1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. tetito

    tetito Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    давајте добри книги и филмови .... ) анти анкс ))
     
  2. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    против ан.лично не знам такви но добри се на јозеф марфи и на норман винсент пил
     
  3. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    книгата не е нисто посебно како со ја фалат ,не дека е лоса од секој акнига мзои да се научи по несшто но не ми бесше несшто екстра и не е несто шо би помогнало прттив анк.а за забегванје не знам со д арецам зависи како ке се свати содрзината мене не ми беше убава
     
    На greenday му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.090
    Допаѓања:
    155.580
    Скот Пек,во издавачка куќа три го има.Не е нешто нарочито преводот,ама сепак,сржта нема утка.Почнете со Патот по кој поретко се оди.
    Моќта на потсвеста е лоша,многу лоша книга.
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Јас ја купив моќта на потсвеста, во некој од претходните постови имаше и такви кои ја препорачаа..... зошто не е добра?! :o е сега сум збунета, да почнам да ја читам или не :o
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.090
    Допаѓања:
    155.580
    Абе ти читај ја,може е ствар на вкус,но за мене е евтина и површна литература.У пракса многу работи не се така,а и плус верувањето на нешто не е само начин.
    Скот Пек бил психијатар и според она што го читам од него веќе долг период,стварно има што да понуди.Не е комерцијална лекција која секој втор денес ја нуди,реални се работите,нема слепи верувања.
     
  7. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Ајде не правете вака сега, ова се без врска работи...Значи, не може јавно да кажувате која книга е лоша, која добра. Секој е со одредено ниво на свест, така да ако на некого му помогнала некоја книга да расчисти некои работи во глава и да се разбистрат нештата, не мора да значи дека на некој друг истото ќе му помогне. Кажете кои книги ви се допаднале и толку ...
     
    На dunja и PetraPanka1 им се допаѓа ова.
  8. majuska1979

    majuska1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    ја прочитав Мокта на подсвеста и искрено не ми се допадна не е нешто посебно,бар за мене но сепак се е до вкус ,Раффа кога веке ја купи зошто да не ја прочиташ???
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.090
    Допаѓања:
    155.580
    Да не ја тераме оффтопик,темава е сепак за анксиозност,а не за книги.Тоа беше лично мое гледање,затоа погоре,реков дека е ствар на вкус и може јавно да се коментира,зошто па да не?!Или има некое правило за јавно некоментирање на книги.Имаме дури и тема на форумов,која книга не би ја препорачале...
    Јас ги имам прочитано и двете.Искрено ова на Марфи...ниту ме импресионираше,ниту гледам простор како некому би му помогнала,значи ЛИЧНО јас така мислам,што НЕ МОРА да значи.У секој случај,секоја книга е ментална гимнастика,не шкоди,нека прочитаат и тоа и тоа и сами нека си одлучат.

    Кога не ми се допаѓа,не ми се допаѓа имам право да си кажам...сепак мислам дека Скот Пек најмногу би им одговарал,затоа што она што тој таму го анализира многу потсетува на гешталт методите кои ги користат психолозите.Како сакаат,изборот е нивни,мое беше да го проширам и да споделам.
     
  10. tetito

    tetito Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Незнам навистина незнам дури и мислам дека нема помош од психијатар за ова, знаете буквално секоја болест што ке ја прочитам ме плаши , секој човек што ке го видам болен од некоја болест си велам и јас може туку така да бидам бетер од него .... само треба да размислувам на лоши работи, и се чуствуваш многу непријатно, а толку е лесно да ти забегаат мислите да размислуваш на лоши работи тоа е чудо едно ...
    дали е од состојбава дали имам некој фобии поима немам ... анксиозноста и депресијата наизменично си траат, незнам што ќе се прави, премногу се плашам да не забегам да не се мрднам ( ,
     
  11. LANE

    LANE Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    tetitoooooo xaxa site mislat taka ama ne grizi se nema ni da zabegas ni da se mrdnes od ova cuma ne moze nisto da ti se sluci jas cel den se lulam mi se vrti i sto epa ako de neka se vrti nekni od tolku sto mi bese loso mislev ke umram e ako de pomina amaannn mene veke ovie raboti voopsto ne me plasat samo se custvuvas mnogu neubavo i jas se naogav vo sekoja bolest sekoj mesec krv zimav glavata ja snimav i sakam da vi kazam deka bev kaj cipriganov doaga vo sr sekoja sabota covekot e prekrasen i ne dava da se pijat antidepresivi mene mi dade samo edni na baza na b vitaminot ne znam kako se vikaa mi kaza eve vaka ajde kerko nisto ne ti e ti zdrava zena i nema potreba od nisto za site sto sakat da odat neka odat pa posle ke ni raskazat kako pominale pozz do site stegnete gaz ajde mene soprugot taka mi vika xaxa
     
    На dunja и PetraPanka1 им се допаѓа ова.
  12. PetraPanka1

    PetraPanka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    16
    Чаша наполнета до половина , ти ја гледаш полупразна , наместо полуполна ... сфакаш ли која е разликата ????
    греота е здрав човек да размислува на болести ... што не се опседнеш со музика , со книги , прави нешто во животот што ќе те релаксира , земи си миленик , трчај ... со такви мисли само се уништуваш секој ден се повеќе и повеќе , насочувај ги мислите кон убави нешта а не кон болести .
     
    На Azzura и dunja им се допаѓа ова.
  13. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Mene konkretno ne me plasat bolestite, toa mislam dea go pominav vo prvata god od anks.... Sega mnogu poveke me plasi zadlabocenosta vo anks, probuvam da si vsadam misli deka e situacija koja treba da ja prifatam, i si go povtoruvam toa sekogas koga ke se osetam panicno. mislam deka site nie sme GOLEMI luge, zatoa i ova ni se slucuva, kako inaku bi go opisale vie.
    Jas mislam deka skoro ke posetam psihijatar ili psiholog' sakam da go najdam korenot na sevo ova, sama ne mi uspeva, ne mi uspeva so prijatelite. Moze poopsirno sto e razlikata pomegu psiholog i psihijatar? Za da znam za sto da se odlucam.
     
  14. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    izvinete sto pisuvam latinica, mnogu mi e tesko od mobilen so mak font.
     
  15. tetito

    tetito Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0

    убаво кажано, јас мислам без да навредам никого тука дека кај нас анксиозните и кај многу луѓе ни фали акција,... ние само сме преокупирани со стравови со проблеми со дилеми, едноставно можеби е убаво да се остават тие нека си седат а да се прави нешто позитивно, важно е да не се седи и да се размислува само ех ова она... јас многу пати се прашувам дали можам да живејам со моите стравови затоа што кога и да се потрудам да ги тргнам тие земаат појак замав , едноставно тука се нејкат да си одат, па поради тоа се чуствувам малце лошо . но мислам дека сите луѓе имаат огромен брод на стравови а моите се потенцирани од депресијата и анксиозноста .
     
  16. PetraPanka1

    PetraPanka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    16

    Дааааааааа... Акција и само акција ... нешто што ќе ти ги одвлекува мислите ... мора да пронајдеш работи кои ќе те развеселуваат и така ќе те оддалечуваат ... нормално е дека кај секој човек има страв , но луге , замислете како им е на лугето кои што се навистина болни ... тие се би дале нивната болест да е замислена во главата , а не потврдена од медицинките лица ... знам дека е тешко , неподносливо , но самите мора да си помогнеме (тоа е 100 пати кажано тука) поздрав
     
    На Azzura, dunja и danika им се допаѓа ова.
  17. moja10

    moja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Според мене психијатар,мислам дека покомпетентен е тој доктор.Незнам каде зивеес но во Скопје има двајца исклуцително добри психијатри др.Павлов карши поранешно ОУ Браќа Рибар,од страната на зелен пазар или неговата сопруга,др.Весна Вајс Павлов(порано работеше во Неуромедика)
     
    На love-health му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moja10

    moja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Тоа што мислиш дека секоја болест што ќе ја прочиташ можеби ќе ја добиеш е нормално,за оваа состојба.Анксиозноста е магнет за многу фобии.
    Мој совет,свесно избегнувај да читаш или да разговараш за болести,ниту некои тажни филмови да гледаш.
    Јас почнав тогаш да слушам рок музика http://www.youtube.com/watch?v=iVd5sDKndys и тоа рокнато до даска,и направив кардинален чекор во мојот живот,се одалечив од негативните луѓе,од тие што не ги сакав или бев индиферентна,нов круг на пријатели,радикално решавање на проблемите.
     
  19. raffa

    raffa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    jas se cuvstvuvam mnogu loso denes, eve duri i son nemam, se razbudiv od spienje i panicam...mi e strav da im kazam na moite za situacijava, ne sakam da gi plasam i da gi zagrizuvam, najbolno e koga na nekoj od domot ne mu e dobro, i odma ima zagrizuvacka atmosvera. . Se osekam stegnalo i treperam , si mislam deka sekoj moment ako se opustam ke mi nadojdat istite simptomi kako prviot pat a prviot pat .....imav edna vrska so decko sto go poznavav mn godini, no od koga bevme zaedno go zasakav za mnogu brzo,no vo splet na okolnosti zavrsi mnogu brzo, vecerta si poplakav malku i tolku mislev deka toa e toa no veke od drugiot den pocna se. Naednas mi se sluci se....nozete mi se presekoa,nemav vozduh, mislev deka ke izgubam svest, vrtoglavici, tolku panicno go doziveav toa ne mozev da se sozemam. Cudno no taa promena na cuvstva i emocii gi pametam do najmal detal. Po sluckata sledea doktori, ispitav se, srce vo red, teroidna vo red, krv super, rengen na rbetot i vratot super, mi rekoa doktorite deka mi e od stres, i posle na red dojdia bajacki, i od niv nikakva promena, samo poveke si ja zacvrstiv verata vo Boga. Posle sledese psihijatar, za koja sto mislev deka nedovolno me cuvstvuva, deka ne moze da mi pomogne... A zaboraviv da vi kazam deka doktorite mi prepisaa demetrin i b6, i ponekogas dijazepam koga ke se osetam mn loso... Nisto od toa ne piev, ne mozev da ja prifatam mislata deka na 22 god jas ke pijam apcinja za smiruvanje. Psihijatorot mi rece deka nema da poludam i deka ne mi trebaa nikakvi apcinja i tolku, ne mi objasno vo koja situacija sum, po nekolku seansi resiv da ja prekinam .Ova mi stana sekojdnevie, panika, nespienje, sedenje so luge kako vo magla da sum, strav sama da ostanam domaa, strav da odam na gosti, neraspolozenie i sl. Ova pocna da go gubi intenzitetot, mi izleze prilika za super rabota i nekako se bledeese, no pak vo sebe znaev deka za nekoe vreme pak ke pukne nesto od mene, i taka ziveev vo ocekuvanje, sekoj den po malku i sekoj den mi se zgolemuvaat panikite, na vrtoglavicite se naviknav veke, no drugoto se zgolemuva od den na den. Ne znam dali mi faka depresija ili sum vo depresija. Zatoa i sakam pak da odam na psihijatar, da mi pomogne da istrazam sto e potsvesno potisnato vo mene.. I
    izvinete na dolgiov post i na latinicava, no vo 5 nautro i nemam drug izbor osven vie
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Raffa а зошто не поразговараш со некој од роддителите кој ти е поблизок?точно е дека ќе се засекираат ама барем нема да бидеш сама во борбата...ќе имаш подршка бидејчи тешко е кога сам се справуваш и се потиснуваш во себе...ми се чини дека стравовите уште толку се зголемуваат....
    Еве нешто што ме расположува во последно време-пуштете некои вежби на ју тјуб,аеробик ,фитнрс,зумба,со некоја весела музика...ете јас почнав така дури и кога не сум ок со сила се терам.пишете fitnes corner на ју тјуб -неколку собрани насмеани девојки,вежбаат во ритамот на убава весела музика вежбајте и вие,ќе се изненадите колку добро ќе се осеќате после тоа,и колку енергија ќе имате,направете го ова пред спиење за да се зиморите малку и веднаш за да заспиете за да не би имале време да размислувате за вашите стравови и паники...