ако може тие што поминале низ анкс. да ни кажат како ги надминувале моментите на тага, јас моментално чувствувам осаменост, а кога се будам го имам чувството на паника во стомак, или адреналин 500 Работите како излегувај со пријатели, мисли позитивно и сл. ги практикувам.
И кај мене е долга анксиозноста LANE цели 6 години, и јас секој ден чувствувам вртоглавици и секојдневно го посетувам форумов. На никој не посакувам да се чувствува како што се чувствувам јас, порано многу се самосожалував што ми е лошо но сега лута сум сама не себе си што кога почнаа симптомите веднаш не пресеков. Сега се борам бидејќи тие вродиле корен и долго време се присутви, но мојата Дунја најдрага ми дава надеж дека ќе помине и и верувам. Јас бев дете не разбирав 7 одделение дете кога за прв пат почна се. Да знаев што е аксиозноста тогашп немаше да дозволам да дојдам до тоа. Ги мачам и моите а пред се себе си. Што дека сум и одличен студент и дека заработувам сама кога ме мачи ова. Се борам бидејќи мислам е редно да се стави крај. Бори се и ти борете се и сите останати. Мене идол во животот ми стана Дуња, сакам да станам личност како неа искрено, никој толку не влијаел на мене како неа. Мораме да си помагаме еден на друг, добро е што се најдовме на форумов и можеме да споделиме искуство, мене тоа мн ми помага. Поздрав за сите и секое добро.
дали имате проблем со смислата за хумор и сте избувливи и нервозни поради анксиозноста и депресијата ? дали тоа е попратно ?
Анксиозноста често е врзана со депресивноста....понекогаш депресивноста е резултат и на некое хормонално пореметување.Јас на пр. бев воедно депресивна Депресијата ми беше предизвикана дел од загубата ама и дел од купишта нерешени проблеми кои отткако тргнав на разговори со психијатарот си ги воочив иако за дел од нив бев и свесна. Доста плачев...понекогаш плачев и без причина...така.... ми беше тешко.Комуникацијата ми беше многу отежната, не сакав со никој да разговарам дури и со моте родители не правев многу муабет.Но плачењето е добра работа..кога плачев потоа се испразнував и малку од малку ми беше полесно...потешко беше кога ме корнеше желудникот, тешка грутка ми стоеше на градите и неможев ниту да работам, ниту да спијам. Мојот психијатар не ми даде боледување...всушност ми даде 7 дена ама и за нив многу го молев, го преколнував , го убедував дека неман сили да одам на работава башка што таа беше врзана со работа со деца.. Ама тој умниот ми рече...7 дена и ,,ВЕДНАШ,,на работа.... никакви молби веке не ми помогнаа морав да одам.Сакав да ви кажам дека одев со сила, се мачев, се влечкав, ми се слошуваше(ме фаќаа анкс. напади во автобусите бидејќи работев далеку од моето место на живеење),скришум повраќав кога ке стигнев на работа, се миев со ладна вода и зборував во вц-то сама со себе,,добро мие, ке помине,,се плескав по лицето за да се почувствувам жива, ама одев, секојден одев . За мојата состојба знаеше колешката со мене во смената ама не баш се...не ја тормозев..само понекогаш барав да појде со мене на враќање до автобуската правдајќи се со паднат притисок...бла бла...БЕв сама во мојата битка, сама со психијатарот...а тој ме советуваше дека мора да работам. И сфатив..работат ми беше лекот кој ме извлекуваше од ,,чумава,, ха ха кој ја викаше вака. Почнав да барам задоволство во неа, да си задавам повеќе задачи од ден на ден и колку повеќе се занесував во неа толку помалку бев анкс. и депресивна...заборавав на се кога ке се занесев..Така малку по малку и депресивноста и анксиозноста ги ставав во заборав...тие стануваа се помалку доминантни во текот на денот...и кога ке се вратев од работа самата ке си го изанализирав денот и ке си кажев...еееј јас денес не плачев во вц-то, не повраќав и не добив анкс. напад. Се честев чоколадо, ха хаха..понекогаш си купував нешто за облека иако не сум многу имотна ама почнав и дасе средууууваааам... Развив тактика како без анкс. напад да отпатувам до работат....оти возењето ми беше ноќна мора..знаете како..купував весници...ги ставав очилата веднаш штом ке седнев и почнував да читам...во почеток не ми одеше лесно ...анксот навикнат да ме гуши штом ке влезам беше силен ама со тек на време јас го надмудрив.Од ден на ден се повеќе од патот читав , апомалку се тресев и гушев...на крај успеав спокојнио да влезам и излезам.Сега спокојно читам весник ..уште читам...ама и без весник патувам без проблем. Се распишав јас по навика ...незнам колку со оваа помогнав ама ете ..тоа е мојат аборба во некои од ситуациите... Значи тагата не може да се отстрани со седење и чекање, јас мислам со работа...со ангажирање на мислите во нешто друго..секојдневно и упорно. Оваа го прочитав во некоја книга од многуте .....приказната одеше вака(малку е потресна ама јас ке скратам) ,,Еден англичанец изгубил син од некоја страсна болест ..детето било здраво и напрасно нешто му се случило...таткото паднал во депресиај...со денови само лежел и немогледал во една точка...така со месеци...езнам дооолгооо.Имал уште еден син мало момче од 3-4 години...Еден ден додек ататкото седел и гледал во точката детето му го подало расипаното камионче даму го поправи ...Таткото во прв момент му го оттурнал , но детето било упорно..затоа овој зел да го поправа ..морал малиов плачел.Таткото се занел во поправката, го растурил и го склопувал по делови...кога заврчил со камиончето детето му се насмевнало...тоа било наградата, ататкото сфатил дека ..додека работел воопшто не бил тажен..т.е. неговите мисли биле по средени.Од тој ден ..почнал да се вработува, даси наога работа секојдневно....ииии талка се извлекол од депресијата. Ете како работат лечи , помага дасе надминат ваквите состојби.. Поздравце Ве сакам Јас ја надминав анксиозноста ке ја надминеѕте и вие...верувајте во себе...
ДУЊА, ПРЕКРАСНА СИ. Благодарам (на самата себе) што го најдов форумот, што те запознав ТЕБЕ, ти си светлината во овој период од мојот живот, со тебе добивам енормно голема сила за да се борам и да одам понатаму.Те обожавам
Pozdrav dragi moi ... momentalno citam edna kniga se vika,,Mokta na kreativnoto mislenje ,,od Norman Vinsent Pil...Norman bil svestenik i ako ja procitate ke vidite deka toj trgnuva od verata i verbata vo Boga (normalno za svestenik) ama tolku slikovito ni ja opisal nasat sostojb ai izleguvanjeto od nea sto se vooduseviv...veli vaka ,,...stravot se sostoi od senki i senista, skolon e da stane zlokoben i nadmoken.Bidi smel.Smelosta mu pomaga na svetloto zrakce da se probie niz maglata sto stravot go sozdava vo umot.Togas so pomos na zdraviot razum i celosno sfakanje na stvarnosta, osoznavame deka stravot vo golema mera e proizvod na vozbudena fantazija.Spored ovaa, ovoj metod bara jasno i napolno da go sogledate ovoj svoj strav.Potoa docekajte go smelo, so krenata glava, najposle so Bozja pomos, resitelno rascistete so nego.,, Jas ne sum golem vernik, no vo teskite momenti sekogas ke se pomolam onaka so moi zborovi...jas neznam molitvi ama si gi izmisluvam i mu se zablagodaruvam na Boga za toa sto me izvadi od anksot... ....neznamm kako vie ja sfacate verata i verbata vo Boga ama ne e na odmet ..i nisto pari ne cini..... Znam deka vo sekoj od nas postoi po edno svetlo zrakce i deka ako samite sakame toa ke stane golem zrak svetlina vo nasite zivoti...posebno vo vasite mladeski godini. Ве поздравувам ...благодарам за убавите зборови упатени од ВАс и нема да кријам дека убаво се чувствувам кога ке прочитам дека моите постови ви помагаат ..тоа е и мојата основна цел. Јас сум патилецот и знам како вие...ама јас сум и победникот и знам дека и вие ке ми се придружите и дека еден ден ке пиеме ,,кафе,,на сред Скопје...ке славиме победа над анксот. ПС.ВИе честите се извинувам за латиницата
Благодарност Дуња, прекрасна сте, совет до сите членови Дуња е мојот херој многу ми помага читајте ги нејзините постови, мене мн ми помагаат, а не сум единствена. Дуња секој збор го имате заслужено, и нема да частиме само кафенце туку може и тортичка да се заблажиме
мене ме интересира колку анксиозноста па и депресијата е наследна,кај мене од двете страни нема никој со вакво пореметување,до второ колено родители и баби и дедовци,дали наследниот фактор како кај некои болести и тука игра некоја улога,дали се раѓаме со предиспозиција да навлеземе во оваа состојба,знам дека стресот и околината, начинот на живеење,поминатото детство сето тоа делува за појава на анксиозноста но дали се рагаме со тој ген кој се активира од сето тоа предходно навеедено,поздрав
Еве нова ситуација...треба да се соочам со стравот да отидам сама на гости, баш вечерва треба да одам сама и се што мислам е како ке го поминам патот, и дали нозете и стомакот ќе ми заиграат во некој момент . Во некој од претходните постови некој ( не се сеќавам но мислам дека беше Дуња- а ако не извинете ме)кажа дека додека седи на гости и сите се смеат, кажуваат шеги,внатрешно му игра немир... и јас се смеам површински а толку чекам да си одам дома, дома се чувствувам најбезбедно. Но морам да издржам, така си се бодрам цел ден. Ве читам секој ден и се радувам ( за жал) на секој нареден пост од сите вас, зосто навистина ми помагаат.
Мислам дека во некој претходен пост прочитав дека анкс може да биде и наследна... ако некој подобро знае може да објасни.
Подобро да се соочиш со стравот отколку да го избегнуваш ... соочувајќи се по малку ќе издвоиш победа ... како што дома не ти е ништо , така и на гости нема да ти е ... кога ќе го почуствуваш немирот ( кај пријателите) помисли да бев дома сега ништо немаше да ми е игнорирај го , и концентрирај се на муабетот , јас многу згрешив што се затворив дома ти зборувам од искуство ... таму каде што ти е стравот таму оди , затоа што само така можеш да го совладаш , ако бегаш од него нема да се најдете и ќе те прогонува постојано ...
Како да читам за самата себе, но за среќа ова ми се случуваше порано.исто, и ја кога ќе се најдев во некое друштво, многу луѓе, таму сум ама како да не сум, ги слушам и се смеам ама внатрешно имам некој немир... не се секирај, ќе помине, знам дека ќе помине ама ВРЕМЕ треба.
Здраво девојки, ме интересира какво е вашето искуство со оваа болест, сте посетувале ли некој психијатар кој е остручен со тематикава, како сте прошле, задоволни...
И мислам дека е редно време за кафето.со месеци се договараме..ајде Дуња, преземи мерки, ова децава не те слушаат многу поздрав до сите, и сакам со секој изминат ден само убави коментари да читам.а што се однесува до мене уште пијам асентра.направив една голееемаа грешка.во четвртокот на една моја другарка и беше роденден и бевме кај неа дома, и после тоа требаше да одиме во дискотека и ете јас тука сум слаба- НЕ ОТИДОВ!!! страв ми е, ќе ми се слоши...итн итн...знаете веќе да не повторувам а сега знам дека требаше да одам.
Да, јас напишав пред некој ден дека анксиозноста може да е наследна, но не го сфаќајте ова буквално. Значи, како сите ние што носиме ген за некоја болест, во зависност од животните прилики, таа болест може и да не се појави...Анксиозни се сите луѓе по природа. Приказната што пред некој ден ја кажував е за една моја пријателка која ми кажа дека всушност она осеќала анкс дури и кога била мала, во основно школо. Се сеќавам беше повлечена, не беше многу истакната...сето тоа и создавало немир и мала самодоверба, но бидејќи морала да учи, не била ни свесна за проблемот. Мајка и била анксиозна додека била бремена со неа, а исто така свекрвата на една друга другарка и раскажала како со години била анксиозна, па сега мажот на другарка ми се чувствува така.... Сепак, она што може да ја потенцира секоја болест е нашиот ум, со тоа што анскиозноста НЕ Е болест. Не можете да знаете дали бабите и дедовците ви биле анксиозни, многу знаеле што е тоа...можеби биле, но симтомите се различни кај секој нели... На пример, јас се осеќав многу лошо и во мигови кога едноставно немаше потреба за тоа...Се љутев сама на себе, станував со анкса, ме пече тело од неа, едвај се движам, за вртоглавиците да не зборувам...немав некој страв од излегување, но самото чувство ме тераше да си одам на раб и одма дома, зашто таму во моето катче ми беше најбезбедно....Но, како што вели Дуња, одев на работа и почнав да си зборувам со сите, отпрво ги слушав, па ми станаа некои работи смешни, колегите се супер забавни...најдов убавина во фактот дека функционирам...и едвај чекав да одам на работа, со тек на време почнав да се смеам, да се зезам, и ајде со колегите на пауза на кафе, на винце...полека полека анксот се повлече, не целосно, ама немам повеќе такви симтоми- едноставно исчезнаа. Мора да помине се, едноставно телото кажува доста е, умот се заморува и вели доста, доста. Што се однесува до книгите , освен тие што ви ги кажав како најосновни што мене ми помогнаа пред многу години, ми помогна и книгата „Крај реката Педра седев и плачев“ од Паоло Коелјо. Прекрасна приказна за двајца млади, а посебно за девојката која едноставно Одлучува да го следи срцето и да се бори ... Ве сакам девојчиња
Дуња многу ми е мило што си успеала да се справиш со овој проблем, знам дека е многу тежок патот по кој си се справила со проблемот, бидејќи и јас моментално се наоѓам во таа непријатна состојба, и исто така верувам дека ќе продолжиш да го живееш животот, како што било и пред оваа состојба Би сакала да те замолам, ако не е тајна, да ми кажеш кај кој психијатар беше, како си задоволна, бидејќи ми треба некој со искуство, поздрав и се најдобро