Некогаш навистина се мразам...цело време се борам и некогаш кога ќе се уморам дозволувам да ме совлада се повлекувам некој ден ,без волја ,без ништо,...... се додека не се освестам и не почнам пак со борба....се оддалечив од луѓето што навистина дури и ми ја влошуваа ситуацијата,видоа дека си фин па ми се качија на глава,одбегнувам кафиња и дружби со нив,бидјќи после тоа само уште повознемирена си доаѓам дома...затоа конечно одлучив и мило ми е...гледам дека сега ми е подобро кога сум само со луќето кои ми даваат позитивна енергија,не се плашам да се смеам со нив,можеби се малку 2-3 пријателки,и секако блиските мои-дечко ми ,сестра ми и мама,но сфатив дека ми се доволни за да функционирам ок,и да не дозволам повеќе негативни луѓе,покварени и злобни да влезат во мојот живот....се вознемирѕвав на секоја слика на фб -кога биле излезени без мене,се прашував зошто не ме викнале,кога си праќаа коментари наменети за мене-исмевајќи ме,не спомнувајќи го моето име секако,не ги избришав од фб,но сокрив никакви постови да не гледам од нив и верувајте чувствувам ослеснување....се будам навечер и дишам длабоко не дозволувајќи да ме совлада анксот, но ми доаѓаат денови кога велам повели уништи ме и така не можам против тебе сепак подобро е сега откако убаво ги размилив работите бидејќи онака нерасчистени работи,којзнае до каде ќе отидев
Мацо мори, ич да не се секираш...зарем може човек да се дружи со сите луѓе?! Па тоа што си се одвоила од луѓето кои те вознемируваат е знак дека сакаш да ти биде подобро и започнување на процесот на лечење. Зарем се малку 2-3 пријателки и плус дечко?! супер си направила што си почнала да се одвојуваш од негативни луѓе, кои ако ти предизвикуваат вознемиреност, треба да си свесна и во иднина да знаеш да ги избегнуваш таквите луѓе. Прифати дека можеш да ги почувствуваш луѓето кои во себе имаат негативна енергија која е толку голема што ја „цицаат“ убавината од другите. Според она што сум го читала, а и така е, овие луѓе спаѓаат во групата на „енергетски вампири“ - луѓе кои се хранат со енергијата на другите. Никој нема куп пријатели, всушност тоа што си ги избрала сама 2-3 пријателки значи дека почнуваш да селектираш и да си бираш луѓе кои ќе бидат со тебе низ животот. Тоа значи и дека созреваш. И јас имам 2-3 пријателки и супер ми е, а искрено не сум ни сакала многу гужва околу мене , зашто сите нешто ти наоѓаат да ти замерат. Затоа, уживај, прави си да ти е убаво со луѓето кои ги сакаш и те сакаат. Нема потреба да се замараш со ФБ или со тоа зошто не те викнале некои таму за во град.... Во животот се поважни другите работи, а најпрво љубовта. И уште нешто би ти кажала: понекогаш е добро да сме злобни кон луѓето за да се заштитиме самите себеси, тоа се вика „конструктивна себичност“ затоа, добро си направила што си се одвоила од тие девојки. Ете, анксот ти покажал дека треба да се тргнеш од нив за да ти е добро, а тие луѓе после сами си одат по други патишта, но на твојот пат нема да се појават.
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЛУЃЕТО ОД РАЃАЊЕ РЕАГИРААТ НА СТРАВОТ - ЕДНОСТАВНО, СО СМЕА http://www.youtube.com/watch?v=N9oxmRT2YWw
Иста јас пред некоја година. Само едно ќе ти кажам. Не се затварај дома. Ако ти е тешко сама оди со некој до таму. Не е срамно. Полека полека ќе помине. Јас знаев да одам со кола за 300 метри. Зашто во кола се осеќав сигурно. Само не се затварај дома. И ден денеска кога ќе седам дома подолго време ( болест или нешто слично) првиот ден кога ќе излезам ми се појавува доза на анксиозност. Ама само со самоконтрола, одам и велам ќе помине.
Мацо мори, ич да не се секираш...зарем може човек да се дружи со сите луѓе?! Па тоа што си се одвоила од луѓето кои те вознемируваат е знак дека сакаш да ти биде подобро и започнување на процесот на лечење. Зарем се малку 2-3 пријателки и плус дечко?! супер си направила што си почнала да се одвојуваш од негативни луѓе, кои ако ти предизвикуваат вознемиреност, треба да си свесна и во иднина да знаеш да ги избегнуваш таквите луѓе. Прифати дека можеш да ги почувствуваш луѓето кои во себе имаат негативна енергија која е толку голема што ја „цицаат“ убавината од другите. Според она што сум го читала, а и така е, овие луѓе спаѓаат во групата на „енергетски вампири“ - луѓе кои се хранат со енергијата на другите. Никој нема куп пријатели, всушност тоа што си ги избрала сама 2-3 пријателки значи дека почнуваш да селектираш и да си бираш луѓе кои ќе бидат со тебе низ животот. Тоа значи и дека созреваш. И јас имам 2-3 пријателки и супер ми е, а искрено не сум ни сакала многу гужва околу мене , зашто сите нешто ти наоѓаат да ти замерат. Затоа, уживај, прави си да ти е убаво со луѓето кои ги сакаш и те сакаат. Нема потреба да се замараш со ФБ или со тоа зошто не те викнале некои таму за во град.... Во животот се поважни другите работи, а најпрво љубовта. И уште нешто би ти кажала: понекогаш е добро да сме злобни кон луѓето за да се заштитиме самите себеси, тоа се вика „конструктивна себичност“ затоа, добро си направила што си се одвоила од тие девојки. Ете, анксот ти покажал дека треба да се тргнеш од нив за да ти е добро, а тие луѓе после сами си одат по други патишта, но на твојот пат нема да се појават. [/quote] Аххх да,барем направив некој чекор...инаку анксот не ми е од нив,мислам дека ми е наследен зошто и мајка ми ми има кажувано дека си вртела некои мисли после пораѓај со мене,ама тоа било кратко,пиела лекарства и и поминало....но со некои луѓе навистина ми се влошуваше,легнував размислував,ме нервираа некои нивни постапки--како што опишав,и со тоа доплонтелно се вознемирував,неможев да спијам ,не заспивав по цели вечери,ниту апчиња не ми помагаа да фатам сон....се разденуваше се облакав и поаѓев на работа,со ни минута сон....расчистувањето со нив го одложував од причина што ми беа од 5то одд друштво,во мојот град-оти не сум од ск,па за викенди кога си одев искачав со нив и се осеќав ко странец,а и тие како намерно така да правеа. и полека видов дека тоа доплонително ми влоши све почнав многу да се замарам.....многу ми требаше да кажам стоп,но сепак ансиозноста пак е тука, но со ова што го решив ми се симна голем товар.... еве сега решивме хелексот да ги оставам се осеќав добро,продолжив со стрес менаџмент само и б6,но од синоќа пак не ми е добро,ме боцкаше срцето и вртоглавиците продолжија фала на подршката,
Еве нешто што прочитав денес низ блоговите,се однесува на тоа што треба да научиме од децата(меѓу другото) и е баш интересна и корисна информација... ''Родени сме со страв од само две работи: страв од паѓање и страв од гласни звуци. Сите други видови страв се вгнездуваат во нас со текот на годините, како резултат на влијанијата од луѓето со кои растеме. Некои од овие стравови се разумни и неопходни за опстанок во модерната ера, како што е на пример стравот да не нè удри автомобил. Но, некои други стравови се непотребни и лутаат низ нашата потсвест само со цел да не спречат да бидеме она што можеме да бидеме. Замислете се за момент и сфатете кои стравови кои ги чувствувате ве заштитуваат, а кои се ирационални, му штетат на вашето ментално здравје и го кочат вашиот напредок и успех''
maco kakvi se tie apcinja stres menagment????ima li efekt od niv i kolku cinat ako sakas da mi kazes poozzz inaku mene sinoka mi bese strasno ama mora da mine cudovo mora ednas pomina ke mora i sega
Јас ги земам од еурофарм 7,5 ден на парче на кутивчето пишува calivita stress management b kompleks,докторот ми рече да земам едно на ден, навечер да ги пијам-поубаво за спиење,инаку кутивчето емногу големо ама јас земам на парче зошто ми е поскапо цело,пробајте.....
Види Мацо, ако сметаш дека е вродено, тогаш ПРИФАТИ ГО ТОА КАКО ДЕЛ ОД ТЕБЕ. Не се секирај, зашто кога ја прифаќаш анската, едноставно после тоа само исчезнува и еден ден ќе се разбудиш и ќе си кажеш „еј, си отиде?!“ Сепак, обиди се да го изнајдеш коренот, велиш не си од ск, па можеби стравот од неизвесноста и осаменоста НО и Одвоеноста од дома, ти создаваат немир....Колку и да живееш во ск, сепак одвојувањето од „гнездото“ за секого е тешко. Размисли и за тоа...А инаку, луѓето знаат да завидуваат на убавиот живот...па ако твоите другарки од 5-то одд не те викале со нив, тогаш и не ти се другарки...тоа е многу болно за некој човек да го „свари„...Можам да замислам како си зборат „ааа еве ја оваа од големото добро утро“ Без гајле за тоа, ГЛАВАТА ГОРЕ И ЖИВЕЈ СИ УБАВ ЖИВОТ... Инаку, треба да си свесна дека големите климатски промени , како земјотреси, поплави, а и Полната Месечина многу влијаат на вознемиреноста...Ни мене не ми е секогаш добро, но кога се осеќам така, одам на youtube и си гледам смешни клипови, сакала-неќела, ќе те фати смеа
Спојлер Да така е,но јас од 3та година средно сум одделена од дома,тука бев и на факс еве сега и на работа и не ми е до толку одделеноста од дома,се навикнав и искрено тука ми е поубаво...јас од мала се осеќав така тогаш само срцето ми чукаше пребрзо и милсев дека ќе паднам и умрам дома вриштев моите ме носеа на лекар..ама немаше ништо...тоа обично се дешаваше ако гледав неко страшен филм,па ајде си рекоа-од тоа е....потоа почнав сама во главата да си создавам ситуации-пример ако ми шушнеше навечер нешто -си велев крадец влегол,итн...и така ги добив вртоглавиците о д преголемиот страв....а за вродено и за тоа не знам дали е точно,имено мама ми има кажано дека после пораѓајот со мене починала нејна прва братучедка од рак и таа била цела во паника си направила филм дека и таа е болна,тогаш почнала страшни главоболки да добива се додека откако ги направила испитувањата психијатарот и рекол дека тоа е во нејзината глава...после тој период од некој месец,кај мајка ми никогаш не се јавило такво нешто... мене ситуацијата ми се влоши откако пред 3 год почина татко ми...ми беше прв погреб во животот и тоа баш на него,сето тоа беше стресно премногу бидејќи беше како гром од ведро небо оттгогаш се плашам за сите мои блиски,премногу размислувам и ме фаќа паника а веднаш потоа и симптомите...сеуште ми е тешко,психијатарот ми вели дека доколку прифатам дека тато го нема-пошто неможам луѓе сеуште да се помирам-премногу бев поврзана за него ,ако размислувам на тој начин дека тоа е животот и такви некои работи сите симптоми ќе ми исчезнат и мирно ќе живеам морам да напоменам дека посе неговата смрт после недела отидов на психјатар,и му кажав дека многу ми е тешко што некогаш сум се лутела на татко ми за некои ствари-значи немало некои големи работи туку лутење за смешни работи,за искачања итн....,и дека гледано сега се каам,а тој ми одговори-епа тоа нека ти биде за памет сега на мајка ти за ништо да не и се лутиш оти кога ќе ја изгубиш нејзе,исто вака ќе се каеш овие зборови ми ечат во глава и денес,мама и сестра ми што и да сторат -не можам да се налутам,ако им подвикнам за нешто се нервирам и им звонам,а ако се легнати и ако е касно,цела вечер сум во паника -што ако на мама од нервоза што и се навикав и се слоши и и биде нешто,тогаш е страшен период за мене и не спијам чекам да се раздени за да и се јавам сега го сменив психијатарот и баш е добра....незнам некако откако почина татко ми увидов многу болни работи,мајка ми до скоро без работа,јас и сестра ми студенти,беше тешко,а плус никој немаше да се јави и да не праша како е...како сите да се ситеа,откако дипломиравме особено и откога се вравботив и имам прекрасен дечко,може сите мислеле дека по смртта на татко ми нема да можам да застанам на свои нозе,оти сите знаеја колку бевме поврзани и како тој на сите ме фалеше....а сега кога ме видоа дека успеав, како да им се јави љубомора...ова ме јадеше-си велев зошто се злобни луѓето,значи никогаш не можев да поверувам како се ситат на туѓа болка....сега сама и се борам со ова,ми доаѓаат и моменти кога се гушам и неможам да дишам,сама одам на психијатар -знае дечко ми,не можам моите да ги оптоварувам дополнително,знаат дека колку толку сум ок....ви се извинувам на мојот долг пост ,само сакав да ви ја раскажам мојата приказна,затоа и ја скрив да не оптоварувам ако не треба,позз до сите
eh draga moja maco morav da ti pisam morav mnogu ubavo ti kazal psihijatarot neka mu ja skinat diplomata uste vednas te razbiram potpolno no koj ne se luti i ne se skaral so roditelite e sega sto taka se slucilo vo tvojata situacija nikoj ne e krib=v i mislam deka treba da se pomiris so ova i da prodolzis ponatamu a inaku za majkati i sestrati eve jas neka ti bidam primer cel zivot se trudam okolu moite i koga nesto ke mi zgresea si vikav ajde eden e zivotot ,kratok e treba da se pomine so ubavo i vednas im se javuvav ma kolku i da bea tie krivi mi ja najdoa slabata strana i sega bukvalno da mi prostis mi se serat na glavata i na celata maka sto ja imam pominato za niv .A za toa treba sekogas da znaes deka prijatelite vo ovaa vreme duri i ne mozat da se izbrojat na ednata raka pa makar i rodnini site tie se polnat so toa sto koga gledat deka na nekogo ne mu e dobro ne mu odi ee jas koga gi odaleciv site sto me pravea nervozna i nesrekna anksot mi pomina bev starata jas ziva vedra pa i otkacena za se i sekade otkako pak ja sviv opaskata i pocnav da mislam ajde neka se Bog e eden toj ke im sudi neka neka mi se isposraa na glavata anksot se vrati na golema vrata .Dragi moi znam samo deka pominuva i ako mu dozvolite kako jas sto dozvoliv pak ke se vrati .Izigruvav doktor psihijatar na site site bea prezadovolni duri i apcinja me prasuvaa kakvi site bea upateni kade sto treba sega nema nikoj pokraj mene ako ako od um ke go izvadam ovaa cumilo od mene pa ako treba i na glava ke odam maco drzi se do deckoto uzivaj ne gledaj nikoj jas sum od strumica mene denes decata me odnesoa vo global da setam pes i nikoj poveke ne slusam oti za site sum ligava non stop sum bolna ne davam na nikoj da kaze deka mu fali nesto zatoa cao na site i taka cel zivot sum sama i taka sega gi imam do mene soprugot i dvete deca i cao dzaci ajde se raspisav jas sinoka mislev ke umram denes mi dojde malku sila i taka ke gurame pozz do site i dobra nokk PS.ANKSOT POMINUVA JAS EDNAS GO POBEDIV KE GO POBEDAM POVTORNO I VIE TOA GO MOZETE
незнам кој но некој тука напиша дека бил анксиозен уште како дете ,и јас мислам дека сум била анксиозно дете посебно до мојата 11-12 година,имав страф да спијам во темница исто страф кога ми лупаше срцето страф од болести итн,но кога почнав средно па се до 22 год можам да кажам дека немав воопшто никакви симтоми бев храбра и решителна и самостојна,после гимназија се запишав на факултет имав дечко кој многу го сакав и се беше супер,но во сплет на околности прво раскинав со дечкото па потоа квадрат на факултет разочарувања и кога мислев дека се наткренав и продолжив понатаму се случи тој прв паничен напад и отогаш веке ништо не беше исто,да биде уште повеке трагично во фамилијата имам близок кој патеше од депресија и гледав како му се распага животот,кога тоа нему му се случуваше пред 16-17 год депресијата се лекуваше со клукање апчиња и имаше реални проблеми кој го турна во депресија но јас никако неможев да се помирам со тоа мислев дека тоа и мене ми се случува,после тоа се мажив и имам прекрасен сопруг во кого сум залубена до уши и поминаја многу години и мозам да казам дека функционирам многу добро ја прифатив анк како дел од мене и искрено нејзе скоро и да ја нема,но има нешто што секогаш кога сум во тесно кога имам некој голем проблем или мака тој првичен страв од тоа што го гледав што го поминуваше мојот вујко како да е длабоко всаден во мене и пуштил корени,затоа и мислам дека стравот од психички болести и најмногу ме држеше сите други стравови од дамна ги нема.поздрав
здраво на сите,леле кога ве Читам сегде се наогам,не да бев понизувана од роднини и пријатели на сите им трбав за нивна корис а после сите ме исмејуваа,лелле некам ни да помислам а сите знаеја каков тезок зивот имам со татко алкохолиЧар и семејно насилство дома,сите се сладеа на туга несрека јас немав никаква самодоверба(и сеусте ја немам) ,од храбра лиЧност вредна секогас се трудев јас поЧнав да мислам на болести да си го анализирам секој дел од телото со анаксиозност,јас сега се сто сакам да се враатам онаа старата сто бев го Читам форумов секој ден имам напади ме боцка срцето ми се врти ама се надевам дека еден ден овој космар ке заврси за сите нас ви посакувам убав ден на сите.
Дали ја читал некој од форумов книгата Тајна ??? Малце ми личи на забегана книга.. и на опасна за читање да не забегаш. дали се препорачува за анксиозни како нас или не ... па пишете дали некој ја прочитал , денес бев ја купив читнав малце го имам гледано документарецот ама незнам некое непријатно чуство ми се врежа кога ја купив оваа книга
Tetito јас ја читав книгата пред месец дена...Мене ми беше мн убава незнам зошто ти се јавило непријатно чувство. Јас ја прочитав во еден здив за 2 часа... Ние сме само анксиозни а анксиозните смеат да прават се ...освен да мислат на лошо
Zdravo.....I jas sum od Bitola i jas go imam istitot problem,so koj za zal se macam skoro 2 godini,i me zainteresira tvojata informacija deka d-r Kiprijanov idel vo Bitola, pa bi sakala da mi kazes koga i kade moze da se najdi....Blagodaram ....Nova sum na forumot ..pa poleka poleka go ucam...citajki gi site vasi mislenja dobivam nadez deka imam lek i za mene.... pozdrav
pa znaci tiveke osekas deka taaa kniga ne e vo red sto e bitno koj ja cital akoj ne eve jas ke ti preporacam edna mnogu ubava kniga :kalugerot sto go prodade svoeto ferari od robin sarma procitaj ja mnogu e ubava pozz
фала. јас сакав Алхемичарот да ја земам од Пауло Куељо ама не можев да ја најдам на Македонски. Иначе Мечето Пух викаат добра е детска книга ама интересна многу .... незнам каде ја има ))) исто така ... а оваа ке ја земам фала на препораката..
Јас го гледав документарецот и ми е ОК...само треба да се гледа со многу внимание.Има многу добри работи.Мислам дека добар дел е вистина...всушност вака беше поентата(одамна сум го гледала) ,,Ако во нешто силно веруваш тоа и ке ти се оствари само треба време , трпение и концентација на посакуваното односно насочување на енергијата која секој од нас ја поседува.....,и дека постои некоја космичка енергија која вака насочена ни ги остварува желбите,,за што мислам дека е така. Во документарецот имаше изјави од психолози, социолози и метафизичари...умни луѓе...јас силно верувам во тоа. Ако имате прилика најдете гои погледајте....книгата не сум ја читала верувам дека тоа е истото.??? Поздрав мили мои...гледате..се се врти околу таа позитивна мисла и тренирање на мислата....како од негативната, забеганата да ја трансформирате во позитивна.